дс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 11:34:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДС: МНР ја компромитира државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-mnr-ja-kompromitira-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-mnr-ja-kompromitira-drzhavata/#respond Thu, 31 Aug 2023 09:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=872908

Со наместениот тендер и сомнежите за корупција поврзана со адаптацијата на салата „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, Министерството за надворешни работи и министерот Бујар Османи ја компромитираа Македонија пред земјите членки на ОБСЕ, велат од Демократски сојуз. Од партијата истакнуваат дека само алчни и неодговорни луѓе можат да учествуваат во местењето на тендер за адаптација на објект каде треба да се одржи конференција на министрите за надворешни работи, членки на ОБСЕ. -Во Макединија над 90% од тендерите се наместени и само луѓе без свест и совест можат да тврдат дека комисијата за јавни набавки и министерот не одлучуваат за ранг листата и изборот на „најдобриот понудувач“. Демократскиот сојуз бара сите инволвирани во овој тендер да се проверат и да се иницира политичка и кривична одговорност. Криминалот и високата корупција ги блокираа сите институции и државата е во целосен колапс. Повикуваме не само ДКСК, туку и АНБ и МВР да се вклучат во истражните активности, се наведува во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-mnr-ja-kompromitira-drzhavata/feed/ 0
ДС: Наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-namesto-prebrojuvane-za-ustavni-promeni-ni-treba-ischekor-i-61-pratenik-za-samoraspushtane-na-parlamentot-i-demokratski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-namesto-prebrojuvane-za-ustavni-promeni-ni-treba-ischekor-i-61-pratenik-za-samoraspushtane-na-parlamentot-i-demokratski-izbori/#respond Sun, 02 Jul 2023 13:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=851808

Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество. Во суштина партиите на власт СДСМ И ДУИ, односно лидерите на овие две партии Ковачевски и Ахмети одлучуваат за сѐ, затоа имаме колапс на државата и државните институции, целосна криминализација и отсуство на каква било одговорност и неселективна борба против криминалот. Уставот, но и повеќе системски закони, само ја зајакнаа партократијата во државата, не функционира имунолошкиот систем бидејќи е партизиран и секогаш се чека команда од лидерите на владеачките партии кои се „најпаметните“ при што резултатот е законите да не важат подеднакво за сите, а уште помалку да се воспостави систем на владеење на правото. За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам. Повиците на меѓународната заедница вклучително и на САД, само го амортизираат гневот и незадоволството на граѓаните, но власта не трепнува, таа критиката ја смета за поддршка. Криминалот го загрозува опстанокот на државата, но нема независни институции кои ќе ја почнат таа борба. Затоа, наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори. Да не губиме време, да го направиме тоа. (Интегрален текст од соопштение на Демократскиот сојуз)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-namesto-prebrojuvane-za-ustavni-promeni-ni-treba-ischekor-i-61-pratenik-za-samoraspushtane-na-parlamentot-i-demokratski-izbori/feed/ 0
Трајанов: Џафери не може да прифати Информација која не ги задоволува деловничките критериуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-dzaferi-ne-moze-da-prifati-informacija-koja-ne-gi-zadovoluva-delovnichkite-kriteriumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-dzaferi-ne-moze-da-prifati-informacija-koja-ne-gi-zadovoluva-delovnichkite-kriteriumi/#respond Fri, 08 Jul 2022 12:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=702329

Нецела страница добивме вчера, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап. Претседателот на Собранието Талат Џафери не може ова да го прифати како информација зашто не ги задоволува деловничките критериуми за Собранието да може да расправа, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, во врска со Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на земјава со Европската Унија која Владата вчера ја прати во Парламентот. -Не е упатно пратениците да немаат вкупен материјал пред себе за да може да разговараат, а Владата чека поддршка. Сугерирам Информацијата да се обликува како што треба согласно Деловникот и во прилог да бидат трите документи – Предлог-заклучоците на Советот на Европа, воведната изјава на Советот на ЕУ и Преговарачката рамка. И независно од тие три, мора сите да го видиме Протоколот кој е усогласен, можеби веќе одобрен од министетствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија, бидејќи во тој Протокол се содржани клучните елементи на кои се обврзува Македонија. Нема потреба да се крие од јавноста, да се отвори расправа за него, зашто тоа е пакет на документи што во основа треба да ги спроведува Република Македонија, независно оваа или некоја следна влада, истакна Трајанов на прес-конференција. Лидерот на Демократскиот сојуз рече дека неговата партија се залага за расправа во Собранието, а претходно да се подготват заклучоци кои ќе бидат прифатливи за сите, посебно за ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека е клучно дали ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се усогласат околу предлог-заклучоците во кои ќе бидат интегрирани сите барања прифатливи за сите и тие да бидат донесени со општ консензус. Во спротивно, рече, неговата партија нема да учествува во собраниска расправа. -Не верувам дека би било во ред Парламентот да донесе заклучоци со надгласување ако нема поширок консензус помеѓу пратеничките групи односно политичките партии. Ние нема да учествуваме во расправа во Собранието ако претходно не се договорат заклучоци кои ќе бидат прифатливи. Тоа да биде обврска на Владата, таа да направи обид овие сугестии да ги имплементира, да разговара со Бугарија, со ЕУ, веројатно и со САД, да направат обид за кореккции на Преговарачката рамка, изјави Трајанов. Лидерот на Демократски сојуз рече дека од повеќе извори добил, како што рече, коментари, дека вчера имало „обиди или подготовки за рушење на Владата“, дека тие информации ги разгледувал и државниот врв, но смета дека веројатно се работи за шпекулации. -Читам по медиумите и порталите дека бил спречен државен удар во текот на вчерашниот ден, јас немам изворни информации дека имало подготовка за државен удар односно пад на Владата. Колку што имам информации, немало такви подготовки, но тоа не можам да го потврдам. Се надевам релевантни информации имаат службите и дека Владата ќе биде информирана за сите овие коментари во јавноста кои можеби се само шпекулација, рече Трајанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-dzaferi-ne-moze-da-prifati-informacija-koja-ne-gi-zadovoluva-delovnichkite-kriteriumi/feed/ 0
ДС, ЛДП и ДОМ: Ја охрабруваат Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-ldp-i-dom-ja-ohrabruvaat-vladata-da-gi-prodolzi-razgovorite-so-eu-so-cel-da-se-deblokiraat-evrointegraciskite-procesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-ldp-i-dom-ja-ohrabruvaat-vladata-da-gi-prodolzi-razgovorite-so-eu-so-cel-da-se-deblokiraat-evrointegraciskite-procesi/#respond Wed, 06 Jul 2022 12:41:49 +0000 https://kurir.mk/?p=700991

Прво најавија демонстративно напуштање на Владата ако францускиот предлог помине, но сега тактизираат. ДС, ЛДП и ДОМ денеска преку предлог заклучок велат дека ја охрабруваат Владата на Република Северна Македонија да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси. ДС, ЛДП и ДОМ предлагаат Собранието, во врска со Воведната изјава на ЕУ за отварање на пристапните преговори, Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ и Предлог-Преговарачката Рамка, Собранието на Република Северна Македонија да го усвои следниот: ПРЕДЛОГ-ЗАКЛУЧОК Собранието на Република Северна Македонија, поаѓајќи од стратешките и национални интереси за членство на државата во ЕУ, ја охрабрува Владата на Република Северна Македонија да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси, да се усвои Преговарачка рамка во која ќе бидат вградени европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми согласно спецификите и постигнатите резултати на Република Северна Македонија. Од предложената Преговарачка рамка од Советот на Европската унија и Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ, поконкретно да се изостави во целина точка 3 од заклучоците, од сите акти да се изостават билатералните прашања, посебно го нагласуваме Протоколот од втората седница на Меѓувладината комисија. Собранието ја задолжува Владата сите други документи, годишни прегледи, патокази, акциски планови и протоколи, да бидат на реципрочна основа, односно да содржат права и обврски со кои се разрешуваат билатерални прашања со Република Бугарија. Советот на Европската Унија во предлог-заклучоците во точка 4 да дефинира обврска за Република Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, поврзани со правата на Македонците во Бугарија. По вградување на заклучоците донесени од Собранието на Република Македонија, Владата да ја прифати Преговарачката рамка, заклучоците и воведната изјава, за што претходно да го информира Собранието на Република Северна Македонија. Овој зсклучок е дефиниран без да го имаме Протоколот кој се усогласува помегу министерствста за надворешни рсботи на Македонија и Бугарија,пради што го задржуваме правото да го повлечеме овој заклучок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-ldp-i-dom-ja-ohrabruvaat-vladata-da-gi-prodolzi-razgovorite-so-eu-so-cel-da-se-deblokiraat-evrointegraciskite-procesi/feed/ 0
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со претседателот Пендаровски за францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-dom-ds-i-ldp-na-sredba-so-pretsedatelot-pendarovski-za-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-dom-ds-i-ldp-na-sredba-so-pretsedatelot-pendarovski-za-francuskiot-predlog/#respond Mon, 04 Jul 2022 16:50:28 +0000 https://kurir.mk/?p=699890

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-dom-ds-i-ldp-na-sredba-so-pretsedatelot-pendarovski-za-francuskiot-predlog/feed/ 0
Трајанов: Ќе бараме да ги видиме двата предлога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-kje-barame-da-gi-vidime-dvata-predloga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-kje-barame-da-gi-vidime-dvata-predloga/#respond Fri, 01 Jul 2022 10:21:28 +0000 https://kurir.mk/?p=698313

Претседателите на партиите коишто се дел од владината коалиција денеска пред средбата во Владата изјавија дека очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да ги информира за францускиот предлог со којшто би се тргнало ветото за влез на земјата во ЕУ. Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека прво и најбитно е тоа што предлогот ниту првиот, ниту вториот тие како коалициски партнери не го добиле и оти не можат за првиот да изградат став врз основа на она што го објавија медиумите во Бугарија и овде кај нас. -Ќе барам прво што е најважно да го обезбедиме предлогот, да имаме временски простор да го разгледаме, да направиме сериозна анализа, да консултираме експерти и после тоа да го изградиме нашиот став. За секој случај ќе инсистираме и првиот и вториот предлог да ни бидат доставени и ќе бараме од Владата, од МНР во писмена форма во што е суштината на новиот променет предлог, изјави Трајанов. Според информациите што доаѓаат од Бугарија, посочи Трајанов, „тие тврдат дека нема никакви суштински промени“. -Но, треба да го видиме. Натаму ќе инсистирам широка расправа да има. Меѓу другото, еве медиумите да ја отворите вие оваа расправа, невладиниот сектор, експертите, политичките партии да се расправа во Парламентот и Парламентот ако изгради став единствен да оди на проверка на граѓаните. Значи, ќе инсистираме да граѓаните се изјаснат. Вака пошироко гледано има политички и граѓански консензус за евроинтеграциите што не е спорно, тоа е стратешки национален интерес на сите во државата што е можно побрзо да станеме членка на ЕУ, но се разбира без да се загрози нашиот национален идентитет, рече претседателот на ДС. Инсистираме, потенцира тој, да има јасна одредба во преговарачката рамка дека македонскиот јазик е еден од јазиците што ќе се користи во рамките на ЕУ. Околу уставните промени, Трајанов рече дека ќе бараат тоа да биде на реципрочна основа и оти инсистираат и Македонците да бидат признаени односно нивните права согласно одлуките од Стразбур. -Сега не можам да кажам дефинитивен став бидејќи, како што и вие не можете да изградите, никој не може во државата освен државниот врв бидејќи не сме го виделе предлогот. Тие ставови што ги кажав јас ќе ги презентирам исто и тука и уште една работа на која што ќе инсистирам ако се тука министрите, не може министри коишто сакаат да бидат европски министри да се закануваат дека има хибридни напади, дека има со кривичен прогон ќе ги расчистуваат, мислам дека тоа не е својствено на министер за евроинтеграции, уште помалку на министер за надворешни работи, рече Трајанов. Претседателот на ДС смета дека во однос на ова прашање потребно е да се изгради единство без разлика на етничка, религиска припадност бидејќи да не добие ова сега да се двоиме по етничка основа околу предлогот на Франција. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред почетокот на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата изјави дека француски предлог не го видел, иако било кажано дека утрово ќе биде објавен, но сепак го коментираше претходниот француски предлог, иако, како што кажа, во основа останува ист. Според Георгиевски, во тој предлог имало и позитивни работи и не требало целосно да се отфрла. -Она што е важно е тоа дека во францускиот предлог македонскиот јазик е дефинитивно без проблем ставен во понатамошниот тек во односите со ЕУ. Она што е уште поважно, а на што многу малку се става акцент во Македонија, дека со прифаќањето на францускиот предлог во бугарскиот Парламент, факт е дека тие се откажаа од претпоследиот или последниот нивен став што беше донесен пред ветото за влезот на Македонија во ЕУ. Се сеќавате имаше два става кои беа неприфатливи дека македонскиот јазик до 1945 година бил бугарски и дека македонскиот народ до 1945 година бил бугарски и она што беше уште потешко за нас, тоа требаше според таа нивна позиција да го прифати Македонија. Тоа сега го нема и затоа сметам дека не треба да ги цениме само негативните елементи што мислиме дека се негативни во францускиот предлог, туку дека треба да цениме она што е позитивно, рече Георгиевски. ВМРО-НП, рече тој, беше една од ретките партии кои рекоа дека во францускиот предлог има многу позитивни работи и оти не треба да се отфрла во глобала. – Она на што треба да се стави акцент е дека двете страни не се задоволни до крај, меѓутоа тоа е суштината на секој предлог. Тоа беше суштината и на Преспанскиот договор, кога двете страни колку и да споделуваат оценки дека се задоволни од предлогот во суштина остануваат не докрај сите нивни нереализирани моменти, посочи Георгиевски. Претседател на Демократската партија на Турците Бејџан Иљаз изјави дека се повикани од страна на премиерот на брифинг на којшто ќе бидат информирани во врска со последниот предлог. -Првично, уште немаме информации точни. Денеска да ги земеме тие информации, да ги споделиме нашите мислења па после состанокот сите коалициони партнери ќе го дадеме нашето мислење во врска со новиот предлог, рече Иљаз. Мирослав Јовановиќ од Српска странка исто така рече дека предлогот не го прочитале и дека откако ќе се случи тоа ќе дадат и свои одговори. -Претходниот текст не беше прифатлив за никого. Очекувам да има некои посуштински измени и да се вклопат во нашата Резолуција што е изгласана во Собрание и нормално Договорот за добрососедство со Република Бугарија, рече Јовановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-kje-barame-da-gi-vidime-dvata-predloga/feed/ 0
Трајанов за КУРИР: Европско знаменце за законот за една изборна единица е една од можностите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-kurir-evropsko-znamence-za-zakonot-za-edna-izborna-edinica-e-edna-od-moznostite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-kurir-evropsko-znamence-za-zakonot-za-edna-izborna-edinica-e-edna-od-moznostite/#respond Thu, 24 Mar 2022 11:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=652530

Предлог законот за една изборна единица влезе во собраниска процедура. Предлагач на законот е пратеникот Павле Трајанов од ДС. Имено тој вчера во изјава за медиумите рече дека доколку овој закон биде блокиран не се исклучува можноста да бидат побарани и предвремени парламентарни избори. Редакцијата на КУРИР денес го контактираше пратеникот Трајанов со цел да дознаеме дали во текот на вчерашниот ден се разговарало и со премиерот Ковачевски околу овој закон. Прашање: Дали во текот на вчерашниот ден разговаравте со премиерот Димитар Ковачевски доколку овој закон биде блокиран со амандмани, истиот да биде донесе со ЕУ знаменце, односно  по скратена постапка? -Сега законот е во редовна постапка и сите наши настојувања се да се обезбеди поширок политички консензус од сите партии во парламентот и тој процес е почнат, немаме потреба да прејудицираме што би било ако некој го блокира. Отворена можност е тоа, ако го блокира било која партија, тогаш ќе ја разгледаме можноста ако успееме да го предложиме во скратена постапка и да оди со европско знаме, како што многу други закони така ги поминаа, а со тоа се избегнува блокада. Засега сме да оди во редовна постапка, наскоро ќе има пленарна седница на која ќе се разговара. Досега не слушнав никаков аргумент зошто да не се сложат Македонија да биде една изборна единица. Немаат никакви аргументи, рече во изјава за КУРИР, Павле Трајанов. Прашање: Беа направени одредени анализи дека албанските партии би добиле по еден до два пратеници помалку, а некои повеќе? -Оваа анализа која се прави врз последните изборни резултати е необјективна бидејќи можеби повеќе од 200.000 од македонските гласачи не излегоа поради пандемијата. Не можете да анализирате колку пратеници би имале ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ од сега, истакна Трајанов. Трајанов го прашавме и дали се размислувало за излез од владата, доколку овој закон на ниту еден начин не помине во собранието. Прашање: Вие, ЛДП и ДОМ имате четири пратеници заедно, а доколку излезете би паднала Владата? -Сега не разговараме за таа тема, околу паѓање на влади. Би било неодговорно сега да разговараме во услови на војна каде светот е под огромен стресот, а и на Балканот состојбите не се добри. И ВМРО-ДПМНЕ се откажа од протести заради ситуацијата. Сите партии досега на Комисија гласаа „ЗА“, освен еден пратеник од ДУИ беше против. Сега ќе оди на пленарна седница, таму треба да се донесе заклучок да има јавна дискусија. Ќе се сумираат дискусиите и ќе се оди дали преку амандмани, ќе се отвори прашањето за прагот каде имаме некоја согласност за два проценти. После тоа веќе можно е во втората фаза да се блокира. Ако дојде до тоа ќе ги разгледаме сите опции. Една од нив е и барање за предвремени избори, да видиме. Ако се исцрпат сите деловнички можности, ќе се обидеме по скратена постапка со европско знаме да го донесеме законот. И тоа не е лесно. Оваа борба е тешка, но ќе бидеме упорни и ќе видиме како ќе заврши. Првата пречка е помината, по една години почна расправата и тоа е некаков успех. Медиумите дадоа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. И граѓаните се за една изборна единица. Консензусот нема да се обезбеди, секогаш некој ќе биде против. Ќе се обидеме СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во тој процес и да ги убедат ДУИ и Алијанса дека нема дискриминација во тој процес по ниту еден основ. Законот е за демократизација на државата, граѓаните да имаат можност да избираат. ДУИ нема потреба да се плаши, разликата е тоа што во шеста изборна единица пратеник се станува со 6.300 гласа. 20 пратеници ако имаат по 3.000 гласа помалку тоа се 60.000 гласа помалку, а имаат 20 пратеници. Тие од тука го црпат големиот број на пратеници и сега пратениците немаат иста тежина. Тоа е проблемот и тоа сакаме да се надмине. Помалите партии самостојно треба да настапуваат наместо да се врзуваат со поголемите. Тие партии што ќе добијат поддршка ќе опстојат, потенцираше Трајанов. Ја контактиравме и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, кој е и пратеник во владејачката коалиција. За разлика од нејзиниот колега од Собранието Трајанов, Морачанин вели дека не се разговарало за овој закон по скратена постапка. -Немало таков разговор, ниту пак сега да бидеме реални, секоја држава во ЕУ си има свој изборен модел. Нема усогласеност на ниво на евроспка унија за некој изборен модел, така што тоа не било никогаш предмет на разговори, инаку знаете се отвори дебата по предлог законот за една изборна единица во собрание, имаше дискусија, она што го слушнавме на комисија за политички систем беше дека сите партии се согласуваат дискусијата да продолжи, рече Морачанин. Таа го спомна и предлогот на Алијанса на Албанците за осум изборни едицини. -Алијанса на пример се за осум изборни единици, тие си го кажаа на пример својот став, но никој не најави блокирање на законот туку сите рекоа дека се согласуваат да продолжо понатамошната дискусија по предлог законот и за таа цел ќе се организира во собранието треба да оди на пленарна седница бидејќи ова беше на комисија. Собранието да изгласа оддржување на јавна дискусија, тоа е една постапка која ќе овозможи широка јавна дебата во собранието во која ќе бидат вклучени и експерти и невладини организации, политички партии, сите заинтересирани страни, така што тоа е следниот чекор да кажам во постапката за носење на законот, истакна Морачанин. На прашањето доколку ДУИ кој се противи на овој закон, како сега, така и во минатот и истиот биде блокиран со 3.000 амандмани, Морачанин вели дека таа мисли дека тоа нема да се случи. Прашање: Во Македонија се носеа закони со европско знаменце како што е законот за дрога, за легализација на марихуаната, а не е за европско знаменце, зошто не би се донел законот за една изборна едицица по истата таа постапка? -Затоа што мислам дека не е процедурата таа. Треба да се почитуваат сите постапки. Нема директива од ЕУ за тоа дали ќе биде пропорционален, мнозински. Немаше никаква најава од ниту една политичка партија за блокирање на законот со амандмани, а јас очекувам во текот на јавната дискусија, може да има промена на ставовите. Пред три години на овој предлог и ВМРО заедно со ДУИ поднесоа 3000 амандмани и го блокираа законот, не се отвори дебата, сега во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ го сменија ставот, прифатија, така што за нив е прифатливо една изборна единица, очекувам и другите политички партии да ги земат во предвид сите аргументи во дебатата, одговори Морачанин. Морачанин беше прашана и дали доколку овој закон не помине во собранието размислувале за излез од владината коалиција? -Ајде да му дадеме шанса на законот. Ова е прв пат, колку години се зборува во јавноста, еве ние сме поднесувале предлог закони. Прашање: Претпоставувам како партија сте разговарале на оваа тема? -Се разбира дека сите дискусии за оваа тема се отвораат, но сакам навистина да не се влегува во овој закон со шпекулации и политички нагаѓањаа, додаде Морачанин. Ја контактиравме и пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова која ни кажа дека е на пат за Босна, а претседателот на ЛДП, Горан Милевски не одговори на нашите телефонски повици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-kurir-evropsko-znamence-za-zakonot-za-edna-izborna-edinica-e-edna-od-moznostite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: ДС да каже дали функционираат само како испостава за бесплатен паркинг на функционерите на СДСМ и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ds-da-kaze-dali-funkcioniraat-samo-kako-ispostava-za-besplaten-parking-na-funkcionerite-na-sdsm-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ds-da-kaze-dali-funkcioniraat-samo-kako-ispostava-za-besplaten-parking-na-funkcionerite-na-sdsm-i-dui/#respond Mon, 24 Jan 2022 07:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=622358

ДС да каже дали функционираат само како испостава за бесплатен паркинг на функционерите на СДСМ и ДУИ, наместо како партија?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. ДС да излезе и да каже дали една цела катна гаража во Скопје функционирала за функционерите на СДСМ и ДУИ да имаат бесплатен паркинг? Дали зад имињата на директорот и заменикот директор на ЈП Градски паркинг во време на Шилегов од ДС, се кријат имињата на Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта? Функционери на СДСМ и ДУИ преку ДС, кој функционирал како нивна испостава за организирање на паркинг се паркирале низ цело Скопје бесплатно. Без прецизен одговор и со заобиколување ДС продолжува да биде приврзок на власта и нивна испостава за организирање на паркинг.ДС да каже дали функционираат само како испостава за бесплатен паркинг на функционерите на СДСМ и ДУИ, наместо како партија? ДС да каже дали функционираат само како испостава за бесплатен паркинг на функционерите на СДСМ и ДУИ, наместо како партија? ДС да излезе и да каже дали една цела катна гаража во Скопје функционирала за функционерите на СДСМ и ДУИ да имаат бесплатен паркинг? Дали зад имињата на директорот и заменикот директор на ЈП Градски паркинг во време на Шилегов од ДС, се кријат имињата на Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта? Функционери на СДСМ и ДУИ преку ДС, кој функционирал како нивна испостава за организирање на паркинг се паркирале низ цело Скопје бесплатно. Без прецизен одговор и со заобиколување ДС продолжува да биде приврзок на власта и нивна испостава за организирање на паркинг, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ds-da-kaze-dali-funkcioniraat-samo-kako-ispostava-za-besplaten-parking-na-funkcionerite-na-sdsm-i-dui/feed/ 0
ДОМ и ДС ја поздравуваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dom-i-ds-ja-pozdravuvaat-poddrshkata-na-vmro-dpmne-za-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dom-i-ds-ja-pozdravuvaat-poddrshkata-na-vmro-dpmne-za-edna-izborna-edinica/#respond Thu, 20 Jan 2022 14:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=621350

Според Морачанин, ДОМ не планира да ја промени страната, ниту пак да биде една од партиите која ќе овозможи распуштање на Собранието. Лидерите на ДОМ и Демократски сојуз, Маја Морачанин и Павле Трајанов позитивно е што ВМРО-ДПМНЕ го сменила ставот за една изборна единица, откако вчера Мицкоски најави оти ќе предложат измени во Изборниот законик за една изборна единица, но, како што велат тоа не треба да се поврзува со барањето за предвремени избори, а дебатата за ова прашање треба да се води во Собранието. Според Морачанин, ДОМ не планира да ја промени страната, ниту пак да биде една од партиите која ќе овозможи распуштање на Собранието. Трајанов не сака да ги коментира барањата на опозицијата за брзи избори, најважно според него е партиите да поддржат промена на изборниот модел. Поддршка за една изборна единица стигна и од Алтернатива, додека од Алијанса за Албанците преферираат отворена изборна листа со осум изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ и денеска ги судрија ставовите околу потребата од предвремени парламентарни избори. Од опозициската партија го повторија барањето за брзи избори и тврдат дека се подготвени тие да се одржат без техничка влада. Од СДСМ со став дека избори не се потребни, а новата Влада има полн легитимитет да ја води државата. -ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна едница и доколку тоа е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица, нагласи Митева. -Во делот на калкулациите и во делот на сите оние лажни обвинувања и прифаќање на понудите, тоа е лицемерието коешто го има ВМРО-ДПМНЕ се со цел да издејствува да избоксува предвремени парламентарни избори коишто на граѓаните во моментот не им се потребни. На граѓаните не им се потребни предвремени парлментарни избори секоја година и со тоа значи дополнителни укочувања на процесите на системот, туку напротив потребно им е сето она за што се залагаме односно спроведување на владината програма, изјави Каевски од СДСМ. Барањето на помалите политички партии за една изборна единица, отворени листи и без изборен праг трае веќе неколку години. Првиот предлог-закон во Собранието со 3.000 амандмани го блокираа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ претходно во Собранието, а лани во март е поднесен повторно предлог за измени на изборниот модел и за отворени листи, но досега расправата за него не е започната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dom-i-ds-ja-pozdravuvaat-poddrshkata-na-vmro-dpmne-za-edna-izborna-edinica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pajton-partiite-ldp-ds-i-dom-da-prestanat-da-bidat-pancir-za-kriminalnata-vlada-na-kovachevski-vodena-od-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pajton-partiite-ldp-ds-i-dom-da-prestanat-da-bidat-pancir-za-kriminalnata-vlada-na-kovachevski-vodena-od-dui/#respond Sat, 15 Jan 2022 08:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=619551

Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната влада на Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат за неколку директорски места во јавната администрација да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал. Како министри остануваат Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, двајца чинители заради кои сме на врвот на листите за криминал и корупција во светот, а државата наместо Мека за инвестиции, стана Мека на криминалци, кои од тука веднаш добиваат пасош. ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себеси во влада на Ковачевски тие ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита. ЛДП, ДС и ДОМ да се одважат и доколку се против криминалот и корупцијата са гласаат против владата на пиунот Ковачевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pajton-partiite-ldp-ds-i-dom-da-prestanat-da-bidat-pancir-za-kriminalnata-vlada-na-kovachevski-vodena-od-dui/feed/ 0