Дуња Иванова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 06:26:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дуња Иванова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Елена Петрова и Дуња Иванова први Македонки на светското велосипедско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/elena-petrova-i-duna-ivanova-prvi-makedonki-na-svetskoto-velosipedsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/elena-petrova-i-duna-ivanova-prvi-makedonki-na-svetskoto-velosipedsko-prvenstvo/#respond Sun, 13 Aug 2023 06:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=866176

Елена Петрова и Дуња Иванова се првите македонски претставнички на светското велосипедско првенство кое се одржува во Глазгов. Петрова и Иванова во својот прв историски настап за Македонија на светското велосипедско првенство се појавија во дисциплината возење на хронометар.Патеката беше долга 36,2 километри и беше лоцирана во Стерлинг крај Глазгов. Петрова како државна шампионка и Иванова како второпласирана се наметнаа во оваа селекција, а нивната добра форма беше потврдена и во мај оваа година кога учествуваа во трката што се одржа во Умаг, Хрватска, која е дел од серијата „UCI Gran Fondo“ што светската велосипедска федерација ја организира за ентузијастите кои го сакаат овој спорт. Тогаш, Елена Петрова заврши како второпласирана во категоријата од 19 до 34 години, додека Дуња Иванова беше третопласирана во категоријата од 35 до 39 години, Велосипедска федерација ги поддржа учесничките на овој „вело – мундијал“, а дополнително ќе треба да испрати и претставници на Европското првенство во Холандија што ќе се вози од 24 до 26 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/elena-petrova-i-duna-ivanova-prvi-makedonki-na-svetskoto-velosipedsko-prvenstvo/feed/ 0
Двајца македонски претставници на престижна маунтинбајк трка во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajca-makedonski-pretstavnici-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajca-makedonski-pretstavnici-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/#respond Mon, 11 Apr 2022 16:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=661517

Дуња Иванова и Љубиша Кондев од велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје се македонските претставници кои заедно со уште 34 тимови од целиот свет во категоријата ,,мешани парови” ќе се натпреваруваат на престижната маунтинбајк етапна трка во Хрватска. Од 19 до 23 април, велосипедските екипи во пет последователни денови ќе ги спротивстават силите на „немилосрдните“ патеки на островите Крк, Раб, Црес и Лошињ изминувајќи должина од вкупно 272 километри со 5.890 метри висинско искачување. Етапната трка ,,4 Острови” за прв пат оваа година е под називот на серијата натпревари ,,Епик” кој претставува премиум бренд во организација на маунтинбајк натпревари на светско ниво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajca-makedonski-pretstavnici-na-prestizna-mauntinbajk-trka-vo-hrvatska/feed/ 0
Концерт „Сигнали“ на пијанистката Дуња Иванова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-signali-na-pijanistkata-dunja-ivanova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-signali-na-pijanistkata-dunja-ivanova/#respond Tue, 15 Jun 2021 05:37:21 +0000 https://kurir.mk/?p=523444

Пијанистката Дуња Иванова вечер од 19 часот ќе одржи концерт насловен „Сигнали“ во Зелената градина на покривот од Градскиот трговски центар во Скопје. На програмата се премиерни изведби на пиесите на истакнатиот филмски композитор Пако Периаго, како и автентични преработки на звуците на Рејдиохед од исклучителниот пијанист и композитор Џош Коен. Концертот е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година, а се реализира со поддршка на ГТЦ Скопје и во согласност со препораките за заштита од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-signali-na-pijanistkata-dunja-ivanova/feed/ 0
Дуња Иванова државен првак во велосипедизам https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dunja-ivanova-drzaven-prvak-vo-velosipedizam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dunja-ivanova-drzaven-prvak-vo-velosipedizam/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=433488

Дуња Иванова, член на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско првенство, Државното друмско – хронометар првенство и Државното првенство во планински велосипедизам. Сите три шампионати беа во организација на Велосипедската федерација на Македонија. Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во домашните натпреварувања во текот на една календарска година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dunja-ivanova-drzaven-prvak-vo-velosipedizam/feed/ 0
Концерт на пијанистката Дуња Иванова и фотоизложба на Дарко Попов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova-i-fotoizlozba-na-darko-popov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova-i-fotoizlozba-na-darko-popov/#respond Fri, 29 Mar 2019 07:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=180074

Концерт на пијанистката Дуња Иванова и изложба на фотографот Дарко Попов ќе се одржи вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба. Солистичкиот концерт на пијанистката Иванова е посветен на современиот француски композитор Јан Тирсен. На програмата е негова музика напишана за филмовите: „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ и „Збогум Ленин!“, како и композиции од албумите „Светилник“ и „ЕУСА“. Истовремено ќе биде отворена и изложбата „Скопје на штипка“ на фоторепортерот на МИА Дарко Попов. Ќе бидат претставени 24 фотографии од неговиот објектив, кој сведочи за урбано и суптилно Скопје низ детали кои пркосат на целината, а зборуваат за уметност, инспирација, храброст и сеќавања. Двата проекта се дел од програмата за култура на Град Скопје за 2019 година. Се реализираат со поддршка на Слобода филм, Минимал, СОКОМ и Музејот на македонската борба. Влезот е слободен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova-i-fotoizlozba-na-darko-popov/feed/ 0
Концерт на пијанистката Дуња Иванова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova/#respond Wed, 16 May 2018 06:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=54577

Пијанистката Дуња Иванова вечер ќе одржи концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата се дела од современи композитори, а како гостинка ќе настапи македонската композиторка Ана Пандевска. На концертот ќе бидат изведени неколку композиции од филмот „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и „The Heaven Ladder“ од Тери Рајли и „Clapping Music“ од Стив Рајх, сите претставници на минимализмот, музички правец кој од средината на минатиот век создаде нова димензија во класичната музичка уметност. Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на Катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност досега се претставила во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки. Настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото. Со свои трудови од областа на музичката теорија и практика учествувала на трибините на Здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Дуња Иванова од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ - Скопје. Автор е на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova/feed/ 0