дсзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 14:33:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дсзи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-nema-dobieno-izvestuvane-za-sluchajot-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-nema-dobieno-izvestuvane-za-sluchajot-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/#respond Mon, 17 Jul 2023 14:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=857418

Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) засега нема да постапува во врска со случајот во Клиничката болница во Битола, каде родилка со неконтролирана бременост родила починато бебе. Оттаму информираат дека уште немаат добиено известување ниту од семејството на родилката, ниту од надлежен орган во врска со случајот. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за МИА изјави дека постапуваат само по претходно добиена претставка или налог од министерот за здравство. -ДСЗИ за овој случај нема добиено известување ниту од семејство, ниту од надлежен орган или институција. Понекогаш, во вакви случаи, семејството не сака да биде јавно објавено за ситуацијата. Ние постапуваме само по претставка или налог од министерот. Додека не добиеме известување, не можеме да постапуваме, изјави Младеновска за МИА. МИА побара изјава и од Министерството за здравство дали ќе испратат налог до ДСЗИ да изврши надзор во болницата во Битола, но оттаму до објавување на веста немаше одговор. Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница – Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола. Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-nema-dobieno-izvestuvane-za-sluchajot-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/feed/ 0
Владата ја разреши директорката на ДСЗИ Бухова, еве кој доаѓа на нејзино место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-razreshi-direktorkata-na-dszi-buhova-eve-koj-doagja-na-nejzino-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-razreshi-direktorkata-na-dszi-buhova-eve-koj-doagja-na-nejzino-mesto/#respond Tue, 13 Sep 2022 14:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=732240

На денешната 82-ра седница, Владата ја разреши Ирина Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање.Како што информираат од владината прес-служба, за в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-razreshi-direktorkata-na-dszi-buhova-eve-koj-doagja-na-nejzino-mesto/feed/ 0
Сали: Се чека финалниот извештај од ДСЗИ за починатиот млад пациент од Берово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-se-cheka-finalniot-izveshtaj-od-dszi-za-pochinatiot-mlad-pacient-od-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-se-cheka-finalniot-izveshtaj-od-dszi-za-pochinatiot-mlad-pacient-od-berovo/#respond Wed, 31 Aug 2022 09:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=726522

Стручната комисија за случајот со починатиот 25-годишен пациент од Берово после хируршка интервенција на заб е веќе формирана, но се чека финален извештај од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Откако извештајот ќе стигне до Министерството, Комисијата ќе заседава врз основа на целата процедура, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање во ГОБ „8 Септември“. Во однос на членовите на оваа Комисија, Сали посочи дека има апсолутна доверба во нив и оти тоа се луѓе кои цел живот работат на таа проблематика. Професионалниот дел, вели тој, не може да се дискутира за луѓе кои цел живот го работат тоа. Тој утринава побарал од архивата, но вели се уште го немаат добиено тој документ. Министерот нагласи дека откако ќе го докомплетираат целосниот случај со извештајот од ДСЗИ и стручната Комисија ќе излезат во јавност и ќе образложат. – Сметам дека наши пациенти честопати знаат покасно да се јават во здравствените установи кога за жал честопати немаме веќе што да направиме повеќе од тоа што е направено, но во конкретниов случај ќе дозволиме на стручните лица тоа да го кажат, додаде Сали. ДСЗИ вчера соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде пациентот се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, ЈЗУ Клиничка болница – Штип и ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-se-cheka-finalniot-izveshtaj-od-dszi-za-pochinatiot-mlad-pacient-od-berovo/feed/ 0
ДСЗИ објави: Еве што утврдила вонредната инспекција за случајот со беровчанецот Јован https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-objavi-eve-shto-utvrdila-vonrednata-inspekcija-za-sluchajot-so-berovchanecot-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-objavi-eve-shto-utvrdila-vonrednata-inspekcija-za-sluchajot-so-berovchanecot-jovan/#respond Tue, 30 Aug 2022 10:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=725931

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила си смртен исход при што е констатирана следната фактичка состојба: -посета кај матичен стоматолог : -Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год. Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог. На 13.08.2022 год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип . -посета кај матичен лекар : Истиот ден, на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар се ординира друг антибиотик и останата супортивна терапија. На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија. На 19.08.2022г.во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија . -Посета во ИМП-Берово Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови ( не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл.Парацетамол за дома , со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл( и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен -лекување во ЈЗУ КБ _Штип : -Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022 година во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев специјалист .максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија, направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување. По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа. Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба, по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен РТГ на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување. Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022г. На 21.08.2022г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г. На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба (обилно крварење од инцизионата ектраорална рана, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип. По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала, извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана. Истовремено се земени се два бриса- не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор се уште е во тек. Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец.максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип . На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје. -прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување. Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок. Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија . Пациентот доаѓа со веќе извршено дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен. И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 год.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-objavi-eve-shto-utvrdila-vonrednata-inspekcija-za-sluchajot-so-berovchanecot-jovan/feed/ 0
Ковачевски најави дека ќе има нов директор на ДСЗИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-najavi-deka-kje-ima-nov-direktor-na-dszi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-najavi-deka-kje-ima-nov-direktor-na-dszi/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=724350

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека ќе има нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и тоа ќе биде направено најмногу во текот на наредните 14 дена. Одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште не е сменета д-р Иринка Сотирова Бухова од функцијата директор на ДСЗИ, информира дека треба да има процес на селекција на кандидат за оваа позиција, кој треба да исполнува одредни услови, како академски, така и професионални критериуми за да може да може да биде именуван/а. -Штом ќе заврши тој процес, тогаш ќе биде именуван нов директор. Не се работи за никакво одложување, туку само за селекција на кандидат кој ќе биде именуван, нагласи Ковачевски. Премиерот Ковачевски рече дека вчера не требало никој да биде разрешен бидејќи не се разгледувала таква точка на владината седница. – Вчера се разговараше за кризна состојба во енегетиката, потсети Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-najavi-deka-kje-ima-nov-direktor-na-dszi/feed/ 0
ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА: ДСЗИ се огласи по смртта на беровчанецот Јован https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-dszi-se-oglasi-po-smrtta-na-berovchanecot-jovan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-dszi-se-oglasi-po-smrtta-na-berovchanecot-jovan/#respond Fri, 26 Aug 2022 11:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=724340

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека денеска е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб . -Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот. По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани, се наведува во соопштението. Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-dszi-se-oglasi-po-smrtta-na-berovchanecot-jovan/feed/ 0
„ДСЗИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-prizna-deka-poliklinika-rabotela-bez-licenca-odgovornost-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-prizna-deka-poliklinika-rabotela-bez-licenca-odgovornost-mora-da-ima/#respond Sun, 21 Aug 2022 07:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=721624

ДЗСИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има. Државниот санитарен и здравствен инспекторат призна дека поликлиника работела без лиценца. Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции. Тоа неможе без дозвола од директорката на ДСЗИ Ирена Бухова и надлежните институции задолжени за контрола, кои сето тоа го одмолчеле, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Бухова, а со неа и Филипче претходно и Сали сега треба да одговорат како е возможно една клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи. Кој од власта и органите за контрола ќе сноси одговорност за тоа што здравствена установа работела без лиценца? Власта не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dszi-prizna-deka-poliklinika-rabotela-bez-licenca-odgovornost-mora-da-ima/feed/ 0
Онколошки пациенти без терапија – Сведоштво за хаосот на Радиологија: Со месеци чекав резултати за на крај да ми кажат дека не ја снимале мајка ми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onkoloshki-pacienti-bez-terapija-svedoshtvo-za-haosot-na-radiologija-so-meseci-chekav-rezultati-za-na-kraj-da-mi-kazat-deka-ne-ja-snimale-majka-mi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onkoloshki-pacienti-bez-terapija-svedoshtvo-za-haosot-na-radiologija-so-meseci-chekav-rezultati-za-na-kraj-da-mi-kazat-deka-ne-ja-snimale-majka-mi/#respond Thu, 07 Jul 2022 10:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=701607

Жена од Кочани која е онколошки пациент, речиси четири месеци е без потребната терапија поради хаосот кој се случува на Институтот за Радиологија. Нејзината ќерка Симона ја контактираше нашата редакција и раскажа за голготата низ која минува веќе со месеци. Како што објаснува, на крајот на март отишла на Радиологија со упат од Онкологија, каде и закажале снимања за нејзината мајка на компјутерска томографија за бели дробови, абдомен и мала карлица за 4-ти мај. Резултатите, вели за Курир, успеала да ги земе дури вчера по кавга со вработените, но само за снимањето на бели дробови. Шокот следувал кога дознала дека за останатите снимања резултатите не се готови, бидејќи снимањата не биле воопшто направени, иако упатите биле уредно доставени. -„Горе нема никој, џабе ќе одиш. Не знам што да ти кажам“ – вака ми велеа кога им реков дека сакам да разговарам со одговорното лице на Радиологија. Ме упатуваа да земам нов упат од Онкологија за снимањата кои не ги направиле и да дојдам пак на Радиологија да ми закажат термин. Така мајка ми ќе изгуби нови четири месеци. Таа од крајот на март е без потребната терапија бидејќи нема резултати. Вчера со мене резултати бараа 30-тина пациенти, повеќето онколошки случаи беа, на сите им беше кажано нема резултати. На едно момче по кавгата која ја имаше резултатот му го напишаа за еден час. Така ли треба сите да правиме? Да се тепаме за да дојдеме до резултат во нормално време?, вели во изјава за Курир Симона која и самата е онколошки пациент. Во битката за животот на својата мајка и што поскоро доаѓање до резултати и терапија, вели сега треба приватно да ги закажува снимањата. -За да дојдеме поскоро до резултати од кои зависи нејзината терапија, сега треба сите снимања приватно да ги правиме. Сигурно тоа ќе не’ чини околу 40-50.000 денари, а мојата мајка зема пензија од 11.000 денари. Каде да најдам толку многу пари?, вели Симона. Иста или слична судбина делат голем пациенти, без разлика дали се работи за онколошки случаи или не. Резултати со месеци се чекаат на Радиологија, минатата недела на Институтот влезе и инспекција. Како што пишуваше претходно Курир, по вонредниот инспекциски надзор беа констатирани недостатоци во работењето и на Радиологија и беше даден рок од седум дена за постапување. Рокот за постапување е изминат, а Курир денеска побара одговор од директорката на ДСЗИ доктор Ирина Бухова за тоа каква е состојбата на Радиологија. Бухова вели дека во текот на вчерашниот ден бил извршен контролен инспекциски надзор. -Констатирано е дека веќе се постапува по наложените мерки. До крајот на тековната недела ќе биде завршено изготвувањето на сите заостанати резултати, изјави за Курир доктор Бухова. Додава дека до државниот санитарниот и здравствен инспекторат не е доставена нова претставка од пациенти. Поврзани вести https://kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-radiologija-pacienti-so-meseci-chekaat-rezultati-del-od-niv-i-onkoloshki-sluchai/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onkoloshki-pacienti-bez-terapija-svedoshtvo-za-haosot-na-radiologija-so-meseci-chekav-rezultati-za-na-kraj-da-mi-kazat-deka-ne-ja-snimale-majka-mi/feed/ 0
Инспекција влезе на Радиологија: Додека на државно со месеци се чекаат резултати, приватно се наплаќа и до 500 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/#respond Thu, 30 Jun 2022 12:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=697816

Инспекција влезе на Институтот за Радиологија. Дел од пациентите покрај информирањето на медиумите, одлучиле да се обратат и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Курир вчера објави дека на Институтот за Радиологија пациентите со месеци не можат да добијат резултати за извршените снимања. Голем дел од нив се и онколошки случаи, а токму резултатите од Радиологија кои ги чекаат се клучни за нивното натамошно лекување. Во животната битка овие пациенти се попречени од колапсот што се случува на Радиологија за кој од Министерството за здравство се уште молчат. Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Бухова во изјава за Курир вели дека во петокот добиле пријава од пациент, по што веќе во понеделникот (27.06.2022) излегле на терен за утврдување на состојбата. -Во ДСЗИ стигна претставка за неиздаден резултат за извршено снимање. Постапувајќи по Законот за здравствена заштита и Законот за права на пациенти извршен е вонреден инспекциски надзор при што констатирано е дека постојат неиздадени резултати на веќе извршени дијагностички процедури. Од страна на ДСЗИ по извршениот надзор, при кој се констатирани недостатоци согласно надлежностите на Инспекторатот, е издадено решение со кое установата се задолжува да се почитува рокот на важност на издадените упати, резултатите од извршените дијагностички радиолошки иследувања да се издаваат по завршување на иследувањето согласно медицина базирана на докази и да се почитуваат интерните општи акти од страна на вработените лица. Рокот за постапување е седум дена, вели Бухова за Курир. На социјалните мрежи се повеќе граѓани реагираат и потврдуваат дека со месеци чекаат резултати. Велат оние кои имаат финансии може да си дозволат да одат во приватните клиники, додека останатите се оставени сами на себе во лавиринтите на јавното здравство. Во приватните клиники снимања на магнетна резонанца или компјутерска томографија, во зависност од тоа на кој дел на телото, чинат од 10.000 до 30.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/feed/ 0
Се огласи министерот за здравство: Извештајот на ДСЗИ за случајот со ракометарот Тот е доставен кај мене, се чека извештај од судска медицина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ministerot-za-zdravstvo-izveshtajot-na-dszi-za-sluchajot-so-rakometarot-tot-e-dostaven-kaj-mene-se-cheka-izveshtaj-od-sudska-medicina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ministerot-za-zdravstvo-izveshtajot-na-dszi-za-sluchajot-so-rakometarot-tot-e-dostaven-kaj-mene-se-cheka-izveshtaj-od-sudska-medicina/#respond Wed, 13 Apr 2022 08:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=662301

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој вели оти „сликата се уште не е комплетирана“, па поради тоа не може да даде прецизен одговор во однос на тоа дали има некој лекарски пропуст во овој случај. – Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава. Се уште сликата не е комплетирана, не можам да дадам прецизен одговор, меѓутоа гледам дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции. И со директорката Мојсова и со директорката Букова сме разговарале, меѓутоа дозволете да заврши процесот, па да кажеме, додаде Сали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ministerot-za-zdravstvo-izveshtajot-na-dszi-za-sluchajot-so-rakometarot-tot-e-dostaven-kaj-mene-se-cheka-izveshtaj-od-sudska-medicina/feed/ 0