Државен испитен центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Jun 2023 13:10:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Државен испитен центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од ДИЦ демантираат: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-dits-demantiraat-testovi-ne-se-probieni-tuku-spodeluvani-vo-viber-grupi-otkako-pochna-ispitot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-dits-demantiraat-testovi-ne-se-probieni-tuku-spodeluvani-vo-viber-grupi-otkako-pochna-ispitot/#respond Sat, 10 Jun 2023 13:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=844371

Државниот испитен центар (ДИЦ) демантира објави во некои медиуми дека се пробиени тестови од државната матура и појаснува дека имало споделување на тестови во вибер-групи откако почнало полагањето на испитот. – Тестовите од Државен испитен центар не се пробиени. Тестови не се пробиени до 10 часот кога почна тестирањето, тестови се споделени во вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот. Државниот испитен центар нагласува уште еднаш тестот не е пробиен, туку бил споделуван откако е започната реализацијата на испитот, соопшти ДИЦ. Наведува дека како и во минатите години, пред почетокот на државната матура апелирал до сите матуранти и до сите што се вклучени во реализацијата на испитот да се почитуваат правилата за изведување на државната матура. – Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата. Тој процес е најпрофесионално извршен од ДИЦ, посочува Државниот испитен центар и информира дека ќе постапи согласно законот доколку се нарушени правилата за реализација на испитите. Матурантите денеска од 10 часот го полагаа вториот екстерен испит кој е изборен од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски, Француски, Руски јазик, Филозофија и Естетика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-dits-demantiraat-testovi-ne-se-probieni-tuku-spodeluvani-vo-viber-grupi-otkako-pochna-ispitot/feed/ 0
Вработените во ДИЦ бараат зголемување на платите, почнаа генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-dits-baraat-zgolemuvane-na-platite-pochnaa-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-dits-baraat-zgolemuvane-na-platite-pochnaa-generalen-shtrajk/#respond Tue, 25 Apr 2023 12:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=827423

Дваесет и девет вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) од вчера се во генерален штрајк зашто не добиле согласност од Министерството за финансии на нивното барање за зголемување на платите односно изменување и дополнување на колективниот договор. Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација на ДИЦ, рече дека речиси половина од 29-те вработени во ДИЦ, т.е. 11, примаат минимална плата од 20 100 денари. Таа апелираше побрзо да се реши нивното барање за да не заглават, како што рече, процесите кои се во нивна надлежност. Доколку штрајкот продолжи повеќе од една недела, ќе биде доведено во прашање и претстојното полагање државна матура. Основната плата на советниците во ДИЦ е, рече, 26 000 денари. Се обратиле до Министерство за финансии со измена на колективен договор бидејќи земаат плата преку поединечен колективен помеѓу работодавач и вработени. -Со измената што ја направивме се обидовме да ја внесеме минималната плата во тој колективен, тоа е тоа што ни недостасуваше, и се уште не добивме позитивен одговор, согласност за покачување на платите. Кога би влегла минималната плата, би имале линеарно покачување на платите коишто досега не го добивме, рече Бошковска. На прашање колкаво покачување бараат, одговори дека износот не е фиксен, но не смее да биде помалку од 30 проценти. Измените во колективниот договор за кои бараат согласност се за да се добие разликата во платите помеѓу работните позиции бидејќи со порастот на минималната плата тие се изедначиле. -Платите наши беа заборавени, со покачување на минималната плата веќе двапати, се покачија само на тие со најниска позиција. А ние сме основата т.е. стожерот на еден куп процеси кои се случуваат во образованието, меѓу кои е матурата, меѓународните тестирања кои се спроведуваат во моментов, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници. Значи, обемот на работа е многу зголемен, а дојдовме во ситуација во која вработените не можат да преживеат со оглед на поскапувањата. Наставниците одамна добија покачувања. Ние сме тие коишто имаме некоја улога многу посериозна од тоа колку не цени Владата, рече Бошковска додавајќи дека во минатите години не добиле ни регрес за годишен одмор. Штрајкот ќе продолжи и сите процеси коишто се во надлежност на ДИЦ, рече таа, ќе бидат стопирани, а доколку трае повеќе од една недела ќе биде во прашање и полагањето државна матура која почнува на 27 мај. -Затоа се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме позитивен одговор, бидејќи не е само државната матура. Навистина има процеси коишто се врзани со рокови, но навистина станува збор за сензитивна работа. Овие вработени се во клучни процеси, секој од нив е битен и битно е да биде стимулиран, да добиеме надомест за достоинствен живот, истакна претседателката на синдикалната организација на ДИЦ која немала контакт со МОН ниту официјален одговор од Финансии. Синдикалната организација на ДИЦ е формирана од почетокот на оваа година и членува во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Поддршка на нивниот штрајк добија и од Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиските дејности на Македонија и член на Претседателството на ССМ. Тој рече дека уште од септември минатата година, кога се покачила минималната плата, вработените во ДИЦ не добиле ниту линеарно покачување. -Сега, со последново покачување, тие останаа без никакво покачување и од тогаш се бараат начини како да им се помогне. За жал, до денеска Владата, и покрај сите нејзини ветувања, не најде сила да излезе во пресрет на нивните барања, изјави Селовски и апелираше барем линеарно да се зголемат платите во ДИЦ за, како што рече, да не дојде до револт што може да предизвика огромни последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-dits-baraat-zgolemuvane-na-platite-pochnaa-generalen-shtrajk/feed/ 0
Државен испитен центар стапи во штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhaven-ispiten-tsentar-stapi-vo-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhaven-ispiten-tsentar-stapi-vo-shtrajk/#respond Mon, 24 Apr 2023 19:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=827068

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму. -Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ. Оттаму апелираат Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Како што посочуваат, во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари. Претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhaven-ispiten-tsentar-stapi-vo-shtrajk/feed/ 0