двајца загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Sep 2021 11:56:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png двајца загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Двајца мртви во напад со самострел во Холандија, полицијата пукала врз полуголиот напаѓач https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dvajca-mrtvi-vo-napad-so-samostrel-vo-holandija-policijata-pukala-vrz-polugoliot-napagjach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dvajca-mrtvi-vo-napad-so-samostrel-vo-holandija-policijata-pukala-vrz-polugoliot-napagjach/#respond Fri, 17 Sep 2021 11:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=564818

Во холанскиот град Алмело денеска е изведен вооружен напад, во кој две лица загинаа, а едно е повредено. Осомничениот е уапсен, откако претходно бил ранет, јавија локалните медиуми. РТВ Оост објави снимка на која се гледа полугол маж со самострел на балконот, додека во заднина се слуша истрел од огнено оружје. Мажот наводно од балконот со самострелот пукал во минувачи. Полицијата испукала неколку куршуми обидувајќи се да го уапси осомничениот. Очевидци велат дека слушнале повеќе истрели. Полицијата на Твитер прво објави дека ситуацијата е под контрола, но потоа објави дека се работи за ситуација означена со кратенката ГРИП 3, што значи дека тековната ситуација е опасна за граѓаните. На социјалните мрежи кружат снимки на кои се гледа акцијата на полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dvajca-mrtvi-vo-napad-so-samostrel-vo-holandija-policijata-pukala-vrz-polugoliot-napagjach/feed/ 0
Двајца загинати во протестите во Чикаго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-vo-protestite-vo-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-vo-protestite-vo-chikago/#respond Tue, 02 Jun 2020 08:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=352714

Две лица загинаа за време на немирите во Цицеро, предградие на Чикаго, кои во САД траат веќе седми ден поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење, јави Би-Би-Си. Претставник на градските власти изјави дека 60 лица се уапсени, но не даде дополнителни информации за загинатите или за околностите на нивната смрт. За смртта на Флојд, полицискиот службеник Дерек Шовин е обвинет за убиство од трет степен, а тројца други полицајци се отпуштени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-zaginati-vo-protestite-vo-chikago/feed/ 0
Две лица загинаа во ураганот Мајкл, околу 320.000 не успеале да се евакуираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-zaginaa-vo-uraganot-majkl-okolu-320-000-ne-uspeale-da-se-evakuiraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-zaginaa-vo-uraganot-majkl-okolu-320-000-ne-uspeale-da-se-evakuiraat/#respond Thu, 11 Oct 2018 07:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=113597

Околу 320.000 луѓе не се евакуирале на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида пред ударот на ураганот Мајкл, соопшти синоќа официјален претставник на американскиот Црвен крст. Иако државните и локалните претставници издадоа наредба за евакуација за околу 325.000 лица, Управата за вонредни ситуации соопшти дека не е познато колку луѓе ја напуштиле областа, но наведува дека околу 6.000 жители се сместени во 80 засолништа во пет сојузни држави. Потпретседателот на операциите и логистика на американскиот Црвен крст, Бред Кисерман изјави дека бурата „зајакнала со екстремна брзина и немало доволно време за да се направи нешто“. Најмалку две лица загинаа кога ураганот Мајкл ја погоди Флорида достигнувајќи јачина од четврта категорија, а речиси половина милион луѓе останаа без електрична енергија на Флорида, во Алабама и Џорџија. Ураганот вчера ја погоди областа во близина на Мексико Бич, на околу 32 километри југоисточно од Панама Сити во регионот Пенхендл на Флорида, носејќи со себе ветрови со брзина од 249 километри на час. Американскиот Национален центар за урагани соопшти денеска дека Мајкл ослабнал во тропска бура над централниот дел на Џорџија, но и понатаму дуваат силни ветрови во внатрешноста на земјата. Националната метеоролошка служба претходно предупреди дека се можни торнада ширум северозападниот дел на Флорида, во југоистчна Џорџија и Јужна Каролина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-zaginaa-vo-uraganot-majkl-okolu-320-000-ne-uspeale-da-se-evakuiraat/feed/ 0
Двајца загинати при пад на спортски авион во околината на Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaginati-pri-pad-na-sportski-avion-vo-okolinata-na-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaginati-pri-pad-na-sportski-avion-vo-okolinata-na-belgrad/#respond Wed, 16 May 2018 18:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=54979

Две лица загинаа вечерва кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во Земун Поље во околината на Белград. Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ загинале маж и жена. Мацура во изјава за Танјуг нагласи дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19:18 часот. Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaginati-pri-pad-na-sportski-avion-vo-okolinata-na-belgrad/feed/ 0