државни пари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Aug 2021 20:07:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државни пари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Како може со државни пари да се рекламира приватниот Фејсбук профил на Заев?!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-so-drzavni-pari-da-se-reklamira-privatniot-fejsbuk-profil-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-so-drzavni-pari-da-se-reklamira-privatniot-fejsbuk-profil-na-zaev/#respond Thu, 26 Aug 2021 20:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=555409

Како може со државни пари да се рекламира приватниот Фејсбук профил на Заев?! Ова го нема НИКАДЕ. Буквално никаде. Деспотија и пашалак. Режим, со сите параметри, стои во Фејсбук статусот на Владимир Ѓорчев. - Плус, веќе се распишани локалните избори. Не смее да има владино рекламирање. Фактчекери? НВО? ГраЏанство, прашува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-so-drzavni-pari-da-se-reklamira-privatniot-fejsbuk-profil-na-zaev/feed/ 0
Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-edna-godina-isplatil-350-iljadi-evra-za-honorarci-a-mozel-da-kupi-7-bolnichki-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-edna-godina-isplatil-350-iljadi-evra-za-honorarci-a-mozel-da-kupi-7-bolnichki-vozila/#respond Wed, 14 Apr 2021 09:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=496965

Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила. Овие 350 илјади евра да се потрошеа на болнички возила, можеби ќе можеше едно од нив да го спаси животот на овчарот од кратовско, кој почина во болница, откако претходно 5 часа доктор на раце го носеше за да го спаси, затоа што немаше болничко возило кое можеше да го земе, изјави на денешната прес конференција, Дарко Костовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Овие 350 илјади евра наместо за хонорарци на Заев можеа да се потрошат за вработување на медицински персонал, па можеби ќе имаше кој да и даде кислород на жената што почина во штипската болница, затоа што немаше кој да и даде кислород. 350 илјади евра се пари со кои можеа да се набават десетина илјади вакцини, но наместо за тоа се потрошија за исплати кон синот на Самка Ибраимоски, претседателот на СДММ Марко Михаилоски, квази независниот колумнист Петрит Сарачини и други апологети на Заев, вели тој. Костовски посочи дека со 350 илјади евра власта можеше да набави десетина илјади теста за Ковид, таблети и разни терапии, но наместо за лечење и спасување на човечки животи, 350 илјади евра во ек на пандемија беа потрошени за згрижување на коалициони партнери, функционери од партијата, нивни роднини, и таканаречените независни колумнисти. - 350 илјади евра се пари со кои можеше да се направи многу и да се спасат стотици животи, но Заев одбра да ги дава за хонорарци, негови партиски активисти, коалициони партнери и дежурни фалбаџии во медиумите, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-za-edna-godina-isplatil-350-iljadi-evra-za-honorarci-a-mozel-da-kupi-7-bolnichki-vozila/feed/ 0
Нов скандал: Во година со корона Заев потрошил неверојатни 20 милиони денари за пропагандни хонорарци! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-godina-so-korona-samo-zaev-potroshil-neverojatni-20-milioni-denari-za-propagandni-honorarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-godina-so-korona-samo-zaev-potroshil-neverojatni-20-milioni-denari-za-propagandni-honorarci/#respond Tue, 13 Apr 2021 08:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=496331

Чисти и безобразни 18.048.000 (осумнаесет милиони и 48 илјади денари) денари без данок кон државата - ова е неверојатната сума на потрошени, расфрлени народни пари само за пропаганда и патетичен владин пи-ар за Заев во минатата година за армија од 55 „хонорарни“ соработници. Во време кога немаше пари за заштита на медицинарите, полицијата и војската, владата без усул трошела на педесет и пет хонорарци за пропаганда. За вакцини немаше пари, но за пропаганда немало проблем да се трошат милиони денари. Пропаганда евтина по сроченото и ефектот, но прескапа и преплатена според сумите плаќани за неа. На страна се и владините редовно платени служби за оваа намена (десетици лица), со кои пи-арот на Заевци достигнува уште побаснословни суми. Со хонорарите, Заев директно потплатил 55 семејства со по 30-на илјади денари месечно за да му одработуват и гласаат. Друг ефект од „сработеното“ на хонорарците нема. На страна што и секое министерство има свој пи-ар, а најголем е тимот на Филипче. Во превод, сумата на се заедно потрошено за пропаганда минува половина милион евра! Неофицијално, од наши извори, најголемиот дел од овие луѓе не се ни појавувале на работа, туку оддома (на компјутер, кога можеле) си ги одработувале солените хонорари. Дел, не ги ни одработувале, туку едноставно, си добивале награда за минат труд за Социјадемократите од Северна (Амон Мрак и редица други фиктивни „хонорарци“). Во превод, Заев потрошил над 300.000 евра за хонорари за само 55 лица и пи-ар, затоа што со данокот кон државата ова станува сума од над неверојатни 20 милиони денари. Единствена намена на овие 55 платеници/хонорарци била да прават демек анализи на информации и пи-ар на владата, со што на државата реално и помогнале нула насто. Нивната задача била, реално, постојано да пуштаат дезинформации (соц-мрежни ботови) и нон-стоп да прават фингирана атмосфера по „нарачка“ по истите социјални мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм и др.), како и да создаваат лажна слика за „успесите“ на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, а во најголема мера - да ги минимизираат неуспесите, мега-скандалите и аферите во кои секојдневно запаѓа оваа криминогено-антимакедонска влада. И самите велат, дека се’ е до „перцепцијата“, нели... Сумите се огромни и движат од неверојатни 60.000 месечно па надолу, а просекот на „добивката“ по човек или бот е околу 30-на илјади денари месечно по лице, плата која ден-денеска за многумина е научна фантастика во Македонија, но која очигледно во Северна на Заев е сосема добра цифра за обичен хонорар на новопечени ликови во професијата, партијски хонорарци за кои во новинарските кругови никој, никогаш и никаде не чул. А поверојатно, нема ни да слушне. На страна што информациите зборуваа за 58, а владата објави само 55 хонорарци. Логичното прашање кое се наетнува е – колку илјади денари земале останатите, необјавени тројца „хонорарци“, ако највисоко платениот хонорарец зема „само“ 60 илјади денари месечно, т.е ќарил 12 илјади евра народни пари минатата година?  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-godina-so-korona-samo-zaev-potroshil-neverojatni-20-milioni-denari-za-propagandni-honorarci/feed/ 0
„Државните пари одат за тајните владини хонорарци, претседателот на СДММ и државниот колумнист Петрит Сарачини“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-pari-odat-za-tajnite-vladini-honorarci-pretsedatelot-na-sdmm-i-drzavniot-kolumnist-petrit-sarachini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-pari-odat-za-tajnite-vladini-honorarci-pretsedatelot-na-sdmm-i-drzavniot-kolumnist-petrit-sarachini/#respond Tue, 13 Apr 2021 07:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=496272

Заев со државни пари плаќа партиски функционери и квази независни колумнисти. По излегувањето на списокот на тајни хонорарци видовме зошто Заев толку го криел. Наместо експерти и докажани личности во определена област Заев со државни пари го плаќа претседателот на СДММ. Додека врсниците на Марко Михаиловски одат во странство затоа што младинската невработеност откако е Заев се зголемила за 10.000 лица, тој земал пари како хонорарец од влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ. - Михаиловски зборувал за младински политики од удобната фотеља на Илинденска. Со државни пари е платен и квази независниот колумнист - Петрит Сарачини, кој претпладне е владин службеник, а попладне е независен колумнист, активист и како ли уште не. Тој е се, само независен не. Вака Заев си ја купува медиумската и поддршката на социјалните мрежи, со парите на граѓаните, посочуваат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ вели дкеа Заев со државни пари ги плаќа и децата на неговите коалициони партнери. 40.000 денари месечно земал Дамир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски. - Тоа е рецептот на Заев. Со државни пари се плаќаат и партиски функционери и квази независни колумнисти и коалициони партнери. Се е за пари. Овие и уште 56 други хонорарци ја чинат државата скоро 1 милион евра годишно, а во болниците немаме кислород, имаме недостаток на таблети, нема тестови, а вакцините никако да дојдат, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnite-pari-odat-za-tajnite-vladini-honorarci-pretsedatelot-na-sdmm-i-drzavniot-kolumnist-petrit-sarachini/feed/ 0
Државни пари за непостоечки хотели? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavni-pari-za-nepostoechki-hoteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavni-pari-za-nepostoechki-hoteli/#respond Tue, 20 Oct 2020 16:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=418626

Се појавија нови сомнежи за злоупотреба на државните пари наменети за хотелиерството. Дали се наменски употребени парите од антикризните пакети кои требаше да бидат помош во секторот туризам и хотелиерство? Дали овој пат власта намерно дозволува злоупетрба на државните пари преку четвртиот пакет мерки? Имено, ТВ 21 дојде до непотврдени информации дека се прават малверзации при користењето на финансиската помош. Попрецизно, станува збор за злоупотреба на парите од страна на т.н „Газди на хотели “. Тие, според инфорамциите до кои дојде ТВ21, искористиле помош за рестартирање на дејноста хотелиерство, но на терен не постои ни трага од нивните хотели, па така од тука се поставува прашањето, дали е ова навистина така и постои ли можност за наводна злоупотреба? Од ТВ21 беа контактирани упатените во секторот туризам, а истите не ги отфрлаат во целост ваквите сознанија. „Не можам да кажам дека имам информација, освен дека имаше информација за некои проневери што се слушаа во однос на ваучерите кои ги добија граѓаните за да ги користат во хотели…..Меѓутоа имаше шпекулации дека во хотелиерството има такви ситуации“, вели Ана Марија Алексова. Додека пак, претседателот на ХОТАМ не можеше да ги потврди ваквите сознанија, но кажа дека нерегуларности во хотелиертсвото и угостителскиот сектор сепак постојат. „Тоа не можам да го тврдам со оглед на тоа што секојдневно се отвораат и затвораат хотели. Треба да се земе историја на работење на сите хотели, кој колку данок плаќал досега. Државата точно знае кој хотел колку данок плаќал и колку може да добие средства и грантови, така треба да се примени и помошта…“, посочи Крсте Блажевски за ТВ21. Иако не беше дециден за постоење на т.н хотели фантоми, Блажевски упати на други нерегуларности во хотелиерството и угостителскиот сектор . „И ден денеска сме сведоци дека некои објекти работат на непријавени свадби, веселби, кои се забранети со закон а секако си работат, има некој што нив ги остава да работат и да ги прават тие дејствија“, додаде Крсте Блажевски. ТВ 21 пренесува дека побарала листа на постоечки хотели и такви кои се регистрирале за подигање на државна парична помош, додека пак надлежните топката си ја префрлаат од врата на врата. Прво беше посочено дека одговор треба да се побара од Министерството за финансии, додека пак велат дека одговорот го има УЈП, за на крај да кажат дека одобренијата се во надлежност на Генералниот секретаријат на Владата, а од таму се уште одговор нема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavni-pari-za-nepostoechki-hoteli/feed/ 0
„Лидер“: Нов скандал на повидок- дали вработен во Националната агенција доделува еврoпски пари на свои невладини? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/lider-nov-skandal-na-povidok-dali-vraboten-vo-nacionalnata-agencija-dodeluva-evropski-pari-na-svoi-nevladini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/lider-nov-skandal-na-povidok-dali-vraboten-vo-nacionalnata-agencija-dodeluva-evropski-pari-na-svoi-nevladini/#respond Sat, 20 Jul 2019 18:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=220565

Астрит Реџепи, вработен во Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, во исто време работи и во тимот на невладината организација Центар за образование и развој, како шеф на делот за образование, дознава Економски Лидер од извори во Агенцијата. Реџепи е вработен во Националната Агенција од 2015 година. Економски лидер истражуваше дали можеби се работи за лице кое во Националната Агенција е вработено од скоро. Со тоа сакавме да се осигуриме дека не се работи за технички пропуст на администраторот т.е. сајтот е не-ажуриран и доскорешниот нивен вработен не е отстранет. Според информациите јавно достапни на Фејсбук профилот на Реџепи, истиот работи во Националната агенција од април 2015, што дава цели 4 години да се ажурира овој дел од сајтот, кој инаку изобилува со информации. Иако Реџепи работи во Националната Агенција и е задолжен за координација на европски фондови, тој исто така работи и во тимот на Невладината Центар за Образование и Развој како Шеф на делот за образование. Реџепи е, според сајтот, дел од персоналот на оваа невладина а не само нејзин член т.е. се појавува во staff (персонал)! Сајтот www.ced.org.mk добил и награда – Трето место во категорија за најдобар сајт за Невладини организации во 2016 година, што зборува дека Невладината организација посветува сериозно внимание на нивниот online Имиџ и дека се апдејтира редовно. Во текот од 2016 година, оваа невладина органзиација добила илјадници евра од програмата Еразмус плус, па се поставува прашањето дали постои злоупотреба на службена позиција. Инаку Реџепи, се јавува и како координатор и учесник на проектот Start in Project, како што можете да видите на сликата подоле каде покажува со раката дека е дел од тимот на Центар за образование и развој. Оваа фотографија е од проект Тренинг Курс кој се реализирал во периодот од 01 до 09 февруари 2018 година. Дали Реџепи може да работи за Национална Агенција и за Невладина органзиација во исто време? Дали ова не е јасен конфликт на интереси бидејќи се работи за организација која што работи со Еразмус плус проекти, истите за кои Реџепи е задолжен да ги координира во име на Националната Агенција! Во моментов сајтот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност не е во функција. Не сме во можност да провериме дали Центарот за Образование и Развој е на листата на добитници од Програмата Еразмус+ и за оваа година и колки илјадници евра им се одобрени оваа година. Доколку тоа е случај, сведоци сме на најдиректна состојба на Конфликт на интерес каде лице вработено во националната агенција доделува грантови на невладина организација во која е при самиот врв. За вакви ситуации се заинтересирани Европските истражители од OLAF како и државните институции за гонење на криминал и корупција. На официјална Facebook страна на Националната Агенција доколку се разгледа, се забележува дека истата се користи за демантирање на написи во медиуми кои не се во прилог на оваа Државна институција. Интересно е дека последниот демант поврзан со нашата неодамнешна сторија е споделен само од страна на директорката Лидија Димова, Астрит Реџепи и Алек Гочев (исто така вработен во НА). Новинарскиот тим на Економски лидер има пратено барање за појаснување до Националната агенција за европски образовни програми дали овие очигледни злоупотреби се точни. До моментот на објавување на оваа вест немаме никаква информација од страна на Националната агенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/lider-nov-skandal-na-povidok-dali-vraboten-vo-nacionalnata-agencija-dodeluva-evropski-pari-na-svoi-nevladini/feed/ 0