двојазични униформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Mar 2022 12:18:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png двојазични униформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасовски: Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-amblemite-na-policijata-nema-da-bidat-dvojazichni-za-centralnite-sluzbi-i-edinici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-amblemite-na-policijata-nema-da-bidat-dvojazichni-za-centralnite-sluzbi-i-edinici/#respond Fri, 18 Mar 2022 12:18:04 +0000 https://kurir.mk/?p=649545

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели согласно Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава. -Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик. Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава нема никаква промена да има во делот на униформите, сходно на тоа и на единицата „Тигар“ и на „Единицата за брза распределба“, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање. Тој додаде дека се остава период од една година за имплементација заради тоа што има постапка за трошењето на буџетските пари. -Не може да се влезе во продавница и да купите нешто веднаш, туку треба да се спроведат постапки – тендери, јавни набавки, да се набави тоа што треба да се набави во делот на амблемите и затоа се остава таков период во којшто ќе може да имаме подготовка и активирање, рече министерот Спасовски. Тој рече дека донесената Уредба произлегува од Законот за употреба на јазиците. -Ние моравме тие чекори да ги запазиме и затоа се промени легислативата во овој дел. Имавме година дена период на усогласување за да се спроведат постапките. Значи, тоа е нормална работа која што се спроведува, не е ништо ново посебно во овој дел што би предизвикало какви било други проблеми, нагласи министерот за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-amblemite-na-policijata-nema-da-bidat-dvojazichni-za-centralnite-sluzbi-i-edinici/feed/ 0
Заев тврдеше дека нема да има двојазични униформи, Нухиу денеска ги потпиша актите за албански јазик на полициските симболи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-tvrdeshe-deka-nema-da-ima-dvojazichni-uniformi-nuhiu-deneska-gi-potpisha-aktite-za-albanski-jazik-na-policiskite-simboli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-tvrdeshe-deka-nema-da-ima-dvojazichni-uniformi-nuhiu-deneska-gi-potpisha-aktite-za-albanski-jazik-na-policiskite-simboli/#respond Mon, 10 Aug 2020 10:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=388767

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пролета во 2017 година одговарајќи на новинарски прашања рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на армијата е противуставно. Претходно тој тогаш истакна дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност. Инаку, денеска министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите. „Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук. Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на овој му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а оретходно министер беше Оливер Спасовски. Тој беше министер и по изборите во декември 2016 пред да се формира новата Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-tvrdeshe-deka-nema-da-ima-dvojazichni-uniformi-nuhiu-deneska-gi-potpisha-aktite-za-albanski-jazik-na-policiskite-simboli/feed/ 0