движење беса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 11:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png движење беса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Движењето Беса не презема одговорност за знамето со „Голема Албанија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizheneto-besa-ne-prezema-odgovornost-za-znameto-so-golema-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizheneto-besa-ne-prezema-odgovornost-za-znameto-so-golema-albanija/#respond Tue, 15 Aug 2023 11:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=866942

Потпретседателот на Движење Беса, Блерим Сејдиу одржа прес-конференција со партиски став за реакциите на другите политичари по повод посетата на Албин Курти во Тетово, а одговори на новинарските прашања околу појавата на знамето со таканаречена Голема Албанија На новинарско прашање дали за Движење Беса е прифатливо веење на знаме со карта на т.н. Голема Албанија, Сејдиу рече дека не преземаат одговорност за публиката. Од друга страна фотографија со ова знаме се најде на Фејсбук-профилот на партискиот претседател и тетовски градоначалник Биљал Касами. - Косовскиот премиер во Тетово беше пречекан со сите државни знамиња и законските постапки, има и слики и видео и можат сите да ги видат тие слики. Тоа што се случува во публиката тоа не преземеме ние одговорности. Сите реакции на државното раководство беа за публиката, а не за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Пречекан беше според сите законски постапки, рече Сејдиу. Тој прецизираше дека Општина Тетово го поканила како премиер и поради присуство на таков висок државен функционер биле поставени знамиња пред зградата. За тоа зошто не се сретнал со претставниците на највисокото државно раководство Сејдиу рече дека Курти одлучил така. - Посетата на Албин Курти беше како премиер и беше пречекан според законските постапки. Премиерот кажа дека како премиер ги поздравува граѓаните во Тетово. Беше во Тетово официјално пречекан според законските постапки. За тоа одлучува премиерот, со кого ќе се сретнат, не сме одговорни со кого и кога еден премиер ќе се сретне со некој друг во Македонија, рече Сејдиу. За тоа зошто не се интонирала државната химна на Северна Македонија Сејдиу рече дека пречекот бил пред општината Тетово, а за понатаму не може да зборува. Официјална во општина Тетово и пречекот беше многу видлив. Беше со сите државни знамиња. Јас зборувам за пречек во Тетово официјален дел, за понатаму не би зборувал тоа ќе значи нешто друго. Ние можеме да одговориме за пречекот во Тетово и може да кажеме дека беше пречекан според сите законски постапки. Не верувам дека еден премиер може да посети некого кој го нема во агенда, истакна Сејдиу. По појавата на знамето на Голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите, но денес три дена по настанот нема нова информација. - СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово. Според него, пак, „македонските државни раководители со реакциите за посетата на косовскиот премиер откриле национализам кој се криел со демократски јазик“. - Која е вистинската причина што им пречи (на Ковачевски, Мицковски, Пендаровски и ДУИ) посетата на премиерот на Република Косово во Северна Македонија? Единствената причина за хистеричната реакција на институциите на нашата држава, со доза на етнонационализам, особено кон посетата на еден премиер на соседна држава, е неприфатлива и против соработка за добрососедство. Повторуваме дека единствениот начин за Република Северна Македонија и Република Косово е влез во Европската Унија и фокусирање на меѓудржавна соработка! Всушност, стравот се чини дека е на друго место! Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албинизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград, истакна Блерим Сејдиу. Според Сејдиу, „идејата на Албин Курти за засилена меѓусоседска соработка меѓу Бугарија-Македонија, Албанија и Косово има единствена цел за неутрализацијата на многу големото српско (руско) влијание, кое во последните 20 години растело на Балканот, особено во Република Северна Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizheneto-besa-ne-prezema-odgovornost-za-znameto-so-golema-albanija/feed/ 0
БЕСА до Ковачевски: Прифати го предизвикот за избори и да видиме кој ќе има мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-do-kovachevski-prifati-go-predizvikot-za-izbori-i-da-vidime-koj-kje-ima-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-do-kovachevski-prifati-go-predizvikot-za-izbori-i-da-vidime-koj-kje-ima-mnozinstvo/#respond Wed, 16 Feb 2022 15:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=632244

Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски за улогата на Движењето БЕСА во Собранието се несериозни изјави и го покажуваат пристапот на актуелната власт дека сакаат се да помине низ силата на бројките, купените пратеници или искривена волјата на граѓаните, реагирааат од БЕСА на изјавата на Ковачевски. Движењето БЕСА е конструктивна опозиција која целосно го соголи хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, па како ќе се однесуваат пратениците од Движењето БЕСА во Собранието не е работа на премиерот Ковачевски. Односот на силите, особено преку комисиите во Собранието е поставен во 2020 година и каква било промена треба да се направи дури откако ќе се одржат парламентарни избори и ќе дојде нов пратенички состав во Собранието. Доколку господинот Ковачевски се увери дека има мнозинство, го повикуваме да го прифати предизвикот на опозицијата и да оди на предвремени парламентарни избори, дотогаш може да „ужива“ во задачата што ја презеде како премиер со мнозинство купено и уценувано. што не ја одразува политичката реалност на народната вољја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besa-do-kovachevski-prifati-go-predizvikot-za-izbori-i-da-vidime-koj-kje-ima-mnozinstvo/feed/ 0
Движењето Беса ја напушта владата на Заев?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-besa-ja-napushta-vladata-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-besa-ja-napushta-vladata-na-zaev/#respond Fri, 26 Feb 2021 08:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=474117

Владата на Заев секојдневно се соочува со проблемот околу бројките, веќе неколку дена имало обиди за составување на парламентарно мнозинство, но без успех. Откако беа објавени проектите од културата, „главоболките“ за премиерот Зоран Заев се чини како да се зголемија. Како што пишува албанската новинска агенција „ИНА“, Движењето Беса можно е да ја напушти владата поради одобрените проекти од страна на Министерството за култура, каде што Албанците се дискриминирани. Четворицата пратеници од ова партија се клучот за владината коалиција, но деновите што следат ќе бидат одлучувачки. Последната одлука на Министерството за култура беше врв на незадоволството кај оваа партија од власта. Министерството за култура ги дискриминираше албанските проекти. Само 16% од буџетот се оделени за албанските проекти. Односно, само 84 милиони и 300 илјади денари, од вкупно 508 милиони денари колку што е и вкупниот буџет. Заменик министерот за култура, Седат Сулејмани во изјава за ТВ21 отворено истакна дека резултатите кој што беа објавени од страна на министерката за култура Ирена Стефоска се дескриминирачки. -Одлуката на министерството е дискриминирачка и надвор од секоја логика. Јас неколку пати се обидов да бидам дел од процесот од годишната програма, но министерката го злоупотреби тоа што законот и го дозволува, повикуваќи се на истиот и тоа дека таа одлучува за се, потенцираше заменик министерот Сулејмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-besa-ja-napushta-vladata-na-zaev/feed/ 0
Движењето БЕСА бара од Заев да го разреши Каевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-besa-bara-od-zaev-da-go-razreshi-kaevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-besa-bara-od-zaev-da-go-razreshi-kaevski/#respond Mon, 02 Apr 2018 13:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=35299

Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, смета дека скандалот на објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување. -Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и владата го подржува таквото издание. Ако авторот на поезијата се откажува од авторството, ако директорот на Агенцијата за млади и спорт крева рамена дека не знае што случува, оваа е шанса Премиерот да докаже дека тој се грижи за мултиетничкото општество. Инаку, ќе треба да констатираме дека сите тие подржуваат такви т.н. поезии. БЕСА бара од премиерот Зоран Заев да го разреши од функцијата директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и со што би докажал дека мотото „едно општество“ не бил само блеф за политички поени. Според БЕСА, разрешувашето на Каевски ќе служи како лекција и за сите други. Оттаму велат дека доколку Каевски не поднесе оставка, барем од морални причини, тогаш тој треба да биде разрешен од политички причини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvizenjeto-besa-bara-od-zaev-da-go-razreshi-kaevski/feed/ 0
„Порталб“: Хакирана Фејсбук страницата на Движењето Беса и Билал Касами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/portalb-hakirana-fejsbuk-stranicata-na-dvizenjeto-besa-i-bilal-kasami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/portalb-hakirana-fejsbuk-stranicata-na-dvizenjeto-besa-i-bilal-kasami/#respond Sat, 06 Jan 2018 11:34:32 +0000 http://kurir.mk/?p=7307

Движењето Беса, преку соопштение за медиумите, информираше дека од вчера вечерта, официјалната страна на Движењето БЕСА и неговиот претседател Билал Касами се хакирани, објави Порталб.мк. -Ја известуваме јавноста дека официјалниот сајт на Движењето Беса и страницата на претседателот Билал Касами се нападнати од хакери. Ве молиме, од овој момент, секоја публикација на овие две страници да ја игнорирате и да не ја земате во предвид. Од овој момент сите публикации кои можат да се појават на двете горенаведени страници на Фејсбук не го претставуваат ставот на Движење Беса или на претседателот Билал Касами. Ве молиме да имате разбирање до надминување на оваа ситуација. Јавноста ќе биде навреме информирана, откако по правен законски пат ќе ги повратиме официјалните сајтови и одговорните за овој сајбер напад да излезат пред лицето на правдата, велат од Движењето Беса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/portalb-hakirana-fejsbuk-stranicata-na-dvizenjeto-besa-i-bilal-kasami/feed/ 0