Дурмо турс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 09:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дурмо турс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расправата беше прекината поради „неподнослива атмосфера во судницата“: Денес во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspravata-beshe-prekinata-poradi-nepodnosliva-atmosfera-vo-sudnitsata-denes-vo-krivichen-prodolzhi-sudeneto-za-sluchajot-laskartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspravata-beshe-prekinata-poradi-nepodnosliva-atmosfera-vo-sudnitsata-denes-vo-krivichen-prodolzhi-sudeneto-za-sluchajot-laskartsi/#respond Tue, 21 Feb 2023 09:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=803060

Со директно испитување на бранителот на шестообвинетиот за несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци, a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот. На денешното рочиште, обвинителот Дарко Јакимовски, рече дека нема прашање за присутните вештаци, а доколку денеска отсутниот вештак Зекирија Зекири се појави на некое од следните рочиште, го задржува правото да продолжи со негов распит. На претходното рочиште се испитуваа вештаци од тимот што го изготви машинското супервештачење, во отсуство на вештото лице Зекирија Зекири, за кое, поради болест, претходно во неколку наврати имаше одложување на процесот. Најголемиот дел од прашањата се однесуваа на системот за сопирање и процентот на неговата ефикасност за успорување. - Она што ние го заклучуваме во нашиот вешт наод е дека во почетокот на настанување на сообраќајната незгода не е активиран системот за кочење. Тоа се изјавите на сведоците кои возеле позади автобусот, а вториот елемент е зошто ние се врзуваме локациски за првата ограда. Тоа е онаа анализа на трагата каде што нема подолжна или бочна сила, што нѐ наведува на заклучокот дека до тука не е употребен системот на кочење, рече вештакот Иван Ѓаковски. Прашани дали ќе се согласат дека трага на пат нема да остане ако коефициентот на успорување не е под 40 проценти, вештаците одговорија дека за тоа ќе се произнесат сообраќајните вештаци. По барање на вештите лица, поради замор, и јавниот обвинител, како што рече, „поради неподнослива атмосфера во судницата“, Судечкиот совет ја прекина расправата и ја закажа за денешниот ден. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspravata-beshe-prekinata-poradi-nepodnosliva-atmosfera-vo-sudnitsata-denes-vo-krivichen-prodolzhi-sudeneto-za-sluchajot-laskartsi/feed/ 0
Алијанса за Албанците: Автобуските несреќи во Ласкарци и Бугарија немаат епилог зашто судството е контролирано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-avtobuskite-nesrekji-vo-laskarci-i-bugarija-nemaat-epilog-zashto-sudstvoto-e-kontrolirano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-avtobuskite-nesrekji-vo-laskarci-i-bugarija-nemaat-epilog-zashto-sudstvoto-e-kontrolirano/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=765937

Истрагите за автобуските несреќи на „Дурмо турс“ во Ласкарци и на „Беса транс“ во Бугарија не добиваат епилог поради судството контролирано не само од политиката, туку и од групи кои имаат интереси, смета партијата Алијанса за Албанците. Нивниот пратеник Аднан Незири на прес-конференција во Собранието рече дека  целата јавност денеска била сведок на скандалозна постапка  на судот. -Денеска уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкарци со откажување на седницата со најбанално оправдување дека не е извршено супервештачење. Алијанса за Албанците оценува дека супервештачењето е измислено токму за оваа цел – да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај, рече Незири. Посочувајќи дека вчера беше навршена една година и од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, пратеникот во име на Алијанса за Албанците апелираше до органите на правдата да стават крај, како што рече, „на исмејувањето  со жртвите и нивните семејства“. -Овие скандалозни случаи го прават неопходен ветингот и радикалните реформи во судството, обвинителството и во други органи на државниот систем, додаде Незири. На новинарско прашање околу преговорите на Алијанса за Албанците за влез во Владата,  тој одговори дека од в.д. претседателот на неговата партија има извештај дека за тоа прашање не е разговарано и доколку има новини, рече, медиумите ќе бидат информирани.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-avtobuskite-nesrekji-vo-laskarci-i-bugarija-nemaat-epilog-zashto-sudstvoto-e-kontrolirano/feed/ 0
Нова несреќа со Дурмо турс: Пукна гума, автобусот изгуби контрола (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-nesrekja-so-durmo-turs-pukna-guma-avtobusot-izgubi-kontrola-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-nesrekja-so-durmo-turs-pukna-guma-avtobusot-izgubi-kontrola-foto/#respond Thu, 23 Jun 2022 09:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=694564

На автобус на Дурмо турс при движење му пукна гума. Во автобусот имало луѓе, но за среќа немало никакви последици, велат очевидци за ТВ КланМ. Патниците во автобусот биле во паника кога почувствувале мирис на изгорено, а еден од нив за ТВ Клан сведочеше за немилиот настан: „Околу 12 патници денеска се трауматизирани и исплашени од инцидентот што се случи со автобусот кој сообраќа на линијата Скопје – Гостивар. Во движење на автобусот пукна автобуската гума и возилото на кратко изгуби контрола. Возачот пред настанот го запрел возилото откако забележа дека нешто не е во ред, но по 5 минути продолжи да се движи. Во автобусот се ширеше мирис на нешто запалено а инцидентот се случи набргу потоа. Патувавме до првата наплатна рампа и застанавме таму да не земе друг автобус. Прашањето што се поставува е: Дали требаат повеќе жртви за да има судска одлука за претходниот случај?“. Извор: ТВ Клан]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-nesrekja-so-durmo-turs-pukna-guma-avtobusot-izgubi-kontrola-foto/feed/ 0
„Дурмо Турс“ не одговара за Ласкарци, а не би одговарала ни „Беса Транс“ затоа што во нашиот закон нема одговорност за фирми за сообраќајни деликти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durmo-turs-ne-odgovara-za-laskarci-a-ne-bi-odgovarala-ni-besa-trans-zatoa-shto-vo-nashiot-zakon-nema-odgovornost-za-firmi-za-soobrakjajni-delikti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durmo-turs-ne-odgovara-za-laskarci-a-ne-bi-odgovarala-ni-besa-trans-zatoa-shto-vo-nashiot-zakon-nema-odgovornost-za-firmi-za-soobrakjajni-delikti/#respond Wed, 24 Nov 2021 08:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=599165

Семејствата на 16-темина починати патници, како и на оние кои ја преживеаја тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци во февруари 2019, а останаа инвалиди, речиси три години чекаат правдата да ја донесе Основниот кривичен суд Скопје, објавува СДК. До крајот на годината, нема ни теоретска шанса да заврши ова предолго судење за кое има куриозитет дека сложената истрага и вештачењата обвинителот ги заврши за околу три месеци. Во овој предмет е интересно што е обвинет сопственикот на автобускиот превозник „Дурмо турс“ чиј што автобус поради техничка неисправност се преврте на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари 2019 година, а не и „Дурмо турс“ како правно лице. Затоа, уште следниот ден по несреќата, автобусите на „Дурмо турс“ парадираа низ државата и си возат и до денеска, како ништо да не се случило. Ова е така, зашто во Кривичниот законик, во делот за Сообраќајни деликти, не постои одговорност за правни лица. Како што не одговара компанијата „Дурмо турс“, нема да може да одговара ни „Беса транс“, ако евентуално се откријат неправилности во водењето на транспортната компанија, бидејќи нема кривична одговорност за фирми за деликти во сообраќајот. Затоа немаше одговорност ни за бродски несреќи, а не би имало ни против авиокомпании, кога не дај боже, тука би се случила и авионска несреќа. Одговорност е предвидена само за физички лица, како што е на пример обвинетиот сопственик на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули за трагедијата кај село Ласкарци. Судењето за случајот „Ласкарци“ почна во септември 2019 година, има над 100 судски рочишта досега и не може да се одглави. Го води судијката Дијана Груевска, втор судија е судијката Александра Ристеска. Ова судење, поточно пропустите во него, меѓу правниците важат за пример од кој може да се извлечат заклучоци „како не треба“ да се води судење и да биде повод да се направат судски реформи. Експертската јавност се чуди дека ќе се воведува непрецизирано кривично дело безобзирно однесување во сообраќајот, а се испушта да се казнуваат правни лица, па велат дека како што не одговараше „Дурмо турс” за техничката неисправност на автобусот што се преврти, така нема да одговара при евентуална таква вина ни „Беса транс”. Уште кога почна процесот за „Ласкарци“, судијката Груевска дозволуваше да има бескрајни приговори од одбраната и од обвинетите. Им се дозволуваше на адвокатите на обвинетите да приговараат по сто пати и да беседи до бескрај секој од адвокатите кога ќе го фати микрофонот и ќе добие збор. Тоа е многу користена тактика во Основниот кривичен суд со која судии овозможија на пример да се вратат на почеток од нула најголемите коруптивни случаи од режимот на Никола Груевски и на тогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ и некои од нив да застарат. Залудно беа закажани и по 4 рочишта месечно, „Ласкарци“ се закопуваше низ процедурални лавиринти со дозвола на судот, односно на двете судијки. Потоа фати силниот бран на пандемијата со корона и судењето уште толку успори. Имаше заразени во постапката, еден адвокат почина. Секогаш кога ќе тргне малку, веднаш се закочува со удоволување и со прифаќање на сите барања на одбраната. Најново е барањето за супервештачење на доказите, што судот им го прифатил. Онака, без образложение. На толку свои вештачења, сите презентирани пред судот, останува заклучокот дека се сомневаат во своите претходни вештачења, направени за да се побијат тие на обвинителот Дарко Јакимовски, па сега бараат супервештачење и тоа судот пак им го удоволува за да го развлекува и натаму судењето за најстрашната автобуска несреќа случена на наша територија. Роднините на загинатите и на повредените се огорчени и отворено кажуваат дека се сомневаат во пристрасност на судот кон дел од обвинетите, особено на тие што се блиски како што велат, до владејачката ДУИ. Во овој долг процес обвинет е и возачот на автобусот Мануел Трифуновски, раководителот на возниот парк на „Дурмо турс“ Ремзи Мифтари и тројца вработени во станицата за технички преглед во Гостивар (Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски), како соучесници во фалсификувањето на податоците за техничката исправност на автобусот што се преврте. Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, за соучество во истото дело. „Дурмо турс“ сам си вршел технички преглед на автобусите, во своја станица за технички преглед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/durmo-turs-ne-odgovara-za-laskarci-a-ne-bi-odgovarala-ni-besa-trans-zatoa-shto-vo-nashiot-zakon-nema-odgovornost-za-firmi-za-soobrakjajni-delikti/feed/ 0
„Само возачот ја знае вистината за несреќата кај Ласкарци“ – вели сопственикот на „Дурмо Турс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-vozachot-ja-znae-vistinata-za-nesrekjata-kaj-laskarci-veli-sopstvenikot-na-durmo-turs/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-vozachot-ja-znae-vistinata-za-nesrekjata-kaj-laskarci-veli-sopstvenikot-na-durmo-turs/#respond Tue, 23 Mar 2021 10:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=486550

Сите поправки на автобусите на Дурмо Турс се вршеле во сервисот на станицата, каде за секое возило имало тетратка. Одговорно лице на сервисната гаража бил Ремзи Мифтари, но, тој не би можел да знае што е со некое возило, ако тоа не го пријави возачот. Секој професионален возач, бил должен да го провери возилото пред пат, изјави првообвинетиот Дурмиш Белули, на денешното рочиште за случајот Ласкарци. Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“ Белули рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен. -Јас жалам и чувствувам тага за тоа што се случи. Што и да се случи со нас, тоа жртвите не ги враќа. Го повикувам единствениот учесник во сообраќајната несреќа – возачот Мануел Трифуновски да каже што се случило. Без оглед кој ќе одговара, да каже. Само тој ја знае вистината, другото се претпоставки, изјави Белули. Тој посочи дека станицата за технички преглед функционирала исто како и сите други, дека имала две линии, една за патнички и една за автобуси и во неа работеле 15 лица, меѓу кои стручни лица контролори и машински инженери. -Во ниту еден случај не сум вршел притисок, или контролорите би паднале под нечие влијане да внесат неточни информации, изјави Белули, одговарајќи на прашање дали влијаел на техничките и стручни лица при вршење на техничкиот преглед. Во својата одбрана, Белули рече дека никогаш не се штедело на делови, масло или друго во Дурмо Турс. Во однос на обвинението за манипулаторот на брзина, Белули рече дека воопшто не знаел дека во автовусот има манипулатор и дека од тоа Дурмо имам само штета. -Од тоа Дурмо Турс може да има само штета, а корист само возачот. Откако дознав јас сфатив дека од тоа Дурмо Турс има само штета, од побрзо абење на гумите, трошење гориво и други делови, изјави Белули. Следното рочиште е закажано за 20 април. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-vozachot-ja-znae-vistinata-za-nesrekjata-kaj-laskarci-veli-sopstvenikot-na-durmo-turs/feed/ 0
Автобусот на Дурмо Турс не бил технички прегледан според предвидените процедури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-durmo-turs-ne-bil-tehnichki-pregledan-spored-predvidenite-proceduri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-durmo-turs-ne-bil-tehnichki-pregledan-spored-predvidenite-proceduri/#respond Tue, 12 May 2020 11:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=344930

Техничкиот преглед на автобусот на компанијата Дурмо Турс, кој беше дел од големата сoобраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури. Овој став на денешното рочиште за предметот „Ласкарци”, го изнесе обвинителот Дарко Јакимовски, кој истакна дека автобусот на 2 јули 2018 влегува во техничкиот преглед во 14:16 минути и излегува во 14:18 минути. – При технички преглед на овој автобус може да се види дека нема ниту еден контролор во работниот канал. Исто така може да се види дека автобусот не подлежи на системот на тресење која е една методологија која се применува кај останатите возила. За илустрација може да се види техничкиот преглед на едно патничко возило „Пежо”. Во овој случај се гледа како контролорот влегува во работниот канал со батерија. Воедно оваа возило се тестира и на системот за тресење, истакна обвинителот Јакимовски. Одбраната на обвинитетите негодуваше на овој материјален доказ на обвинителство, и истиот го оцени како ирелевантен. Свој коментар на овој доказ даде и обвинетиот Боваровски, кој се гледа на видео материјалот како се движи околу автобусот. Тој истакана дека во овој случај станува збор за вонреден техники преглед на возило наменето за јавен транспорт и истиот престанал да важи кога се реализира редовниот техничи преглед за регистрација (18 декември 2018 година). – Техничкиот преглед почнува од 14:12 минути. На снимката може да се види како вршам контрола на стаклата, пневматиците и каросериајта на автобусот. Исто така во еден случај се качувам во автобусот и вршам контрола на копитот. Од кога во внесов возилото во компјутер јас влегувам и во каналот од каде се гледа целото подвожје на автобусот. Гледав да не имаа откачени кабли и констатирав дека нема. На крај автобусот поминува на нагазна плоча за мерење на кочниците. Прво беше мерена предна кончница. Децидно тврдам дека имаше и мерење на рачна кочница, па после и на ножната кочница, исткана обвинетито Боваровски. Следното рочиште за случајот „Ласкарци”, e закажано на 14 мај. Во предметот се обвинети шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули. Според скопското обвинителство, обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот. Во големата сообраќајна несреќа загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-durmo-turs-ne-bil-tehnichki-pregledan-spored-predvidenite-proceduri/feed/ 0
Автобусот на „Дурмо турс“ удрил со 10 пати поголема јачина од онаа што би ја поднела оградата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/avtobusot-na-durmo-turs-udril-so-10-pati-pogolema-jachina-od-onaa-shto-bi-ja-podnela-ogradata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/avtobusot-na-durmo-turs-udril-so-10-pati-pogolema-jachina-od-onaa-shto-bi-ja-podnela-ogradata/#respond Thu, 05 Mar 2020 13:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=312559

Во Кривичниот суд Скопје денешното рочиште за случајот „Ласкарци” започна со вкрстено испитување на градежниот вештак од страна на одбраната на обвинетите. Одбраната поставуваше прашања за брзината, аголот и силата што би ги поднела оградата за да го спречи автобусот да излета од патот. Вештакот потврди дека се утврдени неправилности при изготвувањето на тој дел од патот, како и дека потоа не е соодветно одржуван. Во однос на заштрафувањето на одбојниците беше заклучено дека не биле ставени доволно штрафови, и оти би биле многу поцврсти доколку биле поставени на бетон, наместо на земја. Еден од адвокатите на обвинетите го праша сведокот дали работи во Гранит, фирмата која го има правено тој дел од патот. Тој потврди, но напомена дека при вештачењето ги има нотирано сите воочени неправилности. Исто така, го праша и дали му е истечена лиценцата за работа, на што вештакот одговори дека немаат доволно вработени и оти одземањето на лиценцата е поврзано со тоа. Обвинителот реагираше дека одбраната на обвинетите само се обидува да го дискредитира вештакот. Адвокатите на обвинетите нагласија дека вештакот во неколку наврати одговара спротивно од она што го има наведено во вештачењето и побараа сведокот да се потпише и на денешниот извештај од испрашувањето. Го прашаа што значи тоа дека доколку ги немало неправилностите при изградбата ќе се сменел текот на случувањата при несреќата, по што тој појасни дека автобусот би удрил подолу каде што постојат само првата и третата ограда, несреќата ќе се случела, но под други околности. На крајот обвинителот го праша сведокот дали во секоја можна околност би се случила несреќата, земајќи ги предвид, аголот, јачината и брзината на возилото, на што вештакот одговори дека ќе се случела бидејќи автобусот удрил со јачина околу 10 пати поголема од онаа што може да ја одбие оградата. По паузата рочиштето продолжува со изведување на материјални докази од обвинителството. Во тешката сообраќајна несреќа што се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/avtobusot-na-durmo-turs-udril-so-10-pati-pogolema-jachina-od-onaa-shto-bi-ja-podnela-ogradata/feed/ 0
Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci-2/#respond Wed, 26 Feb 2020 06:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=308854

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари минатата година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci-2/feed/ 0
Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ немал психичка болест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozachot-na-avtobusot-na-durmo-turs-nemal-psihichka-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozachot-na-avtobusot-na-durmo-turs-nemal-psihichka-bolest/#respond Thu, 06 Feb 2020 15:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=300216

Возачот на автобусот на Дурмо турс немал психичка болест или пореметување во време на настанот, изјави вештак невропсихијатар на денешното рочиште за несреќата кај Ласкарци. Вештакот објасни дека по настанот се можни две состојби на несеќавање – потсвесни и свесни. – Психолошки момент може да има по настанот. Несеќавањето се случува како одбранбен механизам кај лица кои сториле дело кое се коси со нивните морални ставови. Тоа несеќавање е потсвесен одбранбен механизам, додека свесната одбрана е несеќавање со цел да се избегнат последиците, изјави вештакот. Вештакот, појасни дека низ разговор со обвинетиот констатирал дека тој има уредна функција на помнење, како за задршка на спомени, така и за нивно репродуцирање. – Не сум констатирал психичко растројство кое можело да ги наруши времено или трајно неговите когнитивни функции. Интелигенцијата е константна во когнитивните функции. Таа е уредна и на ниво на просек, изјави вештакот. Вештакот при прегледот констатирал психомоторна напнатост кај обвинетиот, за која рече дека е дел од конкретниот настан што му се случува. – Во време на настанот, од доставената медицинска документација констатирав дека бил здрав и моториката била уредна, рече вештакот. Манифестните симптоми, појасни сведокот се од актуелниот настан, од стресот и неизвесноста додека е во притвор по незгодата. -Евидентна е психичка дисхармонија. Нагласени реакции на страв и лутина, а расположението му беше снижено, согласно губитокот на личната слобода. Револтот го почувствував како кон мене, така и кон целиот процес што се води против него, изјави вештото лице. Вештакот посочи дека отсуствува медицинска документација и тој негира дека земал антидепресиви за време или пред несреќата. – Терапија со антидепресиви има во јуни 2010 година и се совпаѓа со губиток на работа во ЖАС Гостивар. Од дијалогот не добив информации зошто е тоа, но заклучив дека од септември 2010 година откриена му е шеќерна болест и бил на лекување три месеци. Во тој период имал проблеми и од тогаш почнува да се третира шеќерната болест, рече вештакот. Вештакот на почетокот рече дека од ЈО било побарано да изврши вештачење и да се произнесе за здравствената состојба на М. Т. во време на сообраќајката, дали има привремена или трајна растроеност, и дали ако има примал терапија, како тоа влијаело и за психичката состојбата на обвинетиот. За вештачењето извршил увид во целокупната медицинска документација, а на 18 април 2019 година спровел и разговор со обвинетиот. Следното рочиште е закажано за 19 февруари. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozachot-na-avtobusot-na-durmo-turs-nemal-psihichka-bolest/feed/ 0
Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ боледувал од дијабет, терапијата не влијаела на способноста за возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-na-avtobusot-na-durmo-turs-boleduval-od-dijabet-terapijata-ne-vlijaela-na-sposobnosta-za-vozenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-na-avtobusot-na-durmo-turs-boleduval-od-dijabet-terapijata-ne-vlijaela-na-sposobnosta-za-vozenje/#respond Thu, 06 Feb 2020 12:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=300107

Возачот на автобусот боледува од дијабет 2 од 2010 година, што со терапија добро се регулира и има добра општа здравствена состојба, изјави вешто лице од Институтот за судска медицина презентирајќи ги извештаите за здравствената состојба на возачот Маноил Трифуновски, на денешното рочиште за „Ласкарци”. Од систематските прегледи, појасни вештакот, се гледа дека нема друга болест и ниту прима терапија што може да влијае на способноста на управување со автобусот. – Сите лабораториски наоди укажуваат на нормално ниво на шеќер на крвта, односно со терапијата е нормално регулиран, изјави вештакот, одговарајќи на прашања од обвинителот. За тоа како влијаела терапијата што ја земал врз способноста за управување со автобусот, вештакот рече дека Трипуновски примал само инсулинска терапија. – Инсулинот и апчињата немаат влијание врз неговата способност за возење, рече вештакот. Од медицинската документација и извршениот преглед на возачот на автобусот, рече вештакот, не нашле податок или медицински факт што би укажал дека на несреќата и претходело некое пореметување што влијаело на здравствената состојба. – Од анализите на крв и урина направени по несреќата не е утврдено присуство на алкохол и други психотропни супстанци. Првиот лабораториски тест направен по незгодата покажува дека утринското ниво на гликоза во крвта било 10,1 милимол на литар, изјави вештакот. Вештакот посочи дека вообичаено при вакви случаи се зема крв веднаш при прием во болница, а резултатите се издадени утрото. – Крвта е земена некаде околу 18.50 часот, еден час и 50 мин по несреќата. Убедена сум дека по една таква несреќа и шок на организмот нивото на шеќер во крвта не одговара со тоа непосредно пред несреќата, нагласи вештакот. Објасни дека врз нивото на шеќер влијаат многу фактори, а не е само храната. – Причина за зголемената концентрација веројатно е поради стресот по незгодата. Ретроградно не може да се претпоставува колку изнесува нивото на шеќер, тој постојано варира, изјави вештакот. На прашање од одбраната дали гликозата во крвта по три часа од земањето почнува да се раствара, вештото лице рече само доколку не се чува соодветно подолго време може да дојде до намалување на гликозата. Вештакот на почетокот кажа дека од ЈО барале да направат вештачење за здравствената состојба на возачот Маноил Трпуновски за неговата способност за управување на автобусот, дали има некоја болест, дали примал терапија и дали таа би можела да влијае, како и повеќе прашања кои се однесувале на неговата здравствена состојба пред и по сообраќајната несреќа. Од вешто лице во Институтот е извршен увид во целокупната медицинска документација и направен преглед на возачот на 5 март 2019 година. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-na-avtobusot-na-durmo-turs-boleduval-od-dijabet-terapijata-ne-vlijaela-na-sposobnosta-za-vozenje/feed/ 0