двојно државјанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Aug 2023 13:27:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png двојно државјанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германската Влада го одобри Законот за двојно државјанство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-go-odobri-zakonot-za-dvojno-drzhavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-go-odobri-zakonot-za-dvojno-drzhavjanstvo/#respond Wed, 23 Aug 2023 13:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=870070

Германската Влада го одобри долгоочекуваниот закон за модернизација на законот за државјанство, јавува Анадолија. На прес-конференција во Берлин, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер соопшти дека предложениот закон ќе го рационализира процесот на натурализација и ќе овозможи двојно или повеќекратно државјанство за имигрантите. - Воведуваме модерен закон за имиграција кој подобро ќе и служи на нашата модерна и разновидна земја. Новиот закон за државјанство е една од најважните реформи на нашата коалициска влада. Многу ми е драго што сега го спроведуваме, рече таа. Според предложениот закон, имигрантите ќе имаат право на германско државјанство по пет години престој во земјата, наместо претходните осум години. За имигрантите кои покажале исклучителни академски или професионални достигнувања и добро го зборуваат јазикот, овој период ќе се намали на три години. Законот, исто така, ќе им овозможи на имигрантите да имаат двојно или повеќекратно државјанство, што во моментов не е можно за повеќето имигранти. Децата родени во Германија, а кои имаат родители странци, ќе можат да добијат германско државјанство доколку барем еден родител легално живеел во земјата најмалку пет години. Овие деца ќе можат да го задржат државјанството на нивните родители. Во моментов, повеќе од 12 милиони луѓе во Германија, околу 14 отсто од вкупното население, немаат германско државјанство. Според официјалните податоци, околу 5,3 милиони од нив живеат во земјата најмалку 10 години. Реформата на законот за германско државјанство беше централен дел од коалицискиот договор, кога социјалдемократите, зелените и либералните Слободни демократи формираа коалициска влада пред две години. Канцеларот Олаф Шолц во неколку наврати рече дека забрзувањето на процесот на натурализација, овозможувајќи повеќекратно државјанство за имигрантите, ќе ја подобри интеграцијата, социјалното и политичкото учество. Предложениот закон треба да биде одобрен од парламентот и се очекува за него да се расправа во Бундестагот по летниот одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-go-odobri-zakonot-za-dvojno-drzhavjanstvo/feed/ 0
Еден министер и најмалку двајца пратеници имаат двојни државјанства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-minister-i-najmalku-dvajca-pratenici-imaat-dvojni-drzavjanstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-minister-i-najmalku-dvajca-pratenici-imaat-dvojni-drzavjanstva/#respond Tue, 13 Apr 2021 18:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=496702

Најмалку двајца пратеници, како и еден министер во владата на премиерот Зоран Заев, поседуваат странски државјанства, дознава „Слободен печат“. Двајцата пратеници имаат албанско државјанство, а министерoт, кој е од редовите на ДУИ, покрај македонското, поседува и државјанство на Австрија, пишува порталот. Пратениците ги добиле албанските државјанства со одлука на претседателот на Албанија Илир Мета, кој издал вкупно 382 државјанства за лица од Македонија, Косово и Црна Гора по брза постапка. Законот за државјанства во Албанија му дава право на претседателот да издаде државјанство со указ доколку процени дека земјата има посебен научен, економски или културен интерес за тоа. Меѓу македонските граѓани што добиле вакви државјанства, освен двајцата пратеници, има и други јавни личности, пејачи, уметници, како и верски водачи. ВМРО-ДПМНЕ побара законски измени со кои не ќе може да стане пратеник лице што има двојно државјанство. Од партијата најавија амандман во кој се предвидува еден од условите за кандидатите за пратеници да биде тие да имаат само македонско државјанство. За владејачката СДСМ овој предлог е прифатлив, но под услов ова правило да почне да се применува веднаш и да важи и за актуелниот пратенички состав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-minister-i-najmalku-dvajca-pratenici-imaat-dvojni-drzavjanstva/feed/ 0