државен завод за ревизија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 09:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државен завод за ревизија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ревизијата покажа: Скандал во Кисела Вода – исплатени 44.000 евра за авторски трудови кои ги нема, еве што се случило додека Темелковски од СДСМ бил градоначалник https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/revizijata-pokazha-skandal-vo-kisela-voda-isplateni-44-000-evra-za-avtorski-trudovi-koi-gi-nema-eve-shto-se-sluchilo-dodeka-temelkovski-od-sdsm-bil-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/revizijata-pokazha-skandal-vo-kisela-voda-isplateni-44-000-evra-za-avtorski-trudovi-koi-gi-nema-eve-shto-se-sluchilo-dodeka-temelkovski-od-sdsm-bil-gradonachalnik/#respond Tue, 18 Apr 2023 09:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=824871

Извештајот на Државниот завод за ревизија покажа дека општина Кисела Вода во текот на 2021 година исплатила 44.000 евра по основ на авторски договори со 23 лица за кои не биле пропишани критериуми. Месечно заработувале надоместоци и до 89.000 денари. „Општина Кисела Вода во текот на 2021 година има исплатено вкупно 2.706 илјади денари, по основ на авторски договори, склучени со 23 лица. Со извршениот увид во доставената документација ревизијата ги констатира следните состојби: -дел од склучените авторски договори имаат за предмет на изработка стручен труд поврзан со работни задачи кои припаѓаат на редовно систематизирани работни места (изготвување на систематизација, план за организирање на културни манифестации, протокол за спортски манифестации, координирање на активности во урбани и месни заедници, средби со медиуми, состаноци и агенда на градоначалникот и друго. -за изборот на овие лица не постојат пишани критериуми како во поглед на потребата од нивно ангажирање, така и во поглед на стручните квалификации и компетенции кои би требало да ги поседуваат, не постојат критериуми ниту во утврдување на висината на надоместоците за извршената работа и истите се движат од 12 до 89 илјади денари“, се вели во извештајот. Во 2021 година, бројот на ангажирани лица по склучени договори и анекс договори се движи од 47 до 87, за што се исплатени средства во вкупен износ од 12.722 илјади денари или околу 21.000 евра. КУРИР стапи во контакт со општината од каде информираат дека овој извештај се однесува на времето кога градоначалник беше Филип Темелковски од СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/revizijata-pokazha-skandal-vo-kisela-voda-isplateni-44-000-evra-za-avtorski-trudovi-koi-gi-nema-eve-shto-se-sluchilo-dodeka-temelkovski-od-sdsm-bil-gradonachalnik/feed/ 0
ДЗР изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izrazuva-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izrazuva-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/#respond Thu, 23 Mar 2023 11:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=815435

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. - Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, наведува ДЗР во резимето за ревизијата. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии и ревизија на усогласеност на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, исто така е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови, сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција. Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со поодделните закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции и дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции. Целосните извештаи од ревизијата се достапни линкот на страницата на ДЗР https://dzr.mk/mk/230323-revizija-na-usoglasenost-2022-ministerstvo-za-finansii.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izrazuva-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/feed/ 0
Државниот завод за ревизија го потврди алармот кој ВМРО-ДПМНЕ го вклучи за очигледно девастирање на македонското културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-zavod-za-revizija-go-potvrdi-alarmot-koj-vmro-dpmne-go-vkluchi-za-ochigledno-devastirane-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-zavod-za-revizija-go-potvrdi-alarmot-koj-vmro-dpmne-go-vkluchi-za-ochigledno-devastirane-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/#respond Wed, 11 Jan 2023 11:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=785949

Државниот завод за ревизија во својот Годишен извештај за 2022 година, на темата „Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство“ го потврди сето она што ВМРО-ДПМНЕ го укажува веќе шеста година по ред. Прецизно фактографски, на 85 страници ревизорите го претставија целосно руинираниот систем на заштита на културното наследство, што имплицира и нарушување на македонскиот национален идентитет. Културното наследство за Владата на СДС(М)-ДУИ само декларативно е темелна државна вредност, реагираат од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го  пренесуваме нивното соопштение до јавноста: Овој објективен извештај на Државниот завод за ревизија кој ви го споделуваме, покажува сосем спротивно однесување на Владата кон недвижното културно наследство. Ако тука се додадат и националните предавства и понижувања на Македонците предизвикани од политичките турбуленции по потпишувањето на Преспанскиот договор, премногу јасно станува видлив синхронизираниот процес на национално обезличување на државата на Македонците, која ја спроведуваат внимателно одбрани актери под менторство на различни центри на моќ. Раскрчмувањето на културното наследство започнува токму од недвижното културно наследство, со неговото девастирање се подриваат клучните материјални докази за културно-идентитетскиот континуитет на овој простор. Ни малку не е случајно поставената цел од некои центри на моќ да ги снема материјалните докази за постоењето на една автохтона културна ризница именувана како македонска. Сите постојано ја повторуваме максимата дека културното наследство е темел на националниот идентитет наследено од минатите генерации кое има непроценливо значење, но овој ревизорски Извештај за периодот 2018-2021 покажува некаков сосем поинаков однос на Владата на СДС(М)-ДУИ. Овој историски документ покажува големо незнаење да се менаџира наследеното и силно опоменува на: а) отсуство на редовна грижа, одржување, обезбедување мерки за непосредна заштита од страна на имателот и надлежната институција за заштита; б) необезбедени јасни и објективни критериуми за начин на финансирање на недвижното културно наследство, како и распределба на средствата на наделжните институции; в) неприменливост на законската регулатива; д) отсуство на стратешки и плански документи; ѓ) неажуриран и нефункционален е Националниот информативен систем за културното наследство; (за 15 години само 18 % од вкупниот број на регистрирани и евидентирани недвижни добра (локалитети, споменици и споменички целини) кои Македонија ги има 8039 на број, се ревалоризирани) ; е) намалување на финансиските средства за заштита на културно наследство од буџетски и странски извори за периодот од 2018 - 2021 година со тенденција секоја година да се намалуваат (движи во просек од 16% до 23% по година); ж) нерешените имотно-правни односи, долгиот период на постапките за експропријација. Ова се само дел од системските забелешки за културното наследство. Наспроти нив стои законската обврска дека културното наследство како темелна вредност на државата се заштитува во СЕКАКВИ (дури и воени) околности. Одговорноста за ваквата состојба не може да биде колективна.Таа е персонализирана. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува министерката за култура д-р Бисера Костадиновска Стојчевска дека индивидуалците кои ја сносат одговорноста за ваквите состојби во последниве шест години во областа на културното наследство, имаат име и презиме. Тие имаат функции и раководни позиции и, се разбира, голема одговорност. Затоа, ја прашуваме министерката за култура: чија одговорност е поголема – на лошите соработници или на тој што ги избрал? Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-zavod-za-revizija-go-potvrdi-alarmot-koj-vmro-dpmne-go-vkluchi-za-ochigledno-devastirane-na-makedonskoto-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
ДЗР: Мерките и активностите на надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-merkite-i-aktivnostite-na-nadleznite-institucii-ne-se-dovolni-za-unapreduvanje-na-kvalitetot-na-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-merkite-i-aktivnostite-na-nadleznite-institucii-ne-se-dovolni-za-unapreduvanje-na-kvalitetot-na-zivotnata-sredina/#respond Tue, 13 Dec 2022 11:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=774895

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства. Ова е заклучокот на Државниот завод за ревизија, кој изврши ревизија на успешност на тема „Даноците за животна средина во функција на ефективно спроведување на политиките за заштита на животната средина“, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година. -Стекнато е разумно уверување, дека стратешката и нормативна рамка, усогласеноста на националното со ЕУ законодавството за животна средина, воведување на начелото „загадувачот плаќа“, воведување на надоместоците за животна средина и инвестициските вложувања по одделни области обезбедуваат одреден напредок во однос на спроведувањето на политиките, но истиот е недоволен за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства, е заклучокот на ревизорите врз основа на опфатот и доказите обезбедени со ревизијата. Од ДЗР појаснуваат дека, согласно воспоставената статистика, даноците за животна средина се класифицирани во четири категории и тоа: даноци за загадување, даноци за искористување на ресурси, енергетски даноци и транспортни даноци. -Од вкупните даноци за животна средина, со ревизијата се опфатија: даноците за загадување и даноците за искористување на ресурси како и дел од транспортните даноци за животна средина, кои за периодот опфатен со ревизијата од 2019 до 2021 година, изнесуваат 838.142 денари, велат од ДЗР. Ревизорите утврдиле отсуство на интегриран пристап во решавањето на проблемите со животната средина на национално и локално ниво, а администрирањето на надоместоците за животна средина од повеќе институции не овозможува увид од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), надлежно за спроведување на политиката на животната средина. -Со ревизијата е утврдено дека не се почитува принципот „загадувачот плаќа“ при утврдување на висината на надоместоците. Надлежните субјекти не го пресметуваат варијабилниот дел на надоместокот за испуштање на води, утврдени се фиксни износи на надоместоците за управување со отпад, надоместоците за поседување на интегрирана еколошка дозвола не се движат во законски определените рамки по емисиони точки, а општините немаат еднаков пристап при утврдување на основата за пресметка на надоместокот за услугите за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, соопштуваат од ДЗР. Во ревизорскиот извештај се наведува дека, недостасува единствен информациски систем кој ќе ги содржи информациите и податоците од сите институции вклучени во процесот на пресметка и наплата на надоместоците, редовна институционална комуникација и координација за размена на податоците, а Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) нема законска надлежност за санкционирање на обврзниците кои не го платиле надоместокот, што не овозможува ефективно администрирање на приходите од надоместоците за животна средина. -За периодот од 2020 година до денот на вршење на ревизијата, во Буџетот на РСМ не се остварени приходи по основ на надоместоци за користење и испуштање на води во износ од 101.616 илјади денари, за што се склучени спогодби, а процентот на неприходувана вода на ниво на држава од 60,46 отсто е значајно повисок од земјите на ЕУ (30 проценти), објаснуваат од ДЗР. Поради неиздадени/ ненавремено издадени решенија за плаќање на надоместокот за поседување на А-интегрирана дозвола, ненавремено и нецелосно утужување, заклучно со 31.12.2021 година, остварени биле помалку приходи и во буџетот на МЖСПП, односно, ненаплатени биле побарувања од 9.453 денари, а отпишани 30.273  денари. амо 37 отсто од општините остваруваат приходи по основ на надоместоци за управување со комунален отпад, средства кои треба да бидат искористени за реализирање на регионалните планови и цели за управување со оваа област, велат од ДЗР. Централната лабораторија за животна средина не е целосно акредитирана, а поради не воспоставената соработка со МЖСПП, ДИЖС користи услуги од приватни акредитирани лаборатории, кои во исто време вршат мерења и изготвуваат елаборати на загадувачите. -Не може да се обезбеди показател за степенот на искористеност на средствата од надоместоци за животна средина во однос на финансирање на активностите од областа на животната средина, соопштуваат од ДЗР. Во периодот 2019-2021 година, програмите за инвестирање во животната средина имаат реализација од 62,7 отсто, а поради не преземените мерки од договорните страни раскинати се договори за реализација на проекти од Програмата за управување со водите во износ од 6.520 илјади денари. -Средствата од буџетот на МЖСПП не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата, а на локално ниво, планираните средства за заштита на животната средина не обезбедуваат реализација на планските документи и спроведување на активности во приоритетните зони и агломерации, истакнуваат од ДЗР. Поради отсуство на интегриран пристап во начинот на распределба и користење на надоместоците за животна средина, според податоците од Државен завод за статистика, инвестициите и трошоците за заштита на животната средина учествуваат незначително во БДП со 0,6 отсто за 2020 година. Од ДЗР нагласуваат дека целта на извршената ревизија е да даде одговор на прашањето: „Дали даноците за животна средина придонесуваат за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства?” Ревизијата е извршена како пилот ревизија во рамки на твининг проектот со Врховните ревизорски институции на Република Бугарија и Република Хрватска, проект кој е финансиран од средствата на Европската Унија. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-merkite-i-aktivnostite-na-nadleznite-institucii-ne-se-dovolni-za-unapreduvanje-na-kvalitetot-na-zivotnata-sredina/feed/ 0
ДЗР изрази неповолно мислење за објективноста на финансиските извештаи на МТСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzr-izrazi-nepovolno-mislenje-za-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mtsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzr-izrazi-nepovolno-mislenje-za-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mtsp/#respond Fri, 25 Nov 2022 11:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=766434

Државниот завод за ревизија во денеска објавениот конечен ревизорски извештај кој се однесува на Министерството за труд и социјална политика изразува „неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи“ и „мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година“. Цел на ревизијата на финансиските извештаи и ревизија за усогласеност на Министерството за труд и социјална политика за 2021 година, како што се наведува во Извештајот објавен на веб страницата на Државниот завод за ревизија, е да се добие разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи земени како целина се ослободени од материјално погрешни прикажувања. Во клучни утврдени состојби во извештајот се наведуваат начинот на остварување на правата на парична помош од социјална заштита, распределбата на блок дотациите по општини, начинот на изборот, критериуми за избор, потребните квалификации, правото и висината на надоместокот на комисиите, пописот на средствата, побарувањата и обврските со кои располага МТСП не целосно и правилно извршен и не целосно евидентирани материјални средства. Во извештајот како клучни препораки се посочуваат воспоставување повремени/редовни контроли при носење на решение од страна центрите за социјална работа, да се уреди начинот на критериумите за избор, потребните квалификации, правото и висината на надоместокот на комисиите и да се спроведе целосен попис и евидентирање на целокупната опрема која не е евидентирана. Како клучни системски слабости, пак, се истакнуваат средствата остварени од приредувањето на игри на среќа и забавните игри, кои Владата ги распределува врз основа на програма поднесена од страна на МТСП и непостоење на критериуми и начин на утврдување на висината за остварување на право на додаток на плата на ангажираноста на административниот кабинетскиот службеник. Во извештајот што го објави Државниот завод за ревизија се додава и дека не се добиени забелешки на нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzr-izrazi-nepovolno-mislenje-za-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mtsp/feed/ 0
ДЗР: АМС не воспоставила критериуми за пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите и спортистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/#respond Fri, 18 Nov 2022 10:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=762838

Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е од извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за млади и спорт на сметката на основен буџет (637) за 2021 година. ДЗР, според клучните наоди, изразила неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Како што наведуваат од ДЗР,  со извршената ревизијата е констатирано дека АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности. Според ДЗР, во врска со распределбата на средства до националните спортски федерации, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со нив не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства. Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти „Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт. – Дел од финансиските извештаи за потрошените средства кои се трансферирани на НСФ не содржат целосна документација за сите средства кои се примени од АМС, дел од документацијата по основ на подигнати девизи од банка и реализирани патувања на спортисти во странство е неуредна или целосно недостасува поради што не може да се поврзе со направените трошоци, дел од НСФ исплатиле прекумерен износот на средства за исплата на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на НСФ кон спортски клубови без да се обезбеди соодветна документација за реализираниот трошок, стои во извештајот. Утврдени се слабости и недостатоци во врска со спроведениот попис на средствата и обврските како и евидентирано салдо во значителен износ на позицијата за инвестиции за кое, посочува ДЗР, не добивме соодветни објаснувања во врска со објективноста. Во поглед на реализацијата на капиталните инвестиции на кои работи АМС ревизорите констатирале значително доцнење во градежните работи кај шест објекти, а според ДЗР, се јавува и неизвесност во врска со нивното идно завршување.. Во делот за нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ДЗР се осврнува на повеќе судски спорови во кои, како што наведува, АМС се јавува како тужена странка и чие разрешување може дополнително да го оптовари финансиското работење на субјектот во иднина.Целосниот извештај е достапен на линкот  За констатираните состојби ревизијата дала препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/feed/ 0
ДЗР: Резерва за објективноста на финансиските извештаи на МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-rezerva-za-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-rezerva-za-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mvr/#respond Fri, 26 Aug 2022 13:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=724388

Приходите од издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи, сообраќајни дозволи, регистарски таблици и останати обрасци, не се евидентираат согласно основот по кој истите се остваруваат, покажуваат финансиските извештаи од извршената ревизија на Министерството за внатрешни работи, на Државниот завод за ревизија. Дополнително, ревизорите, исто така утврдиле дека СВР Скопје има доставено Извештаи за издадени обрасци и регистарски таблици до Одделот за финансиски прашања заклучно со 31.12.2018 година, поради што не е извршено навремено намалување на залихите на обрасците и регистарските таблици во финансиските извештаи. –  Со извршената ревизија за 2020 година, изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики, се вели во извештајот од ДЗР за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност сметката на основен буџет. Клучни препораки, на Државниот завод за ревизија, е да се воспостави аналитичка евиденција на приходите согласно основот по кој се остваруваат, и да се воспостави контролен механизам за следење на извршените уплати и издадените обрасци и да се врши периодично усогласување. Државните ревизори, исто така, утврдиле и дека Министерството располага со 513 градежни објекти, од кои за 45 објекти поседува имотен лист како документ за сопственост, додека за 53 градежни објекти се води постапка за легализација, дека пописот на средствата и обврските не е извршен согласно Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, како и неправилности при спроведувањето на јавните набавки. Клучни препораки, од Државниот завод за ревизија, е да се продолжи со активностите за добивање на имотните листови за сите постојани средства кои се сопственост или кои ги користи министерството, како и  да се спроведе попис согласно законската регулатива. Ревизорите утврдиле дека во МВР е воспоставена само финансиска, но не и материјална евиденција на прехранбени производи набавени за потребите на одморалишта во Охрид, Крани и Пониква, како и дека за потребите од храна и пијалаци во одморалиштата на Министерството вршени се набавки без да се спроведат постапки за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки и без да се склучуваат договори. За надминување на овие состојби, ревизорот препорачува, изработка и донесување на сметководствени политики и нивна имплементација при вреднувањето и евидентирањето на залихите на материјалите, а набавката на храна и пијалаци во одморалиштата на Министерството, да се врши согласно законската регулатива. Извршената ревизија на Министерството за внатрешни работи, како што информираат од Државниот завод за ревизија, е на вкупно пет сметки – сметка на основен буџет (631) и (637), сметка на буџет на донации (785-20) и (785-15) и сметка на самофинансирачки активности (787).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-rezerva-za-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mvr/feed/ 0
ДЗР: Недостиг на процедури и човечки ресурси за управување со информацискиот систем во Агенцијата за администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-nedostig-na-proceduri-i-chovechki-resursi-za-upravuvanje-so-informaciskiot-sistem-vo-agencijata-za-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-nedostig-na-proceduri-i-chovechki-resursi-za-upravuvanje-so-informaciskiot-sistem-vo-agencijata-za-administracija/#respond Tue, 23 Aug 2022 09:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=722511

Агенцијата за администрација за реализација на надлежностите при вработувањето во јавната администрација нема оптимален број на човечки ресурси за извршување на работните задачи во одделението за ИТ и поддршка и недостасуваат дел од процедурите за спроведување на промени во Базата на прашања и „контрола на четири очи“, констатирал Државниот завод за ревизија, по извршената ИТ ревизија во оваа институција. Со извршената ИТ ревизија на усогласеност за начинот и постапките за реализација на надлежностите при вработувањето во јавната администрација, државните ревизори утврдиле оти имајќи предвид дека целата постапка се спроведува со употреба на информациски систем во Агенцијата, нема доволен број вработени во Одделението за ИТ и поддршка. – Таквата состојба предизвикува преоптовареност на постојните вработени и го доведува во прашање навременото и ефикасното извршување работните задачи. Не е обезбедена секундарна локација со потребна информатичка опрема и софтвер заради непречено одвивање на постапката во случај на прекин на работата на информацискиот системот на примарната локација, каде би продолжиле постапките и активностите на Агенцијата. Ваквата состојба може да предизвика прекин во реализација на активностите за објавување на јавен оглас, спроведување на испит и тест на личност на кандидатот, се вели во денешното соопштение од Државниот завод за ревизија. Од ДЗР нагласуваат дека во однос на примена на најдобрите практики за ИТ безбедност и безбедност на податоците, тие се применуваат во помал обем и не се документирани, односно за тоа не постои пишана политика или процедура за начинот на нивната имплементација. – Утврдената состојба е резултат на малиот број на вработени лица од областа на ИТ, како и недостаток на стручна обука за управување на постојните информациски системи, велат од ДЗР. По извршената ревизија од ДРЗ констатирале дека во текот на 2020 и 2021 година за време на изборните активности, од страна на вработените на Агенцијата се почитувале одредбите од Изборниот законик за запирање на сите постапки за огласување и постапки за спроведување на тестови и спроведување на тест на личност и интервју, но дека поради отсуството на апликативна контрола за целосно ограничување на пристапот до системот, се овозможува негово користење во делот на административна селекција на пријавените кандидати, за огласи објавени пред донесување на Решението за распишување на избори. – Констатирани се одредени активности во системот кои се однесуваат за веќе завршени јавни огласи за вработување пред распишување на изборите во 2020 година и 2021 година. Отсуствува ограничување на мрежниот пристап до компјутерите во просторијата за полагање и до модулот и базата на прашања за испити, со време на пристап, корисничко име на вработениот кој пристапил и акции кои ги извршил при пристапот, а отсуствува автоматизирана процедура за преземање на базата на прашања за испити во надлежност на МИОА, процедура за ажурирање на промени и ревизорска трага за спроведена контрола при ажурирање на базата на прашања за испити од страна на Агенцијата за администрација со што постои ризик за навремено евидентирање на промените во базата на прашања кои треба да се усогласени со тековните промени на законската регулатива и ризикот од грешки при мануелно внесување на промените, се вели во соопштението од ДЗР. За надминување овие состојби, ДЗР дал препораки до надлежните лица во Агенцијата за администрација кои, како што нагласуваат, се темелат на резултатите од извршената ревизија, односно се во функција на подобрување на реализацијата на надлежностите на Агенцијата. Тоа се препорачува со цел да се обезбеди додадена вредност во насока на зајакнување и создавање на поефикасен и потранспарентен систем за спроведување на постапките за полагање на испитот, доверливост, достапност и интегритет на податоците. Ревизијата на усогласеност ги опфатила процесите поврзани со информацискиот систем и нивната усогласеност со законите, политиките и стандардите што се применуваат во Агенцијата за објавување на огласи за вработување на административни службеници. Цел на извршената ревизија на усогласеност на информацискиот систем за пријавување, полагање и вработување во Агенцијата за администрација за реализација на надлежностите при вработувањето во јавната администрација, нагласуваат од ДЗР, е да му овозможи на ревизорот да добие разумно уверување за тоа дали постапките во врска со постојната законска регулатива, стратешките и планските документи се целосно уредени и дали истите овозможуваат соодветна и доволна правна рамка за спроведување на постапките за вработување на административни службеници и истите во сите материјални аспекти се во согласност со наведените критериуми. Предмет на ревизија биле и постапките за селекција на административни службеници, за спроведување на испитот за административен службеник и испитот за административно управување во 2020 и 2021 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-nedostig-na-proceduri-i-chovechki-resursi-za-upravuvanje-so-informaciskiot-sistem-vo-agencijata-za-administracija/feed/ 0
ДЗР: Застој, бавна динамика и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-zastoj-bavna-dinamika-i-zgolemeni-troshoci-za-infrastrukturnite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-zastoj-bavna-dinamika-i-zgolemeni-troshoci-za-infrastrukturnite-proekti/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=713853

Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, a трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите и платени и створени трошоци “ со цел да даде одговор на прашањето дали јавните инвестиции кои се финансираат со средства од заеми се реализираат на ефикасен и економичен начин. Со извршената се ревизијата констатирано е дека во управувањето со јавни инвестиции отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции што придонесува за ненавремено преземање на корективни мерки, потоа главните проекти се следат на децентрализиран начин за кои не постоисеопфатна слика за напредокот во имплементацијата, регулативата од областа на градење во целост не придонесува за ефикасна имплементација на проектите по меѓународни FIDIC услови за градб, а склучените договори за изградба според меѓународните FIDIC условите, предизвикуваат дополнителни трошоци и ризици од дополнителни побарувања од изведувачот, ризик од раскинување на договорите и меѓународна арбитража. ДЗР констатира и оти кај проектите има отстапувањата на градбата од основниот проект и се признаени дополнителни и непредвидени работи во текот на градбата (варијации), дека со нерешена експропријација издадени се одобренија за градба за линиски инфраструктурни проекти регулирано во Законот за градење. Комплексната постапка за утврдување на надоместокот за експропријација, како и постапката за одобрување на проекти за инфраструктура, нагласуваат од Заводот, влијаат на степенот на реализација – бавна динамика и застој на проектите. Со ревизијата опфатени се проекти за кои се создадени трошоци во износ од 58 милиони евра кои се однесуваат на еднократна провизија, камата за повлечени средства и провизија за неповлечени средства. Ревизорите утврдија дека кај субјектите кои се надлежни за реализација на проектите, проектната документација не е резултат на системски, технички, економски и финансиски анализи. Имено, склучени се договори за изградба во износ од 12.856.639 илјади денари, чија вредноста е зголемена на 15.354.883 илјади денари поради признавање на дополнителни и непредвидени работи, велат од Државниот завод за ревизија. Со анализа на приходите на ЈП за државни патишта, ДЗР утврдил дека приходите се помали од вредноста на вкупните инвестиции на годишно ниво, освен за 2020 и 2021 година, што предизвикува неизвесност во реализацијата на инвестициите во патната инфраструктура. Ревизорите утврдиле дека мнозинството од проектите кои се реализираат од страна на ЈП за државни патишта се започнати во период од 2014-2016 година. -Тие имаат бавна динамика на реализација која се должи на слабости во техничките решенија како дел од проектната документација, раскинување на договори со изведувачи од различни причини, покренување на постапка за меѓународна арбитража, административни пречки за започнување на експропријацијата, комплексна правна рамка со повеќе вклучени институции за утврдување на надоместокот за експропријација која го блокира ефикасното решавање на експропријација, велат од Заводот. Исто така, со ревизијата се констатира дека финансиското работење на ЈП ЖРСМ Инфраструктура со загуба и недостиг на финансиски средства во подолг период, негативно влијае врз навремената реализација на стратешките проекти и сервисирање на долгот по договорите за заем. -Проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура се отпочнати во периодот 2012-2014 година и истите се во застој, не се довршени, а од 2018-2019 година степенот на реализација во просек е само 1% на месечно ниво и во 2019 и 2020 година договорите за Коридор X и VIII сe раскинати. Во период на вршење на ревизијата во тек беа евалуации за избор на нови изведувачи за Коридор X и VIII, се конантира во извештајот. Резизија ДЗР направи и за изградбата на Регионалниот клинички центар во Штип и притоа констатирал дека поради бавната динамика на реализација на проектот, измените во проектната документација, откажување на кредиторот од договорот за заем и понатамошно финансирање на проектот, постои неизвесност за негово завршување. Ваквите состојби, потенцираат од ДЗР, ги усложнуваат натамошните постапки за продолжување и реализација на проектот од страна на Владата на РСМ и надлежните институции, со ризици од зголемена цена на проектот, дополнителни трошоци и ефикасно управување со проектите. Затоа со цел надминување на наведените состојби, ефекти и резултати, во ревизорскиот извештај дадени се препораки во функција на подобрување и унапредување на целокупниот процес на управување со јавните инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-zastoj-bavna-dinamika-i-zgolemeni-troshoci-za-infrastrukturnite-proekti/feed/ 0
ДЗР: Финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито состојба на ГТЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-finansiskite-izveshtai-ne-ja-prikazuvaat-vistinito-sostojba-na-gtc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-finansiskite-izveshtai-ne-ja-prikazuvaat-vistinito-sostojba-na-gtc/#respond Tue, 19 Jul 2022 11:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=707379

Финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје на ден 31 декември 2020 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за известување, се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Градски трговски центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп Скопје, објавен од Државниот завод за ревизија. Постојат недоследности во начинот на спроведување на пописот на средствата и изворите на средствата и отстранувањето на средствата од сметководствената евиденција на расходуваните средства без истите да бидат физички отстранети, се посочува во извештајот и тоа; дел од залихите се застарени; не извршеното запишување на правото на сопственост на земјиштето и на дел од деловниот простор на деловниот објект; не е реално и објективно искажана вредноста во финансиските извештаи на деловниот објект – Градски трговски центар; постои неусогласеност меѓу вредноста на основната главнина евидентирана во трговските книги и запишаниот основачки влог во Централниот регистар на РСМ и во Статутот на друштвото и недоследности при спроведувањето на ЗЈН. – Во периодот на вршење на ревизијата во СВР Скопје е пријавена кражба на електрична енергија поради наводна интернет трговија со крипто валути. Согласно издаденото Соопштение на МВР од 16.11.2021 година, од страна на СВР Скопје е постапено и е утврдено дека: „ не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик односно не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути во просторот на Градскиот трговски центар Скопје, се вели меѓу другото во извештајот од Државниот завод за ревизија. Во ревизорскиот извештај стои дека финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-finansiskite-izveshtai-ne-ja-prikazuvaat-vistinito-sostojba-na-gtc/feed/ 0