државни службеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Mar 2022 12:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државни службеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Талибанците им порачаа на државните службеници да носат брада, во спротивно ќе добијат отказ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-porachaa-na-drzavnite-sluzbenici-da-nosat-brada-vo-sprotivno-kje-dobijat-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-porachaa-na-drzavnite-sluzbenici-da-nosat-brada-vo-sprotivno-kje-dobijat-otkaz/#respond Mon, 28 Mar 2022 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=654596

Авганистанските талибанци им наредија на сите владини службеници да носат брада или ќе бидат отпуштени, потврдија три извори за западни медиуми. Претставници на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци од денеска веќе почнаа да ги посетуваат државните служби за да проверат дали сите вработени се придржуваат до новите правила. Талибанците, исто така, пропишаа строг кодекс на облекување, а државните службеници ќе треба да носат долга, широка туника и панталони и турбан или капа. Покрај тоа, тие мора да се молат во одредено време во текот на денот. Минатата недела талибанците им забранија на жените да летаат со авион доколку немаат машка придружба, а на средношколките се уште не им е дозволено да се вратат на училиште. Вчера наредија сите забавни паркови да вршат сегрегација врз основа на пол, што значи дека семејствата повеќе не можат да одат на тие места заедно. Според распоредот на министерството, жените од недела до вторник ќе можат да одат во забавните паркови во и околу Кабул и ќе мора да носат исламски хиџаб, додека мажите ќе можат да се забавуваат од среда до сабота.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-porachaa-na-drzavnite-sluzbenici-da-nosat-brada-vo-sprotivno-kje-dobijat-otkaz/feed/ 0
ДЕТАЛИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ВО ДИВО НАСЕЉЕ: Уапсени полицајци, цариници и државни службеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-policiskata-akcija-vo-divo-naselje-uapseni-policajci-carinici-i-drzavni-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-policiskata-akcija-vo-divo-naselje-uapseni-policajci-carinici-i-drzavni-sluzbenici/#respond Tue, 21 Dec 2021 10:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=611133

И полициски службеници се уапсени во полициската акција против нарко група во кумановско Диво Насеље, објави Телма. -Во групата која била цел на акцијата имало и полицајци и цариници и државни службеници, пишува телевизијата. Истрага во обвинителство за организиран криминал и корупција е отворена за вкупно деветмина кои биле припадници на групата за шверц на дрога. Претреси се вршат на повеќе локации во Скопје и Куманово, а запленета се и наркотици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-policiskata-akcija-vo-divo-naselje-uapseni-policajci-carinici-i-drzavni-sluzbenici/feed/ 0
Унгарија одлучи: Државните службеници МОРА да се вакцинираат против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-odluchi-drzavnite-sluzbenici-mora-da-se-vakciniraat-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-odluchi-drzavnite-sluzbenici-mora-da-se-vakciniraat-protiv-koronavirus/#respond Thu, 28 Oct 2021 14:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=587215

Владата на Унгарија побара државните службеници да се вакцинираат против ковид-19 и носењето маски да биде задолжително во јавниот превоз од 1 ноември. Додека во приватните компании сопствениците ќе можат да побараат од вработените да се вакцинираат ако оценат дека тоа е потребно. Во изминатите 24 часа во Унгарија се регистрирани 4.039 новозаболени лица и 45 смртни случаи. Само половина од жителите на Унгарија се вакцинирани против Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-odluchi-drzavnite-sluzbenici-mora-da-se-vakciniraat-protiv-koronavirus/feed/ 0
Уставниот суд на Словенија ја суспендираше одлуката за задолжителна вакцинација на државните службеници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ustavniot-sud-na-slovenija-ja-suspendirashe-odlukata-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-drzavnite-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ustavniot-sud-na-slovenija-ja-suspendirashe-odlukata-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-drzavnite-sluzbenici/#respond Thu, 30 Sep 2021 18:31:28 +0000 https://kurir.mk/?p=571003

Уставниот суд на Словенија денеска привремено ја суспендираше одлуката на владата за задолжителна вакцинација на државните службеници, бидејќи оцени дека на тој начин се кршат нивните работнички права. Неколку синдикати побараа преглед на уставноста на одлуката според која работниците во државната администрација мора да имаат сертификат од петок, 1 октомври, за да дојдат на работа, дека се вакцинирани со најмалку една доза вакцина против коронавирус или дека го прележале вирусот, пренесува Хина. Синдикатите тврдат дека на оние што одбиваат им се заканувале со отказ, а владата тврди дека ова е само привремена мерка за заштита на здравјето и нормалното функционирање на државата. Уставниот суд оцени дека одлуката може да доведе до раскинување на договорот за вработување. - Тоа би значело не само влошување на положбата на вработените, туку би ги загрозило нивните работнички права - наведува судот во образложението. Оваа суспендирана одлука, која наиде на негативни критики во јавноста, ќе опфати околу 130.000 луѓе кои требаше да ја примат барем првата доза на вакцината до 1 октомври, а втората до 1 ноември, за да продолжат со работата. Владата, како што е наведено, имала намера оваа мерка навреме да ја прошири и на други категории на население, со цел да го зголеми бројот на вакцинирани на 70% од населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ustavniot-sud-na-slovenija-ja-suspendirashe-odlukata-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-drzavnite-sluzbenici/feed/ 0
Талибанците ги повикаа државните службеници да се вратат на работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-gi-povikaa-drzavnite-sluzbenici-da-se-vratat-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-gi-povikaa-drzavnite-sluzbenici-da-se-vratat-na-rabota/#respond Mon, 16 Aug 2021 14:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=551292

Сите државни службеници, и мажи и жени, можат да се вратат на своите работни места, соопшти авганистанската телевизија „Аријана њуз“, повикувајќи се на заменик шефот на талибанската политичка канцеларија во катарската престолнина Доха, Абдул Салам Ханафи. -Вработените во дипломатските мисии, воените бази и цивилните оддели можат да ја продолжат својата работа без страв. Ничии права нема да бидат повредени. Жените можат да одат на работа со хиџаб, рече тој. „Талибанците се обидуваат да го отворат патот за коалициска влада и сите Авганистанци ќе бидат вклучени. Ниту еден Авганистанец не треба да се плаши од некој што работел со претходната влада. Ние ќе и служиме на нашата земја. Без разлика дали станува збор за цивилниот или воениот сектор, никој нема да ги загуби своите привилегии“, вети Ханафи. Талибанците вчера ја презедоа контролата врз главниот град Кабул. Меѓународниот аеродром и пристапот до него се контролирани од американската војска, додека воените транспортни авиони на воздухопловните сили на САД ги евакуираат вработените во амбасадата и Авганистанците кои работат за американскиот контингент. На аеродромот се насобрани мноштво луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата и таму од изутринава владее хаос, а светските агенции наведуваат и за неколку загинати лица при обид да се качат на авионите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-gi-povikaa-drzavnite-sluzbenici-da-se-vratat-na-rabota/feed/ 0
Во Грција 24-часовен штрајк на државните службеници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-24-chasoven-shtrajk-na-drzavnite-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-24-chasoven-shtrajk-na-drzavnite-sluzbenici/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=416724

Грчките државни службеници денеска почнаа 24-часовен штрајк, барајќи, меѓу другото, поголеми плати во здравството и работниците во секторот за образование и поголемо вработување за време на пандемијата. Поради штрајкот, јавните служби низ целата земја се затворени, а со оглед на тоа што во штрајкот учествуваат и контролорите на летови, авиокомпаниите беа принудени да ги откажат или одложат летовите за в петок во 08:00 часот. Стотици здравствени работници претходно маршираа низ центарот на Атина, пред големите демонстрации во грчкиот главерн град. Главниот синдикат на државни службеници во земјата, АДЕДИ, организираше штрајк поради голем број барања, вклучително и зголемени трошоци за здравствена заштита, повеќе кревти во единиците за интензивна нега и нови вработувања во образованието за да можат да се организираат часови со 15 ученици. Синдикатот исто така повика на укинување на голем број даноци за државните служби и намалување на даноците за потрошувачите на 15 проценти од сегашните 24 проценти, како и измени на неодамнешниот закон за демонстрации и укинување на приватизациите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-24-chasoven-shtrajk-na-drzavnite-sluzbenici/feed/ 0
Турција отпушти над 18.000 државни службеници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-otpushti-nad-18-000-drzavni-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-otpushti-nad-18-000-drzavni-sluzbenici/#respond Sun, 08 Jul 2018 07:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=74290

Турција денеска издаде уредба со која се отпуштени над 18.000 државни службеници, од кои половина се припадници на полицијата. Одлуката за отпуштање на државните службеници беше донесена по победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите, што беа оджани пред две недели. Турските медиуми наведоа, дека уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба во земјата, што е на сила од јули 2016 година, а беше воведена по неуспешниот државен удар. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-otpushti-nad-18-000-drzavni-sluzbenici/feed/ 0