двојазичност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 14:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png двојазичност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „УШТЕ ЕДНА УСПЕШНО ЗАВРШЕНА МИСИЈА“ – Груби се пофали на Фејсбук, полицијата стана двојазична! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-zavrshena-misija-grubi-se-pofali-na-fejsbuk-politsijata-stana-dvojazichna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-zavrshena-misija-grubi-se-pofali-na-fejsbuk-politsijata-stana-dvojazichna-foto/#respond Mon, 27 Mar 2023 14:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=816966

Првиот вицепремиер Артан Груби на Фејсбук се пофали со новата „инвестиција“. Се лажете ако мислите дека донесе некоја фабрика, туку главниот во владата ги промовираше новите двојазични униформи и автомобили испишани на албански јазик. „Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме“, се пофали Груби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-zavrshena-misija-grubi-se-pofali-na-fejsbuk-politsijata-stana-dvojazichna-foto/feed/ 0
Заев: Јас сум првиот кој застана за двојазичноста, не Албанците! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-jas-sum-prviot-koj-zastana-za-dvojazichnosta-ne-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-jas-sum-prviot-koj-zastana-za-dvojazichnosta-ne-albancite/#respond Mon, 03 Feb 2020 21:10:11 +0000 https://kurir.mk/?p=298888

Поранешниот премиер Зоран Заев во своето гостување на Клан телевизија, вечерва се самопрогласи за авангарда и рече дека бил првиот кој застанал зад двојазичноста. -Јас сум тој којшто беше авангарда на законот за јазиците, како Македонец, Албанците стоеле секогаш позади него, се бореле, јас сум првиот што застана, рече Заев во врска со законот за јазиците и во врска со албанскиот јазик. Тој вели дека го ослободил албанскиот јазик и со тоа добиле Македонците и не треба да се имаат резерви. Истакна дека имале проблеми со ДУИ и со дел од партиите не можеле да се договорат во однос на прашањето за јазиците. -Во раководството на ДУИ има луѓе коишто не ме сакаат, вели Заев и додава дека може да бира со кого сака да биде во коалиција, затоа што со сите албански партии стои во комуникација. Тој вели дека сериозно размислуваат и дека можно е предизборна соработка или коалиција со некоја албанска партија на предвремените избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-jas-sum-prviot-koj-zastana-za-dvojazichnosta-ne-albancite/feed/ 0
Техничкиот Спасовски контра Венецијанска комисија: „Спроведувањето на Законот за јазиците е на добар пат“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tehnichkiot-spasovski-kontra-venecijanska-komisija-sproveduvanjeto-na-zakonot-na-jazicite-e-na-dobar-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tehnichkiot-spasovski-kontra-venecijanska-komisija-sproveduvanjeto-na-zakonot-na-jazicite-e-na-dobar-pat/#respond Tue, 14 Jan 2020 23:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=289753

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги „утеши“ граѓаните, особено Македонците. Воедно, чуварот на Заевиот трoн, како што го нарекуваат во јавноста, застана целосно контра Венецијанската комисија која даде лоши оценки за овој преседан во светското законодавство. „Спроведувањето на Законот на јазиците е на добар пат“, изјави Спасовски. Оливер Спасовски, една година откако стапи во сила Законот за спроведување на јазиците, популарно наречен Закон за двојазичност, кој владата на СДСМ предводена од неговиот претходник Заев го протна со европско знаменце, сега смета дека неговото спроведување било на добар пат. Усвојувањето на законот, Спасовски го сметал за храбар чекор кон решавање на проблемите од минатото. За потсетување, Венецијанската комисија, најеминентното европско тело на ова поле, даде катастрофална оценка за овој контроверзен закон. Прашањето кое се поставува, велат познавачите на состојбите, е дали со непочитувањето на мислењето на Европјаните, кон кои и чија „демократија“ СДСМ декларативно се стреми, партијата на Заев всушност, целосно се демистифицира и покажува колку е неевропска и е домашно-пазарно ориентирана, се’ со и само со цел да остане на власт. https://youtu.be/_396VnLkIO8]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tehnichkiot-spasovski-kontra-venecijanska-komisija-sproveduvanjeto-na-zakonot-na-jazicite-e-na-dobar-pat/feed/ 0
Не ги интересираат условите на гинекологија, туку двојазичноста: Директорот се пофали дека добил двојазични печати (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-interesiraat-uslovite-na-ginekologija-tuku-dvojazichnosta-direktorot-se-pofali-deka-dobil-dvojazichni-pechati-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-interesiraat-uslovite-na-ginekologija-tuku-dvojazichnosta-direktorot-se-pofali-deka-dobil-dvojazichni-pechati-foto/#respond Tue, 02 Apr 2019 13:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=181515

Економскиот директор на Универзитетската клиника за гинекологија, Валон Бела, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинекологија започна спроведување на двојазичноста. - Започна имплементацијата на двојазичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сега веќе става печати и на албански јазик. Честистки. Честитки. # Продолжуваме_Работиме, стои на Фејсбук статусот на Бела. Инаку минатата ноќ на владината зграда, беше поставена табела со новото име, Република Северна Македонија и на албански јазик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-interesiraat-uslovite-na-ginekologija-tuku-dvojazichnosta-direktorot-se-pofali-deka-dobil-dvojazichni-pechati-foto/feed/ 0
Распукува ли владината коалиција? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspukuva-li-vladinata-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspukuva-li-vladinata-koalicija/#respond Wed, 30 Jan 2019 16:14:34 +0000 https://kurir.mk/?p=158394

Бројни несогласувања, закани, одземање на ингеренции, препирки за примена на двојазичноста, закани за тужби... Ова се само дел од случаите кои се случуваат пред очите на јавноста и се докази дека владината коалиција распукува. Жестоки препирки се водат меѓу ДУИ и СДСМ, но и меѓу функционери на СДСМ еден против друг. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска од СДСМ, обелодени скандал за наводна злоупотреба на големи суми на пари во ПИОМ, каде директори со години беа лица од коалициониот партнер на нејзината партија-ДУИ. Колегите министри, не и одтанаа должни.

Груби: Одговорност за случајот со Пензискиот фонд најпрво треба да се бара од Царовка, таа две години е министерка

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Артан Груби ја посочи министерката Мила Царовска како најодговорна за последниот скандал за злоупотреба на 19 милиони евра од Фондот за пензиско осигурување на Македонија. Тој вели дека Царовска веќе две години раководи со Министерството за труд и социјална политика, и ако биле направени погрешни трансфери во Пензискиот фонд, тие се направени во нејзино време, и заради тоа одговорност прво треба да се бара од нејзе а потоа кај другите. -Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени и во нејзино време, бидејќи трансферите се прават од Министерството со кое раководи таа. Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа и кај другите. Во целиот овој период ние сме имале низа министри. Додека поделбата во првиот и вториот столб е направена од времето на Владата на СДСМ-ДУИ уште од 2003 година. Затоа, сакам да кажам, ако има било какви докази таа требала да се обрати во обвинителството и во надлежните органи, а не на прес-конференција, рече Груби.

Бујар Османи: Царовска лаже, нема злоупотреба на пари во случајот со пензиите, ќе поднесеме кривични пријави

Вицепремиерот Бујар Османи излезе со остра порака до министерката Царовска Ја обвини дека дава несреќни изјави, а се закани и со тужба. -Околу вчерашната фама и спектакуларни наслови, за злоупотреба на пензискиот фонд од 19 милиони евра, јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која отвори можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба. Кога вчера го верификувавме и со министерството и со фондот дека апсолутно не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на Фондот, туку дел поради административни пречки, дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на Влада да се намалат придонесите, дека тие не биле префрлени во вториот столб. Меѓутоа, не станува збор за апсолутно никаква злоупотреба на ниту еден денар од тие средства. Побарав и од министерката и од фондот денес да излезат и да објаснат пред граѓаните, да разјаснат дека тоа е “фејк-њуз“. Најавувам дека сите политичари и медиуми кои го инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат, ќе покренеме правна постапка со цел да ја докажеме вистината, истакна вчера Османи.

Заев контра Османи: Мојот пријател и потпретседател заборавил на заклучокот на Влада за законот за јазиците

Венецијанската комисија кога дава коментари дава и упатства и ќе ги даде своите коментари. И тука нема што да се плаши некој. На Комисијата и веруваат сите, рече премиерот Зоран Заев гостувајќи на телевизија АлсатМ. -Не очекувам некој кој знае какви коментари, слабости, забелешки од Венецијанската комисија, ние сме консултирале луѓе. Законот ќе може да се спроведе. И да не се паничи дваесет милиони, педесет милиони не знам што ќе се вработувало како немало да се вработува…Ние имаме луѓе што не ни се распоредени од Преведувачката агенција. Граѓаните треба да знаат дека Струмица, Гевгелија не живеат Албанци, односно не над 20 проценти, па ме прашуваат граѓаните дали треба да правиме двојазични документи, не треба, па полицаецот ќе зборувал албански….посочи Заев. Иако Заев зборуваше за дваесет проценти на почетокот во следно прашање вели: „Не сакам ниту една заедница да се одбележува со проценти. Во прв момент кога би се отворил Уставот ќе се заложам да не се зборува за било кого во проценти. Немаме право сега да го отвориме Уставот. Но, во првата прилика сум подготвен да разговараме и да ги тргнеме процентите“. Сепак Заев продолжува „Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена“. На прашање зошто тогаш ако тој вели дека и албанскиот е официјален имало соопштението од Влада во кое се вели единствен службен јазик е македонскиот, Заев со одговор „не сум го видел соопштението“. За тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ во контекст на законот за јазици, односно дека прво дека законот нема да оди во Веницијанска комисија, па оди цел, а владиниот потпретседател Бујар Османи посочува дека само делови од законот, Заев одговара: -Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Заев и додава „јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен“. Сепак Заев вели и дека има криза зошто „некои од политичарите сакаат да си редат пердуви, овој закон не е на ДУИ, туку на Зоран Заев, на ДУИ, на Беса, на турска партија на сите“.

Градоначалникот на Велес му се закани на министерот за образование: „Или преведете на македонски или ќе си заминам“

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, бурно реагираше на говорот на министерот за образование Арбр Адеми, кој на новинарско прашање поставено на албански јазик одби да одговори и на македонски. Покрај градоначалникот и новинарите Македонци инсистираа да дознаат што всушност се случува на прес конференцијата.

Градоначалникот на СДСМ бара извинување од Царовска, МТСП вели дека Димитриевски лаже

Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите за управување со градинките на Општина Куманово заради непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата. Градоначалникот Максим Димитриевски не постапи според своите овластувања во рамки на дадениот законски рок и ова е единствената причина за одземање на ингеренциите на општината. Сите други укажувања кои ги изнесува Димитриевски се лажни и апсурдни, реагираат од МТСП. Димитриевски упати повик министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“, да го укине решението и надлежноста да ја врати на Општина Куманово. Димитриевски побара од министерката Царовска таа јавно да се извини. -Решението за одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“ од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира Министерството во изборот на директорот. Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение, да го повлече, бидејќи општина Куманово не заслужува ваков третман, рече Димитриевски. -За отпочнување на постапката за одземање на ингеренциите бевме известени од страна на Управниот Одбор на градинката по што МТСП постапи  согласно законската регулатива. Оваа одлука е донесена откако при вршење на надзор на работата беа утврдени недостатоци во спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. На градоначалникот му беше дадено укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите, преку уредно примен допис на 4.01.2019 година. Откако градоначалникот не постапи според даденото укажување, Министерството за труд и социјална политика ги презема ингеренциите за управување со градинките на период од 1 година, согласно членот 201 од Законот за заштита на децата, реагираат од министерството. Од МТСП потсетуваат дека освен на Куманово ингеренциите по истата основа пред околу еден месец се одзеземни и на Општина Струга.

Мухамед Зекири од СДСМ со опомена до ДУИ: Немојте да се китите со туѓи перја!

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порачува на ДУИ да не се китат со туѓи перја, порачувајќи дека за Законот за јазици заслужна е партијата на Зоран Заев. „Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја. Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!! Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша на Својот Фб профил Зекири, откако Законот за употреба на јазиците официјално беше објавен во Службен весник. Какви задкулисни игри се играат и кој-кому му прави сопки, наскоро ќе излезе на виделина. Едно е сугурно- функционерите од СДСМ и ДУИ имаат низа несогласувања и меѓу нив владее раздор кои и тоа како, ја распукува коалицијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspukuva-li-vladinata-koalicija/feed/ 0
Двојазичноста креира проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojazichnosta-kreira-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojazichnosta-kreira-problemi/#respond Wed, 30 Jan 2019 07:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=158017

Само краток период помина откако законот за двојзичност на незаконски начин беше објавен во Службен весник, а проблемите се веќе многубројни. СДСМ и ДУИ експресно почнаа да менуваат табли и на дело да го спроведуваат законот, но истиот им послужи и на функционерите кои како едвај да дочекаа, да го толкуваат законот како што само ним им одговара. Грубо кажано, наместо двојазичност, функционерите Албанци, овој закон го применуваат како да е донесена еднојазичност, па зборуваат само на албански јазик, свесни дека најголемиот дел од народот нема да ги разбере што кажуваат. Само изминативе неколку дена, се случија низа проблеми. Министерот за образование и наука, Арбр Адеми и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на вчерашната прес-конференција  имаа недоразбирање пред очите на медиумите и јавноста. На министерот му беше поставено прашање на албански јазик, при што градоначалникот Коцевски реагираше дека ќе ја напушти прес-конференцијата, доколку не му биде преведено. Новинарите исто така побараа, министерот да го даде одговорот и на македонски јазик, што тој со негодување го направи. Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, кој воедно е и координатор на пратеничката група на партијата, на прес-конференција за медиумите говореше само на албански јазик. Откако новинарите реагираа изјавата да биде дадена и на македонски, во одбрана на Алими застана лидерот на ЛДП и коалиционен партнер на Заев, Милевски, по што неговиот колега од ДУИ ја напушти прес-салата. Во изјава за Сител, Алими потоа рече дека го користи албанскиот како официјане јазик во државата, а институциите, но и самите медиумски редакции треба да си обезбедат преведувачи. Од една страна, Алими им порача на медиумите да си вработат преведувачи на албански јазик, од друга страна вицепремиерот Бујар Османи ангажирал преведувач за неговата прес-конференција, но тој задоцни. Така, и оваа прес-конференција новинарите, а преку нив и граѓаните, ја проследија исклучиво само на албански јазик. Османи со генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка Брегу, која по потекло е од Албанија, исто така на официјална прес-конференција, се обратија само на албански јазик, по што следеше оправдувањето– требало да има превод на македонски, ама преведувачот задоцнил.

Османи се пофали дека прв зборувал на албански на владина седница

Вицепремиерот Бујар Османи ја искористи денешната прес-конференција во Владата посветена на интеграциите и реформите да се пофали дека ја имал честа прв да зборува на албански јазик на една владина седница, бидејќи денешната е прва откако Законот за јазиците стапи на сила. За Владата, тука нема ништо страшно, па не ни сака да се меша во работата на своите функционери. Не застанаа во одбрана на граѓаните, кои во сопствената држава, не ги разбираат прес-конференциите бидејќи на нив не се зборува на официјалниот јазик-македонски. Од Владатавелат дека немааат намера да коментираат прес конференции на јавни функционери, ниту пак начинот на кој тие ги пренесуваат информациите во јавноста. -Владата не би можела да укажува на дадени политички субјекти или на кои било организации на граѓани на кој начин тие чувствуваат потреба да ги пренесат нивните информации за кои сметаат дека јавноста треба да знае. Она што можеме да кажеме е дека како Владата секогаш сме обезбедувале преведувач и функционираме по принципот што го промовираме на едно општество за кое имплементацијата на Законот за јазиците само ќе биде комплементарна додадена вредност во интерес на сите граѓани во Македонија, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање Законот за употреба на јазиците кој почна да се применува пред 10 тина дена ја проширува употреба на албанскиот јазик, но сепак ставот 3 од Законот предвидува дека македонскиот и натаму останува прв официјален јазик во државата, а покрај македонскиот функционерите имаат право на избор дали во комуникација со јавноста ќе го користат и албанскиот како втор службен јазик во државата.

Антикорупциска нема членови, но затоа доби двојазична табла

Уште државната комисија за спречување на корупција нема нови членови кои треба да ја контролираат корупцијата во земјава, двојазичноста си го направи своето. Старата табла е заменета со нова двојазична табла на која е испишан натписот на институцијата на двата јазика, македонски и албански.

ЈП “Македонија пат” започна да поставува табли на двата јазика низ целата земја

Прва институција што започна со промена на табелите е ЈП “Македонија пат”. Првата двојазична табела е поставена во Битола, каде што потоа ќе продолжи и во други градови каде што има Албанци. Јавното претпријатие, кога ќе треба да си ја сработи основната работна должност, е далеку понеажурно.

Цената за употреба на двојазичноста ќе ја платат граѓаните- еве колку ќе чини

Законот за јазици веќе започна да се применува низ целата земја, а според многумина пресметки тој ќе ја чини Македонија скапо. Весникот Нова Македонија минатата година објави вест дека начелно, во законот се споменува дека за негова имплементација ќе бидат неопходни 1,7 милион евра, но упатените во проблематиката укажуваат дека тој може да нѐ чини дури и десет пати повеќе од предвиденото. Исто така, истакнуваат дека трошоците ќе се повторуваат или зголемуваат секоја наредна година. -Имено, секоја државна институција ќе мора да има албански преведувачи за документацијата. Дополнително, вработените што ќе имаат комуникација со граѓаните ќе мора да знаат и македонски и албански јазик. Сето тоа чини и пари и ресурси. Имплементацијата на законот не ги засега само Владата и Собранието туку сите државни институции, како министерствата, царината, судството, но покрај нив ќе мора да се приспособат и училиштата, здравството, јавните претпријатија, а одраз ќе има и врз приватниот сектор. Први на удар ќе бидат адвокатите, нотарите, извршителите, но и преостанатиот економски сектор, бидејќи дури и фискалните сметки ќе треба да се издаваат на двата јазика, што ќе наметне и други трошоци, пишува Нова Македонија. Ова е уште еден доказ дека за употреба на двојазичноста цената ќе ја платат сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojazichnosta-kreira-problemi/feed/ 0
Градоначалникот на Велес му се закани на министерот за образование: „Или преведете на македонски или ќе си заминам“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-veles-mu-se-zakani-na-ministerot-za-obrazovanie-ili-prevedete-na-makedonski-ili-kje-si-zaminam-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-veles-mu-se-zakani-na-ministerot-za-obrazovanie-ili-prevedete-na-makedonski-ili-kje-si-zaminam-video/#respond Tue, 29 Jan 2019 09:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=157733

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, бурно реагираше на говорот на министерот за образование Арбр Адеми, кој на новинарско прашање поставено на албански јазик одби да одговори и на македонски. Покрај градоначалникот и новинарите Македонци инсистираа да дознаат што всушност се случува на прес конференцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-veles-mu-se-zakani-na-ministerot-za-obrazovanie-ili-prevedete-na-makedonski-ili-kje-si-zaminam-video/feed/ 0
Мицкоски: Намерата на власта за неуставната двојазичност е да се манипулира со гласовите на Албанците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-namerata-na-vlasta-za-neustavnata-dvojazichnost-e-da-se-manipulira-so-glasovite-na-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-namerata-na-vlasta-za-neustavnata-dvojazichnost-e-da-se-manipulira-so-glasovite-na-albancite/#respond Mon, 28 Jan 2019 21:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=157659

Намерата на власта со законот за двојазичност не е чесна, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Намерата е исклучиво да се манипулира со гласовите на Албанците пред претседателските избори, и дури потоа внатрекоалициона битка се создаде и немир меѓу партнерите, кога не се знаеше кој е позаслужен за ова што се случуваше- дали ДУИ или СДСМ. Едно е вие да ги освоите гласовите на Албанците, да сте честит и принципиелен со тоа што ќе направите структурна реформа, ќе реновирате болница, училиште, нов булевар, ќе го растеретите сообраќајот во Тетово, ќе ја направите канализацијата во Арачиново,  ќе обезбедите нова инвестиција во Липково... Но друго е кога ги злоупотребувате чувствата со ниски страсти, преку национал-романтични предлози. Тоа не можам да го пригатам, порача Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-namerata-na-vlasta-za-neustavnata-dvojazichnost-e-da-se-manipulira-so-glasovite-na-albancite/feed/ 0
Османи почна со имплементација на Законот за јазици, СЕП со прв двојазичен официјален документ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-pochna-so-implementacija-na-zakonot-za-jazici-sep-so-prv-dvojazichen-oficijalen-dokument/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-pochna-so-implementacija-na-zakonot-za-jazici-sep-so-prv-dvojazichen-oficijalen-dokument/#respond Thu, 17 Jan 2019 12:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=153356

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи веќе започна со имплементација на Законот за јазиците, во јавноста познат како Законот за двојазичност. Османи на социјалната мрежа Фејсбук се пофали со официјален двојазичен документ од Секретаријатот за европски прашања, кој е под негова лична директива. Двојазичниот документот со кој Османи јавно се пофали е покана-известување за организирање на Донаторска конференција за потребите од имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците во рамките на СЕП. Може да се каже дека ова е прва владина институција која во експресен рок почна со спроведувањето на Законoт за двојазичност, објавува официјален владин документ на македонски и на албански јазик. Инаку, министерстерот за економија, Крешник Бектеши беше првиот министер од владата на Заев кој на албански јазик започнал прес-конференција за веќе вчера да ја постави и првата двојазична табла на Mинистерството за економија. Експресно со поставување на двојазични табли започна и ЈП „Македонија пат“ кои уште утредента по објавувањето на законот во Службен весник, почна со поставување двојазични табли.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-pochna-so-implementacija-na-zakonot-za-jazici-sep-so-prv-dvojazichen-oficijalen-dokument/feed/ 0
Министерството за економија стана првото двојазично министерство (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-ekonomija-stana-prvoto-dvojazichno-ministerstvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-ekonomija-stana-prvoto-dvojazichno-ministerstvo-foto/#respond Wed, 16 Jan 2019 18:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=153069

Министерството за економија, раководено од министерот Кресник Бектеши, согласно новиот Закон за употреба на јазиците, е прво кое ги смени таблите во влезот на министерството. Со ова, на министерството за економија се додаде и „ministria e ekonomisë“ на албански јазик. Дали другите министерства ќе го следат овој пример, останува да се види. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-ekonomija-stana-prvoto-dvojazichno-ministerstvo-foto/feed/ 0