дволичност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 May 2022 09:23:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дволичност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петкоска: Дволичноста на власта со избрзаните законски решенија, туристичките места ги направи неатрактивни викенд дестинации! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkoska-dvolichnosta-na-vlasta-so-izbrzanite-zakonski-reshenija-turistichkite-mesta-gi-napravi-neatraktivni-vikend-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkoska-dvolichnosta-na-vlasta-so-izbrzanite-zakonski-reshenija-turistichkite-mesta-gi-napravi-neatraktivni-vikend-destinacii/#respond Wed, 11 May 2022 09:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=674983

Случувањата на вчерашната пленарна седница се најдобар сведок за дволичноста на власта која со избрзаните законски решенија, туристичките места ги направи неатрактивни викенд дестинации!, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Петкоска: Имено, на 18ти април пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за трговија по скратена постапка, со кој побаравме туристичките места да можат да работат и во недела. Овој наш предлог вчера беше одбиен само затоа што на 9ти мај колегите од мнозинството поднеле идентичен закон, со идентична цел но наместо ползата што граѓаните ќе ја имаат од законското решение, побитно им било кој ќе биде предлагачот. И затоа што можат повеќе, после само неколку месеци од влегувањето во сила на законот што самите го составија и брзоплето го изгласаа, следува уште еден апсурд, а тоа е фактот што сега предлагаат 2% од вкупниот приход остварен во претходната година, наместо да бидат наменети за инвестирање во детски градинки, да се наменат за некаков Фонд за развој и човечки капитал! Сите ги знаеме нивните фондови и сите знаеме што сторија со човечкиот капитал, кој моментално на огромна жал на сите нас, се наоѓа во далечната Германија, Швајцарија, Хрватска, па и секаде – само што подалеку од оваа власт! Со ваквото однесување, власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата, од која еден по еден, ги избрка сите млади луѓе. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Предлог законот за измена на Законот за трговија мора што побрзо да се донесе, без оглед кој е предлагачот, затоа што пред сè, е во полза на туристичкиот и економскиот развој, рече Петкоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkoska-dvolichnosta-na-vlasta-so-izbrzanite-zakonski-reshenija-turistichkite-mesta-gi-napravi-neatraktivni-vikend-destinacii/feed/ 0
Андоновски: Дволичноста на СДСМ се гледа и од минатото кога јавно говореле зошто не треба Македонија да е дел од НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-dvolichnosta-na-sdsm-se-gleda-i-od-minatoto-koga-javno-govorele-zoshto-ne-treba-makedonija-da-e-del-od-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-dvolichnosta-na-sdsm-se-gleda-i-od-minatoto-koga-javno-govorele-zoshto-ne-treba-makedonija-da-e-del-od-nato/#respond Thu, 13 Feb 2020 18:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=303624

На „Само Вистина“ вечерва гостуваше Стефан Андоновски, советник за меѓународнa политика на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека членовите на СДСМ и нивните функционери низ минатото имаат говорено зошто Македонија не треба да биде дел од НАТО, и тука може да се согледа дволичноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ од 91-та година во својот статут јасно ги кажува своите принципи дека се за НАТО и Европската Унија, за зачленување на Република Македонија во нив, појасни Андоновски. Андоновски додаде дека никаде во програмата на СДСМ 2016-та година нема став дека името на Македонија ќе се промени. Никаде не пишуваше дека СДСМ ќе го злоупотреби и фалсификува идентитетот македонски, напротив Заев константно во сите можни обраќања се колнеше во жицата, дедовината и татковината дека никој жив нема да го смени името на Македонија. Но набргу по тоа Заев го промени името на државата. Драги Рашковски, генерален секретар во Владата во моментов и висок функционер на СДСМ, јас не знам како не се срамат од него и во Коалицијата со ДУИ, и меѓународните партнери, кој вели на едно негово обраќање пред неколку години – „НАТО како организација им помагале на терористите во 2001 година, дислоцирајќи ги и криејќи ги од македонските безбедносни сили“. И продолжува дека НАТО ги збогатувало македонските езера со радиоактивни материјали итн. А, тезата и обраќањето му се вика „Четири причини зошто не треба да бидеме дел од НАТО“. Првата е затоа што НАТО не сака, втората е зашто финансиски не сме можеле да го издржиме членството, третото доколку НАТО ни е потребен недај боже да не брани, тоа му е ставот. И четвртото за да го задржиме моралот, потсети Андоновски. Андоновски образложи дека во оваа ситуација СДСМ покажува тотална неприципиелност во постапувањето кон стратешките приоритети на земјата. Ако имаат вакви членови во Влада, ако имаат вакви високи функционери, ако имаат став дека нема да го менуваат името па ќе го менуваат името, може да замилите каде е дволичноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-dvolichnosta-na-sdsm-se-gleda-i-od-minatoto-koga-javno-govorele-zoshto-ne-treba-makedonija-da-e-del-od-nato/feed/ 0