државен завод за статистика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Jun 2023 08:58:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државен завод за статистика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лани завршена изградба на 6301 стан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lani-zavrshena-izgradba-na-6301-stan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lani-zavrshena-izgradba-na-6301-stan/#respond Wed, 14 Jun 2023 08:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=845545

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30 768 214 илјади денари, од кои 14 662 217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика. Во текот на 2022 година се градени вкупно 2 519 објекти, а завршени се 3 844 станови со вкупна површина од 257 085 метри квадратни, од кои 3 714 се во индивидуална сопственост. По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот... Во Скопскиот регион се завршени 2107 станови, од кои 1120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, ... Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни. Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16 896 526 илјади денари. Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуават дека во текот на минатата година се градени вкупно 2 145 објекти и завршени се вкупно 2 457 станови со вкупна површина од 304 916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 981 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни. Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lani-zavrshena-izgradba-na-6301-stan/feed/ 0
Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10.1 отсто во споредба со април лани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-povisoki-za-13-a-tsenite-na-malo-za-10-1-otsto-vo-sporedba-so-april-lani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-povisoki-za-13-a-tsenite-na-malo-za-10-1-otsto-vo-sporedba-so-april-lani/#respond Mon, 08 May 2023 13:52:17 +0000 https://kurir.mk/?p=831866

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.0 %, месото за 1.4 %, виното за 1.2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %. Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42.4 %, туристичките аранжмани за 8.4 %, парамедицинските услуги за 6.7 %, домашните миленици и сродните производи за 5.4 %, услугите за рекреација и спорт за 3.3 %, обувките за 2.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.4 %, игрите, играчките и хобијата за 2.2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2.1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2.0 %, другите лични предмети за 1.7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 1.1 %. Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1.0 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0.7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.2 %, млекото за 3.4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.4 % и пивото за 0.3 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3.0 %, гасот за домаќинствата за 2.9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.2 %, текстилот за домаќинствата за 0.8 %, книгите за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-povisoki-za-13-a-tsenite-na-malo-za-10-1-otsto-vo-sporedba-so-april-lani/feed/ 0
Просечната нето платата во јануари 33 943 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prosechnata-neto-platata-vo-januari-33-943-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prosechnata-neto-platata-vo-januari-33-943-denari/#respond Tue, 21 Mar 2023 11:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=814518

Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33 943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4 проценти), Градежништво (20,9 проценти) и Информации и комуникации (17,3 проценти). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: Градежништво (5,1 проценти), Преработувачка индустрија (5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50 837 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prosechnata-neto-platata-vo-januari-33-943-denari/feed/ 0
ДЗС: Пазарно ориентираните деловни субјекти во земјава лани оствариле 1 627 737 милиони денари вкупен промет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzs-pazarno-orientiranite-delovni-subjekti-vo-zemjava-lani-ostvarile-1-627-737-milioni-denari-vkupen-promet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzs-pazarno-orientiranite-delovni-subjekti-vo-zemjava-lani-ostvarile-1-627-737-milioni-denari-vkupen-promet/#respond Mon, 31 Oct 2022 11:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=753170

Во македонската економија доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,9 отсто), а најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 35,1 отсто од вкупно вработените, тие создале 22,1 процент од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0,2 отсто и со ангажирани 24,1 процент од вработените, создаваат 31 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13,7 проценти). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40,7 отсто од вработените и создадоа 46,9 отсто од вкупната додадена вредност во деловниот сектор, покажуваат структурните деловни статистики за 2021 година. Според Државниот завод за статистика, 66 182 пазарно ориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности оствариле вкупен промет од 1 627 737 милиони денари и додадена вредност од 336 602 милиона денари. За ангажираните 441 734 вработени лица, издвоени биле 174 560 милиони денари. Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39,4 отсто, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 26,9, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8,2, Градежништво со 6,4 и секторот Транспорт и складирање со 5,2 отсто. Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 27,1 процент, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 23 отсто. Значително учество имаат секторот Градежништво и Информации и комуникации кои создаваат по 8,7 отсто од вкупната додадена вредност. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dzs-pazarno-orientiranite-delovni-subjekti-vo-zemjava-lani-ostvarile-1-627-737-milioni-denari-vkupen-promet/feed/ 0
Во април 337 одобренија за градење, нови 752 станови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-april-337-odobrenija-za-gradenje-novi-752-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-april-337-odobrenija-za-gradenje-novi-752-stanovi/#respond Fri, 17 Jun 2022 08:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=692024

Во април годинава се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44,6 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу градежни дозволи, 83, има во Скопскиот регион, по што следат Вардарскиот со 56, во Југоисточниот 45, Полошкиот 44, …. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 474 500 00 денари, што е за 58,7 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (59 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (11 проценти) од нискоградба и 101 (30 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 337 објекти, на 199 (59,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138 (40.9 проценти) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61 866 метри квадратни. Најмногу станови, 248, ќе се градат во Скопје, од кои 180 се во Општина Гази Баба, во Центар 31, во Илинден 13,…Во Полошкиот регион се предвидени 153 станови, во Вардарскиот 142, во Југозападниот 123, …]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-april-337-odobrenija-za-gradenje-novi-752-stanovi/feed/ 0
Државниот завод за статистика одбележува 77 години постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-odbelezuva-77-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-odbelezuva-77-godini-postoenje/#respond Wed, 01 Jun 2022 05:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=684573

Националниот статистички систем во Република Северна Македонија и Државниот завод за статистика како негов координатор денеска ќе ја одбележат 77-годишнината од своето постоење. Како што информираат од ДЗС, во рамки на одбележувањето на овој значаен датум ќе биде објавен нов сет на податоци од Пописот 2021 – податоци за образовните карактеристики на резидентното население во Република Северна Македонија, како и податоци за неговата економска активност. Во овој сет на податоци ќе бидат објавени и податоците за попреченоста на населението. Податоците ќе бидат достапни во Макстат базата (линк). Како дел од одбележувањето на Денот на македонската статистика денеска во 12 часот, во Домот на Армијата ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Живко Поповски – Цветин, кои тој му ги подарил на Заводот пред две години – по повод 75-годишниот јубилеј, но кои поради пандемијата не можеа да бидат изложени за пошироката јавност. На настанот ќе се обрати и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-odbelezuva-77-godini-postoenje/feed/ 0
Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-deneska-kje-gi-objavi-podatocite-od-popisot-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-deneska-kje-gi-objavi-podatocite-od-popisot-2021/#respond Wed, 30 Mar 2022 05:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=655348

Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година. На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц. Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот. Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА, вчера рече дека пописот и покрај сите предизвици е темелен, точен и прецизен приказ и пресек на нашето општество. Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост… Според податоците објавени на веб страницата на Државниот завод за статистика веднаш по завршувањето на Пописот на 30 септември, попишани се вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Самопопишани лица во странство се 204.805 граѓани. Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на КОВИД-пандемија, соглано нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата. Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица, имало 564.296 домаќинства и 698.143 станови. Според националната припадност Македонци се изјасниле 1,297,981 (64,17%), Албанци 509,083 (25,17%), Турци 77,959 (3,85%), Роми 53,879 (2,66%), Срби 35,939 (1,77%), Бошњаци 17,018 (0,84%), Власи 9,695 (0,47%) и 20,993 (1,03%) останати. На територијата на земјава, според податоците на Заводот за статистика, првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население, а првиот современ попис е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна се спроведени осум пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-deneska-kje-gi-objavi-podatocite-od-popisot-2021/feed/ 0
Предвидена изградба на 353 станови, во јануари издадени 259 одобренија за градење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvidena-izgradba-na-353-stanovi-vo-januari-izdadeni-259-odobrenija-za-gradenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvidena-izgradba-na-353-stanovi-vo-januari-izdadeni-259-odobrenija-za-gradenje/#respond Mon, 14 Mar 2022 12:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=646943

Во јануари годинава се издадени 259 одобренија за градење, што е за 30,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија има во Полошкиот регион, каде се издадени 83 одобренија, по што следат Скопскиот, 51, Вардарскиот, 38, Југоисточниот, 29, Источниот, 20, Пелагонискиот, 18, Југозападниот, 16, како и Североисточниот каде се издадени само четири. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 767 024 000 денари, што е за 186 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 154 (59,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9,3 проценти) од нискоградба и 81 (31,1 процент) за објекти за реконструкција. Од вкупно 259 објекти, на 171 (66 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 (34 проценти) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови, со вкупна корисна површина од 33 312 метри квадратни. Притоа, повеќе од половина се во Скопје, 194, од кои 98 во Кисела Вода,44 во Чаир, 30во петровец. Стои и осум станови се планирани во Полошкиот регион, односно 41 во Гостивар, по 26 во Тетово и во Теарце, девет во Желино…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvidena-izgradba-na-353-stanovi-vo-januari-izdadeni-259-odobrenija-za-gradenje/feed/ 0
Трошоците на живот зголемени за 3,7, а цените на мало за 5,6 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/troshocite-na-zivot-zgolemeni-za-3-7-a-cenite-na-malo-za-5-6-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/troshocite-na-zivot-zgolemeni-za-3-7-a-cenite-na-malo-za-5-6-otsto/#respond Thu, 07 Oct 2021 11:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=574650

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто. Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 и млекото за 0.3 проценти. Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 проценти, услугите за сместување за 3.3 проценти, книгите за 1.2 проценти, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 проценти, обувките за 0.3 проценти и моторните возила за 0.2 проценти. Пораст на трошоците на животот во септември има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 проценти, пивото за 0.7 проценти, рибата и морските плодови за 0.4 проценти, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 проценти. Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 процент, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 процент, гасот за домаќинствата за 2.2 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1.0 процент, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 процент, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 проценти, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.6 проценти, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата за 0.2 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/troshocite-na-zivot-zgolemeni-za-3-7-a-cenite-na-malo-za-5-6-otsto/feed/ 0
Намален бројот на работниците во индустријата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-rabotnicite-vo-industrijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-rabotnicite-vo-industrijata/#respond Thu, 30 Sep 2021 12:04:17 +0000 https://kurir.mk/?p=570736

Бројот на работниците во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,7 отсто, а во периодот јануари – август годинава, во однос на период лани има пад од 2,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава споредено со август минатата година има опаѓање на бројот на работници од 7,5 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од два отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 1,3 проценти. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,3 проценти, додека пораст бележи кај Капитални производи за шест проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namalen-brojot-na-rabotnicite-vo-industrijata/feed/ 0