дуке бојаџиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Jun 2021 09:39:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дуке бојаџиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Ќе ве освои на прво слушање, Каролина Гочева ја претстави „Идила“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-kje-ve-osvoi-na-prvo-slushanje-karolina-gocheva-ja-pretstavi-idila/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-kje-ve-osvoi-na-prvo-slushanje-karolina-gocheva-ja-pretstavi-idila/#respond Thu, 03 Jun 2021 09:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=518503

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева пред повеќе од една недела најави дека ќе ги почести обожавателите со нова песна насловена „Идила“. Каролина вчера и официјално ја објави новата песна на својата фејсбук-профил. „Идила“ е прва од единаесетте песни – преработки што ќе се најдат на новиот албум, кој, според најавите ќе биде достапен наесен. -Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица..., вели Каролина. Каролина соопшти дека проектот го работела скоро две години заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-kje-ve-osvoi-na-prvo-slushanje-karolina-gocheva-ja-pretstavi-idila/feed/ 0
Дуке Бојаџиев со моќен апел – на неговиот концерт гореа 1076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/duke-bojadziev-so-mokjen-apel-na-negoviot-koncert-gorea-1076-svekji-za-spas-na-ohrid-i-krajbrezjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/duke-bojadziev-so-mokjen-apel-na-negoviot-koncert-gorea-1076-svekji-za-spas-na-ohrid-i-krajbrezjeto/#respond Sat, 10 Aug 2019 08:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=228291

Концертот на Дуке Бојаџиев, кој пред два дена го одржа во рамки на Охридско лето, го посвети на Охридското езеро. Тој ја повика публиката од сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата. -Запалените свеќи гореа додека Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. Тој ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата. -Запалените свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” – рече тој. На спектакуларниот концерт заедно со Дуке Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација. Ова единствено музичко доживување беше збогатено и со гостувањата на македонската ѕвезда Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески. Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид. Инаку, на Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, нешто што речиси исклучиво се случува само со културните и природните наследства под заштита на УНЕСКО кои се наоѓаат во региони погодени од војни или природни катастрофи. Во случајот на Охрид и крајбрежјето, најголема закана се регистрираните дивоградби, а клучниот услов за ова да не се случи е нивно отстранување и воведување на мораториум на градење се до донесување на интегриран план за управување со Охридскиот регион. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” – рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/duke-bojadziev-so-mokjen-apel-na-negoviot-koncert-gorea-1076-svekji-za-spas-na-ohrid-i-krajbrezjeto/feed/ 0
Концерт на Дуке Бојаџиев и мултимедијален проект на Драган Спасовски Охридски на програмата на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-duke-bojadziev-i-multimedijalen-proekt-na-dragan-spasovski-ohridski-na-programata-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-duke-bojadziev-i-multimedijalen-proekt-na-dragan-spasovski-ohridski-na-programata-na-ohridsko-leto/#respond Thu, 08 Aug 2019 06:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=227513

Програмата на „Охридско лето“ за денеска предвидува две содржини, и тоа како централен настан концертот на Дуке Бојаџиев на Долни Сарај, како и мултимедијалниот проект на охридскиот уметник Драган Спасески Охридски. Дуке Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Низ неговата интернационална кариера Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов. Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како: „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, разни светски компилации како Буда Бар и Маракеш Експрес. Има работено со артисти како Синди Лопер и „Телепоп Мјузик“, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Авалон театар“ во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид. Бојаџиев вечер ќе настапи заедно со Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски – контрабас, Костас Анастасиадис – тапани и Наташа Петровиќ – вокал и нарација. Што се однесува на втората содржина за денешниот ден на „Охридско лето“, станува збор за мултимедијален проект „Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ на уметникот Драган Спасески Охридски. Спасовски ќе ги изнесе и презентира неговите најзначајни ликовни и поетски дела  во рамки надополнителната програма на  фестивалот „Охридско лето“, вечерва во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. Со ова негово претставување Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“. – Оваа година славам 30 години творештво. Насловот на овој мултимедијален проект е „Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“. Проектот се состои од два дела, едниот дел е промоција на книга со истиот наслов„Спокоен сум ко врвот…Не прашувам зошто сум се извишил“ и пресек од досегашното творештво ќе биде презентиран во катедралната црква „Света Софија“. Промотор ќе биде проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе чита актерот Димитрие Доксевски. Другиот дел ќе се одвива на терасата „Аквариус“ каде што исто така ќе биде презентирано дел од моето творештво, „Охридските ангели“, компјутерска графика.Гости ќе бидат „Кукузел“, млади уметници кои се занимаваат со музика, најави уметникот Драган Спасески Охридски. Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија е доктор-специјалист ортопедски хирург. Досега ги реализирал следните мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сѐ трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), Скоро сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги – поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-duke-bojadziev-i-multimedijalen-proekt-na-dragan-spasovski-ohridski-na-programata-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Дуке Бојаџиев со новогодишна фотографија ја откри среќната вест https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/duke-bojadziev-so-novogodishna-fotografija-ja-otkri-srekjnata-vest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/duke-bojadziev-so-novogodishna-fotografija-ja-otkri-srekjnata-vest/#respond Tue, 01 Jan 2019 10:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=147133

Македонскиот музички уметник Дуке Бојаџиев кој живее и работи на својата кариера во Њујорк, ќе стане татко по вторпат. Дуке и неговата сопруга Флора застанати заедно пред новогодината елка им посакаа среќна Нова година на сите свои драги луѓе, а наедно открија и дека повторно ќе станат родители. Според приложеното, на фотографијата може да се види дека Флора е во поодмината бременост, па семејството многу наскоро ќе биде во проширен состав. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/duke-bojadziev-so-novogodishna-fotografija-ja-otkri-srekjnata-vest/feed/ 0
Концерти на Дуке Бојаџиев во Филхармонија во мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncerti-na-duke-bojadziev-vo-filharmonija-vo-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncerti-na-duke-bojadziev-vo-filharmonija-vo-maj/#respond Thu, 12 Apr 2018 13:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=39675

Композиторот Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во Њујорк, по пауза од две години повторно ќе настапи пред македонската публика со два концерта во Скопје, на 11-ти и 12 мај во Македонската филхармонија. Настапот ќе биде реализиран во соработка со Министерството за култура и „3Гонга”. На целовечерниот концерт со наслов „Сон Верба Љубов“ Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од истоимениот албум, како и со дел од неговото поново филмско творештво. На концертот на Дуке (пијано и вокал) специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, а актерката Наташа Петровиќ ќе биде вокал и наратор. На кларинет ќе настапи Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас, а ќе учествува и стринг-квартетот: Владимир Крстев и Маја Ефремова-Шеќерова (виолина), Марко Виденовиќ (виола) и Марија Михајловска (виолончело). Дуке Бојаџиев од 2001 година живее и работи во Њујорк. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Компонирал музика за многу филмови и соработувал со неколку добитници на Оскар, меѓу кои со режисерите Џонатан Деми за филмот „A Master Bilder“ и Данис Тановиќ за филмот „Пекол“. Билетите за концертите ќе бидат во продажба од 16 април на билетарницата во Македонската филхармонија и на мктикетс.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncerti-na-duke-bojadziev-vo-filharmonija-vo-maj/feed/ 0