дуња мијатовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 17:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дуња мијатовиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комесарката Мијатовиќ бара носење на легислативата за признавање на трансродовите лица во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komesarkata-mijatovik-bara-nosene-na-legislativata-za-priznavane-na-transrodovite-litsa-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komesarkata-mijatovik-bara-nosene-na-legislativata-za-priznavane-na-transrodovite-litsa-vo-makedonija/#respond Fri, 07 Jul 2023 17:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=854182

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица. Писмото е упатено до претседателот на Собранието Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин. - Комесарката смета дека усвојувањето на претстојните измени на Законот за матична евиденција би претставувало клучен чекор во извршувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот X против Македонија од 2019 година, во која Судот утврди повреда на член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права поради отсуство на брзи, транспарентни и достапни процедури во националното законодавството за признавање на родот. Комесарката нагласува дека ‘извршувањето на пресудите на Судот е камен-темелник на заштитата на човековите права во регионот на Советот на Европа, се вели во соопштението на Советот на Европа. Според комесарката Мијатовиќ, пристапот до законско признавање на родот е од клучно значење за да се спречи дискриминација и насилство врз транс луѓето. Таа исто така ја подвлекува клучната улога на членовите на парламентот во борбата против предрасудите и нетолеранцијата против ЛГБТИ лицата и ги повика да се спротистават на притисокот од групи кои сакаат да го поткопаат целосното почитување на човековите права.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komesarkata-mijatovik-bara-nosene-na-legislativata-za-priznavane-na-transrodovite-litsa-vo-makedonija/feed/ 0
Мијатовиќ: Неприфатливо однесувањето на хрватската полиција кон мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mijatovikj-neprifatlivo-odnesuvanjeto-na-hrvatskata-policija-kon-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mijatovikj-neprifatlivo-odnesuvanjeto-na-hrvatskata-policija-kon-migrantite/#respond Fri, 06 Dec 2019 14:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=274315

Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ денеска го критикуваше однесувањето на хрватската полиција кон илегалните мигранти кои доаѓаат од БиХ, а од властите во Сараево побара поодговорен однос кон мигрантите. Мијатовиќ посебно ја критикуваше праксата на т.н. пуш бек, односно туркање на мигрантите назад преку границата. Таа тактика, според неа е кршење на Конвенцијата за човекови права, вклучително и правото на азил и забрана за мачење. – Голем број лекари ми дадоа конзистентни изјави за насилство, кое го спроведува хрватската полиција, изјави Мијатовиќ на прес-конференција во Сараево. Таа потенцираше дека ќе продолжи да ја следи состојбата со илегалната миграција во БиХ и регионот. Посетата на Мијатовиќ на БиХ е за да утврди колкав е степенот на проблемите на илегалните мигранти и ги посети сите бегалски кампови. Мијатовиќ појасни дека се заложила кампот Вучјак кај Бихаќ веднаш да биде затворен поради нехумани услови, а министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ ветил дека тоа наскоро ќе биде направено. – Во БиХ има 8.000 мигранти. Дали е тоа најголемиот проблем на државата? Ним треба да им се обезбеди барем минимум од она што го добиваат бегалците од БиХ во 90-те години, потенцираше Мијатовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mijatovikj-neprifatlivo-odnesuvanjeto-na-hrvatskata-policija-kon-migrantite/feed/ 0