движење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 12:47:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png движење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦУК: Поради боево гаѓање, в петок и недела забрането движење кај Виречка полјана, делчевско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-poradi-boevo-gagane-v-petok-i-nedela-zabraneto-dvizhene-kaj-virechka-poljana-delchevsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-poradi-boevo-gagane-v-petok-i-nedela-zabraneto-dvizhene-kaj-virechka-poljana-delchevsko/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890816

Регионалниот центар за управување со кризи Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на ден 20.10.2023 година (петок) во периодот од 08.00 часот до завршување на гаѓањето од страна на РЦ – ИСТОК и ПС за граничен надзор – Делчево, ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје. Боевото гаѓање како што се вели во соопштението ќе се изврши на временото стрелиште на место наречено Виречка полјана-атар на селото Вирче, поради што посочија дека на споменатата локација времено ќе биде забрането движењето на луѓе како и испаша на домашни животни. -Исто така го известуваме населението дека на ден 22.10.2023 година (недела) ПС од општа надлежност – Делчево, ќе спроведе боево гаѓање со огнено оружје. Во периодот од 09.00 часот до 14.00 часот. Поради тоа се забранува секакво движење на луѓе и вршење на каква било работа и испаша на домашни животни, се вели во информацијата од Регионалната канцеларија на ЦУК Делчево. Целта како што додаваат оттаму е да се спречат евентуални несакани последици по населението кое живее во поширокиот реон на стрелиштето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-poradi-boevo-gagane-v-petok-i-nedela-zabraneto-dvizhene-kaj-virechka-poljana-delchevsko/feed/ 0
Фон дер Лејен ги повика САД да ја укинат забраната за влез на граѓани на ЕУ во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lejen-gi-povika-sad-da-ja-ukinat-zabranata-za-vlez-na-gragjani-na-eu-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lejen-gi-povika-sad-da-ja-ukinat-zabranata-za-vlez-na-gragjani-na-eu-vo-zemjata/#respond Wed, 04 Aug 2021 08:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=546005

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен ги повика Соединетите Американски Држави брзо да ја укинат забраната за доаѓање од Европа поради коронавирусот. –Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки, рече фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД. Таа додаде дека епидемиолошката слика во Европската унија и САД сега е многу слична. –Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложува со недели, истакна шефицата на Комисијата. ЕУ ги стави САД на листата на трети земји за кои ограничувањата не важат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за патување за сите луѓе што патуваат од Европската унија, со исклучок на американските граѓани или други групи како што се блиски роднини на американски државјани, дипломати и вработени.во меѓународни организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lejen-gi-povika-sad-da-ja-ukinat-zabranata-za-vlez-na-gragjani-na-eu-vo-zemjata/feed/ 0
Косово ги олесни мерките за движење на граѓаните и работа на угостителските објекти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-olesni-merkite-za-dvizenje-na-gragjanite-i-rabota-na-ugostitelskite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-olesni-merkite-za-dvizenje-na-gragjanite-i-rabota-na-ugostitelskite-objekti/#respond Fri, 15 Jan 2021 14:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=455813

Владата на Косово донесе одлука за олеснување на мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19 во однос на рестрикциите на движењето на граѓаните и работното време на угостителските објекти и другите економски оператори, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката објавена денеска на веб страницата на Владата, на предлог на Министерството за здравство, општините и натаму ќе бидат поделени во три категории, според степенот на ризик од ширење на заразата. Во општините со мал ризик, односно со помалку од 75 заболени неделно на 100 илјади жители, како и во оние со среден риик (76 до 150 заболени на 100 илјади жители), угостителските објекти ќе работат до 22 часот, а потоа ќе можат да ја вршат услугата „тејк авеј“. Во овие општини нема ограничувања на движењето на граѓаните. Во главниот град Приштина и во другите оштините со висок ризик, односно со над 150 заболени на 100 илјади жители, времето на слободно движење на граѓаните се продолжува за еден и пол час, односно одсега забраната за движење ќе трае од 21.30 до 5 часот наутро. Угостителските објекти во овие општини наместо до 20 ќе можат да работат до 21 часот, по што ќе можат да вршат достава на нарачки. На лицата над 65-годишна возраст им е дозволено да излегуваат од 6 до 10 и од 16 до 19 часот. Обврската за приложување РТ-ПЦР тест при влез во Косово останува како и досега, односно важи за граѓаните кои доаѓаат од земјите со висок ризик, а не и за оние од Северна Македонија и другите соседни држави. Меѓу одлуките донесени на синоќешната онлајн седница на Владата е и забраната на собири на повеќе од 50 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-olesni-merkite-za-dvizenje-na-gragjanite-i-rabota-na-ugostitelskite-objekti/feed/ 0
СЗО: Возрасните и децата треба повеќе да се движат за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vozrasnite-i-decata-treba-povekje-da-se-dvizat-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vozrasnite-i-decata-treba-povekje-da-se-dvizat-za-vreme-na-pandemijata/#respond Thu, 26 Nov 2020 07:12:40 +0000 https://kurir.mk/?p=434544

екој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, соопшти СЗО. Сите возрасни лица треба да прават најмалку 150 минути напорна физичка активност неделно, што е уште поважно за благосостојбата и менталното здравје во време на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во своите први упатства за оваа деценија. Препорачливо е децата и адолесцентите секој ден да имаат просечно еден час физичка активност и да го ограничат своето време пред електронските екрани. – Луѓето од сите возрасти треба да го компензираат растечкото седечко однесување со физичка активност за да го намалат ризикот од болести и да додадат години во нивниот живот, истакна СЗО започнувајќи ја својата кампања „Секе движење се брои“. – Зголемувањето на физичката активност не само што помага во спречување и управување со срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, туку исто така ги намалува симптомите на депресија и анксиозност, го намалува падот на когнитивните способности, вклучително и Алцхајмеровата болест и ја подобрува меморијата, рече Рудигер Креч, директор на СЗО за унапредување на здравјето. Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, што може да вклучува пешачење, возење велосипед, градинарство и чистење, предупредува СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vozrasnite-i-decata-treba-povekje-da-se-dvizat-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
31 лице не ја почитувале забраната за движење, приведени 19 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/31-lice-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-dvizenje-privedeni-19-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/31-lice-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-dvizenje-privedeni-19-lica/#respond Wed, 13 May 2020 07:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=345199

Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека: ✔️По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 31 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. ✔️ На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката. Во државен карантин се спроведени 36 лица, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/31-lice-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-dvizenje-privedeni-19-lica/feed/ 0
МВР: 121 лице не ја почитувале забраната за движење, приведени 92 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-121-lice-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-dvizenje-privedeni-92-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-121-lice-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-dvizenje-privedeni-92-lica/#respond Mon, 20 Apr 2020 08:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=334514

Во текот на изминатиот ден (19.04.2020) на територијата на Република Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-121-lice-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-dvizenje-privedeni-92-lica/feed/ 0
Протест во повеќе бразилски градови против мерките за ограничување на движење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-vo-povekje-brazilski-gradovi-protiv-merkite-za-ogranichuvanje-na-dvizenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-vo-povekje-brazilski-gradovi-protiv-merkite-za-ogranichuvanje-na-dvizenje/#respond Sun, 19 Apr 2020 10:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=334293

Во поголемите градови во Бразил, стотици луѓе го блокираа сообраќајот во знак на протест поради мерките за изолација воведени за борба против пандемијата на коронавирусот, на кои, исто така, се спротивставува и претседателот на државата Жаир Болсонаро. Демонстрантите во камиони, автомобили и моторцикли свиреа вчера со ссвирките по улиците Рио де Жeнеиро, Сао Паоло и Бразилија, барајќи гувернерите да поднесат оставка поради мерките што доведоа до повеќенеделно затворање на многу бизниси. Претседателот Болсонаро е остар критичар на мерките за останување во домовите, оценувајќи дека економската штета може да биде полоша од самата болест. Протестите се случија еден ден откако Болсонаро го разреши министерот за здравство, кој се залагаше за доследно спроведување на мерките за изолација. Во Рио де Жанеиро околу 100 автомобили беа вклучени во блокада на патиштата и привремено ја затворија плажата Копакабана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-vo-povekje-brazilski-gradovi-protiv-merkite-za-ogranichuvanje-na-dvizenje/feed/ 0
Поради прекршување на забраната за движење изречени казни од над 6 милиони евра во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-prekrshuvanje-na-zabranata-za-dvizenje-izrecheni-kazni-od-nad-6-milioni-evra-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-prekrshuvanje-na-zabranata-za-dvizenje-izrecheni-kazni-od-nad-6-milioni-evra-vo-grcija/#respond Wed, 15 Apr 2020 13:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=332682

Од казните за несовесните граѓани за прекршување на мерките за забрана на движењето, грчката полиција, заклучно со вчера изрекла казни во висина од над шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно податоците од полицијата, од почетокот на забраната, заклучно со вчера, за непотребно и неоправдано излегување и движење биле казнети 40.034 лица, а со оглед на тоа дека казната е 150 евра, изречени се казни во висина од 6.005.100 евра. Паралелно, минатата седмица беше воведена двојно повисока казна од 300 евра за движење надвор од периферијата на постојано живеење, а досега казнети биле 381 лице, односно казни во висина од 114.300 евра Средствата од казните ќе бидат наменети за зајакнување на националниот здравствен систем. Најголемиот дел од прекршувањата на рестриктивните мерки се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Од 23 март 2020 година, во Грција е забрането движењето на граѓаните, со исклучок на оние кои одат на работа, а дозволени и оправдани се само шест причини за излегување од дома: посета на супермаркет; посета на аптека или лекар; посета на банка; посета на лица на кои им е потребна грижа; погреб, свадба или крштенка и физичка активност или прошетка на домашно милениче. Движењето поради конкретните причини треба да биде проследено со соодветна потврда која може да биде преку пополнет формулар, рачно напишана или со смс порака. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-prekrshuvanje-na-zabranata-za-dvizenje-izrecheni-kazni-od-nad-6-milioni-evra-vo-grcija/feed/ 0
СПЦ бара власта да ја прекине забраната за движење за Велигден https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-bara-vlasta-da-ja-prekine-zabranata-za-dvizenje-za-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-bara-vlasta-da-ja-prekine-zabranata-za-dvizenje-za-veligden/#respond Mon, 13 Apr 2020 15:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=331546

Архиерејскиот синод на Српската православна црква (СПЦ) побара од државниот врв да одобри привремена суспензија на забраната за движење за Велигден, за православните христијани кои не се во самоизолација да можат да учествуваат на литургијата на својот најголем празник, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението по седницата, Синодот предложи забраната да се укине од пет до десет часот во недела, на 19 април. Синодот исто така изрази братска љубов и солидарност со митрополитот Амфилохије, како и огорченсот поради постапките на црногорските власти кон него. Амфилохије и неговите соработници во недела беа приведени на информативен разговор во Центарот за безбедност во Подгорица под обвинение дека служејќи литургија во манастирот Златица и пред Соборниот храм ги прекршиле мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а откако бил известен обвинителот, тие биле ослободени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-bara-vlasta-da-ja-prekine-zabranata-za-dvizenje-za-veligden/feed/ 0
Забраната за движење во Грција продолжена до 27 април https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabranata-za-dvizenje-vo-grcija-prodolzena-do-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabranata-za-dvizenje-vo-grcija-prodolzena-do-27-april/#respond Sat, 04 Apr 2020 17:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=327391

Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година. Ова денеска го соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас истакнувајќи дека граѓаните уште три седмици ќе бидат посветени на целта „остануваме дома“, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите 24 часа во Грција од Ковид-19 починале девет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 68, додека пак регистрирани се 60 нови случаи на заразени, односно вкупно 1.673 од почетокот на епидемијата, согласно податоците соопштени попладнево на редовната секојдневна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, Од хоспитализираните лица, 92 се приклучени на апарати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabranata-za-dvizenje-vo-grcija-prodolzena-do-27-april/feed/ 0