Џакарта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 07:41:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џакарта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина и Мјанмар главни теми на Самитот на АСЕАН, што почна денеска во Џакарта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-i-mjanmar-glavni-temi-na-samitot-na-asean-shto-pochna-deneska-vo-dhakarta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-i-mjanmar-glavni-temi-na-samitot-na-asean-shto-pochna-deneska-vo-dhakarta/#respond Tue, 05 Sep 2023 07:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=874640

Во индонезиската престолнина Џакарта денеска почна Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), каде се очекува да доминираат кризата во Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море. Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска, на отворањето на Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Џакарта изјави дека блокот не треба да биде вовлечен во ривалството на светските сили и треба да ја потврди својата посебна позиција. Видодо посочи дека АСЕАН треба да осмисли долгорочна стратегија за своите активности со цел да постигне мир, стабилност и напредок. Како што е најавено, на Самитот ќе се разговара за граѓанските судири во Мјанмар, новите тензии во спорното Јужно Кинеско Море и долгогодишното ривалство меѓу САД и Кина. По Самитот на АСЕАН ќе биде проследен со разговори со Пекинг, Вашингтон и други сили подоцна оваа недела на самитот во Источна Азија организиран од лидерите на АСЕАН, каде што САД ќе бидат претставени од потпретседателката Камала Харис во отсуство на претседателот Џо Бајден. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-i-mjanmar-glavni-temi-na-samitot-na-asean-shto-pochna-deneska-vo-dhakarta/feed/ 0
Силен земјотрес во Индонезија, почувствуван и во Џакарта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-indonezija-pochuvstvuvan-i-vo-dzakarta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-indonezija-pochuvstvuvan-i-vo-dzakarta/#respond Mon, 21 Nov 2022 08:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=764010

Земјотрес со јачина на ударот од 5,6 степени ја погоди денеска Индонезија, поточно областа јужно од главниот град Џакарта, потресувајќи згради, но засега нема информации за штети, јави ДПА. Американскиот геолошки институт (USGS) го процени земјотресот со јачина од 5,4 степени, додека Геофизичката агенција на Индонезија претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 5,6 степени. Земјотресот е регистриран во близина на градот Чианџур, на околу 100 километри јужно од Џакарта, а бил почувствуван и во главниот град, каде луѓето панично истрчувале од зградите. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета во главниот град, ниту пак се крева аларм за опасност од цунами. Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што често е погодена од земјотреси. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-indonezija-pochuvstvuvan-i-vo-dzakarta/feed/ 0
Глобалното затоплување може да го потопи овој град https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-moze-da-go-potopi-ovoj-grad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-moze-da-go-potopi-ovoj-grad/#respond Thu, 11 Nov 2021 17:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=594311

Главниот град на Индонезија би можел да биде под вода до 2050 година, предупредува Phys.org, повикувајќи се на податоци од Националната агенција за истражување и иновации. Експертите сметаат дека доколку не се преземат неопходни мерки за намалување на последиците од глобалното затоплување, најмалку 25 проценти од метрополата ќе бидат потопени до средината на векот. Зголемените температури предизвикуваат топење на глечерите на Антарктикот, Гренланд и Хималаите. Ова постепено го подигнува нивото на светските океани и ги загрозува крајбрежните области на Земјата. Силните циклони и плимата и осеката предизвикани од климатските промени, како и поројните дождови, ќе ја влошат ситуацијата. Потребно е многу труд за да се решат овие проблеми, се вели во статијата. Според најновото истражување на Универзитетот ИПБ, во периодот меѓу 2019 и 2020 година различни делови на Џакарта биле загрозени од потопување на 1,8 – 10,7 сантиметри. Една од причините за оваа појава се подземните води. Тоа создава празни простори под главниот град и предизвикува спуштање на почвата. Истовремено, нивото на светските океани се зголемува и сега изнесува 13-20 сантиметри повисоко отколку во 1900 година. Во статијата се нагласува дека дури и американскиот претседател Џо Бајден во јули ја советувал Индонезија да го пресели својот главен град на друга локација во следните 10 години, бидејќи климатските промени би можеле да ја остават Џакарта под вода. Научниците постојано се осврнуваат на потребата за ублажување на ефектите од глобалното затоплување на планетата. Повеќе од 190 земји го потпишаа Парискиот договор, кој предвидува одржување на температурата на Земјата во рамките на 1,5 степени Целзиусови. Според овој план, државите мора да преземат конкретни мерки за да се прилагодат на климатските промени, да ги намалат штетните емисии и да се префрлат на обновливи извори на енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/globalnoto-zatopluvanje-moze-da-go-potopi-ovoj-grad/feed/ 0
Евакуирани над 1000 луѓе поради поплави во Џакарта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-nad-1000-lugje-poradi-poplavi-vo-dzakarta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-nad-1000-lugje-poradi-poplavi-vo-dzakarta/#respond Sat, 20 Feb 2021 09:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=471298

Индонезискиот главен град Џакарта го зафатија поплави предизвикани од поројните дождови, а евакуирани се повеќе од илјада луѓе. Локалните власти соопштија дека нивото на водата во некои делови на градот достигнало 1,8 метри во одделни области, но засега нема информации за евентуални жртви. На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледаат луѓе како се движат низ матна вода, која им стигнува до рамената. Возилата се речиси целосно под вода, а спасувачки екипи со чамци ги евакуираат повозрасните жители. Гувернерката на Џакарата изјави дека низ градот се подготвени центри за евакуација и дождот моментно е престанат, но во градот и понатаму надоаѓа вода од другите подрачја. Поплавите ја зафатија Џакарта во момент кога Индонезија има најголем број на заразени и починати од коронавирусот за разлика од останатите држави во југоисточна Азија, и кога се наоѓа во економска рецесија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-nad-1000-lugje-poradi-poplavi-vo-dzakarta/feed/ 0
ОЧИТЕ ЌЕ ВИ СЕ НАСОЛЗАТ: „Никогаш повеќе нема да ги видам“ – маж ја дознал веста за авионската несреќа додека ја чекал сопругата и 3-те деца на аеродромот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-kje-vi-se-nasolzat-nikogash-povekje-nema-da-gi-vidam-maz-ja-doznal-vesta-za-avionskata-nesrekja-dodeka-ja-chekal-soprugata-i-3-te-deca-na-aerodromot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-kje-vi-se-nasolzat-nikogash-povekje-nema-da-gi-vidam-maz-ja-doznal-vesta-za-avionskata-nesrekja-dodeka-ja-chekal-soprugata-i-3-te-deca-na-aerodromot/#respond Sun, 10 Jan 2021 11:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=453328

Некои од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ набрзо по полетувањето се урна во морето, веста за страшната несреќа ги затекнала во Понтијанак, каде авионот требало да слета. Јаман Заи, татко на 3 деца кои биле во авионот со нивната мајка, изјавил за агенцијата „Ројтерс“ дека ги чекал на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата. „Никогаш повеќе нема да ги видам“, рекол тој, покажувајќи фотографија од неговата најстара ќерка. Се очекува дека индонезиската агенција за безбедност „KNKT“ ќе покрене истрага за оваа несреќа, а Американската управа за безбедност во сообраќајот (NHTSA) автоматски ќе биде дел од истата, бидејќи авионот е проектиран и изработен во САД. Основана во 2003 година, авиокомпанијата „Сривиџаја ер“ со седиште во Џакарта лета воглавно во рамките на Индонезија, а нејзиниот патнички „Боинг 737“ со повеќе од 60 патници се урна вчера, откако исчезнал набрзо по полетувањето. Денеска светските медиуми ја пренесоа веста дека екипите пронашле делови од човечки тела и парчиња од трупот на авионот. Сè уште нема официјални податоци за жртвите. Извор: Точка]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-kje-vi-se-nasolzat-nikogash-povekje-nema-da-gi-vidam-maz-ja-doznal-vesta-za-avionskata-nesrekja-dodeka-ja-chekal-soprugata-i-3-te-deca-na-aerodromot/feed/ 0
Пронајдени делови од индонезискиот авион што се урна во Јаванско море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-delovi-od-indoneziskiot-avion-shto-se-urna-vo-javansko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-delovi-od-indoneziskiot-avion-shto-se-urna-vo-javansko-more/#respond Sun, 10 Jan 2021 07:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=453276

На длабочина од 23 метри во Јаванско море, нуркачите денеска пронајдоа делови од индонезискиот Боинг 737-500, кој се урна вчера непосредно по полетувањето од аеродромот во Џакарта со 62 патници и членови на екипажот. „Сигурни сме дека нуркачите ја испитуваат локацијата каде авионот падна во морето“, рече шефот на службата за цивилно воздухопловство, Хади Тиџханто, додавајќи дека се пронајдени скршени делови од авионот, посмртни останки и облека. Пресвртна точка во потрагата по авионот на компанијата Сривиџаја на летот 182 беше кога сонар од воен брод откри сигнал од локаторот на авионот на место за кое претходно се сомневаше дека е местото на несреќата. Сепак, сè уште не е познато ништо за причините за падот на авионот, а се претпоставува дека нема преживеани. – Сакам да изразам длабоко сочувство во името на сите индонезиски граѓани за оваа трагедија. Се молиме да најдеме некој што преживеал, рече претседателот на Индонезија, Џоко Видодо. Несреќата најпрво ја пријавиле рибари кои ловеле во водите на Јаванско море и кои вчера околу 14,30 часот најпрво ја слушнале експлозијата, а потоа виделе голема воден столб и бран како се движат кон нив. Властите веднаш отворија два кризни центри, еден на аеродромот во Џакарта и еден во пристаништето, а претседателот на авиокомпанијата Сривиџаја изјави дека авионот, стар 26 години, бил технички исправен и дека летот доцнел поради лошите временски услови, а не поради проблеми со исправноста на леталото. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-delovi-od-indoneziskiot-avion-shto-se-urna-vo-javansko-more/feed/ 0
Авионот на Сривиџаја ер се урнал во заливот кај Џакарта, потврди индонезискиот министер за транспорт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionot-na-srividzaja-er-se-urnal-vo-zalivot-kaj-dzakarta-potvrdi-indoneziskiot-minister-za-transport/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionot-na-srividzaja-er-se-urnal-vo-zalivot-kaj-dzakarta-potvrdi-indoneziskiot-minister-za-transport/#respond Sat, 09 Jan 2021 13:39:15 +0000 https://kurir.mk/?p=453122

Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека авионот на „Сривиџаја ер“, со повеќе од 60 лица, се урна денеска во заливот кај Џакарта. Тој рече дека авионот паднал близу остров во заливот. Противпожарната служба на Џакарта објави на Твитер дека се пронајдени некои делови во заливот и дека се трага по исчезнатиот авион. Авионот полетал од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и наскоро по полетувањето изгубил контакт со контролата на летање. Локалните медиуми јавија дека во авионот „Боинг 737-500“ имало 56 патници и шест членови на екипажот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionot-na-srividzaja-er-se-urnal-vo-zalivot-kaj-dzakarta-potvrdi-indoneziskiot-minister-za-transport/feed/ 0
Се урна патнички авион близу Џакарта, најмалку 50 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-patnichki-avion-blizu-dzakarta-najmalku-50-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-patnichki-avion-blizu-dzakarta-najmalku-50-zaginati/#respond Sat, 09 Jan 2021 11:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=453090

Повеќе од 50 патници загинаа во авионска несреќа близу Џакарта, јавија локалните медиуми. Авион на авиокомпанијата Сривиџава ер се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Авионот се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута. Станува збор за авион Боинг 737-500, а властите најавија дополнителни информации за несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-urna-patnichki-avion-blizu-dzakarta-najmalku-50-zaginati/feed/ 0
Страшна мерка за освестување: Една минута во мртовечки ковчег за неносење маска во Џакарта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-merka-za-osvestuvanje-edna-minuta-vo-mrtovechki-kovcheg-za-nenosenje-maska-vo-dzakarta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-merka-za-osvestuvanje-edna-minuta-vo-mrtovechki-kovcheg-za-nenosenje-maska-vo-dzakarta/#respond Fri, 04 Sep 2020 07:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=399014

Луѓето кои одбиваат да носат маска за да спречат ширење на коронавирусот во главниот град на Индонезија, Џакарта, може да бираат – или ќе платат парична казна или една минута да лежат во мртовечки сандак. Во оваа островска земја, изминативе денови дневниот број на новозаразени лица надминува илјада, соопштија официјални лица. Некои луѓе избираат ковчег затоа што немаат пари да платат. Казната изнесува околу 14,35 евра. Индонезија има вкупно над 180.000 заразени и повеќе од 7.600 смртни случаи од Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strashna-merka-za-osvestuvanje-edna-minuta-vo-mrtovechki-kovcheg-za-nenosenje-maska-vo-dzakarta/feed/ 0
Десетици повредени во уривање на галеријата на берзата во Џакарта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-povredeni-vo-urivanje-na-galerijata-na-berzata-vo-dzakarta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-povredeni-vo-urivanje-na-galerijata-na-berzata-vo-dzakarta/#respond Mon, 15 Jan 2018 09:53:00 +0000 http://kurir.mk/?p=10885

Галеријата над приземниот дел од индонезиската берза во главниот град Џакарта се урнала во понеделникот и притоа се повредени 72 вработени и други лица, пренесува агенцијата Bloomberg повикуваји се на официјални извори. „Луѓето се повредени и пренесен се со возила на брзата помош. Нашите напори се насочени на помош на жртвите“, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата во Џакарта, Арго Јувоно. Најмалку 28 лица се хоспитализирани во блиската болница, соопштиле болнички извори. Галеријата се урнала околу пладнето по локално време, кога вработените биле на пауза за ручек, врз отворен простор во кој имало кафуле и често се собирале туристи, изјавила за CNN вработена на берзата Валентина Симон. „Слушнав грмење и луѓе како врескаат“, изјавил Џонатан Тарнип, кој работел во зградата. „Вториот кат од зградата се урна“, рекол Винди, личен помошник на престедателот на берзата, Тито Сулистио, кој бил во зградата во тој момент. Додал да берзата по привремениот прекин во работата повторно била отворена. Повредените биле изнесени на носилки, рекол за агенцијата Reuters еден од очевидците, а полицијата го блокирала подрачјето околу берзата којашто ја прават две повеќекатни кули. „Можеме да потврдиме дека бомба не е причина“ за уривањето, рекол портпаролот на директорот на индонезиската полиција, Сетјо Васисто. Инаку двете кули на индонезиската берза во септември 2000 година беа цел на напад на исламистите со автомобил бомба. Телевизиските кадри прикажуваат вработени како врескаат во паника и делови од галеријата расфрлани по приземјето од зградата во деловниот квар во центарот на Џакарата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-povredeni-vo-urivanje-na-galerijata-na-berzata-vo-dzakarta/feed/ 0