душко родев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Jul 2022 12:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png душко родев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина писателот Душко Родев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelot-dushko-rodev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelot-dushko-rodev/#respond Sun, 03 Jul 2022 12:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=699185

На 30 јуни 2022 г., во Скопје, по кусо боледување, во 91-та година од животот, почина писателот Душко Родев – романсиер, раскажувач, драмски писател и сценарист. Душко Родев е роден на 17 април 1932, Скопје. По образование беше филолог – романист, работел како новинар, слободен репортер, дописник, но и како уредник во издаваштво. Тој беше раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија и апсурди. Наградуван беше на анонимни конкурси за расказ и со наградата на дневниот весник Утрински весник „Роман на годината“. Родев е автор кој беше премолчуван, дури и забрануван во времето на социјализмот. Последниве десетина години вниманието кај читателите го привлече со двата последни романа – „Човекот што ги сакаше калинките (награда „Роман на годината)“, кој имаше три изданија, и „Во очекување на Нобеловата награда“ кои беа преведени на неколку јазици (српски, бугарски, руски, украински...) Овој автор претставува неодминлива фигура на македонската литература на XX и XXI век – автор чие творештво во овој миг веќе е сериозен предизвик за нови читања и вреднувања и допрва да се одреди неговото вистинско место во македонската литература. Родев е автор на книгите: „Беспатици“ (роман, 1963), „Враќање кон црвената земја“ (роман, 1969), „Еребици во каменестиот пејзаж“ (роман, 1974), „Зелена боја по дождот“ (раскази, 1977), „На снегот, со Олја“ (раскази, 1981), „Разговори со Дојрански“ (роман, 1983 – на српски, 1985 – на македонски јазик), „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“ (роман, 1988), „Здраво седма сило“ и „Првиот ешалон“ (драми, 1991), „Косови, зиме“ (раскази, 1998), „Цветот на дивата роза“ (роман, 2005) и „Човекот што ги сакаше калинките“ (роман, 2010) и „Во очекување на Нобеловата награда“ (роман, 2014). По негово сценарио е снимен ТВ-филмот „Дивеч за отстрел“ (1992). Уште за време на студирањето работел како новинар на „Нова Македонија“, од каде преминал во Македонската радио-телевизија, каде што бил уредник во Драмската редакција. Од таму замина во пензија. Душко Родев беше погребан вчера, во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelot-dushko-rodev/feed/ 0