две недели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Jan 2021 14:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png две недели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасени седум од 22 кинески рудари кои се затрупани две недели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-sedum-od-22-kineski-rudari-koi-se-zatrupani-dve-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-sedum-od-22-kineski-rudari-koi-se-zatrupani-dve-nedeli/#respond Sun, 24 Jan 2021 14:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=459205

Спасувачки екипи извлекоа седум кинески рудари на безбедно, откако две недели беа затрупани во рудникот по експлозијата која ги спречи да излезат, објави државната телевизија ККТВ. Се претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудара, се уште се живи во затрупаниот рудник за злато. На телевизиската видео снимка се гледа како утрово спасувачките екипи го извлекле првиот рудар, кој бил во „исклучително слаба физичка состојба“ и веднаш е пренесен в болница. Спасувачките екипи се борат со тешки услови за да им помогнат на работниците блокирани под земјата по експлозијата во рудникот, која се случи на 10 јануари во провинцијата Шандонг. Првпат пред една недела беше воспоставен контакт со 11 рудари, кои се затрупани околу 580 метри под земјата. Еден од нив бил тешко повреден во експлозијата и подоцна починал. Спасувачите им доставуваат храна, лекови и други потребни материјали преку неколку дупки кои се направени во карпите. Спуштени се и детектори во други делови на рудникот, во надеж дека ќе бидат пронајдени останатите затрупани рудари. Спасувачките екипи соопштија во петокот дека можеби ќе бидат потребни најмалку уште две недели за да бидат извлечени рударите на безбедно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-sedum-od-22-kineski-rudari-koi-se-zatrupani-dve-nedeli/feed/ 0
Кина: За првпат после две недели регистриран првиот „домашен“ случај на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-za-prvpat-posle-dve-nedeli-registriran-prviot-domashen-sluchaj-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-za-prvpat-posle-dve-nedeli-registriran-prviot-domashen-sluchaj-na-koronavirus/#respond Sun, 07 Jun 2020 16:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=354847

Кина после две недели го пријави првиот случај на зараза кој не дошол од странство, а заразеното лице е од островот Хаинан. Националната здравствена комисија соопшти дека имало само пет увезени случаи во изминатите 24 часа. Во Кина се заразени вкупно 83.036 лица. Кинеските власти тврдат дека го запреле ширењето на вирусот Ковид-19 на нивна територија, но оти повремено ќе се појавуваат нови жаришта. Во земјата почна и олеснување на ограничувањата на летовите и забраната за влез во земјата од странство, така што е зголемено вниманието и врз оние кои потенцијално би можеле да го донесат вирусот од други земји. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Кина е 4.634.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-za-prvpat-posle-dve-nedeli-registriran-prviot-domashen-sluchaj-na-koronavirus/feed/ 0
За две недели во САД околу 10 милиони луѓе останале без работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-dve-nedeli-vo-sad-okolu-10-milioni-lugje-ostanale-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-dve-nedeli-vo-sad-okolu-10-milioni-lugje-ostanale-bez-rabota/#respond Fri, 03 Apr 2020 11:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=326714

Ситуацијата во САД, каде се очекува бројот на позитивни случаи да надмине 250.000, има дополнителни проблеми со тоа што за само две недели без работа останаа 10 милиони луѓе. Бројот на луѓето кои останаа без работа оваа недела надмина 6.6 милиони, што е двојно повеќе во однос на минатата недела кога работата ја загубија 3.3 милиони лица, според податоците на надлежните институции. Речиси 10 милиони Американци во овие две недели се пријавиле за помош за невработени што е најголем број во новата историја. Според Џош Липски од независниот истражувачки центар во Вашингтон, американската економија се движеше со најголема брзина, а одеднаш се намали и милиони работници останаа без работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-dve-nedeli-vo-sad-okolu-10-milioni-lugje-ostanale-bez-rabota/feed/ 0