дскс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 11:46:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дскс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антикорупциска: Спасовски не постапил правилно во случајот „Беса Транс“, ќе се достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-spasovski-ne-postapil-pravilno-vo-sluchajot-besa-trans-ke-se-dostavi-initsijativa-do-vladata-za-utvrduvane-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-spasovski-ne-postapil-pravilno-vo-sluchajot-besa-trans-ke-se-dostavi-initsijativa-do-vladata-za-utvrduvane-odgovornost/#respond Wed, 18 Jan 2023 11:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=788885

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) одлучи да достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ненавремено донесено решение за забрана за вршење технички преглед на правното лице „Виа Комерц“, станица во која по утврдувањето на неправилностите, технички преглед бил извршен и на превозникот „Беса Транс“ во чиј автобус во несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Комисијата утврдила дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија. ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски. Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот. Претставниците од ДКСК на денешната седница расправаа и за снимка од Локални избори на која се гледа како министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, користат службени возила за партиски цели. Во однос на новинарското прашање што понатаму во врска со овој случај, тие одговорија дека нивна задача е материјалот да го проследат до кабинетот на вицепремиерот за добро владеење и тие да донесат одлука. Помеѓу предметите што се најдоа на денешниот дневен ред беше и предлогот за претставка до Совет на јавни обвинители во врска со работата на обвинителката Наташа Поп Трајкова во врска со постапувањето за предметот Холидеј ин, која според ДКСК, се одвива веќе подолго време.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-spasovski-ne-postapil-pravilno-vo-sluchajot-besa-trans-ke-se-dostavi-initsijativa-do-vladata-za-utvrduvane-odgovornost/feed/ 0
ДКСК: Законот за стратешки инветитор за изградба на автопати е висок ризик фактор за корупција, Пендаровски да не го потпишува указот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-zakonot-za-strateshki-invetitor-za-izgradba-na-avtopati-e-visok-rizik-faktor-za-korupcija-pendarovski-da-ne-go-potpishuva-ukazot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-zakonot-za-strateshki-invetitor-za-izgradba-na-avtopati-e-visok-rizik-faktor-za-korupcija-pendarovski-da-ne-go-potpishuva-ukazot/#respond Fri, 16 Jul 2021 10:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=537648

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) своето мислење по однос на Предлог – законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 Д во Република Северна Македонија, требало денеска да го достави до претседателот на Собранието, но вчера законот е донесен во скратена постапка од стана на пратениците и затоа ќе биде упатено до шефот на државата Стево Пендаровски и понатаму до надлежните институции. Ова го соопшти на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која укажа дека ставот на ДКСК, по извршена антикорупциска проверка, е дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Додаде дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси. Таа информира дека ДКСК ќе го достави нивното мислење и ќе бара од претседателот Пендаровски да не го потпише овој указ, но доколку го потпише, најави, ќе биде даден на Уставен суд. Од ДКСК се категорични дека ќе ги користат сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат. Според Ивановска, охрабрува тоа што претходниот пат кога Пендаровски, како што рече, покажа зрелост да не го потпише Законот за правен статус на бесправно изградени објекти и како што рече, „ако е во функција на одбрана на својот интегритет, очекуваме и овој Закон да не го потпише бидејќи има сериозни уставни прекршувања“. – Нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости, сплеткарења. Во функција на јавниот интерес треба отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже зошто и како се поставни работите, а не вака од скратена поскратена постапка да се донесува закон во Собрание што е од многу важно значење за целата држава, рече претседателката на ДКСК. Чувството во ДКСК што се гради во овој период, нагласи Ивановска, е дека борбата против корупцијата од страна на останатите чинители во општеството останува декларативна и селективна. – Нас тоа ни побудува чувство дека сме осамени во таа борба што сметам дека е многу лошо за нашата ситуација во државата, истакна Ивановска. Во образложението на мислењето на ДКСК за овој закон, меѓу другото, стои дека се крши со Устав загарантираната слобода на пазарот и на претприемништвото и обврската на државата да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и во директна спротивност со обврската на државата да презема мерки против монополската положа и однесување на пазарот. Ивановска, меѓу другото, посочи дека во законот постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрерност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, а на сметка на стручноста, компетентноста и професионализамот. – Овој Комитет е клучниот фактор за утврдување на договорот со стратешкиот партнер и недозволиво е од аспект на одредбите на Законот за спречување корупција и судир на интереси да се остави таква недореченост, правна празнина во однос на составот, квалификациите и стручното портфолио на членовите, рече претседателката на ДКСК. Законот што вчера го усвои Собранието, на предлог на група пратеници, е конкретна реалзиација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа. Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-zakonot-za-strateshki-invetitor-za-izgradba-na-avtopati-e-visok-rizik-faktor-za-korupcija-pendarovski-da-ne-go-potpishuva-ukazot/feed/ 0
ДКСК ќе разгледува дали е прекршен Изборниот закон при изборот на ректор на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-razgleduva-dali-e-prekrshen-izborniot-zakon-pri-izborot-na-rektor-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-razgleduva-dali-e-prekrshen-izborniot-zakon-pri-izborot-na-rektor-na-ukim/#respond Fri, 17 Jul 2020 05:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=377382

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 35-та седница. Според најавата, ДКСК на седницата ќе расправа по предметот оформен по сопствена иницијатива заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, како и по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година. Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на новинарски екипи во овој период, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, a во живо ќе биде пренесувана на линкот https://us02web.zoom.us/j/86398457855.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-razgleduva-dali-e-prekrshen-izborniot-zakon-pri-izborot-na-rektor-na-ukim/feed/ 0