Џани Инфантино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 05:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џани Инфантино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiska-arabija-e-domakinot-na-svetskoto-prvenstvo-vo-2034-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiska-arabija-e-domakinot-na-svetskoto-prvenstvo-vo-2034-godina/#respond Wed, 01 Nov 2023 05:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=895108

Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, го потврди домаќинот на Светското првенство во 2034 година. Првиот човек на ФИФА откри дека домаќин на Светското првенство во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија, откако Австралија се откажа од кандидатурата. „Фудбалот го обединува светот како ниеден друг спорт, а Светското првенство е совршен пример за порака за единство и инклузија, како и пример за тоа како различни култури можат да соработуваат и да научат подобро да се разбираат. Живееме во поделен и агресивен свет, а фудбалот уште еднаш покажува дека како најпопуларен спорт во светот обединува како никој друг“, напиша Џани Инфантино на социјалните мрежи. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, додека Светското првенство во 2030 година ќе го организираат Шпанија, Португалија и Мароко. Иако Австралија требаше да биде домаќин во 2034 година, тамошната федерација во последен момент се откажа од официјалната кандидатура, па Блискиот Исток повторно ќе биде домаќин на престижната светска манифестација по Катар минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiska-arabija-e-domakinot-na-svetskoto-prvenstvo-vo-2034-godina/feed/ 0
Инфантино: Нема место за насилство во фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-nema-mesto-za-nasilstvo-vo-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-nema-mesto-za-nasilstvo-vo-fudbalot/#respond Mon, 30 Oct 2023 17:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=894598

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска остро го осуди вчерашниот инцидент во кој пред натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Лион во француското фудбалско првенство беше каменуван автобусот на гостинскиот тим. Во порака објавена на Инстаграм, првиот човек на ФИФА нагласи дека „апсолутно нема место за насилство во фудбалот“. -За таквите настани, како што се случија во Марсеј пред натпреварот во Лига 1 меѓу Марсеј и Лион, нема место во нашиот спорт, ниту во нашето општество и апелирам до надлежните тела да обезбедат преземање соодветни мерки, напиша Инфантино. Дерби натпреварот во рамки на десеттото коло во француското првенство меѓу Марсеј и Лион беше откажан, откако автобусот на гостинскиот тим беше каменуван вчеравечер на пат кон стадионот „Велодром“, при што тренерот Фабио Гросо беше сериозно повреден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-nema-mesto-za-nasilstvo-vo-fudbalot/feed/ 0
Инфантино го прими претседателот на ФФМ, Сејдини https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-go-primi-pretsedatelot-na-ffm-sejdini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-go-primi-pretsedatelot-na-ffm-sejdini/#respond Tue, 10 Oct 2023 16:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=887556

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, денеска во Цирих прими делегација на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Муамед Сејдини. Покрај првиот човек на македонскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа генералниот секретар, Наталија Божиновска Илиевска и Владимир Гашевски, член на Управниот одбор на ФФМ. Во текот на состанокот на кој присуствуваше и директорот на ФИФА за асоцијации членки на Светската фудбалска организација се разговараше за низа важни фудбалски прашања, можностите што ги нуди програмата ФИФА Forward за поддршка на асоцијациите, како и вложувањата во инфраструктурата и женскиот фудбал. - Фудбалската федерација на Македонија ги поддржува напорите што ФИФА ги прави за развојот на фудбалот преку процесите што ги постави претседателот Џани Инфантино. Под негово раководство, ФИФА направи значајни чекори напред и инвестира во развојот на фудбалот ширум светот, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Тој додаде дека ФФМ успешно ги користи расположливите средства од ФИФА и работи на развој на фудбалот во нашата земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-go-primi-pretsedatelot-na-ffm-sejdini/feed/ 0
САД домаќин на Светското клупско првенство во 2025 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sad-domakin-na-svetskoto-klupsko-prvenstvo-vo-2025/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sad-domakin-na-svetskoto-klupsko-prvenstvo-vo-2025/#respond Sat, 24 Jun 2023 13:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849306

Соединетите Американски држави ќе бидат домаќини на новото и проширено Светско клупско првенство на ФИФА во 2025 година, објави Светската куќа на фудбалот. Извршниот одбор на ФИФА едногласно ја донесе одлуката САД да го организираат првото Светско клупско првенство со 32 екипи. „ФИФА Светското клупско првенство 2025 ќе биде врв на елитниот професионален машки клупски фудбал, а со потребната инфраструктура и големиот локален интерес, САД се идеален домаќин за почеток на овој нов, глобален турнир“, оцени претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. ФИФА, воедно, објави дека домаќинот на Мундијалот 2030 ќе биде објавен на крајот на идната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sad-domakin-na-svetskoto-klupsko-prvenstvo-vo-2025/feed/ 0
Инфантино: Расизмот нема место во фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-rasizmot-nema-mesto-vo-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-rasizmot-nema-mesto-vo-fudbalot/#respond Wed, 05 Apr 2023 17:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=820715

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека расистичките навреди, чија цел вчера во Торино беше напаѓачот на милански Интер, Ромелу Лукаку, „едноставно се неприфатливи“ и додаде дека „расизмот нема свое место во фудбалот“. „Во фудбалот нема место за расизам или кој било друг облик на дискриминација. Едноставно е неприфатливо да се гледаат расистички навреди кои навивачите ги упатуваат кон напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку“, истакна Инфантино во соопштение до јавноста. „ФИФА и јас стоиме зад Ромелу Лукаку“, додаде Инфантино. Вчеравечер, на крајот од првиот полуфинален натпревар против Јувентус (1-1) во Купот на Италија, репрезентативецот на Белгија беше цел на расистички навреди од публиката при израмнувачкиот гол од пенал. Јувентус, Интер, Серија А, како и адвокатскиот тим на Лукаку денеска остро го осудија инцидентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-rasizmot-nema-mesto-vo-fudbalot/feed/ 0
Инфантино е реизбран за претседател на ФИФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-e-reizbran-za-pretsedatel-na-fifa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-e-reizbran-za-pretsedatel-na-fifa/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=812600

Џани Инфантино е реизбран за претседател на Меѓународната фудбалска федерација. Изборот на прв човек на ФИФА се одржа денес, 16 март, на 73. Конгрес на организацијата во Кигали (Руанда). Инфантино беше единствениот кандидат за оваа функција. Неговиот договор е до 2027 година. Педесет и двегодишниот функционер беше на чело на ФИФА на 26 февруари 2016 година по корупцискиот скандал во организацијата и предвремената оставка на нејзиниот претходен претседател, Џозеф Блатер, од неговата функција. Во јуни 2019 година, Инфантино беше избран за втор мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-e-reizbran-za-pretsedatel-na-fifa/feed/ 0
Инфантино: Судиите отсега поинаку ќе ги објаснуваат одлуките со ВАР https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-sudiite-otsega-poinaku-ke-gi-objasnuvaat-odlukite-so-var/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-sudiite-otsega-poinaku-ke-gi-objasnuvaat-odlukite-so-var/#respond Thu, 02 Feb 2023 06:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=794908

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино со објава на Инстаграм најави промена во фудбалот. „Ова е многу важна порака за сите љубители на фудбалот кои сакаат појасни судиски одлуки. Гледајте го внимателно Светското клупско првенство на ФИФА, кое започнува на 1 февруари во Мароко, бидејќи ќе видите важна промена во начинот на кој судиите ги соопштуваат одлуките поврзани со ВАР. За прв пат судијата ќе користи микрофон за да им зборува на навивачите на стадионот и на телевизиската публика дома, објаснувајќи зошто е донесена одлуката. Ова е дел од судиското тестирање на ФИФА, сакаме да ја подобриме јасноста и образованието на ВАР. Се надеваме дека ќе ви се допадне“, напиша Инфантино на Инстаграм. Телото за донесување фудбалски правила ИФАБ објави во средината на јануари дека судиите ќе ги објаснуваат одлуките на ВАР – и на гледачите на стадионите и на оние пред телевизорите – за пробен период од 12 месеци, почнувајќи од Светското клупско првенство, кое ќе се игра од 1 до 11 февруари во Мароко. Иако ВАР се користи веќе неколку години, а се користеше и на последните две Светски првенства, сепак се појавуваат контроверзи околу некои одлуки. Разговорот меѓу судијата и неговиот помошник во ВАР просторијата ќе остане приватен, но судијата ќе има микрофон за да и ја објасни конечната одлука на јавноста. Сметаме дека ова е важен чекор кон транспарентност, а повеќе информации ќе добие и публиката на трибините“, соопшти ИФАБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-sudiite-otsega-poinaku-ke-gi-objasnuvaat-odlukite-so-var/feed/ 0
ФОТО: Првиот човек на ФИФА направи „селфи“ пред ковчегот на Пеле- по критиките се огласи и еве што кажа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-prviot-chovek-na-fifa-napravi-selfi-pred-kovchegot-na-pele-po-kritikite-se-oglasi-i-eve-shto-kaza/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-prviot-chovek-na-fifa-napravi-selfi-pred-kovchegot-na-pele-po-kritikite-se-oglasi-i-eve-shto-kaza/#respond Tue, 03 Jan 2023 17:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=783595

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА беше жестоко критикуван за неговото однесување на погребот на славниот Пеле. Светските медиуми објавија како Инфантино направил селфи покрај отворениот ковчег, наведувајќи колку било срамно од страна на првиот човек на светската куќа на фудбалот. Инфантино проговори и објасни што навистина се случило. -Би сакал да појаснам дека ми беше чест што соиграчите на големиот Пеле и членовите на семејството ме прашаа дали можам да направам неколку фотографии со нив. Веднаш се согласив. Што се однесува до самото селфи, соиграчите на Пеле не замолија да направиме селфи сите заедно, но не знаеја како да го направат тоа. За да бидам од помош го земав телефонот на еден од нив и ги сликав сите. Имам многу почит и восхит кон Пеле и јас не би направил никакво непочитување на кој било начин. Се надевам дека оние кои објавија или кажаа работи без да знаат и без да бараат информации ќе имаат пристојност и храброст да признаат дека згрешиле и да го поправат тоа што го кажале, рече Инфантино. Пеле беше погребан во Сантос со големи почести и огромен број луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-prviot-chovek-na-fifa-napravi-selfi-pred-kovchegot-na-pele-po-kritikite-se-oglasi-i-eve-shto-kaza/feed/ 0
Инфантино има нов план: Светско првенство на секои три години! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-ima-nov-plan-svetsko-prvenstvo-na-sekoi-tri-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-ima-nov-plan-svetsko-prvenstvo-na-sekoi-tri-godini/#respond Tue, 20 Dec 2022 10:22:39 +0000 https://kurir.mk/?p=778053

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино сака Светското првенство да се одржува на секои три години како дел од долгорочниот план за револуција во меѓународниот фудбал, објави денеска британски „Дејли Меил“. Во текстот, весникот вели дека комерцијалниот и спортски успех на турнирот во Катар го охрабри Инфантино за неговите големи амбиции, кои почнаа со објавата минатата недела дека во 2025 година ќе се одржи проширено Светско клупско првенство и покрај тоа што не успеа да обезбеди поддршка од играчите, клубовите и меѓународните конфедерации. Инфантино е убеден дека организирањето на Светското првенство среде зима во Европа се покажало како промена на играта, што покажува дека спортот може да продолжи да расте и да се глобализира. И покрај стравувањата од исцрпеност на играчите и масовни повреди во Катар, фудбалот обезбеди привлечен спектакл, при што генерираше и рекордни приходи од 6,2 милијарди фунти, што е зголемување од 840 милиони фунти во однос на Светското првенство во Русија во 2018 година. Долгорочната амбиција на Инфантино е да воспостави радикален нов турнирски циклус, во кој Светското првенство ќе се одржува на секои три години, а во другите години ќе се одржуваат Светското клупско првенство и континенталните натпреварувања, како Европското првенство. Ваква радикална промена не е можна до Светското првенство во 2030 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-ima-nov-plan-svetsko-prvenstvo-na-sekoi-tri-godini/feed/ 0
Инфантино: Најдобро СП досега https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-najdobro-sp-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-najdobro-sp-dosega/#respond Fri, 16 Dec 2022 13:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=776658

Ова е најдоброто Светско првенство (СП) во историјата на фудбалот, оцени денеска претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на конференција за новинари во главниот прес – центар во Доха. -Зад нас се 62 натпревари без инциденти, атмосферата беше одлична. Првпат екипи од сите континенти се пласираа во осминафиналето, прв пат жена судеше натпревар на СП. Се приближуваме и до границата од пет милијарди телевизиски гледачи, рече Инфантино. Тој во своето воведно излагање изнесе и неколку бројки. Досега натпреварите во Катар ги гледале 3,27 милиони навивачи, или во просек 52.000, а најголема посетеност донел натпреварот меѓу Аргентина и Мексико – 88.966 гледачи. Следното СП ќе биде за четири години во САД, Канада и Мексико со 48 репрезентации. Форматот на натпреварување треба да биде 16 групи со по три репрезентации, но Инфантино најави и можност за промена на системот во 12 групи со по четири репрезентации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/infantino-najdobro-sp-dosega/feed/ 0