дуќанџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jun 2022 05:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дуќанџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дуќанџиите во ГТЦ на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukjandziite-vo-gtc-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukjandziite-vo-gtc-na-protest-pred-vladata/#respond Wed, 22 Jun 2022 06:04:35 +0000 https://kurir.mk/?p=693956

Сопствениците на деловен простор во ГТЦ денеска напладне ќе одржат протест пред Владата, на кој ќе побараат итно решавање на бројните проблеми во Градскиот трговски центар и примена на законската регулатива. Веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, како што велат, на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата. Здружението бара директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ. Исто така, дуќанџиите бараат и договори за водоснабдување со пивка вода со лиценциран снабдувач, времено затворените дуќани да плаќаат елементарна такса за одржување и да се исклучат од системот за греење/ладење и климатизација, АД ГТЦ за деловниот простор што го има во сопственост да плаќа исти давачки како што плаќаат сите други сопственици (грееење, ладење, климатизација, електрична енергија, вода,комунален отпад, одржување).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukjandziite-vo-gtc-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Власта потфрли со мерки, тројно поголема бројка на катанци на битолските дуќани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-potfrli-so-merki-trojno-pogolema-brojka-na-katanci-na-bitolskite-dukjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-potfrli-so-merki-trojno-pogolema-brojka-na-katanci-na-bitolskite-dukjani/#respond Tue, 20 Oct 2020 10:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=418436

Економските мерки на владата не помогнаа за да преживеат дуканџиите во Битола. Кризата не го заобиколи и овој град. Во битолската Стара чаршија се бројат дуќаните кои што работат. Дуќанџиите велат дека не треба да се бројат затворените дуќани, туку тие што останаа да работат, бидејќи бројката на катанците на вратите е тројно поголема.
БЕСПОЛЕЗНИ МЕРКИ
Власта ветуваше дека нема граѓани да останат без работа, дуќани нема да се затворат. Но, реалноста сепак е поинаква, над 40.000 граѓани останаа без своите работни места, илјадници средни и мали претпријатија се затворија, а бројката на затворени помали дуќани не се знае, но се коментира дека е голема. Премиерот Зоран Заев упорно вели дека штетите од кризата се многу помали благодарејќи на владините мерки. -Мерките беа вистински дизајнирани да помогнат да сочуваат работни места. Знаете опозицијата викаше дека ќе има 140.000 нови невработени, 12.300 се, ама ме боли душата за секој човек од тие 12.300. Сега во новиот пакет мерки велиме – вратете ги луѓето, аплицирајте за помош, се со конечна цел да мотивираме. Сите пари што ги пуштаме се за граѓаните – дали се работници, дали приматели на социјална помош, пензионери, пасивни баратели на работа и слично сето тоа е да го одржиме економскот живот во тешко време со солидарност. Главната порака е дека државата е тука, рече Заев на својата прес конференција при презентирање на четвртиот сет на владини економски мерки. На ова реагираше и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој што на својата прес конференција истакна дека бројките сами говорат колку ефект имале владините мерки. А, ефектот за жал е нула. Единствено граѓаните ја почувствуваа сиромаштијата поради неодговорноста и неспособноста на оваа влада која ја предводи СДСМ. -Кога веќе се прави четврт пакет на мерки треба да се види искуството од претходните три. А, тоа е поразително и се вика нови дополнителни најмалку 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Токму затоа и овој пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен,рече Мицкоски на прес конференција како реакција на презентираниот четврт сет на економски мерки од страна на Владата.
КАТАНЕЦ НА ДУЌАНИ
Намален промет, празни тезги и дуќани реалност низ цела држава. Таква загрижувачка слика е и на Широк Сокак и околните улици во центарот на Битола. Некои сопственици на дуќани ги намалија месечните кирии за да им излезат во пресрет на закупувачите, а имаше и такви кои за време на вонредната состојба не им наплатија закупнина за дуќаните. Од локалната власт во Битола велат дека кризата ја чувствуваат во полнењето на буџетот и подмирувањето на обврските на фирмите кон општината. -Ова е време во кое сите преживуваме и факт е дека не можеме да споредуваме заработувачки со други изминати години. Тоа се чувствува секаде, па вклучително и во буџетот. Ова е период кој што треба заедно да го пребродиме. Еве за време на вонредната состојба нула денари беа давачките кон општината од страна на угостителите, а потоа од 15 денари беа намалени на 5 денари за метар квадратен давачките за поставување на урбана опрема на Широк Сокак за просторот пред локалите. Тоа значи дека 3,5 милиони денари останаа кај угостителите, таа е помош што Општина Битола им ја овозможи, а презедовме и други мерки, истакна градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на една од своите изјави за медиуми. А, одлуката за намалената давачка за урбаната опрема според градоначалничката на Битола важи до 15 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-potfrli-so-merki-trojno-pogolema-brojka-na-katanci-na-bitolskite-dukjani/feed/ 0
Мисајловски се сретна со дуќанџиите и занаетчиите од Ѓорче Петров: Потребни се најразлични модели на стимулација на малите и средните бизниси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-se-sretna-so-dukjandziite-i-zanaetchiite-od-gjorche-petrov-potrebni-se-najrazlichni-modeli-na-stimulacija-na-malite-i-srednite-biznisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-se-sretna-so-dukjandziite-i-zanaetchiite-od-gjorche-petrov-potrebni-se-najrazlichni-modeli-na-stimulacija-na-malite-i-srednite-biznisi/#respond Thu, 09 Jul 2020 13:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=372559

По средбата со просветните работници, остварив средба со дуќанџиите и занаетчиите од Ѓорче Петров. Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски ги посетивме овие луѓе, кои велат дека економската криза во државата влијаела многу врз нивната работа. Овие чесни и работливи луѓе кои заработуваат од својот занает, заслужуваат голема почит и помош. За заживување на економијата во државата, потребни се најразлични модели на стимулација на малите и средните бизниси. Македонската економија мора да биде силна, за да има повеќе работа и повеќе нови работни места во приватниот сектор. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма има низа проекти и мерки за приватниот сектор, преку кои ќе се помогне македонската економија. Македонската економија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува на Фејсбук носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2 Владо Мисајловски. Силна економија за силна држава! Обновата доаѓа!, пишува Мисајловски во својата објава. https://youtu.be/imEIeTvOMaE]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-se-sretna-so-dukjandziite-i-zanaetchiite-od-gjorche-petrov-potrebni-se-najrazlichni-modeli-na-stimulacija-na-malite-i-srednite-biznisi/feed/ 0
Дуќанџиите на средба со Мицкоски: Работата е катастрофа, дневниот промет е низок (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukjandziite-na-sredba-so-mickoski-rabotata-e-katastrofa-dnevniot-promet-e-nizok-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukjandziite-na-sredba-so-mickoski-rabotata-e-katastrofa-dnevniot-promet-e-nizok-video/#respond Tue, 11 Dec 2018 15:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=138758

Во рамки на посетата на општина Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посети дуќанџиите и во разговор со нив се информираше за состојбата со нивната работа. Тие не го кријат разочарувањето велејќи дека работата е катастрофа. -Денеска бев во посета на Струмица. Го посетив дуќанот на Кире. Искусен и повозрасен дуќанџија, со поминати многу години и генерации во Струмица. Имавме искрен разговор. Самиот вели дека последната година е една од најлошите, само да ти го покажам нискиот дневен промет, луѓето немаат пари и не купуваат. Подеднакво се загрижени и за состојбата во која се наоѓа и државата, велат дојде црн живот, нема прогрес. Им реков дека нема откажување и дека ние сме искрата која ќе ја донесе зората, заедно со чесниот народ кој сака и заслужува промени и подобра иднина, објави Мицкоски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukjandziite-na-sredba-so-mickoski-rabotata-e-katastrofa-dnevniot-promet-e-nizok-video/feed/ 0