дуќани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Sep 2020 06:17:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дуќани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Клуч на врата за над 80 дуќани во ГТЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kluch-na-vrata-za-nad-80-dukjani-vo-gtc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kluch-na-vrata-za-nad-80-dukjani-vo-gtc/#respond Fri, 25 Sep 2020 06:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=408238

Колапс на малите бизноси. Во центарот на метрополата на потегот од улица Македонија до Градскиот трговски ценар и во него, зјаат празни дуќани. Епидемијата си го направи своето, ама владините три сета на мерки, за спас на стопанството не ги дадоа посакуваните резултати, пишува Алфа. Над 80 дуќани во Градскиот грговски центар во Скопје ставија клуч на врата. Најчестата налепница на продавниците е дека Дуќанот се издава или се продава. Малата заработка, но и пандемијата е главната причина што добар дел од закупците ставија крај на бизнисите. Не можеме да преживееме, а камо ли да ги платиме давачките и кириите. Ова е страшно, се жалат дуќанџиите кои речиси цел живот лебот го вадат од продавниците, каде сега, како што велат, човек не влегувал. -Да немаме толку давачки затоа и објектот го даваме без кирија. Само да работи некој. Но нема заинтересирани. Ова е страшно, па дури и неиздржливо. Човек не влегува, луѓе нема, стварно не знам што ќе правиме, се жалат закупците пред камерата на Алфа. Директорот на ГТЦ за Алфа вели дека затворањето на продавниците се должи на слабата куповна моќ, но и на пандемијата. Тврди дека морало да има давачки за да функционира трговскиот центар. -Нема ништо без пари. За да се одржува објектот мора да го финансира некој. Објектот е 120 илјади квадрати. ГТЦ има 9 трафостаници што го опслужува и што го одржува системот во кондиција. Ако не плаќаме нема да биде во фукција. Сепак, приватизацијата си го направи своето, посочи директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски. Алфа направи целосна обиколка околу ГТЦ. Раздвижено да, но не како некогаш. Граѓаните велат дека сегашниот, не можел да се спореди со поранешниот ГТЦ. -ГТЦ едно време беше синоним за Скопје. Сега го нема тој дух, ги нема тие луѓе, ја нема таа енергија, велат граѓаните пред камерата на Алфа, кои поминуваа низ ГТЦ. -Сите сакаме тоа време да се врати, но тешко, се надеваме дека ќе биде добро, но сепак тоа време и таа душа од некогаш, тешко дека пак ќе се повтори, ги нема луѓето, велат скопјани. Го нема ни духот и некогашниот жар на ГТЦ, додаваат граѓаните. Но ги нема ниту оние продавници кои некогаш беа синоним за градот, каде луѓето се чекаа пред својот омилен локал. И додека граѓаните го бараат стариот дух на трговскиот, добар дел од дуќаните се празни, се издаваат без кирија, само да има некој што ќе може да ги плаќа месечните сметки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kluch-na-vrata-za-nad-80-dukjani-vo-gtc/feed/ 0