Душан Новокмет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 05:36:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Душан Новокмет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кирил Лазаров се сретна со идолот од детството https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kiril-lazarov-se-sretna-so-idolot-od-detstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kiril-lazarov-se-sretna-so-idolot-od-detstvoto/#respond Mon, 06 Feb 2023 05:36:49 +0000 https://kurir.mk/?p=796505

Екипата на Алкалоид е на подготовки во Србија и ја темпира формата, а таму тренерот Кирил Лазаров имаше средба со идолот од детството. Се работи за легендарниот Душан Новокмет кој остави длабока трага во македонскиот ракомет и во ракометниот клуб Пелистер. Дека Лазаров има високо мислење за Душан Новокмет говорат неговите изјави од изминатиот период. „Јас секогаш сум за квалитетни странци од кои децата ќе можат да учат. Мој идол како дете беше Душан Новокмет од кого учев, кој подоцна доби и македонско државјанство. Не сум за неквалитетни странци кои ги има кај нас во изобилие“, изјави Лазаров на прес-конференцијата кога се промовира влезот на ракометниот клуб Алкалоид во Суперлигата. Душан Новокмет е роден во Ваљево во 1970 година, а за ракометниот клуб Пелистер играше од 1992 до 1998 година. Како ракометар доби и македонско државјавнство и играше за репрезентацијата на Македонија, на ЕП 1998, заедно со генерацијата предводена од Пепи Манасков. Тогаш, Кирил Лазаров не беше во ростерот. Лазаров и Новокмет играа заедно во сезоната 1997/1998.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kiril-lazarov-se-sretna-so-idolot-od-detstvoto/feed/ 0