државни институции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 10:35:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државни институции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Државните институции во септември заштедиле вкупно 20 отсто струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=747610

Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани. Според анализата што денеска ја презентира министерот за економија Крешник Бектеши, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25 отсто. Притоа, шест субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15 отсто согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15 -73 отсто, повеќето од 25 до 35 проценти. Единствено, како што рече Бектеши, административната зграда на Министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија за 81 процент, а најголема заштеда е направена во административната зграда на АД ЕСМ од 75 отсто. Заштедата на струја кај претпријатијата во државна сопственост изнесува осум отсто, а опфатени се вкупно 17 државни компании. Општините, пак, кои имаа препорака за заштеда на електрична енергија вкупно за 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година. -Согласно податоците, заштедата на електрична енергија во зградата на Владата е 25 отсто, кај МВР 21 отсто, кај Министерството за култура 40 отсто, Министерството за образование 35 отсто, Министерството за политички систем 22 отсто, Министерството за транспорт и врски 30 отсто, Министерството за труд и социјална политика 36 проценти, Министерство за финансии 32 отсто, а Министерство за економија 30 проценти, рече Бектеши.
Како што истакна Бектеши, најмала заштеда е направена во административната зграда на Министерството за здравство од два отсто, по што следуваат Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана со по осум проценти заштеда. Според анализата, Собранието заштедило 29 отсто од потрошувачката на електрична енергија, додека кај Кабинетот на претседателот заштедата е 17 проценти. -Овие податоци покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме непотребно електрична енергија, може да се направат големи заштеди. Доколку сите дадеме максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог може да помогне полесно и со најмали можни последици да се справиме со оваа енергетска криза, рече Бектеши. Тој апелира дека состојбата во енергетскиот сектор, не само во Северна Македонија, туку и во цела Европа, не е шега и секој степен помалку, како што нагласи, е заштеда од околу пет отсто на енергенсите. -Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши. Анализата исто така покажува дека вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат на краен снабдувач со многу повисока цена односно цената на HUPX + 20 отсто. Најголем број субјекти кои се снабдувани од снабдувачот во краен случај се основните и средните училишта, по што следат министерствата и здравствените установи. Министерството за економија до Владата достави сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за безбедна зима. Овие мерки почнаа да се применуваат од 1 септември и сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто на месечно ниво, почнувајќи од 1 септември 2022 заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/feed/ 0
Државните институции минатиот месец заштедиле 18 отсто струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-institucii-minatiot-mesec-zashtedile-18-otsto-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-institucii-minatiot-mesec-zashtedile-18-otsto-struja/#respond Fri, 14 Oct 2022 17:27:02 +0000 https://kurir.mk/?p=745494

Според податоците за потрошувачка во септември 2022, споредено со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук. Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-institucii-minatiot-mesec-zashtedile-18-otsto-struja/feed/ 0
Некој во најважните државни институции лаже за НАТО сертификатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekoj-vo-najvaznite-drzavni-institucii-laze-za-nato-sertifikatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekoj-vo-najvaznite-drzavni-institucii-laze-za-nato-sertifikatite/#respond Sat, 13 Feb 2021 13:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=468260

До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати, а уште стотина се во процедура да добијат. Ниту еден политичар на локално или централно ниво нема добиено негативно решение, вели претседателот Стево Пендаровски. -Не е точно дека само Пендровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат, изјави Пендаровски во гостување во емисијата Стадион на радио Канал 77. Овие информации на шефот на државата се сосема различни од тие што ги дава главниот македонски функционер за класифицирани, директорот на ДБКИ, пишува порталот Експрес.мк. Во интервју за Слободна Европа Стојан Славески директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации дава дијаметрално спротивни податоци од Пендаровски што укажува дека некој во највисоките државни институции лаже и прави огромна штета за сметка на довербата на НАТО во македонската држава. “Според големината на државата меѓу 500 и 600 македонски државјани треба да добијат сертификат за безбедност од НАТО, а постапката на барање на сертификати е почната за околу 300”, објаснува за Радио Слободна Европа Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Преку оваа институција одат сите барања за безбедносен сертификат од Македонија од каде според Славески има 200 од 300 функционери кои досега добиле безбедносни сертификати за работа на класифицирани информации на НАТО. Десетина пак, не ја поминале безбедносната проверка, додава тој. Според Пендаровски има вкупно околу 150 барања од македонски функционери од кои досега само 40 до 50 добиле сертификат. Меѓу бројките на Пендаровски и Славески има фрапантна разлика од околу 300 луѓе во вкупната бројка на луѓе во македонските институции за кои ќе се бараат сертификати, и околу 150 за кои досега е добиен сертификат. Зошто меѓу шефот на државата и најодговорната и најкомпетентната институција на ова тема постои ваква дискрепанца не може ни да се претпостави. Директорот на ДБКИ е поставен од владата и тој е директно под контрола на премиерот што дава поинаква перспектива за различните податоци кои ги кажуваат Пендаровски и Славески. Линкови со различните податоци за НАТО сертификатите Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбеносен сертификат Околу 150 лица се на проверка за НАТО-сертификат, досега се одбиени двајца Славески: Десетина баратели досега одбиени за НАТО сертификат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekoj-vo-najvaznite-drzavni-institucii-laze-za-nato-sertifikatite/feed/ 0
АНКЕТА: Граѓаните немаат доверба во државните институции дека ќе спроведат фер и објективен попис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-nemaat-doverba-vo-drzavnite-institucii-deka-kje-sprovedat-fer-i-objektiven-popis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-nemaat-doverba-vo-drzavnite-institucii-deka-kje-sprovedat-fer-i-objektiven-popis/#respond Wed, 27 Jan 2021 09:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=460450

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања. Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 – 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%. Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот. Според одговорите на граѓаните, дури 59,2 проценти од анкетираните одговориле дека немаат капацитет државните институции да го спроведат пописот, а само 35,5 проценти одговориле дека институциите имаат капацитет за спроведување на фер и објективен попис.
  1. Дали мислите дека државните институции имаат капацитет за спроведување на фер и објективен попис?
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-nemaat-doverba-vo-drzavnite-institucii-deka-kje-sprovedat-fer-i-objektiven-popis/feed/ 0
Владата им препорачува на државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-im-preporachuva-na-drzavnite-institucii-da-doniraat-pari-za-obnovuvanje-na-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-im-preporachuva-na-drzavnite-institucii-da-doniraat-pari-za-obnovuvanje-na-global/#respond Wed, 20 Jan 2021 08:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=457319

Пожарот кој на почетокот од годинава избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика голема материјална штета. Премиерот Зоран Заев по посетата на опожарениот објект најави дека ќе помогнат во духот на солидарноста. И додека македонските граѓани се уште чекаат вакцини против коронавирус, додека бројот на невработени се зголемува, наместо Владата со конкретни проекти кои ќе донесат бенефит на граѓаните да им помогне, ќе му помага на „Глобал“. На вчерашната седница Владата усвои информација со која на сите државни и јави институции им се препорачува во духот на хуманизмот и солидарноста да донираат за обновување на опожарениот трговски центар „Глобал“. Ова значи дека со пари на граѓаните ќе се обновува приватен објект, за кој за потсетување Заев е аболициран. -Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како на приватниот сектор имајќи ги предвид хуманизмот и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок, во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ Глобал – Струмица, се вели во соопштението од Владата по одржаната седница. Овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата токму на Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна. Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинениото за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше. Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-im-preporachuva-na-drzavnite-institucii-da-doniraat-pari-za-obnovuvanje-na-global/feed/ 0
Партиските вработувања во државни институции акутен проблем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavni-institucii-akuten-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavni-institucii-akuten-problem/#respond Sat, 26 Sep 2020 10:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=408866

Иако Владата на премиерот Зоран Заев изминатите неколку години ветуваше реформи на јавната администрација во извештајот на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата нотирани се 50 слабости и 150 активности што треба да се превземат со цел стручна, професионална и департизирана администрација. Изминатите неколку години партиските вработувања во државните институции се акутен проблем. -Утврдивме голем број на проблеми кои што се вградени и кои што овозможуваат користење на дискрециони овластувања кои што овозможувааат да се применуваат постапки кои што им даваат предност на лица кои што се поврзани со одредени групи на политички партии, непотизам, кронизам а притоа не му се дава предност на квалитетот и професионализмот при вработувањата‘‘, рече Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал на настанот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“, во организација на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата што се одржа деновиве во Скопје. Во извештајот на ДКСК и Транспаренси интернешнал се идентификувни и критикувани околу 50 слабости и 150 активности што треба да се преземат за да се воспостави системска основа за ефикасна администрација, заслужни вработувања и елиминирање на корупцијата. При анализата откриени се нефункционални институции, но и институции без вработени. Според Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување на корупцијата констатирани се недостатоци при вработувањата во јавниот сектор и тоа политичко влијание, партиска припадност и недоволна транспарентност во постапките за вработувања. -Се вршеле промени во актите за систематизации со наменско креирање на работните места пред објавувањето на огласите а согласно квалификациите на лицето кое треба да биде вработено.Причините за ваквиот начин на однесување од срана на одговорните лица може да се детектираат во постоење на политичко влијание, партиска припадност, отсуство на интегритет како личен така и институционален, недоволна транспарентност на постапките за вработување, слаб надзор и контрола неказнивост итн‘, вели Ивановска. Наспроти ваквите констатации на ДКСК и Транспаренси интернешнал вицепремиерот, Љупчо Николовски ветува бескомпромисна борба против овие појави, но притоа потенцира дека ова ќе биде процес што ќе трае со години или децении. -Свесни сме дека непотизмот и корупцијата при вработувањата во јавниот сектор има, имало секогаш и истото нема да биде лесно да се искорени во целост, не можеме да очекуваме напредок од јавниот сектор доколу изборот не се одвива согласно највисоки стандарди и предвидени квалификации за соодветното место‘ смета Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavni-institucii-akuten-problem/feed/ 0