Џефри Ховениер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 15:57:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џефри Ховениер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадорот на САД во Косово: Голем напад и инцидент од добро обучена група со воена опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadorot-na-sad-vo-kosovo-golem-napad-i-intsident-od-dobro-obuchena-grupa-so-voena-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadorot-na-sad-vo-kosovo-golem-napad-i-intsident-od-dobro-obuchena-grupa-so-voena-oprema/#respond Tue, 26 Sep 2023 15:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=881947

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер денеска по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека се уште има непознати детали за инцидентот во селото Бањска и предупреди дека може да се очекуваат и „други слични инциденти“. Според него, безбедносните институции работат на расветлување на околностите. – Се уште не можам да зборувам за последиците, поминаа 48 часа од нападот. Некои работи ги знаеме, а некои не. Тоа беше голем напад и инцидент. САД тесно соработуваат со Косово. Знаеме дека тоа беше напад на добро обучена група со воена опрема. Знаеме дека некои од напаѓачите се убиени, а некои избегале. Ова е обучена и организирана група и зад нив стои некој кој ги опремил со тешко вооружување – рече американскиот амбасадор. Ховениер нагласи за координација на косовската полиција со КФОР и ЕУЛЕКС. – Има силна координација меѓу косовската полиција, КФОР и ЕУЛЕКС. Ова беше голем напад на Косово со трагични последици. Ние сме со народот на Косово и работиме сторителите да се изведат пред лицето на правдата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadorot-na-sad-vo-kosovo-golem-napad-i-intsident-od-dobro-obuchena-grupa-so-voena-oprema/feed/ 0
Ховениер: Очекуваме Приштина да преземе акција за деескалација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hovenier-ochekuvame-prishtina-da-prezeme-aktsija-za-deeskalatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hovenier-ochekuvame-prishtina-da-prezeme-aktsija-za-deeskalatsija/#respond Tue, 01 Aug 2023 15:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=862413

Амбасадорот на САД, Џефри Ховениер ја повика Приштина да преземе акција за деескалација на ситуацијата во северно Косово и да го спроведе Охридскиот договор. - Мислиме дека е важно да се постигне понатамошна деескалација на северот и да се избегнат случаите кога се случуваат насилни акти. Ова му помага на Косово да постигне евроатлантска интеграција. Нашиот фокус е да го спроведеме Охридскиот договор од двете страни. Очекуваме Владата на Косово да создаде околности и да преземе дејствија што ќе ја деескалираат ситуацијата, истакна Ховениер. Според него, Приштина мора да најде решение за северниот дел на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hovenier-ochekuvame-prishtina-da-prezeme-aktsija-za-deeskalatsija/feed/ 0
Ховениер го поздрави мирниот почеток на спроведување на косовско-српскиот договор за личните исправи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hovenier-go-pozdravi-mirniot-pochetok-na-sproveduvanje-na-kosovsko-srpskiot-dogovor-za-lichnite-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hovenier-go-pozdravi-mirniot-pochetok-na-sproveduvanje-na-kosovsko-srpskiot-dogovor-za-lichnite-ispravi/#respond Thu, 01 Sep 2022 16:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=727393

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер го поздрави мирниот почеток на спроведувањето на договорот меѓу Косово и Србија за слободно движење на граѓаните од едната во другата држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Ховениер на својата официјална страница на Твитер напиша дека „слободата на движење е суштествена за нормализацијата на односите со крајна цел меѓусебно признавање на Косово и Србија“. Американскиот амбасадор изрази надеж дека во наредните месеци ќе има нов напредок во преговорите меѓу Приштина и Белград. – Го поздравуваме мирниот почеток на спроведувањето на договор, постигнат со посредство на ЕУ, за влезно-излезните документи… Со нетрпение очекуваме напредок во други прашања во наредните месеци, напиша Ховениер. Од денеска, 1 септември, стапи во сила одлуката на Владата во Приштина за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи. Косовските, како и српските медиуми известуваат од граничните премини дека договорот се спроведува без никакви проблеми од граничните власти на двете држави, а граѓаните кои ја преминуваат границата изразуваат задоволство поради поедноставувањето на процедурите. Со посредство на емисарите на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак (специјален пратеник на Брисел за дијалогот меѓу Белград и Приштина) и Габриел Ескобар (специјален пратеник на Вашингтон за Западен Балкан), кои минатата недела ги посетија двете држави, властите во Косово и Србија се договорија целосно да ги укинат дополнителните процедури за премин на граѓаните од едната во другата држава. Тоа значи дека од синоќа на полноќ нема да се издаваат дополнителни времени патни документи, како што тоа досега, во изминатите 11 години, беше пракса од српска страна и како што сакаше да го воведе како реципроцитет косовската страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hovenier-go-pozdravi-mirniot-pochetok-na-sproveduvanje-na-kosovsko-srpskiot-dogovor-za-lichnite-ispravi/feed/ 0