џамлии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Oct 2020 11:35:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џамлии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поучна приказна: Момчето со џамлиите и девојчето со бонбоните https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-momcheto-so-dzamliite-i-devojcheto-so-bonbonite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-momcheto-so-dzamliite-i-devojcheto-so-bonbonite/#respond Sun, 04 Oct 2020 11:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=412181

Кратка, но многу поучна приказна, која на едноставен начин ќе ве потсети што е потребно за мирен сон и живот исполнет со среќа. Иако момчето ги вети сите свои џамлии – ја задржа најубавата и најголемата за себе. Девојчето пак, како што вети, му ги даде сите бонбони кои ги имаше, од првата до последната. Таа вечер, момчето никако не можеше да заспие. Се прашуваше дали можеби и девојчето, како него, си ја оставила најубавата бонбона за себе. Девојчето, пак, слатко спиеше. Наравоучение: Доколку во некоја врска не се давате себеси безрезервно, секогаш ќе се прашувате дали и другата личност се однесува така. Ова не важи само за љубовните, туку и за пријателските, деловните и други врски. Затоа, давајте сто проценти од себе. Само така ќе имате мирна совест!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-momcheto-so-dzamliite-i-devojcheto-so-bonbonite/feed/ 0
На избори гласаат со џамлии https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-izbori-glasaat-so-dzamlii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-izbori-glasaat-so-dzamlii/#respond Wed, 21 Mar 2018 20:19:39 +0000 http://kurir.mk/?p=31963

Локалните избори во април и мај, веројатно, ќе бидат последните на кои Гамбија ќе гласа со џамлии по одлуката да се воведат гласачки ливчиња во земјата. Џамлискиот систем на гласање беше воведен во 60-тите со цел да спречи избирачки неправилности, но и да му овозможи учество на изборите и на неписменото население. Претставниците на општинската изборна комисија на секој гласач му доделуваат по една џамлија за гласање, по што тој гласа пуштајќи ја џамлијата низ мал отвор во бурето со фотографија од кандидатот за кој се определува. Избирачките претставници слушаат внимателно дали и колку пати ќе одекне ѕвончето поставено на крајот на цевката во бурето низ која паѓа џамлијата, со цел изборната комисија да се погрижи никој да не гласа повеќе од еднаш. Броењето на гласовите се одвива на начин што џамлиите се редат во сад со по 200 или 500 дупки и потоа така се бројат. Резултатите се соопштуваат веднаш по броењето на гласовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-izbori-glasaat-so-dzamlii/feed/ 0