државна помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Aug 2023 08:30:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државна помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија: До осум часот утринава пријавени над 395 илјади деца за државна помош од 10.000 динари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-do-osum-chasot-utrinava-prijaveni-nad-395-iljadi-detsa-za-drzhavna-pomosh-od-10-000-dinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-do-osum-chasot-utrinava-prijaveni-nad-395-iljadi-detsa-za-drzhavna-pomosh-od-10-000-dinari/#respond Mon, 21 Aug 2023 08:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=869020

Од вчера на полноќ, кога почна аплицирањето во Србија за еднократна помош од 10 илјади динари, до утринава во осум часот, 235.295 родители регистрирале 395.768 деца, соопштија за белградски медиуми од Министерството за финансии. Право на државна помош има секое дете кое е државјанин на Србија до 16 години, како и децата родени по 21 ноември 2006 година. Пријавувањето на децата започна на 20 август и трае до 20 септември, а се врши електронски. Право на парична помош од десет илјади динари има мајката на детето и исклучок таткото, старателот или згрижувачот под условите пропишани со соодветното законско решение кое стапи во сила на 1 август. Парите ќе бидат уплатени на сметките на пријавените во периодот од 25 септември до 1 октомври. Како што изјави претходно вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали, за тие цели во буџетот на Србија се издвоени околу 12 милијарди динари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-do-osum-chasot-utrinava-prijaveni-nad-395-iljadi-detsa-za-drzhavna-pomosh-od-10-000-dinari/feed/ 0
Во Србија младите ќе можат да аплицираат за државна помош од 5.000 динари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-mladite-kje-mozat-da-apliciraat-za-drzavna-pomosh-od-5-000-dinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-mladite-kje-mozat-da-apliciraat-za-drzavna-pomosh-od-5-000-dinari/#respond Wed, 30 Nov 2022 12:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=768867

Пријавувањето за новата еднократна државна помош од 5.000 динари (42,6 евра), наменета за младите во Србија, почнува утре и ќе трае до 15 декември, јави дописникот на МИА од Белград. -Младите на возраст од 16 до 29 години вечерва точно на полноќ можат да аплицираат за еднократна парична помош од 5.000 динари. Пријавувањето се врши преку порталот на Управата за финансии (idp.trezor.gov.rs), а ќе биде можно до 15 декември. По внесувањето на основните лични податоци (ЕMБГ, број на лична карта и име на банка), на младите им се заведува пријава чиј статус можат да го проверат на споменатиот портал, изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали. Постапката ќе биде иста како и претходните двапати, во февруари и јуни, кога младите добија по 100 евра од државата. Како што е наведено, за помош можат да аплицираат државјани на Србија со важечка лична карта и престој во земјата, кои до почетокот на пријавувањето наполниле 16 години, а до тој датум не наполниле 30 години. Министерството за финансии претходно објави дека двојната помош од по 100 евра добиле приближно 1,06 милиони млади луѓе во Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-mladite-kje-mozat-da-apliciraat-za-drzavna-pomosh-od-5-000-dinari/feed/ 0
Во ТИРЗ доделени 75,5 милиони евра државна помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tirz-dodeleni-75-5-milioni-evra-drzavna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tirz-dodeleni-75-5-milioni-evra-drzavna-pomosh/#respond Thu, 27 Oct 2022 10:15:14 +0000 https://kurir.mk/?p=751144

Во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата за ТИРЗ има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, од кои 37,5 милиони евра се директно исплатените средства од Буџетот, а 38 милиони евра се за даночните и царинските ослободувања, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај од извршената ревизија на „Развој и работење на технолошките индустриски развојни зони“ објавен денеска. – Со извршената ревизија и анализа на Годишните програми на Владата во периодот од 2017 до 2022 година, констатиравме дека активностите за привлекување на странските инвестиции во овој период не се вклучени во стратешките приоритети на Владата и за истото не е донесена Стратегија за привлекување на странски инвестиции, како што предвидува Законот за Владата. Државната помош се доделува како шема за помош или индивидуална помош за која е потребно одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата, велат од ДЗР. Во периодот од 2017 до 2021 година, додаваат од ДЗР, Дирекцијата има доделено државна помош во вкупен износ од 4.641.728 илјади денари (75,5 милиони евра), од кои директно исплатените средства од Буџетот изнесуваат 2.307.196 илјади денари (37,5 милиони евра), а даночните и царинските ослободувања се во износ од 2.334.532 илјади денари (38 милиони евра). – Само во 2021 година, вкупниот износ на доделената државна помош изнесува 1.504.576 илјади денари (24,5 милиони евра), од кои директно исплатени средства од Буџетот се 731.842 илјади денари (11,9 милион евра), а доделените даночни и царински ослободувања изнесуваат 772.734 илјади денари (12,6 милиони евра), прецизираат од ДЗР. Во извештајот е констатирано дека со Законот за контрола на државната помош, како и донесените уредби од страна на Владата не се утврдени поблиски и транспарентни критериуми за определување на висина на индивидуалната помош (број на странски инвестиции, број на вработени, извршени инвестициски вложувања и слични критериуми), при што државната помош се доделува без проценка на исплатливоста за утврдување на нејзиниот износ, без утврдена методологија за доделување, а со преговарање помеѓу овластените лица во Дирекцијата и корисникот на индивидуалната помош. – Инфраструктурните инвестиции во зоните се во надлежност на Дирекцијата, која согласно Законот за градење, има добиени одобренија за градење за целата зона како функционална целина. ТИРЗ и ИЗ се основани на земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 847 хектари, од кои 512 хектари се корисна површина (парцели за издавање на корисниците), а под долгорочен закуп се издадени 153 хектари или 30 отсто од вкупната корисна површина. Извршените инвестициски вложувања од страна на Дирекцијата во сите зони во земјава со состојба на 31.12.2021 година се проценети во вкупен износ од 6.152.930 илјади денари (околу 100 милиони евра), посочуваат од ДЗР. Констатирано е, додаваат од таму, дека Дирекцијата од надлежното Министерство добива одобрение за употреба откако ќе биде изградена целата зона, поради што за изградените поединечни делови не може да се направи технички прием и да се добие одобрение за употреба. – Оваа состојба предизвикала дел од реализираните инвестициски проекти во зоните, во периодот 2007 до 2021 година, во деловните книги на Дирекцијата, да имаат статус на материјални средства во подготовка иако истите се употребуваат. Нивната проценета вредност на крајот на 2021 година изнесува 2.677.763 илјади денари што претставува 43,5 отсто од вкупните извршени вложувања на Дирекцијата во зоните. Како резултат на не донесени стратешки и програмски документи , на површина од 153 хектари или на 30 отсто од вкупната корисна површина во периодот од 2012 до 2021 година од страна на Владата основани се зони кои не се ставени во функција и не се оперативни и во кои од страна на буџетот на Дирекцијата се вложени средства за основната внатрешна инфраструктура и експропријацијата на земјиштето во вкупен износ од 393.686 илјади денари или 6 отсто од вкупните инвестиции, констатира ДЗР. Најголемите инвестициски вложувања во нефункционални зони, како што посочуваат од ДЗР, се извршени во Гевгелија, Делчево и Кратово. – Врз основа на Одлука од Владата со ЈПП основана е ТИРЗ Тетово, при што договорот за ЈПП со приватниот партнер е склучен на 96 години, иако со законската регулатива е определено максималниот период да изнесува 35 години, сметано од денот на склучување на договорот. Со договорот за ЈПП, јавниот партнер е обврзан да обезбеди стручна единица за управување со проектот во целото времетраење на договорот која истовремено има својство на претставник на јавниот партнер и контакт тело за приватниот партнер. Дирекцијата во ТИРЗ Тетово има распоредено 7 лица, при што тие немаат работни обврски и не извршуваат активности поврзани со реализација на договорот за ЈПП, ниту се членови во наведената стручна единица , чија задача е да врши надзор и да помага во обезбедувањето на успешна имплементација на проектот. Овие состојби влијаат на законитоста и регуларноста на склучувањето на договорот за ЈПП и следење на неговата реализација, се вели во извештајот од ДЗР. Во 2015 година, врз основа на донесена Одлука за започнување на постапка за отуѓување на градежно земјиште од Владата, се посочува, склучен е договор за отуѓување на градежно земјиште на ТИРЗ Ранковце. – Со договорот било предвидено градење на целокупната внатрешна инфраструктура во рамките на зоната , во рок не подолг од 92 (деведесет и два) месеци од солемнизацијата на договорот и реализација на минимум 2.000 нови вработувања. Поради не започнатата изградба во предвидениот рок, со Решение од март 2019 година Одобрението за градба во ТИРЗ Ранковце е прогласено за ништовно со што одредбите од договорот не се реализирани. Со ревизијата констатиравме дека кај купувачот/инвеститорот се направени поголем број на статусни измени, а меѓу другото променет е називот на фирмата. Во април 2021 година врз фирмата e отворена стечајна постапка и истата не располага со имот за наплата на договорните казни предвидени со договорот. Ова состојба укажува дека купувачот ги нема исполнето одредбите од договорот, поради што не се постигнати целите кои треба да придонесат за зголемување на инвестициите и вработувањата во тој регион од земјава, како и неизвесност и неможност на наплата на договорна казна предвидена во договорот за отуѓување на градежно земјиште, се истакнува во извештајот од ДЗР. ТИРЗ Ранковце, се посочува, е единствен случај каде врз основа на промена на законската регулатива, е извршено отуѓување на земјиштето , додека кај останатите ТИРЗ во државата, земјиштето се дава под долгорочен закуп. – Директорот на Дирекцијата нема назначени овластени лица од редот на вработените кои би вршеле надзор над ТИРЗ и над корисниците, како што е предвидено во Законот за ТИРЗ што може да влијае на ненавремена контрола, откривање и спречување во случај на незаконско работење на корисниците и го зголемува ризикот од работењето на корисниците особено во делот на вршењето на дејностите во зоните кои се забранети и кои можат да се проверат исклучиво со увид на лице место, велат од ДЗР. Согласно регулативата, како што нагласуваат, основачот на зоната е должен да го загради, уреди и означи просторот на зоната и да обезбеди без надоместок простории потребни за работа на царинскиот орган. – Констатиравме дека единствено во ТИРЗ Скопје 1, Царинската управа има воспоставен царински надзор со отворена Царинска испостава, а во останатите зони како и зоната основана со ЈПП во Тетово користат услуги од најблиската царинска испостава која вообичаено е лоцирана во најблискиот град, односно во самите зони не е воспоставен царински надзор. Со ревизијата се истакнува дека е зголемен ризикот од можни грешки и злоупотреби при царинскиот надзор, особено имајќи ја во предвид оддалеченоста на некои од царинските испостави од зоните, а притоа имајќи го во предвид фактот дека бројот на корисниците во 2022 година е зголемен , а со тоа и прометот на стоки кои влегуваат и излегуваат од зоните кои се ослободени од ДДВ при увоз на земјата како и царинските давачки, прецизираат од ДЗР. Со ревизијата е констатирано дека Дирекцијата ангажира лица по договор за дело кој број низ годините се менувал. – Во периодот на вршење на ревизијата, активни се 72 договори за дело, односно бројот на ангажирани лица по договор за дело е речиси еднаков со бројот на редовно вработените лица (85), а половина од договорите се склучени со лица кои подолго од 24 месеци биле ангажирани од Дирекцијата. Оваа состојба претставува ризик за континуираното и квалитетно извршување на работните задачи поради времениот карактер на нивното ангажирање. Истата е спроведена како пилот ревизија во рамките на Твининг проект со врховните ревизорски институции на Република Бугарија и Република Хрватска, финансиран со средства од ЕУ, се вели во извештајот на ДЗР. Ревизијата го опфати периодот од 2015 до 2021 година, но одредени области, прашања, настани и анализи се опфатени пред 2015 година и последователно до денот на известување од извршената ревизија. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tirz-dodeleni-75-5-milioni-evra-drzavna-pomosh/feed/ 0
Земале државна помош но вработените ги оставиле без плати, 753 работници без примања во февруари и март месец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemale-drzavna-pomosh-no-vrabotenite-gi-ostavile-bez-plati-753-rabotnici-bez-primanja-vo-fevruari-i-mart-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemale-drzavna-pomosh-no-vrabotenite-gi-ostavile-bez-plati-753-rabotnici-bez-primanja-vo-fevruari-i-mart-mesec/#respond Thu, 03 Jun 2021 09:47:27 +0000 https://kurir.mk/?p=518511

До 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Како што соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош е вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март. Овие работодавачи се од дејностите, од подготовка на оброци и служење храна, 61, од дејноста трговија на мало, 33, од дејноста копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметкодовствејни дејности. -Вкупно 181 работоавач ја злоупотребил државната помош и обесправил 753 вработени. Најмногу од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска. Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот. Лукаревска рече и дека продожуваат контролите кај работовачите кои го изиграле законот. Присилна наплата, информира диекторката, е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември. Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemale-drzavna-pomosh-no-vrabotenite-gi-ostavile-bez-plati-753-rabotnici-bez-primanja-vo-fevruari-i-mart-mesec/feed/ 0
Чекајќи државна помош не зеле плата – околу 7.000 граѓани во февруари останале без приход https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/chekajkji-drzavna-pomosh-ne-zele-plata-okolu-7-000-gragjani-vo-fevruari-ostanale-bez-prihod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/chekajkji-drzavna-pomosh-ne-zele-plata-okolu-7-000-gragjani-vo-fevruari-ostanale-bez-prihod/#respond Fri, 02 Apr 2021 11:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=491279

На 6.888 вработени не им е исплатена плата во февруари додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати како дел од петтиот антикризен пакет заглавен во Собранието. Тоа се 10,7 проценти од вкупно доставените 63.948 МПИ пресметки доставени до Управата за јавни приходи. Оттаму апелираат поскоро Собранието да ги донесе законските решенија со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш најавија дека ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата. – Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира. Онаму каде одредени компании ја чекале финансиската поддршка и очекувале дека навреме ќе ја добијат, а немале средства да исплатат плата, на нив им се доставени опомени. Телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка. Онаму каде се утврдени злоупотреби и сме виделе дека и наназад не се исплаќале плати, ќе постапуваме согласно надлежностите за присилна наплата, истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата. Според последните податоци на УЈП од април, вкупно 133 работодавачи не исплатиле плата од минатите антикризни пакети иако им била одобрена државна помош за исплата на плати. Од нив, 110 работодавачи не исплатиле плата за 1 месец, 18 работодавачи за два месеца и 5 работодавачи не исплатиле плата за три месеца. Против нив, како што информира Лукаревска, се преземени сите мерки, а во соработка со Државниот инспекторат за труд извршени се и контроли. Контроли се започнати и кај дел од компаниите каде е злоупотребена државната помош за исплата на плати за декември. За мерките кои се спроведоа преку УЈП како поддршка за стопанството досега се исплатени 135 милиони 344 илјади 918 евра. Обврската за враќање на примената финансиска поддршка е околу 20 милиони евра или 14,5 проценти од вкупната исплатена финансиска поддршка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/chekajkji-drzavna-pomosh-ne-zele-plata-okolu-7-000-gragjani-vo-fevruari-ostanale-bez-prihod/feed/ 0
Министерство за финансии по грешка исплатило 1,4 милијарда долари државна помош за милион мртви Американци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-finansii-po-greshka-isplatilo-1-4-milijarda-dolari-drzavna-pomosh-za-milion-mrtvi-amerikanci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-finansii-po-greshka-isplatilo-1-4-milijarda-dolari-drzavna-pomosh-za-milion-mrtvi-amerikanci/#respond Thu, 25 Jun 2020 20:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=363124

Американското Министерство за финансии по грешка испратило чекови со државна помош на адресите на повеќе од милион мртви Американци, откриваат набљудувачите во Конгресот, пишува „Вашингтон пост“. Оваа вест е потврдена и од Државната агенција за надзор (ГАО). Вкупната сума на пари што се испратени на адресите на веќе починатите е речиси 1,4 милијарда долари, соопшти државната агенција за надзор (ГАО). „Вашингтон пост“ претходно информира дека Министерството за финансии и даночната служба по грешка испраќале чекови од 1.200 американски долари на адресите на неколку лица кои починале, но во тоа време се уште не бил познат степенот на грешката. Оваа грешка може да одврати некои републикански кругови да ја поддржат иницијативата на претседателот Трамп и неговата администрација за обезбедување дополнителна помош за граѓаните погодени од епидемијата на коронавирус. Во својот извештај, ГАО посочува дека грешката во Министерството за финансии и даночната служба се должи на користењето на постапката за итни случаи, како и поради застарените филтри во базите на податоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-finansii-po-greshka-isplatilo-1-4-milijarda-dolari-drzavna-pomosh-za-milion-mrtvi-amerikanci/feed/ 0
Јовановиќ: Анѓушев бил член на Советот за фискални мерки за Ковид-19, а неговата фирма добила над 100 илјади евра државна помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovikj-angjushev-bil-chlen-na-sovetot-za-fiskalni-merki-za-kovid-19-a-negovata-firma-dobila-nad-100-iljadi-evra-drzavna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovikj-angjushev-bil-chlen-na-sovetot-za-fiskalni-merki-za-kovid-19-a-negovata-firma-dobila-nad-100-iljadi-evra-drzavna-pomosh/#respond Thu, 11 Jun 2020 08:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=356477

Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии, објани на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ, кој своевремено беше и советник на министерот за финансии Драган Тевдовски. Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра. Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми. Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде, пишува Јовановиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovikj-angjushev-bil-chlen-na-sovetot-za-fiskalni-merki-za-kovid-19-a-negovata-firma-dobila-nad-100-iljadi-evra-drzavna-pomosh/feed/ 0