Џефри Епстајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Dec 2021 07:25:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џефри Епстајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гилејн Максвел прогласена за виновна за помагање на Епстајн во сексуална злоупотреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gilejn-maksvel-proglasena-za-vinovna-za-pomaganje-na-epstajn-vo-seksualna-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gilejn-maksvel-proglasena-za-vinovna-za-pomaganje-na-epstajn-vo-seksualna-zloupotreba/#respond Thu, 30 Dec 2021 07:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=614729

Британката Гилејн Максвел, поранешна соработничка на починатиот финансиер Џефри Епстајн, обвинет за сексуална злоупотреба, е прогласена за виновна од судот во Њујорк за местење и помагање на Епстајн при експлоатација на малолетни девојчиња и се соочува со „децениски затвор“.Судењето траеше еден месец, а четири жени дадоа детали за сексуалната злоупотреба на девојки, од кои некои имале само 14 години, во текот на 90-те и раните 2000-ти во луксузните куќи на Епстајн во Флорида, Њујорк и Ново Мексико. Поротата расправаше цели пет дена пред да ја прогласи Максвел за виновна за пет од шест точки во обвинението. Епстајн, изврши самоубиство пред почетокот на судењето во 2019 година. За време на судењето, обвинителите повикаа 24 сведоци за да и опишат на поротата како изгледал животот во куќите на Епстајн. Прикажани се и банкарски податоци од кои може да се види дека Епстајн уплатил 30,7 милиони долари на сметката на Максвел, која со години му била пријателка, извесно време девојка, а подоцна работела за него. Сепак, во центарот на обвинението беше сведочењето на четири жени кои рекоа дека како многу млади биле жртви на Максвел и Епстајн. Судењата во кои се вклучени Епстајн и Максвел се уште не се завршени. На Максвел треба да и се суди по две точки од обвинението за лажно сведочење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gilejn-maksvel-proglasena-za-vinovna-za-pomaganje-na-epstajn-vo-seksualna-zloupotreba/feed/ 0
Славните се тресат: Се бара список со имиња на тие кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavnite-se-tresat-se-bara-spisok-so-iminja-na-tie-koi-letale-so-avionite-na-osudeniot-pedofil-epstajn/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavnite-se-tresat-se-bara-spisok-so-iminja-na-tie-koi-letale-so-avionite-na-osudeniot-pedofil-epstajn/#respond Mon, 21 Sep 2020 12:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=406215

Податоци од летовите на авионите на милијардерот Џефри Епстајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени пред судот, што предизвикува страв кај богатите и славните личности кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил, кој минатата година изврши самоубиство во затвор, информираат британските медиуми. Јавниот обвинител на Девствените Острови, каде што милијардерот имал вила и се сомничи дека извршил бројни злосторства, побара да добие документи за тоа кои биле патниците во овие воздухоплови. Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони во периодот од 1998 година до самоубиството на Епстајн во 2019 година. Обвинителот Денис Џорџ поднесе тужба, повикувајќи се на 22 точки, вклучително и трговија со луѓе, тешко силување, злоупотреба на деца, занемарување, присилна работа и проституција, пишува „Дејли мејл“. Џорџ, исто така, бара да види какви било „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотот. Се бараат и имиња и детали за сите кои работеле со пилотите, комуницирале со Епстајн и патниците кои патувале со него. Пилотот Дејвид Роџерс претходно откри информација од 2009 година која покажала дека британскиот принц Ендрју, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кембел биле меѓу оние кои патувале со авионите на милијардерот. Сепак, тоа не значи дека тие биле свесни за злосторствата за кои беше обвинет Епстајн. Според некои извори, ова предизвикало вистинска паника кај богатите и славните, а адвокатите на жртвите наведуваат дека побараните извештаи не вклучуваат податоци од летовите на пилот кој работел за Епстајн повеќе од 25 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavnite-se-tresat-se-bara-spisok-so-iminja-na-tie-koi-letale-so-avionite-na-osudeniot-pedofil-epstajn/feed/ 0
Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovan-fond-za-zrtvite-na-dzefri-epstajn/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovan-fond-za-zrtvite-na-dzefri-epstajn/#respond Fri, 26 Jun 2020 07:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=363212

Речиси една година по неговото апсење, основан е Фондот за жртвите на сексуална злупотреба на Џефри Епстајн. Жртвите на овој начин ќе можат да бараат надомест на штета од неговото богатство кое тој го остави по смртта. Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, тоа се проценуваше на околу 636 милиони долари. Многу од жртвите на сексуална злупотреба на Епстајн беа малолетни лица. Одговорниот за Фондот, Џордан Филдман изјави дека е во контакт со адвокати што застапуваат 70-тина од жртвите на Епштајн, но и дека е можно да се појават повеќе жени кои ќе бараат да бидат обесштетени. – Очекувам барањата да варираат од неколку илјади до неколку милиони долари, рече Филдман. По минатогодишното апсење, Епстајн се изјасни за невин за сексуална злоупотреба и трговија со жени и девојчиња во Менхетн и на Флорида. Набргу по неговото апсење, Епстајн се обеси во неговата затворска ќелија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovan-fond-za-zrtvite-na-dzefri-epstajn/feed/ 0
Шокантни обвинувања против Епстајн, најмладата жртва имала 12 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-obvinuvanja-protiv-epstajn-najmladata-zrtva-imala-12-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-obvinuvanja-protiv-epstajn-najmladata-zrtva-imala-12-godini/#respond Thu, 16 Jan 2020 14:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=290712

Обвинителката на Девствените Острови побара одземање на имотот на покојниот холивудски продуцент Џефри Епстајн, кој беше обвинет за сексуално злоставување на малолетни лица на архипелагот до 2019 година меѓу кои и 12-годишно девојче. Откако федералниот обвинител од Менхетен во јули 2019 година го обвини за сексуална злоупотреба, Епстајн се обеси во затворот во Њујорк на 10 август минатата година. Во судската постапка поднесена од обвинителката на Девствените Острови, Дениз Џорџ се обидува да го одземе имотот на милијардерот Епстајн, кој имаше два приватни острови од архипелагот Девствени Острови. Во тужбата е опфатен периодот од 2001 до 2019 година. Според неа, истрагата открила дека Епстајн организирал „голема мрежа за трговија со луѓе и за сексуална злоупотреба на млади жени и малолетни лица од Девствените Острови“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-obvinuvanja-protiv-epstajn-najmladata-zrtva-imala-12-godini/feed/ 0
И мртов не престанува да изненадува- Нови бизарни детали од животот на контроверзниот милијардер и педофил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-mrtov-ne-prestanuva-da-iznenaduva-novi-bizarni-detali-od-zivotot-na-kontroverzniot-milijarder-i-pedofil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-mrtov-ne-prestanuva-da-iznenaduva-novi-bizarni-detali-od-zivotot-na-kontroverzniot-milijarder-i-pedofil/#respond Tue, 17 Sep 2019 11:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=241639

Пиштол покрај креветот за да може да заспие, секогаш студено во спалната соба, аверзија кон алкохолот и диета која се состои само од салата. Ова бил животниот стил на Епстајн кој злоставувал мали девојчиња на неговиот луксузен имот ширум САД. Овие досега непознати детали за магазинот "Vanity Fair" ги откри новинарката Ванеса Григоријадис. И самата новинарка била сведок на развратниот живот кој Џефри Епстајн, контроверзниот американски милијардер кој неодамна се самоуби во затвор го живеел во 90-тите години од минатиот век. Таа бизарните детали ги открила преку бројни интервјуа со неговите жртви. Една девојка открила дека Епстајн ја присилувал да спие на ниски температури затоа што верувал дека студената соба значи помирен сон: „Обожуваше да спие на студено, на околу 12 Целзиусови степени“. Друга девојка открила дека милијардерот бил параноичен и спиел со пиштол во футрола под неговиот кревет, а бил опседнат и со „болни шпионски игри“. Една девојка некој ја следел и фотографирал, најверојатно по налог на Епстајн. Станува збор за манекенка која одбила да биде во врска со милијардерот, по што започнала да добива фотографии направени додека преминува улица и слично. Една девојка се сомнева дека Епстајн ја прислушкувал. „Имав чудна ситуација додека разговарав со него. Ме гледаше во очи на морничав начин и цитираше нешто што јас претходно во приватен разговор ѝ го реков на мојата другарка. Го фрлив телефонот и го прекинав секој контакт со него“, открила таа. Се чини дека милијардерот имал и некои заеднички особини со неговиот пријател - принцот Ендру кој исто така бил опседнат со диети. „Не пиеше, не земаше дрога, не пушеше, а ниту пак сакаше да биде покрај луѓе кои го прават тоа. Се тушираше повеќе пати дневно. Презираше ресторани и јадеше интегрални житарици, протеини и зелени салати“, открива Григоријадис. Многу слично се однесувал и британскиот принц, кој откако испливаа контроверзиите за Епстајн на површината, започна да тврди дека не биле блиски. Жена која што патувала со него за "Daily Mail" изјавила дека Ендру исто така не сакал алкохол. „Принцот не допира алкохол. Нарачува чај и внимава со исхраната. Исто така, не може да издржи да биде во близина на пушачи“, открила таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-mrtov-ne-prestanuva-da-iznenaduva-novi-bizarni-detali-od-zivotot-na-kontroverzniot-milijarder-i-pedofil/feed/ 0
Да не му се знае местото на кое почива: Педофилот милијардер погребан во необележена семејна гробница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-ne-mu-se-znae-mestoto-na-koe-pochiva-pedofilot-milijarder-pogreban-vo-neobelezena-semejna-grobnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-ne-mu-se-znae-mestoto-na-koe-pochiva-pedofilot-milijarder-pogreban-vo-neobelezena-semejna-grobnica/#respond Fri, 23 Aug 2019 05:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=232553

Американскиот милијардер Џефри Епстајн, кој беше обвинет за педофилија и детска проституција, наводно е погребан во необележена семејна гробница, крај своите родители, чии имиња се отстранети од надгробниот споменик за да се спречи вандализам. На мермерната плоча на гробницата на неговите родители на гробиштата ИЈ Морис, на Флорида, Давидовата ѕвезда е заменета со празна плоча, пренесува британскиот весник „Мирор“. Претпоставка е дека ваквата одлука е донесена за гробовите да се заштитат од вандалите, кои се згрозени од педофилските постапки на Епстајн. Милијардерот се самоуби во затвор, на 10 август, додека го чекаше судењето заради тврдењата дека предводел група за детска проституција. Епстај, кој беше уапсен на 6 јули, се изјасни дека не се чуствува виновен за обвинувањата за трговија со луѓе во која биле вклучени и десетици малолетни девојчиња на востраст од 14  години, и тоа во периодот од 2002 до 2005 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/da-ne-mu-se-znae-mestoto-na-koe-pochiva-pedofilot-milijarder-pogreban-vo-neobelezena-semejna-grobnica/feed/ 0
Откриено како настанала смртта на милијардерот Џефри Епстајн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrieno-kako-nastanala-smrtta-na-milijarderot-dzefri-epstajn/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrieno-kako-nastanala-smrtta-na-milijarderot-dzefri-epstajn/#respond Sat, 17 Aug 2019 08:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=230443

Резултатите од аутопсијата покажаа дека причина за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е самоубиство со бесење, изјави портпаролката на канцеларијата на шефот на Патологија во Њујорк, Аја Ворти-Дејвис. Таа додаде дека официјалниот извештај за смртта на Епстајн ќе биде објавен во текот на денот. Весникот „Вашингтон пост“ пред два дена објави дека аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места. Епстајн минатата сабота беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Менхетн, каде го чекаше судењето за трговија со луѓе и сексуално злоставување. Во обвинението против Епстајн се наведува дека тој намамил десетина малолетнички во своите луксузни куќи и им плаќал за сексуални услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrieno-kako-nastanala-smrtta-na-milijarderot-dzefri-epstajn/feed/ 0
Се самоуби милијардерот, обвинет за педофилија, Џефри Епстајн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-samoubi-milijarderot-obvinet-za-pedofilija-dzefri-epstajn/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-samoubi-milijarderot-obvinet-za-pedofilija-dzefri-epstajn/#respond Sat, 10 Aug 2019 13:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=228400

Осомничениот педофил Џефри Епстајн изврши самоубиство, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на полициски извори. Според весникот, рано изутринава е изнесено тело од затворот во Менхетан, каде Епстајн издржуваше затворска казна и потоа е пренесен во локалната болница. Епстајн беше во федерален затвор во Менхетен, каде чекаше судење по обвиненијата за трговија со сексуално робје. Точното време и околности на самоубиството на Епстајн не се познати. Милијардерот следната година на суд требаше да се соочи со обвиненијата за сексуално злоставување на десетици малолетни девојки во Њујорк и на Флорида. Тој пред две недели се обиде да се самоубие во затворот , по што беше ставен под 24-часовна стража. Епстајн, кој беше уапсен на почетокот на јули поради федерални обвиненија, тогаш беше пронајден на подот на својата ќелија во положба на фетус и имал траги од повреди на вратот. Доколку на претстојното судење тој беше прогласен за виновен, ќе се соочеше со затворска казна до 45 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-samoubi-milijarderot-obvinet-za-pedofilija-dzefri-epstajn/feed/ 0
Милијардер педофил се обидел да се самоубие во затвор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-pedofil-se-obidel-da-se-samoubie-vo-zatvor-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-pedofil-se-obidel-da-se-samoubie-vo-zatvor-video/#respond Thu, 25 Jul 2019 09:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=222470

Милијардерот педофил Џефри Епстајн се обидел да се самоубие во затвор и сега е под 24-часовна стража. Епстајн кој беше уапсен на почетокот на јули заради федералните обвинувања, пронајден е на подот од ќелијата во положба на фетус, рекле извори за Ен-Би-Си. Бил полусвесен и имал траги на повреди на вратот. Извори тврдат дека Епстајн можеби се обидел да се обеси во ќелијата. Друг извор тврди дека повредите на Епстајн не биле сериозни и укажува на можноста дека тој го користи инцидентот за да се обиде да добие трансфер во друг затвор. Епстајн (66) обвинет е овој месец за кривично дело трговија со луѓе и завера за сексуална трговија во Окружниот суд на САД на Менхетен. Ако биде осуден се соочува со казна до 45 години затвор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-pedofil-se-obidel-da-se-samoubie-vo-zatvor-video/feed/ 0