државјанства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Apr 2022 11:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државјанства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авиобомба имало во дронот што падна во Загреб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aviobomba-imalo-vo-dronot-shto-padna-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aviobomba-imalo-vo-dronot-shto-padna-vo-zagreb/#respond Wed, 13 Apr 2022 11:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=662402

Конечните резултати од истрагата за падот на беспилотното летало во Загреб на 10 март покажуваат дека дронот бил вооружен со авионска бомба „ОФАБ 100-120“. Од Жупаниското јавно обвинителство на денешната прес-конференција е соопштено дека на местото на падот на дронот биле пронајдени 47 фрагменти на метални делови или шрапнели. „Сите фрагменти се настанати како последица на експлозија. Пронајдена е и запалка со ознаки на кирилично писмо, станува збор за универзална запалка за авиобомби. Утврдено е дека запалката била ставена во предниот дел на авиобомбата. Станува збор за шрапнели на авиобомба“, изјави мајор Миле Томиќ. Врз основа на испитувањето на металните фрагменти, недвосмислено е утврдено дека се работи за авиобомба „ОФАБ 100-120“ со запалка „AVU-ET 350F“ која го иницирала експлозивното полнење во бомбата, што резултирало со експлозија во фрагментација. Главниот вештак за пожари и експлозии, Ивана Бачиќ, зборуваше за траги од експлозив, нафтени деривати и боја на трупот на беспилотното летало. „На местото на падот е формиран кратер со дијаметар од пет и пол метри и длабочина од околу еден и пол метар. Од кратерот се извадени 45 метални фрагменти на кои се забележува промена во бојата на металот во сина на рабовите. Два такви фрагменти се пронајдени и надвор од кратерот. Штетите врз околните згради и автомобили се воглавно предизвикани од расфрлени камења и гранки“, рече таа. Бачиќ додаде дека на местото на настанот се чувствувал интензивен мирис на амонијак. „Што се однесува до амонијакот, потврдено е дека се работи за трагови. На десното крило на авионот, најзастапена боја била црвената, со исцртана петокрака во црвено-бела боја. Станува збор за оригинална боја, а пронајдени се траги од пребојусување“, ја пренесува изјавата на Бачиќ загрепската телевизија „Ен1“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aviobomba-imalo-vo-dronot-shto-padna-vo-zagreb/feed/ 0
Црна Гора за еден и пол месец додели 28 државјанства на руски граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-za-eden-i-pol-mesec-dodeli-28-drzavjanstva-na-ruski-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-za-eden-i-pol-mesec-dodeli-28-drzavjanstva-na-ruski-gragjani/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=645299

Црногорската Влада во заминување на премиерот Здравко Кривокапиќ од 1 јануари до 15 февруари додели 28 економски државјанства на граѓани на Руската Федерација, покажуваат податоците на невладината организација Центар за граѓанско образование. Кривокапиќ, исто така, им додели економско државјанство на четворица американски државјани со руско потекло, четворица државјани на Јужноафриканската Република, како и по еден државјанин на Украина и Узбекистан. ЦГО соопшти дека за 14 и пол месеци Владата доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половина од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години од почетокот на примената на Законот за државјанства од 2008 година. Посочуваат дека освен во случајот за 10 државјанства за кои не е наведено кој е предлагач, сите почесни државјанства од оваа Влада се дадени на предлог на Кривокапиќ. Владата на Црна Гора на електронска седница на 30 декември минатата година одлучи да ја продолжи Програмата за стекнување државјанство преку инвестиции за уште една година, односно до крајот на 2022 година, и покрај жестоките критики од Европската комисија. Програмата опфати давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои вложуваат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-za-eden-i-pol-mesec-dodeli-28-drzavjanstva-na-ruski-gragjani/feed/ 0
Велика Британија им понуди помош и државјанства на милиони граѓани од Хонг Конг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-im-ponudi-pomosh-i-drzavjanstva-na-milioni-gragjani-od-hong-kong/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-im-ponudi-pomosh-i-drzavjanstva-na-milioni-gragjani-od-hong-kong/#respond Thu, 04 Jun 2020 10:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=353752

Доколку Пекинг го наметне Законот за националната безбедност врз Хонг Конг, со што би се ставил крај на уникатната слобода на полуавтономната територија, што остатокот од Кина ја нема, Велика Британија има намера да обезбеди засолништа и „пат до државјанство“ за милиони граѓани од оваа поранешна британска колонија, што на Кина и беше предадена во владение пред повеќе од 20 години. Британскиот премиер Борис Џонсон, истакна дека Велика Британија е подготвена да ги отвори вратите за околу три милиони граѓани на Хонг Конг доколку Кина донесе закон за безбедност, што може да влијае на слободата на локалното население. Џонсон истакна дека Законот за безбедност е спротивен на договорот постигнат меѓу Кина и Велика Британија пред преземањето на поранешната британска колонија во 1997 година и дека совеста не дозволува Велика Британија да „крене раце и да се сврти“ ако Кина продолжи да го спроведува планот. – Околу 350.000 граѓани на Хонг Конг имаат пасоши на „британски државјани во странство“ (БНО), што е наследство од колонијалната ера, а други 2,5 милиони имаат право да аплицираат за нив, изјави Џонсон. Доколку Кина наметне нов закон за безбедност, Велика Британија ќе ги промени своите правила за имиграција за граѓаните на Хонг Конг, кои според зборовите на Џонсон ќе биде „една од најголемите измени во визниот систем во британската историја“. Британскиот министерот за надворешни работи, Доминик Раб, изјави дека Велика Британија преговара со државите од сојузот „Пет очи“ за тоа како да се реши потенцијалниот „егзодус“ на луѓето од таа област и додаде дека Велика Британија веќе има поддршка од САД, Австралија и Канада и планира да ја прошири коалицијата во африканските и јужноамериканските нации. Адвокатот од Хонг Конг, Мартин Ли, поранешен парламентарец и еден од авторите на Основниот закон на Хонг Конг, истакна дека понудата на британската Влада нема да им помогне на младите луѓе кои протестираа минатата година, од кои повеќе од 8.000 беа уапсени и на кои им се заканува нови тужби според законот за национална безбедност. Џонсон упати последен апел до Пекинг да ги преиспита своите постапки и да се придржува кон меѓународните договори како водечка членка на светската заедница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-im-ponudi-pomosh-i-drzavjanstva-na-milioni-gragjani-od-hong-kong/feed/ 0