Џеф Безос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Oct 2023 11:32:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џеф Безос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ова е љубов“: Објавата на свршеницата на милијардерот Џеф Безос ги воодушеви нејзините следбеници https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-e-lubov-objavata-na-svrshenitsata-na-milijarderot-dhef-bezos-gi-voodushevi-nejzinite-sledbenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-e-lubov-objavata-na-svrshenitsata-na-milijarderot-dhef-bezos-gi-voodushevi-nejzinite-sledbenitsi/#respond Sun, 01 Oct 2023 11:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=883828

Свршеницата на милијардерот Џеф Безос е активна на Инстаграм каде што често ги споделува своите размислувања и некои животни моменти со своите следбеници. Таа со последната објава покажа како ја поминува паузата за ручек со вереникот 350 илјади луѓе на Инстаграм ја следат Лорен Санчез, популарната свршеница на ко-основачот на Амазон, која на социјалните мрежи покажува делови од животот на популарниот милијардер. Откако ја објавија својата љубов во јавноста, Џеф Безос и неговата сакана не се срамат да покажат колку се среќни во љубовта, а најновата објава на атрактивната Санчез покажува како поминуваат време меѓу состаноците на Безос. Санчез на Инстаграм сподели симпатична фотографија од парот излезен на прошетка, со наслов: „Ништо не е подобро да го видите на ручек помеѓу неговите состаноци“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Кети Пери и Крис Џенер, блиски пријатели на парот, ја коментираа фотографијата. Новинарката добитничка на Еми и поранешниот претседател и извршен директор на Амазон се верија кон крајот на мај, откако ја објавија својата врска во јануари 2019 година. Откако ја признаа својата љубов пред јавноста, Безос и Санчез се неразделни и посетија многу забави заедно, вклучувајќи ја и онаа на Vanity Fair по Оскарите во 2023 година. Летово заедно го поминаа на импозантната едрилица по име „Кора“, а на неа запловија до хрватското приморје и ја посетија областа Дубровник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ova-e-lubov-objavata-na-svrshenitsata-na-milijarderot-dhef-bezos-gi-voodushevi-nejzinite-sledbenitsi/feed/ 0
Екипажот се забавува на луксузната јахта на Џеф Безос откако тој заминал од Хрватска https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ekipazhot-se-zabavuva-na-luksuznata-jahta-na-dhef-bezos-otkako-toj-zaminal-od-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ekipazhot-se-zabavuva-na-luksuznata-jahta-na-dhef-bezos-otkako-toj-zaminal-od-hrvatska/#respond Wed, 23 Aug 2023 11:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=869976

Џеф Безос и неговата вереничка Лорен Санчез ја напуштија Хрватска по неколку дена поминати во Дубровник и Хвар, каде уживаа на луксузната јахта „Кору“ долга 127 метри. Откако Безос и неговата славна екипа со хеликоптер ја напуштија јахтата, членовите на екипажот кој работел за Безос со денови, решиле да се опуштат и забавуваат на јахтата. Фотографите ги „фатиле“ членовите на екипажот како се дружат на јахтата и како скокаат во море. Сето тоа се случувало на Хвар, поточно во заливот Вира. Инаку, оваа луксузна јахта има капацитет да прими 18 гости и екипаж од 40 луѓе. За одржување на годишно ниво за ова луксузно пловило Безос издвојува околу 25 милиони долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ekipazhot-se-zabavuva-na-luksuznata-jahta-na-dhef-bezos-otkako-toj-zaminal-od-hrvatska/feed/ 0
Безос и свршеницата ќе донираат 100 милиони долари за помош на Хаваи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-svrshenitsata-ke-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-svrshenitsata-ke-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/#respond Mon, 14 Aug 2023 09:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=866469

Џеф Безос (59) и неговата свршеница Лорен Санчез (53), споделија со јавноста дека ќе донираат 100 милиони долари за Мауи, кој беше уништен од големите пожари на Хаваи, пишува „Пејџ сикс“. Во заедничка објава на Инстаграм, тие напишаа дека мислат на сите семејства кои изгубиле толку многу и на целата заедница која е уништена. „Важни се неодложните потреби, а исто така Потребна е долгорочната обнова што ќе треба да се случи – дури и откако ќе се намали поголемиот дел од вниманието“, додавале тие. Шефот на Амазон и атрактивната поранешна водителка, напишаа дека го основале фондот „Мауи“ и ќе донираат 100 милиони долари за да му помогнат на островот „да се врати на нозе сега и во годините што доаѓаат“. Многумина, вклучително и познати личности, ја поддржаа нивната великодушност и порачаа дека прават прекрасна работа. Инаку, најмалку 80 луѓе загинаа во страшните пожари на Мауи, а 1.000 сè уште се водат како исчезнати, а уништени се илјадници домови, соопштија локалните власти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-svrshenitsata-ke-doniraat-100-milioni-dolari-za-pomosh-na-havai/feed/ 0
НЕКА БЛЕСКА: Џеф Безос ја вери девојката со прстен вреден 2,5 милиони (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neka-bleska-dhef-bezos-ja-veri-devojkata-so-prsten-vreden-2-5-milioni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neka-bleska-dhef-bezos-ja-veri-devojkata-so-prsten-vreden-2-5-milioni-foto/#respond Mon, 19 Jun 2023 13:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=847456

Мултимилијардерот Џеф Безос (59), основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, долго време е во љубовна врска со новинарката Лорен Санчез (53), со која неодамна беше во Италија. Фотографиите на кои тие пловат со неговата јахта вредна 500 милиони долари ги обиколија сите светски медиуми, а огромно внимание привлече бујната Лорен која позираше во танга бикини. Сега повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат поради прстенот кој блескаше на раката. Џеф Безос ја сврши својата избраничка со дијамантски прстен од 2,5 милиони долари токму на неговата јахта, а папараците сега успеаја да го сликаат одблиску. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neka-bleska-dhef-bezos-ja-veri-devojkata-so-prsten-vreden-2-5-milioni-foto/feed/ 0
На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-shto-se-dolzhi-neverojatnata-transformatsija-na-dhef-bezos/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-shto-se-dolzhi-neverojatnata-transformatsija-na-dhef-bezos/#respond Tue, 30 May 2023 13:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=840472

Ако цел живот неуморно работевте за да станете еден од најбогатите луѓе на светот, може да ви биде простено што сакате да забавите, да јадете добра храна и да накачите неколку килограми. Но, тоа не беше случај со Џеф Безос, кој од слаб шеф на книжарница се трансформираше во фит милијардер. Јавноста беше воодушевена од неговата телесна трансформација, која навидум се случи преку ноќ во 2017 година, кога се појави во тесен елек и ги покажа мускулестите раце. Но, вистината е дека Безос не се грижел многу да води здрав живот додека не влегол во средна возраст. Се верува дека откако Amazon ја купи компанијата за здрава храна Whole Foods, тоа ја поттикна промената во 2017 година. Осум часа сон се неопходни за успех Постојат клинички докази дека спиењето е од суштинско значење за когнитивното функционирање, расположението и менталното, кардиоваскуларното, цереброваскуларното и метаболичкото здравје. Џеф Безос разбира дека добрата хигиена на спиење е исто толку важна како и вежбањето. „Ми требаат осум часа сон. Размислувам подобро, имам повеќе енергија и сум порасположен“, рече тој на конференцијата во Економскиот клуб во 2018 година. Религиозно вежба со познат тренер Безос работи со тренерот Вес Окерсон, кој е заслужен за подготовката на Том Круз за неговиот трилер Valkyrie од 2008 година. Окерсон е страстен поборник за вежби со мало оптоварување и висок отпор, како што е веслањето. Исто така ги охрабрува своите клиенти да вежбаат надвор. Омилени тренинзи му се трчање по угорнини и удолници, кајак и сурфање. Процентот на здрава телесна маст кај мажите на возраст од 40 до 59 години е помеѓу 11 и 21 процент. Одењето под тој праг може да доведе до „испиен“ изглед. Оние кои внимателно ја следат трансформацијата на Безос веруваат дека тој сега е меѓу 12 и 14 проценти телесна маст. Исхрана богата со протеини Безос јаде многу протеини, кои ги комбинира со храна богата со здрави масти, како што е авокадото. Окерсон е застапник на кето диетата, па не би било чудно доколку славниот милијардер го следи тој пристап. Безос еднаш откри дека омилен појадок му е медитерански октопод со компири, сланина и јогурт со лук, а сака да се почести и со хамбургер од McDonald’s. Гласини за стероиди Се шушка дека Безос го довел телото во форма со инјекции со тестостерон. Со оглед на неговата 59-годишна возраст, многумина се сомневаат дека тој можел да постигне таков изглед без помош на некои лекови. Дерматологот Роберта Дел Кампо рече: „Нема шанси тоа е само диета и вежбање“, а д-р Камерон Сепах додаде: „Верувајте ми, Безос фармаколошки го зголемува тестостеронот - погледнете му ги рацете!„ Безос ги демантираше тие гласини. Анонимен извор близок до милијардерот изјави за TMZ во 2021 година дека тие се „100 проценти лажни“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-shto-se-dolzhi-neverojatnata-transformatsija-na-dhef-bezos/feed/ 0
Џеф Безос се жени: Наскоро почнуваат подготовките за свадба, со идната сопруга го запознал нејзиниот екс маж https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dhef-bezos-se-zheni-naskoro-pochnuvaat-podgotovkite-za-svadba-so-idnata-sopruga-go-zapoznal-nejziniot-eks-mazh/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dhef-bezos-se-zheni-naskoro-pochnuvaat-podgotovkite-za-svadba-so-idnata-sopruga-go-zapoznal-nejziniot-eks-mazh/#respond Tue, 23 May 2023 07:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=837765

Американскиот милијардер Џеф Безос ја запроси новинарката Лорен Санчез по речиси пет години врска. Тие во мигов се наоѓаат на југот на Франција, по повод Филмскиот фестивал во Кан. Изминативе неколку дена тие организираа неколку забави за блиски пријатели на неговата луксузна јахта од 500 милиони долари. Наскоро ќе почнат и подготовките за венчавката. - Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најубавиот човек што го познавам, изјави Лорен за Џеф во една прилика. Некои од медиумските компании за кои таа работела се „Фокс“, Гуд деј, Л.А.“, „Екстра“ итн. Меѓу емисиите што таа ги водела се „The View“, „Showbiz Tonight“ и „So You Think You Can Dance“. Со Безос ги запознал нејзиниот поранешен сопруг Патрик Вајтсел, кој работи како менаџер на бројни познати личности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dhef-bezos-se-zheni-naskoro-pochnuvaat-podgotovkite-za-svadba-so-idnata-sopruga-go-zapoznal-nejziniot-eks-mazh/feed/ 0
Основачот на Амазон потпиша договор со НАСА, ќе градат вселенско летало кое ќе оди на Месечината https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/osnovachot-na-amazon-potpisha-dogovor-so-nasa-ke-gradat-vselensko-letalo-koe-ke-odi-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/osnovachot-na-amazon-potpisha-dogovor-so-nasa-ke-gradat-vselensko-letalo-koe-ke-odi-na-mesechinata/#respond Sat, 20 May 2023 17:53:25 +0000 https://kurir.mk/?p=836813

Тимот предводен од вселенската компанија Blue Origin на милијардерот Џеф Безос доби договор со НАСА вреден 3,4 милијарди долари за изградба на вселенско летало што ќе ги носи астронаутите на површината на Месечината и назад, објави вчера американската вселенска агенција. Blue Origin има намера да го изгради 16 метри високиот вселенски брод Blue Moon за да слета на Месечината во соработка со Lockheed Martin, Boeing, Draper и Astrobotic. НАСА го избра Blue Origin наместо понуда од Dynetics, која е во сопственост на компанијата за воена индустрија Leidos. Одлуката на НАСА да ги избере Безос и Блу Ориџин ќе и даде уште една опција за испраќање астронаути на Месечината како дел од нејзината програма Артемис. Во 2021 година, НАСА му додели на SpaceX на милијардерот Илон Маск договор вреден три милијарди долари за изградба на вселенското летало Starship, кое треба да донесе астронаути на површината на Месечината за прв пат по мисијата Аполо во 1972 година. „Сакаме поголема конкуренција, сакаме два летала“ „Реков претходно: сакаме поголема конкуренција, сакаме две летала и тоа е подобро“, рече администраторот на НАСА Бил Нелсон на настан во седиштето на агенцијата. „Тоа значи дека имате сигурност, имате резерви“, додаде тој. Доделувањето на договорот го следи трендот во последните години во НАСА за помагање во финансирањето на развојот на приватни вселенски летала, а потоа се плаќа за нивно користење во мисии, наместо да се троши повеќе за нивно целосно поседување. НАСА соопшти дека ја избрала понудата на Blue Origin поради нејзината пониска цена, дополнителните можности за вселенски бродови и нејзината намера да спроведе две пробни мисии за слетување на Месечината на сопствен трошок во 2024 и 2025 година. Програмата Артемис предвидува воспоставување долгорочно присуство на Месечината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/osnovachot-na-amazon-potpisha-dogovor-so-nasa-ke-gradat-vselensko-letalo-koe-ke-odi-na-mesechinata/feed/ 0
Папараците ги „уловиле“ Џеф Безос и неговата девојка на новата јахта вредна 500 милиони долари која предизвика контроверзии https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/paparatsite-gi-ulovile-dhef-bezos-i-negovata-devojka-na-novata-jahta-vredna-500-milioni-dolari-koja-predizvika-kontroverzii/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/paparatsite-gi-ulovile-dhef-bezos-i-negovata-devojka-na-novata-jahta-vredna-500-milioni-dolari-koja-predizvika-kontroverzii/#respond Wed, 17 May 2023 12:53:59 +0000 https://kurir.mk/?p=835353

Милијардерот и сопственик на „Amazon“, Џеф Безос, и неговата девојка Лорен Санчез биле фотографирани на неговата нова суперјахта вредна половина милијарда долари. Парот бил снимен на шпанскиот брег во понеделникот, а ги фатиле во моменти на опуштање на палубата на јахтата, облечени во костими за капење. Ова се први фотографии од Безос на неговата нова 70 метри висока и 127 метри долга јахта наречена „Koru“. Станува збор за највисоката јахта на светот, која на себе има и хелиодром, како и базен и поседува капацитет за 18 гости. Јахтата изобилува со луксузни нешта, па дури и автомобил, скутер, глисер, а наводно има и подморница. Јахтата може да прими 18 гости и екипаж од дури 40 луѓе. Јахтата предизвика бројни контроверзии Освен што вреди половина милијарда долари, за годишно одржување и погон на ова луксузно пловило Безос мора да издвојува околу 25 милиони долари, но со оглед на тоа дека е „тежок“ околу 181 милијарда долари, тоа веројатно нема да му претставува проблем. Со оваа јахта се врзува и една контроверзија - имено, бродот иницијално се градеше во Ротердам, каде настана проблем бидејќи бил превисок и поради него за малку ќе беше деконструиран историскиот мост Конингсхавен. „Koru“ има јарболи кои достигнуваат до 39 метри и за да помине низ каналот, ќе мораше да се деконструира историскиот мост, а граѓаните на Ротердам се заканија дека ќе го гаѓаат бродот со расипани јајца доколку се случи тоа. Поради тоа, беше преместен во друго бродоградилиште во градот, при што биле отстранети неговите јарболи во текот на преместувањето. Бродот бил успешно довршен, и како што може да се забележи, Безос веќе ужива во него. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/paparatsite-gi-ulovile-dhef-bezos-i-negovata-devojka-na-novata-jahta-vredna-500-milioni-dolari-koja-predizvika-kontroverzii/feed/ 0
Амазон планира да ги лансира првите интернет сателити до 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-planira-da-gi-lansira-prvite-internet-sateliti-do-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-planira-da-gi-lansira-prvite-internet-sateliti-do-2024-godina/#respond Wed, 15 Mar 2023 08:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=812118

Компанијата „Amazon.com“ во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека планира да ги лансира своите први интернет сателити во вселената во првата половина на 2024 година и наскоро потоа ќе им понуди првични комерцијални тестови на корисниците. Компанијата се подготвува да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск и други во обезбедување услуги на широкопојасен интернет на глобално ниво. Сателитската интернет единица на Amazon, Project Kuiper, ќе започне со масовно производство на сателити подоцна оваа година, објави компанијата. Тоа ќе биде првиот од повеќе од 3.000 сателити кои технолошкиот гигант планира да ги лансира во ниската орбита на Земјата во следните неколку години. - Дефинитивно ќе имаме бета тестирање со комерцијални клиенти во 2024 година, рече Дејв Лимп, шеф на одделот за потрошувачки уреди на Амазон, на конференција во Вашингтон. Исполнувањето на целта за 2024 година ќе му овозможи на Амазон да продолжи успешно да лансира половина од својата мрежа Квипер од 3.236 сателити до 2026 година. Лимп рече дека компанијата планира да произведува „три до пет“ сателити дневно за да ја исполни крајната цел. Бидејќи планира да инвестира повеќе од 10 милијарди долари во мрежата Квипер, Амазон се повлекува од својот бизнис со електроника за широка потрошувачка за да произведе милиони терминали потребни за поврзување на клиентите со Квипер сателитите. Компанијата го смета своето искуство во производството на милиони уреди за кога е прашање конкурентноста со мрежата Starlink на SpaceX, која веќе има приближно 4.000 сателити во вселената. - Денес, терминалите Starlink на SpaceX, кои чинат по 599 долари, ги користат „повеќе од милион клиенти“, рече Џонатан Хофелер, менаџер за продажба на терминалот Starlink на SpaceX, пренесува Хина. Стандардниот кориснички терминал на Амазон, со квадратна антена од 11 инчиза мрежата Квипер ќе чини помалку од 400 долари за производство и ќе обезбеди брзина на Интернет од 400 мегабити во секунда за клиентите, соопшти компанијата. Помалата мобилна антена во форма на квадрат, широка 7 инчи (18 см) и тешка околу 450 грама, ќе биде најприфатливиот мрежен терминал на Амазон за клиентите, иако компанијата сè уште не објави цена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-planira-da-gi-lansira-prvite-internet-sateliti-do-2024-godina/feed/ 0
Џеф Безос и додели 100 милиони долари на Доли Партон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzef-bezos-i-dodeli-100-milioni-dolari-na-doli-parton/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzef-bezos-i-dodeli-100-milioni-dolari-na-doli-parton/#respond Mon, 14 Nov 2022 09:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=760114

Пејачката Доли Партон ја прими наградата "Bezos Courage & Civility Award" вредна 100 милиони долари која милијардерот Џеф Безос ја доделува на активисти, филантропи и хуманитарци кои „храбро бараат решение“ за актуелните светски проблеми. Безос, во петокот ја најаи наградата заедно со својата долгогодишна партнерка Лорен Санчез. Санчез на Инстаграм објавила дека Партон „е жена која го дава срцето и се води од љубовта и сочувството во секој аспект на својата работа“. -Едвај чекаме да ги видиме добрините кои ќе ги направи со оваа награда од 100 милиони долари, изјавила таа. -Мислам дека луѓето кои се во можност да помогнат треба да ги стават своите пари таму каде им се срцето. Ќе дадам се од себе со парите на направам добри работи, изјавила добитничката Партон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzef-bezos-i-dodeli-100-milioni-dolari-na-doli-parton/feed/ 0