Џанг Ѕоу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jan 2020 13:38:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џанг Ѕоу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-narodna-republika-kina-vo-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-narodna-republika-kina-vo-republika-makedonija/#respond Fri, 10 Jan 2020 13:38:55 +0000 https://kurir.mk/?p=287966

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Стефан Андоновски, советник за меѓународна односи и дипломатија остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕоу. На средбата се разговараше за односите помеѓу двете држави, актуелната состојба во државата и можностите за соработка. Мицкоски истакна дека односите помеѓу двете држави се исклучително пријателски, но има простор за дополнително продлабочување особено на полето на економијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираше заложбата на партијата за отворени економски односи и економска обнова, поволна бизнис клима која ќе ги привлекува инвеститорите од целиот свет. -Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на економски развој кој ќе придонесе за подобар живот. Сегашната состојба е разочарувачка, ниското ниво на инвестиции, и разорената економија создаваат зголемена сиромаштија и иселување на кое мора да му се застане на патот, потенцираше Мицкоски. Мицкоски истакна дека новата Влада ќе вложи напори за остварување на стратешката цел, а тоа е влез на Република Македонија во Европската Унија и забрзана патека по која ќе се движи преку коренити реформи и вложувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-narodna-republika-kina-vo-republika-makedonija/feed/ 0