душко арсовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 15:27:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png душко арсовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Душко Арсовски ја напушта функцијата портпарол на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushko-arsovski-ja-napushta-funktsijata-portparol-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushko-arsovski-ja-napushta-funktsijata-portparol-na-vladata/#respond Tue, 21 Mar 2023 15:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=814616

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека на досегашниот владин портпарол Душко Арсовски денеска му завршува ангажманот, на негово барање. Ковачевски упати благодарност до Арсовски за досегашната работа како портпарол на Владата и му посака успех во следниот президвик во неговата професионална кариера. – Голема благодарност верувам дека ќе упатат и медиумите со кои што во текот на изминативе две и пол години комуницираше на врвно професионално ниво. Практично и тој беше дел од процесот во кој што Владата како институција беше оценета како најтранспарентна, односно 100 проценти транспарентност, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushko-arsovski-ja-napushta-funktsijata-portparol-na-vladata/feed/ 0
Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/#respond Wed, 21 Sep 2022 11:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=735736

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа. -На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта. Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0
Во Македонија нема лица од Украина кои побарале статус на бегалец, влегле 1.924 украински државјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-nema-lica-od-ukraina-koi-pobarale-status-na-begalec-vlegle-1-924-ukrainski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-nema-lica-od-ukraina-koi-pobarale-status-na-begalec-vlegle-1-924-ukrainski-drzavjani/#respond Wed, 23 Mar 2022 12:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=651997

Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, па досега, според информациите на Министерството за внатрешни работи, во земјава влегле 1.924 украински државјани, а на излез од државата во овој период се регистрирани 1.365, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. Досега, како што посочи тој во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, нема лица кои побарале статус на бегалец и сите кои доаѓаат се сместуваат кај роднини или пријатели. – Северна Македонија не е на рутата на бегалци од војната во Украина на начин каков што гледавме претходните години во однос на бегалската криза од војната во Сирија. Независно од тоа Владата презема конкретни чекори и беа задолжени министерствата за труд и социјална политика, за здравство, за финансии, за надворешни и за внатрешни работи да преземат мерки за организирано прифаќање на евентуални бегалци и нивно сместување. Министерството за финансии беше задолжено да обезбеди 120 милиони денари за хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓани на Украина кои би дошле во Северна Македонија. Досега според последните информации нема лица кои побарале статус на бегалец. Сите оние кои доаѓаат се сместуваат кај роднини и кај пријатели, рече Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-nema-lica-od-ukraina-koi-pobarale-status-na-begalec-vlegle-1-924-ukrainski-drzavjani/feed/ 0
Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dopolnitelno-kje-rasprava-i-kje-odluchi-za-eventualni-sankcii-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dopolnitelno-kje-rasprava-i-kje-odluchi-za-eventualni-sankcii-kon-rusija/#respond Wed, 23 Feb 2022 13:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=635464

Северна Македонија е на линија за постигнување сто проценти усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската унија во однос на пакетот санкции на ЕУ којшто се најавува против Русија, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски. -Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи. За ова јавноста ќе биде информирана, рече Арсовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Прашан дали земјава е подготвена да прими бегалци од Украина доколку избие воен конфликт со Русија, владиниот портпарол потенцира дека земјава во повеќе наврати покажа отворено срце, подготвеност и помагаше во вакви и слични ситуации. -Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина. Сите напори се во насока тоа да не се случи. Денеска премиерот Ковачевски ќе има телефонски разговор со претседателот на украинската Влада Денис Шмигаљ. Меѓу другото и ова ќе биде една од темите. По овој контакт Владата ќе направи проценка и ќе имаме повеќе информации во врска со помошта што би ја понудила државата, рече Арсовски. Тој информира дека Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина. Како што рече Арсовски во моментов нашите набљудувачи се безбедни и ги извршуваат своите редовни обврски. -Сепак, во случај на дополнително влошување на ситуацијата се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност, рече Арсовски и додаде дека станува збор за 30-тина луѓе. Нагласи дека нашата амбасада во Киев има евидентирано бројка од 100-тина македонски граѓани кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина. -Од нив заклучно со вчера во земјава се вратиле тринаесетмина, прецизира Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dopolnitelno-kje-rasprava-i-kje-odluchi-za-eventualni-sankcii-kon-rusija/feed/ 0
ФОТО: Владата го претстави логото по повод 30-годишнината од независноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vladata-go-pretstavi-logoto-po-povod-30-godishninata-od-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vladata-go-pretstavi-logoto-po-povod-30-godishninata-od-nezavisnosta/#respond Wed, 14 Jul 2021 11:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=536666

Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност на дизајнот на логото што ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата. Логото по повод 30-годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност. – Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Одбележувањето на 30-годишнината од независнсота, посочи Арсовски, ќе биде со проекти кои ќе може да се проследат до месец септември, а кои се поддржани во рамки на петтиот пакет мерки, наменет за индустријата за организирање настани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vladata-go-pretstavi-logoto-po-povod-30-godishninata-od-nezavisnosta/feed/ 0
Владата именуваше нов портпарол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-imenuvashe-nov-portparol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-imenuvashe-nov-portparol/#respond Tue, 13 Oct 2020 11:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=415684

На денешната седница Владата го именуваше Душко Арсовски за портпарол на Владата на Република Македонија. Покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа. Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма. Претходно работел како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на „Би-Би-Си“ на македонски во Скопје. Две години бил уредник и водител на вестите на „ТВ Алфа“ како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата. Кариерата ја започнал во „Македонското радио“, во програмата за деца, во 1998 година. Подоцна преминал во скопската телевизија „Скај Нет“ и во „Македонската телевизија“ каде работел како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот. Дипломирал интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001. Во 2017 година станува магистер на „Меѓународни односи - разрешување конфликти“ на Филозофскиот факултет при УКИМ во рамките на ТЕМПУС програмата. Во академската 2003/2004 бил на стручно доусовршување, во областа на новинарството на Државниот универзитет на Ново Мексико, САД, со стипендија од Стејт Департментот. Добитник е на наградата на Делегацијата на Европската Унија во Македонија - „Прашање на годината“ во 2005 година, за известувањето од ЕУ самитот во Брисел на кој Република Македонија доби статус земја - кандидат за членство во Унијата. Во 2006 година добил сертификат од Делегацијата на ЕУ во Македонија за „Специјални достигнувања во известување за прашања поврзани со ЕУ“. Од 2006 до 2010 година бил член на Извршниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија. Душко Арсовски е роден во 1977 година во Куманово. Активно зборува англиски, бугарски и српски јазик и со основно познавање на грчки и на шпански јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-imenuvashe-nov-portparol/feed/ 0