државно здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Oct 2021 09:47:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png државно здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меган Фокс откри дека се бори со сериозен здравствен проблем: Додека сите мислат дека е преубава, таа води лична битка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-foks-otkri-deka-se-bori-so-seriozen-zdravstven-problem-dodeka-site-mislat-deka-e-preubava-taa-vodi-lichna-bitka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-foks-otkri-deka-se-bori-so-seriozen-zdravstven-problem-dodeka-site-mislat-deka-e-preubava-taa-vodi-lichna-bitka/#respond Thu, 14 Oct 2021 09:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=578862

Актерката Меган Фокс со години се бори со здравствен проблем кој е познат како телесна дисморфија. Станува збор за пореметување кое се јавува и кај мажите и кај жените. Меган за британски GQ опишала како ова пореметување влијае на неа и нејзиниот живот. -Да имам телесна дисморфија. Имам многу длабоко вкоренети несигурности. Никогаш не смееме да претпоставуваме како некој се чувствува. Да ја погледнете личноста и да кажеме, колку е убава, мора животот да и е лесен. А сигурно е дека личноста не се чувствува така одвнатре, вели Меган. Иако не сакала да открие какви симптоми има, познато е дела телесната дисморфија се карактеризира како опсесивна, неосноваа грижа за маните кога станува збор за физичкиот изглед. Телесна дисформија е сериозно психичко пореметување кое на лицата им создава чувство дека делови од нивните тела се деформирани, неатрактивни, одвратни, додека реално недостатокот кој им пречи е едвај видлив или не постои. Лицата кои страдаат од ова пореметување  се чувствуваат дека другите во нив гледаат Човек слон. Незадоволството најчесто е усмерено на лицето и главата, делови од лицето и на кожата. Овие лица често го проверуваат својот изглед во огледало, од другите бараат разуверување за тоа како изгледаат, а упорно инсистираат на тоа дека се грди. Меган истакнала дека момчето Машин Ган Кели и помогнало повторно да се чувствува стабилно и среќно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/megan-foks-otkri-deka-se-bori-so-seriozen-zdravstven-problem-dodeka-site-mislat-deka-e-preubava-taa-vodi-lichna-bitka/feed/ 0
Панова: Предложивме сите кои не можат да бидат примени во државна, да се лечат во приватна болница по цени исто како и во државното здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-predlozivme-site-koi-ne-mozat-da-bidat-primeni-vo-drzavna-da-se-lechat-vo-privatna-bolnica-po-ceni-isto-kako-i-vo-drzavnoto-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-predlozivme-site-koi-ne-mozat-da-bidat-primeni-vo-drzavna-da-se-lechat-vo-privatna-bolnica-po-ceni-isto-kako-i-vo-drzavnoto-zdravstvo/#respond Thu, 15 Apr 2021 11:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=497617

Неспособноста на Филипче и Заев резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати. Голем дел од нив не можеа на време да се тестираат, немаа лекови, чекаа за во болница, а 1.700 починаа од јануари до сега, чекајќи вакцина, изјави денеска за медиумите, Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници, истакна таа. Панова посочи дека дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство. - Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна. Исто така, со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство. Македонија мора да биде земја која се грижи за своите граѓани, додаде пратеничката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-predlozivme-site-koi-ne-mozat-da-bidat-primeni-vo-drzavna-da-se-lechat-vo-privatna-bolnica-po-ceni-isto-kako-i-vo-drzavnoto-zdravstvo/feed/ 0