Џани Версаче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jul 2021 08:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џани Версаче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две мртви тела пронајдени во некогашната вила на Версаче https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-mrtvi-tela-pronajdeni-vo-nekogashnata-vila-na-versache/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-mrtvi-tela-pronajdeni-vo-nekogashnata-vila-na-versache/#respond Thu, 15 Jul 2021 08:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=536996

Безживотни тела на двајца мажи беа пронајдени во хотел на Флорида (САД), којшто некогаш беше вила во сопственост на модниот дизајнер Џани Версаче. Собарка ги пронашла телата. Полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сѐ уште не се откриени. Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче. Тој беше убиен пред прагот на својот дом во Мајами Бич, 1997 година, од серискиот убиец Ендрју Кунанан. Вилата каде што беа пронајдени телата – „Каза казуарина“ е изградена 1930., а Версаче ја купи во 1992 година. Таа е хотел од 2015 година.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-mrtvi-tela-pronajdeni-vo-nekogashnata-vila-na-versache/feed/ 0
Попушти под притисокот: „Версаче“ се откажува од користењето кожа од кенгур во производството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popushti-pod-pritisokot-versache-se-otkazuva-od-koristenjeto-koza-od-kengur-vo-proizvodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popushti-pod-pritisokot-versache-se-otkazuva-od-koristenjeto-koza-od-kengur-vo-proizvodstvoto/#respond Thu, 16 Jan 2020 10:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=290537

Италијанската модна куќа „Версаче“ се откажува од користењето кожа од кенгур во производството, под притисок на заштитници на правата на животните од организацијата ЛАВ. „Можеме да потврдиме дека конечно прекинуваме со употребата на кожа од кенгур во нашите колекции“, соопшти „Версаче“ во електронско писмо до британското списание. Гласноговорникот на ЛАВ, Симоне Павезе изјави дека активистите во многу прилики „покажувале на каков сè брутален начин кенгурите се убивани”. Освен тоа, во огромните пожари во Австралија, голем број животни, вклучително и кенгури, угинаа. – Тоа е вистинска еколошка катастрофа, што претставува ризик да истреби многу видови животни од лицето на Земјата, додава Павезе. Првата забрана за користење кенгурска кожа во своите производи беше наложена од „Дијадора“ – италијански производител на спортска облека, обувки и додатоци. Европската Унија, како што јави „Гардијан“, е најголемиот извозник на месо и кожа од кенгур од Австралија. Во таа смисла, Италија е водечки извозник на кожа. Модната куќа „Версаче“ е основана 1978 година од италијанскиот дизајнер Џани Версаче, застрелан 1997 година од сериски убиец на прагот од својата куќа. Работата на креаторот потоа ја продолжува неговата помала сестра – Донатела Версаче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/popushti-pod-pritisokot-versache-se-otkazuva-od-koristenjeto-koza-od-kengur-vo-proizvodstvoto/feed/ 0