душко илиевски млекарот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Mar 2020 19:20:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png душко илиевски млекарот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алфа ексклузивно: Душко млекарот обвинува дека СДСМ врши притисок врз судството да го стават во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-dushko-mlekarot-obvinuva-deka-sdsm-vrshi-pritisok-vrz-sudstvoto-da-go-stavat-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-dushko-mlekarot-obvinuva-deka-sdsm-vrshi-pritisok-vrz-sudstvoto-da-go-stavat-vo-zatvor/#respond Tue, 03 Mar 2020 19:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=311682

На Душко Илиевски-Млекарот, човекот кој години наназад преку социјалните мрежи објавува материјали за нелегалното работење на актуелната власт, и се наоѓа во политички азил во Германија, му се заканува екстрадиција во земјава со цел да одлежи казна затвор. -Претходните само ме гонеа, овие ме осудија вели Душко за Алфа. Битолскиот бунтовник, познат уште од протестите во „Свед милк“, во време на „шарената револуција“, по две пресуди за учество во толпа и напад на службени лица, како што беше обвинет, од Кривичниот суд во Скопје заработи затворска казна од една и пол година, а во Основниот суд во Битола, од една година. Заради тоа што не е во земјава за него сега се распишани централна и меѓународна потерница и се бара негова екстрадиција од Германија. Таму живее со сопругата и децата, информира телевизијата. -Во Скопје, тие што бевме снимени заедно со Кире Неделковски каде што ги туркаме железата, а и во “Свед милк“ ги туркавме железата, ама не бевме осудени. За железа туркање во Скопје бевме осуедени една и пол година, а од таа толпа само ние двајцата. Кире Неделковски го ослободија, а Душко Илиевски осуден, без ниту еден доказ, без ништо. Освен сведочење на полицијата, други докази нема, рече битолскиот млекар. Според него, ова е резултат на притисокот врз правосудните органи од страна на експоненти на власта, кои се мета на негови критики. -Александар Кирацовски прави притисок врз судството за да бидам екстрадиран. Но, јас во Република Германија сум заштитен со политички азил. И во Судот, преку моите адвокати, беа дадени податоци каде живеам и дека сум во азил во Германија, рече Илиевски. Целата вест прочитајте ја на АЛФА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-dushko-mlekarot-obvinuva-deka-sdsm-vrshi-pritisok-vrz-sudstvoto-da-go-stavat-vo-zatvor/feed/ 0
Сопартиецот Душко Илиевски-Млекарот го прозива Кирацовски за криење на незаконски стекнатиот имот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopartiecot-dushko-ilievski-mlekarot-go-proziva-kiracovski-za-krienje-na-nezakonski-steknatiot-imot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopartiecot-dushko-ilievski-mlekarot-go-proziva-kiracovski-za-krienje-na-nezakonski-steknatiot-imot/#respond Mon, 26 Feb 2018 15:59:01 +0000 http://kurir.mk/?p=25090

Познатиот активист на СДСМ, Душко Илиевски - Млекарот го прозва генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски, за криење на незаконски стекнат имот. Според Илиевски, Кирацовски во својот анкетен лист не ја пријавил својата хациенда во центарот на Битола, која ја изнајмува за хотел. Според Илиевски, Кирацовски има и друг имот кој е заведен на име на неговата мајка, кој тој го нема пријавено. Илиевски го извадил Анкетниот лист на Кирацовски, објавен на страната на Антикорупциска, на истиот тој ја нема пријавено хациендата во центарот на Битола, која како што пишува Илиевски, ја изнајмува за хотел. Илиевски исто така објавува дека Кирацовски сокрил и куќа која е заведена на неговата мајка, Еленица Кирацовска, имот кој ниту Кирацовска, ниту Кирацовски го имаат пријавено. Илиевски прашува дали за ова непријавување на имот и богатство ЈО ќе покрене истраг по допрен глас. -  Генералниот секретар Кирацовски од секаде сака да зема пари, неможе да ги задоволи своите апетити, пишува Илиевски на неговиот фејсбук профил. Имено Илиевски обелоденува дека Кирацовски е избран и за член на Управниот одбор на пливачката федерација на Република Македонија. Јавноста се прашува уште колку имот функционерите на СДСМ не пријавиле. Граѓаните чекаат како што пишува и Илиевски од Антикорупциска и од ЈО, да реагираат и да го санкционираат и преземат истрага против Кирацовски. Јавноста очекува од Кирацовски одговори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopartiecot-dushko-ilievski-mlekarot-go-proziva-kiracovski-za-krienje-na-nezakonski-steknatiot-imot/feed/ 0
Душко млекарот жестоко до Заев: Премиере не се сликајте само со тутунарите, одете и прашајте ги другите земјоделци дали земале субвенции за 2017 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushko-mlekarot-zestoko-do-zaev-premiere-ne-se-slikajte-samo-so-tutunarite-odete-i-prashajte-gi-drugite-zemjodelci-dali-zemale-subvencii-za-2017-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushko-mlekarot-zestoko-do-zaev-premiere-ne-se-slikajte-samo-so-tutunarite-odete-i-prashajte-gi-drugite-zemjodelci-dali-zemale-subvencii-za-2017-godina/#respond Fri, 29 Dec 2017 12:40:58 +0000 http://kurir.mk/?p=3992

Тој во својот ФБ пост објавен неодамна жестоко го запраша Заев зошто само се слика со тутунарите, а ги заборава сите останати земјоделци? И зошто се уште не се исплатени субвенциите за тековната година која веќе е на крај. -Цуцуловски ја објави цената на тутунот и таа изнесува 209,5 денари и ќе има зголемување и на субвенциите бидејќи најголемото гласачко тело се тутунарите, а истото ова го направи и Груевски во 2006 година кога вети за тутунарите 1 евро субвенции за еден килограм. Овие исти постапки ги прави сега и премиерот Зоран Заев по постапките на Груевски оди и се слика по пунктовите. Дали во Македонија има само тутунари? Каде се лозарите, каде се јаболкарите од Ресен, од Росоман со праските и кајсиите, каде се земјоделците, сточарите, каде е Заев да каже колку пченица се има продадено до сега, каде е да каже нешто за јачменот? Почитуван премиере одете сликајте се и со овие земјоделци, дајте им повисока цени и повисоки субвенции не само да се сликате во тутунскиот комбинат, одете сликајте се со другите земјоделци, одете да се сликате во Пелагонија да видите уште колку сточен фонд има и прашајте ги сточарите дали имаат земено субвенции за 2017 година и зошто не се исплатени истите? Инаку Душко млекарот во друг ФБ пост јавно го критикува и Цуцулоски кој е подрачен министер за земјоделие во Битола кој е поставен на таа функција без работно искуство и ниеден ден работен стаж, ниту познавање ни од земјоделие ниту пак од сточарство. Тој јавно го праша и кога ќе се исплатат субвенциите што не се исплатени за 2017 година за сточниот фонд и за млекото, бидејќи веќе доаѓа 2018 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushko-mlekarot-zestoko-do-zaev-premiere-ne-se-slikajte-samo-so-tutunarite-odete-i-prashajte-gi-drugite-zemjodelci-dali-zemale-subvencii-za-2017-godina/feed/ 0