џафери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 17:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џафери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На север ништо ново https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-sever-nishto-novo/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-sever-nishto-novo/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=732614

Таљо пак го прегази Уставот. Вредностите се’ уште се маана. Црпко повторно тресе зелени и се прави паметен. Стево Стокиќ и натаму мавта со рачињата кога зборува како да ја презентира карате катата Хејан Шодан. Власта тера бизнис со националните одредници, народот осиромашува. Алија си го трие мешето од рушвет. Македонците и натаму повраќаат кога ќе чујат северна... Да, на север ништо ново... Дефинитивно, цели пет години како маѓепсани зомбија тапкаме во место во еден волшебен круг во кој благодарение на услужноста, сервилноста и исполнителноста кон интересите на поголемите и посилните, една банда корисни идиоти непречено си владее и прави антимакедонски зулум по зулум. Отфрлањето на иницијативата за Референдум против бугарскиот диктат наречен „договор“ е само последната капка во поплавата на ненародни дејанија на Заевци. Да, Заевци затоа што Таче е само избраник и алатка на Црпко, кој сега навистина успеја во животот. Она, кога истовремено можеш да уживкаш на грчка плажа, да продаваш македонски интереси на Бугари и да им удоволуваш на Албанци од тендер-коалиција. Полна муртинска капа и невиден успех. Грејт сексес, што би рекол Борат... Ова „дежа ви“ чувство на веќе видено не е така случајно. Го гледаме и според соседите. Една Албанија и Бугарија за кои до неодамна бевме „закон“ на секое можно поле сега се далеку подобри од нас. Се’ се менува и оди на подобро, само Македонија со Црпковци тапка во место, небаре заглавена на временската скала со муртински супер-лепак. Само кај и за нас не важи „панта реи“. Секаде, се’ тече и се менува, само ние 5 лета левитираме и стоиме во место на сите полиња, одвреме навреме и назадувајќи. И додека Македонија го игра „Тешкото“, со сета симболика на спорите движења на играорците, севeрната владејачка болумента постојано ја игра улогата на успешен социјален редуктор и дополнителен успорувач на општествените, политичките, економските и политичките раздвижувања, анатемисувајќи, исмејувајќи и минирајќи се’ што е прогресивно, национално и со идеи и ентузијазам за работа и поместување на умртвеното македонско општество. Земјата во која само диазепамот и алкохолните пијалаци не доживеаја ценовен скок до небо, почва на која најдобро виреат рамнодушноста, апатијата и фејсбук патриотизмот. Држава во која власта секојдневно поднесува курбан на олтарот на новокомпонираното божество наречено Бојкот. Ок, и Мамон им е на цена... Вистинското прашање е до кога во земјата во која пример за успешен човек е измамникот со IQ33, Црпко Минхаузен, и која толку многу го „зацементира“ идентитетот што забранува користење на МАКЕДОНИЈА во името на здруженија, фирми и организации, до кога народот ќе ги трпи овие неолиберални глупоштии и повраќаници, сервирани и испрани од пропагандната машинерија и армијата лукративни новинарчиња и аналитичари „на копче“? Референдумот, и покрај сите маани и наспрема сета скепса и отпор на негативците на кои им „легнаа“ бојкотот и фејсбукот, беше одлична, нова шанса за анимирање на македонската јавност, за раздвижување на заспаното, дрогирано општество, за будење на македонштината врз која суртуците од паралелниот универзум и имагинарен северџганистан постојано се изживуваат и ја уништуваат. И сега? Среќни ли се оние кои беа против Референдумот? Им се погоди ли Таљо? Ќе се вратат ли пак на омилената летаргија и УПМ штракањето по ФБ, со лезет залегнати во удобните фотелји пред компјутерот, навикнати да плукаат по се’ живо и диво? Како и секаде, така и на Референдумот требаше да не’ има за да не не’ снема. Последните злодејанија не помагаат во оваа битка. Особено во земја во која нема иницијатива ни за лек, а секоја идеја и иницијатива за што било е повеќе од добредојдена. Оти, да не се лажеме, доста беше лелекање по дома, силење и јадење бубрези по анти/социјални мрежи, кои во реалноста завршуваат со сентенцата „Ајде да бегаме, тие се двајца, а ние сме сами!!“ Констелациите на светската моќ се менуваат, секојдневно, со секој минат час се преобликува целиот свет. Она што вчера било на цена, денеска е за бадијала, слично ко риговите за копање биткоини. На цена се’ повеќе е националното, суверенитетот, своето. На страна што со оваа неспособна сурија не очекува национална, енергетска, здравствена, образовна и економска нај-бездна. Затоа, ајде,  да не дозволиме заглавени во временскиот континиум со временската машина на бандата на Црпко само ние да му контрираме на светот. Во спротивно, останавме без историја, без јазик, без револуционери, дејци и светци. Останавме без Македонија. Ова не се фрази, затоа што полека, но сигурно, црните сценарија стануваат грдо, македонско јаве. Време е за револт, за акција, конкретна и мобилна, изворна и семакедонска. Каква и да е. Време за будење. Крајно... А, можеби, вистинската порака за нас и за нив е во „Песна“ на Конески. О, пеј ми, пеј ми! Каква песна! За едно пее, за друго збори: „Се’ што си рекол, се’ што си сторил, случајно не е, простено не е.”]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-sever-nishto-novo/feed/ 0
Средба на Џафери со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-hrvatskata-ambasadorka-vo-makedonija-nives-tiganj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-hrvatskata-ambasadorka-vo-makedonija-nives-tiganj/#respond Wed, 10 Feb 2021 11:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=466758

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Претседателот Џафери ја запозна амбасадорката со тековните активности на Собранието, претстојниот попис на населението, важните закони како дел од европската агенда на земјата, како и за инклузивната соработка на сите пратенички групи и претставници на политички партии застапени во Собранието кои остануваат посветени на процесот “Жан Моне”. Претседателот на Собранието особено ја потенцираше важноста од меѓусебната билатерална соработка и продолжување на истата на највисоко ниво и на ниво на пратеничките групи за соработка, штом тоа ќе го дозволат здравствените услови. Упати благодарност за силната и континуирана поддршка што највисоките државни институции ја даваат на Република Северна Македонија на планот на европската интеграција на земјата и изрази очекување дека како НАТО сојузници ќе имаме плодна и континуирана соработка. Претседателот Џафери уште еднаш изрази жалење поради катастрофалниот земјотрес што го погоди градот Петриња и пошироката околина на само неколку дена пред крајот на и онака тешката 2020 година во која целиот свет се соочи и се уште се справува со пандемијата на COVID-19. Амбасадорката Тигањ го поздрави функционирањето на Собранието на планот на донесување на солидни реформски закони кои се во интерес на сите граѓани, при што ја повтори безрезервната хрватска поддршка на планот на нашите евроинтеграции и очекувањата за отворање на првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година. Информираше дека Република Хрватска е лидер во регионот по твининг-проектите и со задоволство го најави 14.Твининг проект со Република Македонија во правосудството, поконкретно во областа на заштитата на личните податоци. Понуди експертска помош на владино и парламентарно ниво во процесот на отворањето на поглавјата, со експерти кои ќе можат многу да помогнат во градењето на капацитетите за преговори со Европската унија. Амбасадорката изрази благодарност за пријателскиот однос и поддршка во тешките моменти за хрватската држава и го реафирмираше многудеценсикото пријателство меѓу Република Македонија и Република Хрватска. Соговорниците ја реафирмираа важноста од континуиран политички дијалог во насока на јакнење на севкупната билатерална соработка меѓу двете држави и особено унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-hrvatskata-ambasadorka-vo-makedonija-nives-tiganj/feed/ 0
Собранието од 19:00 часот ќе работи без пауза додека не се распушти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-od-19-00-chasot-kje-raboti-bez-pauza-dodeka-ne-se-raspushti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-od-19-00-chasot-kje-raboti-bez-pauza-dodeka-ne-se-raspushti/#respond Fri, 14 Feb 2020 17:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=304127

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 18.00 до 19.00 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19.00 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека Парламентот не биде распуштен. Според ваквата најава, пратениците без прекин ќе работаат до недела на пладне кога и треба да се распушти Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-od-19-00-chasot-kje-raboti-bez-pauza-dodeka-ne-se-raspushti/feed/ 0
Собрание: Џафери го спаси Заев од „Рекет“ и од нова „бомба“ на Милошоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranie-dzaferi-go-spasi-zaev-od-reket-i-od-nova-bomba-na-miloshoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranie-dzaferi-go-spasi-zaev-od-reket-i-od-nova-bomba-na-miloshoski/#respond Fri, 14 Feb 2020 13:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=304007

  Продолжението на седницата на Собранието за Законот за ЈО продолжи  со говорот на Антонио Милошоски, кој побара од претседателот Талат Џафери да презентира нови аудио-снимки од свиркач, на кој се слуша дека лидерот на СДСМ е главата на Рекетот. Џафери пак, му возврати дека пленарната седница не е место каде што се објавуваат аудио разговори и го повика ако има нешто да го адресира во надлежните институции. Откако собранискиот спикер не му дозволи да пушта разговори, тој извади фотографија, на која пишуваше „Рене, Оли, Боки, Рекет“, со љубовна соддржина и толку соодветна за денешниот Ден на вљубените. „Пред некој ден објавив аудио каде што Зоран Заев знаел за старечките домови, за Рекет, па потоа, откако беше објавен случајот во јавноста, тој се правеше дека прв пријавил, иако за тоа немаше никаков записник. Имаше уште еден легално снимен разговор, каде што се споменува лицето Милевка од Радовиш, рече Милошоски. Тој рече дека министерката Радмила Шекеринска три пати била на вечера кај првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, а најмалку еднаш била заедно со второосомничената, Катица Јанева и сигурно не разговалале за музиката во 80-ите.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranie-dzaferi-go-spasi-zaev-od-reket-i-od-nova-bomba-na-miloshoski/feed/ 0
Андов контра Заев и Џафери: Изборите не мора да се одложат за прием во НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-kontra-zaev-i-dzaferi-izborite-ne-mora-da-se-odlozat-za-priem-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-kontra-zaev-i-dzaferi-izborite-ne-mora-da-se-odlozat-za-priem-vo-nato/#respond Sun, 03 Nov 2019 21:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=259698

Зоран Заев и Талат Џафери за да го променат датумот за одржување на изборите почнаа да ја збунуваат јавноста со пораки дека поради НАТО е можно одложување на договорениот ден 12 април. За ваквите изјави од актуелниот спикер на Собранието и премиерот, првиот претседател на законодавнот дом Стојан Андов вели дека се работи за политичка манипулација. Според Заев целата постапка околу ратификацијата на членството во НАТО, ќе завршела до 11 февруари, кога треба да се распушти актуелниот парламентарен состав. Неофицијално Заев се плаши дека ќе се соочи со катастрофален пораз и нема да добие ни 40 пратеници. Сепак во изјава за Алфа Стојан Андов вели дека мандатот на пратенците никој не може да им го одземе, а тој трае се додека не бидат избрани нови пратеници. Седница секогаш може да се одржи. Доволно е да има политичка согласност од сите партиии во Собранието, а Владата, или Владата и опозицијата заедно, да достават конкретен предлог за да се свика собраниска седница“, вели Стојан Андов кој во телевизиска дебата пред две недели изјави дека огромниот криминал и корупција во која е заглавена Македонија не е можна без дозвола од највисоките кругови на власта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-kontra-zaev-i-dzaferi-izborite-ne-mora-da-se-odlozat-za-priem-vo-nato/feed/ 0