државна администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 20:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државна администрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова година, нови 40 партиски вработувања во државната администрација (ФОТО)  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-godina-novi-40-partiski-vrabotuvana-vo-drzhavnata-administratsija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-godina-novi-40-partiski-vrabotuvana-vo-drzhavnata-administratsija-foto/#respond Mon, 16 Jan 2023 20:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=788121

Владините институции продолжуваат со преполнување на администрацијата со партиски кадри и по новата година. Имено станува збор за објавени четири нови огласи за вработување на 40 работни позиции и тоа во Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ при Министерството за здравство како и јавното претпријатие на Град Скопје Лајка. Во Фондот за здравствено осигурување се вработуваат дури 13 службеници во неколку подрачни единици, а позициите се од референт, контролор, стручен соработник, соработник па се до шеф на одделение, а нето платата изнесува од 18.022 денари најниска, па 27.980 денари највисока во зависност од позицијата на која се вработуваат. Агенцијата за храна и ветеринарство и ЈЗУ УК Тоарилуц исто вработуваат по 13 службеници. Агенцијата вработува дури 7 на позицијата советници инспектори во одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните, одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство , како и одделение за инспекција за храна од неживотинско потекло при Сектор за инспекциски надзор во неколку подрачни единици со нето плата од 26.566 денари. Додека пак на останатите 6 работни места се вработуваат соработник, помлади соработници, помлад референт, со нето плата од 18.106 до 23.922 денари. Во ЈЗУ УК Тоарилуц според објавениот оглас се вработуваат 13 јавни службеници на работно место шест помлади референт со нето плата од 20.618 денари, соработник за информатичко работење 29.006 денари, советник за правни работи 27.268 денари, советник за административно технички и општи работи со плата од 27.268 денари, двајца помлади соработници за јавни набавки со плата од 27.268 денари, еден помлад соработник за човечки ресурси, како и еден самостоен референт за кадрови работи со нето плата од 22.581 денари. Понатаму, и јавното градско претпријатие Лајка објавува оглас за вработување на еден јавен службеник на позицијата раководител на одделение за општи, правни работи и управување со човечки ресурси со нето плата од 32.604 денари. Само минатата година се објавија над илјадници огласи за вработување во јавната и државна администрација, и сето ова се коси со најавите на премиерот Димитар Ковачевски кој уште минатата година со преземање на функцијата најави промена во начинот на функционирање на администрацијата, како и нејзино намалување за 20 проценти. Иако, Ковачевски најавуваше дека новата влада на СДСМ ќе се насочи кон вработување на квалитетни кадри, на транспарентен начин во јавноста е познато дека ваквите јавни огласи се објавуваат само од правно формален аспект бидејќи веќе претходно се знае кој ќе вработен на одредено работно место. За потсетување, Македонија изминатите години добива континуирани забелешки во делот на модернизација на јавната администрација и подобрување на процесите за вработување од страна на Европската Унија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-godina-novi-40-partiski-vrabotuvana-vo-drzhavnata-administratsija-foto/feed/ 0
Пари за државната администрација сѐ повеќе, квалитетна услуга сѐ помалку https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pari-za-drzavnata-administracija-s-povekje-kvalitetna-usluga-s-pomalku/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pari-za-drzavnata-administracija-s-povekje-kvalitetna-usluga-s-pomalku/#respond Sun, 06 Jun 2021 11:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=519644

Од Буџетот парите за платите на администрацијата секоја година растат, растат и ветувањата на власта дека мора да се крати од пребројната администрација, а токму тие вработувања им се единствената алатка за задоволување на апетитите на партиските активисти. Во 2008 година за плати на администрацијата се обезбедиле 339 милиони евра, а годинава таа бројка, пред ребалансот е 510 милиони евра. Дали за толку се зголемил и квалитетот на услугите кои граѓаните ги добиваат од државната администрација?, објавува МКД.мк. За плати на државната администрација годинава ќе одделиме 144 милиони евра повеќе од парите дадени во 2009 година, или 134 милиони евра повеќе од 2011 година. Во 2019 година буџетот за плати за државната админиустрација беше 60 милиони помал од оној за годинава, а лани 20 милиони евра помалку од 510-те милиони евра предвидени за годинава. Предизборните ветувања за намалување на бројот на вработени во јавниот сектор остануваат на хартија. Бројот на огласи и интересот за вработување во администрацијата расте. Намалувањето на бројот на администрацијата останува предизвик за секоја влада, а ниту една од нив досега не покажала храброст за посериозни резови во однос на бројот на врабитените и професионализацијата на администрацијата. На сите им е јасна неопходноста од реформите во оваа област, ова стана и дел од поглавјата за преговори за членство во Европската Унија, но бројките не се менуваат. Напротив. Статистиката на Агенцијата за администрација го покажува и големиот интерес на граѓаните за вработување токму во државната администрација. Во 2019 година имало 517 огласи за вработување на 1.669 административци, а пријавени биле 15.969 кандидати. Бројот на јавни огласи во 2020 година беше зголемен за 23,89 отсто, од кои бројот на оние во државната управа, без локалната, е зголемен за дури 60,71 отсто повеќе, објави Агенцијата за администрација. Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.332 институции. Од вкупниот број, 19.594 лица се вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. Најголем број на вработени се во образованието 32%, здравството 19 %, управата 14%, комуналните дејности на јавните претпријатија 9,6%. Иако платите во администрацијата не се високи, граѓаните државата ја сметаат за најсигурен работодавач. Сепак, сите анализи покажуваат дека во Македонија зборуваме за неспособна, непрофесионална и партизирана администрација. За ова засега ниту една власт не покажа политичка волја за сериозно реформирање. Реформите во јавната администрацијата се вклучени во првиот кластер од преговарачката рамка. Овој кластер се смета за најважниот кластер. Тој ги опфаќа поглавјата кои се однесуваат на правосудството и основните права, правдата, слободата и сигурноста, функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација, економските критериуми на јавната управа и јавни набавки како и финансиската контрола и истиот трае во текот на целиот преговарачки процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pari-za-drzavnata-administracija-s-povekje-kvalitetna-usluga-s-pomalku/feed/ 0
Во Јапонија казнети државни службеници бидејќи дозволиле да бидат почестени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-kazneti-drzavni-sluzbenici-bidejkji-dozvolile-da-bidat-pochesteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-kazneti-drzavni-sluzbenici-bidejkji-dozvolile-da-bidat-pochesteni/#respond Fri, 04 Jun 2021 15:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=519105

Јапонското Министерство за телекомуникации денеска казни 32 вработени бидејќи го прекршиле етичкиот кодекс и дозволиле да им бидат платени скапи вечери. Скандалот беше обелоденет во февруари, откако вработени во сателитскиот емитер Тохокушинша Филм, меѓу кои и синот на премиеро Јошихаде Суга, Сеиго, честеле претставници на Министерството за телекомуникации. Сличен настан се случил и подоцна, со претставниците на телекомуникацискиот гигант НТТ. Независно тело на јапонското Министерство за телекомуникации во март покрена внатрешна истрага за да утврди дали честењето на вработени во Министерството за телекомуникации влијаело на издавање на лиценците за емитување. Од 32 вработени, против девет се покренати дисциплински мерки, а на петмина од нив им е одбиено од плата, а останатите 23 службеници добиле само укор, меѓу коки и заменик мистерот Буичира Куроду. Министерот за внатрешни прашања и комуникации Рјота Такеда фдоброволно се откажа од платата во рок од три месеци и јавно се извини бидејќи „ ја изневери довербата на јавноста во Владата“. И Тохокушинша Филм спроведе своја истрага и потврди дека во периодот од ноември 2015 до декември 2020 година имало 54 случаи кога биле честени со скапи вечери претставници на Министерството, а Сеиго Суга присуствувал на 22.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-kazneti-drzavni-sluzbenici-bidejkji-dozvolile-da-bidat-pochesteni/feed/ 0
Нема крај на натрупување со нефункционален, непрофесионален кадар во државната администцаија – Во моментот активни огласи за вработување на нови 35 државни позиции во влада и државните институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-natrupuvanje-so-nefunkcionalen-neprofesionalen-kadar-vo-drzavnata-administcaija-vo-momentot-aktivni-oglasi-za-vrabotuvanje-na-novi-35-drzavni-pozicii-vo-vlada-i-drzavnite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-natrupuvanje-so-nefunkcionalen-neprofesionalen-kadar-vo-drzavnata-administcaija-vo-momentot-aktivni-oglasi-za-vrabotuvanje-na-novi-35-drzavni-pozicii-vo-vlada-i-drzavnite-institucii/#respond Thu, 15 Apr 2021 10:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=497583

Економската и здравствена криза, но и превработеноста на институциите не ги спречува Министерството за правда, Министерството за култура, Министерството за финансии, Државната комисија за спречување на корупција и Владата на Република Македонија да објават огласи за вработување на нови партиски војници. Во моментот се бараат вкупно 35 државни службеници во овие институции и тоа за нето плата од 22.020 до 37.625 денари во зависност од позицијата на која се вработуваат овие лица. Министерството за правда вработува 4 државни службеници на позициите, по еден виш соработник за преговори, за мониторинг и известување на ИМА проектите, и по еден раководител на одделението за внатрешна ревизија, и одделението за меѓународна правна соработка и соработка со НАТО. Нето платата за првите две позиции изнесува 24.402 денари, додека за раководители на одделенијата платата изнесува 29.693 денари. Помошник раководител на сектор за финансиски прашања, раководител на одделение за центри на културата, фолклор и музичко сценска дејност, раководител на одделение за нормативни работи, како и по еден извршител на позициите помлад соработник за службенички однос и информативен систем за човечки ресурси, и за контрола на комплетност и исправност на документацијата, бара Министерството за култура за нето плата од 22.048 денари до 32.887 денари. Пред објавување на оглас пред скоро една недела каде што се бараа дури 12 државни службеници, Министерството за финансии повторно објави оглас за вработување на дополнителни нови 8 службеници на позициите, помлад соработник за царински систем и царинска политика, соработник за индиректни даноци, раководител на одделние за едукација и оперативна обработка на податоци. Потоа раководител на одделени за првостепена управна постапка, помлад соработник за првостепена управна постапка, помлад соработник за финансиска инспекција на субјекти од јавен сектор на локално ниво, помлад соработник за сметководствени работи, соработник за контрола на буџетското работење. Платата на овие нови дополнителни 8 службеници во министерството за финансии изнесува од 22.020 денари па се до 29.693 денари за позицијата раководител на одделение за едукација и оперативна обработка на податоци во секторот за управна постапка, поточно Управата за имотно правни работи, а според описот лицето на оваа позиција треба да има завршено фаукултет за книжевност што фрла сомнеж дека веќе однапред е познато кој ќе биде вработен, а ваквите огласи се само чиста формалност. Понатаму, Државната комисија за спречување на комисија преку јавен оглас вработува 8 државни службеници. Поточно овие лица се вработуваат на позицијата советник за спроведување едукација, подигање на јавна свест и развивање на концептот на интегритет, советник за спречување на корупцијата во област на работењето на органите за спроведување на законите, ЕЛС и ЈП формитни од нив, советник за спречување на корупција во областа образование, наука, култура и спорт, советник за спречување на корупција во област здравтво, труд и социјална политика, советник за превенирање на состојбата на судир на интерес и лобирање, советник за превод од македонски на албаниски јазик и од албански на македонски јазик, и по еден извршител на позицијата виш соработник за седници, како и виш соработник за стручно-оперативна поддршка во водење на прекршочната постапка и следење на нејзиното извршување. Платата со која ќе бидат вработени овие лица за позицијата советник изнесува 26.278 денари додека за двете последни работни места виш соработник е 24.427 денари. Покрај тоа што пред само два дена излезе списокот за тајните хонорарци со дебели хонорари, владата на Република Македонија, поточно Генералниот секретаријат има потреба од 10 нови дополнителни државни службеници. Па така преку оглас вработува, раководите на сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменик на генералниот секретар на владата за нето плата од 37.625 денари. Лицето кое ќе биде вработено како раководител, ќе добие и помошник раководител за истата работа со нето плата од 32.866 денари. Понатаму, се бара и еден раководител на одделение за стручно – оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор со нето плата од 29.694 денари. Се бара и еден раководител на одделение за стручно – оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор, со нето плата од 29.694 деанри. А се вработуваат и двајца извршители на позицијата советник за стручно – оперативна поддршка, како и еден советник за стручна и техничка поддршка на министер без ресор за нето плата од 26.257 денари. Се вработуваат и тројца извршители на позицијата помлад соработник за организациона поддршка, одделени за стручно – оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор со нето плата од 22.020 денари, а согласно годишниот план на институцијата за 2021 година предвидено е вработување на двајца Македонци и еден Албанец. Од огласите може да се забележи дека трендот на партизација не само што не запира, туку напротив институциите се целосно ставени во партиската машинерија на владата на СДСМ. А ваквата партиска машинерија се знае дека произведува и натрупува нефункционален, непрофесионален и неквалитетен кадар во сите сфери. Обидите за транспарентна и функционална јавна и државна администрација за која зборуваше премиерот Зоран Заев со квалификуван кадар остануваат само празно слово на хартија. Спорет упатените ваквото претрупување на партиски војници во државните институции негативно ќе биде оценето и во Извештаите од Европската унија, нагласувајќи дека ваквите огласи и вработувања се само со една цел а тоа е подоцна да прераснат во едно гласачко тело за изборите кои следуваат на сметка на парите на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-natrupuvanje-so-nefunkcionalen-neprofesionalen-kadar-vo-drzavnata-administcaija-vo-momentot-aktivni-oglasi-za-vrabotuvanje-na-novi-35-drzavni-pozicii-vo-vlada-i-drzavnite-institucii/feed/ 0
Од понеделник ќе се вакцинираат дел од вработените во државните институции, еве кои групи се сметаат за критични https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-kje-se-vakciniraat-del-od-vrabotenite-vo-drzavnite-institucii-eve-koi-grupi-se-smetaat-za-kritichni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-kje-se-vakciniraat-del-od-vrabotenite-vo-drzavnite-institucii-eve-koi-grupi-se-smetaat-za-kritichni/#respond Tue, 30 Mar 2021 10:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=489618

Национална техничка група за имунизација против Ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да почне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 4000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре почнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години. Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините. Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање. Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максимално да ги почитуваат мерките за лична заштита, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-kje-se-vakciniraat-del-od-vrabotenite-vo-drzavnite-institucii-eve-koi-grupi-se-smetaat-za-kritichni/feed/ 0
КОЈ СЕ ВРАБОТУВА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И КАКО: Партиските луѓе ќе станат данок на државната глупост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-se-vrabotuva-vo-javnata-administracija-i-kako-partiskite-lugje-kje-stanat-danok-na-drzavnata-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-se-vrabotuva-vo-javnata-administracija-i-kako-partiskite-lugje-kje-stanat-danok-na-drzavnata-glupost/#respond Wed, 11 Jul 2018 08:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=75499

Државната компанија ЕЛЕМ вработува пет луѓе, Министерството за финансии објави оглас за шесторица. Двата огласи се од последните два дена. Претходно, огласи за вработувања имаше и Агенцијата за државни патишта и тоа во неколку наврати. Дали за овие вработувања има реална потреба или институциите се полнат со партиски кадар? Домашната експертска јавност се согласува оти Македонија тешко излегува од кругот, секоја партија да вдомува „свои“ на места во државната администрација, што пак таа ја прави гломазна и неефикасна. Моментно поради законски ограничувања, новите челници не можеле да ги сменат и некои од раководителите поставени од претходната власт, длабоко заседнети во фотелјите, пишува порталот Фактор. Професорот на Правен факултет Димитар Гелев за „Фактор“ вели дека процесите кои сите ги забележуваат, да се примаат нови луѓе, а старите таму да остануваат само зборува дека во земјата можеби и не постои повеќе партиски систем, туку повеќе има тепачка за пари во како што вели, една исцрпена, осиромашена и урнисана земја. МАСКА ДЕКА НАПРЕДУВАМЕ „Разните “современи услови“ за прием на работа во администраијата како потврди за познавање странски јазик, полагање испити, конкурси итн. не се ништо друго оствен маскирање на старите удбашки норми за морално-политичката подобност и полициски сертификати “за безбедност“ во земјата што на едни се применуваат, а на други не, и служат само како маска што треба да и покаже на некоја Европска комисија дека “секој ден во секој поглед ние само напредуваме“. Но во основа сите јавно-правни прописи се само обични кулиси што маскираат еден длабоко вкоренет еднопартиски систем. Тоа може да го види секој нормален правник кој ќе прочита било кој пропис за државната администрација, за разните јавни претпријатија, служби, агенции, државни комисии, трговски друштва во државна сопственост“, вели Гелев. ЕЛЕМ бара тројца хигиеничари за плата од безмалку 17.000 денари без искуство. Но на огласот се бара и референет кој ќе ги подготвува меѓународните тендери, а од кандидатот се бара да знае странски јазик и да има едногодишно искуство.За него платата е над 35.000 денари. Вработуваат и нов референт за подготовка на договори за јавни набавки, за кого е потребно искуство од две години. Но не само оваа државна компанија. За испразнети места пополнуваат позиции и други министерства. Сепак познавачите се согласуваат дека не секогаш за работното место столчето останало празно. НОВА ВЛАСТ СТАРИ РАКОВОДИТЕЛИ Партиски членови коментираат дека членството во партијата секако го доживуваат како можност за вработување. Дел од тие кои сега се членови на СДСМ коментираат дека и покрај тоа што дошле на власт не успеале да влезат во некоја институција оти местата се зафатени од кадри од претходната власт па процесот оди тешко. Во некои Министерства, велат извори на „Фактор“ клучни одлуки носеле луѓе кои се поставени таму од порано затоа што и процесот на замена е законски ограничен, па наводно тоа дури во некои моменти ја блокирало работата на институцијата во некој дел. Но тоа не го менува фактот дека администрацијата само се трупа со нови луѓе. „Денес администрацијата е превработена. Таа е во ситуација во која пред 1990 година се наоѓаше стопанството во земјата. И бидејќи партијата се “додворува на народот“ обично во такви времиња не сака да биде виновна за “нужните отпуштања“ од работа, па таа задача ја препушта на странци. Странски консултанти, Светска банка, ММФ или Брисел сеедно. Тоа што го гледавме кај фирмите во 1990 година сега ќе дојде кај администрацијата, во некоја друга форма. Се е исто само што “тој што го бара тоа е некој друг“. Но за разлика од 1990 година кога имаше многу повеќе луѓе што со своето знаење можеа да ги ублажат “глупостите на претходните генерации“, она што денес го гледаме или она што до вчера го гледавме на политичката сцена не води кон заклучокот дека има многу мали надежи за било какво ублажување на она што следи“, вели Гелев. Тој смета дека треба да се направат темелни реформи, но тврди оти моментно нема кој тоа да го стори. Вели дека сега власта почна да ги реформира извршителите што според него е цинично смешно. Затоа вели, земјата ќе го плати данокот на сопствената глупост. Инаку според пресметките, во државната администрација работат околу 140.000 луѓе. Извештај на МЦМС покажа дека 62 отсто од граѓаните сметаат дека службените лица се вмешани во корупција. Дури 18 отсто од јавноста има мислење дека сите административци се коруптивни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-se-vrabotuva-vo-javnata-administracija-i-kako-partiskite-lugje-kje-stanat-danok-na-drzavnata-glupost/feed/ 0