Џеј Лено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 10:19:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џеј Лено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Џеј Лено го покажа лицето по изгорениците од трет степен https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-dhej-leno-go-pokazha-litseto-po-izgorenitsite-od-tret-stepen/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-dhej-leno-go-pokazha-litseto-po-izgorenitsite-od-tret-stepen/#respond Fri, 03 Mar 2023 10:19:34 +0000 https://kurir.mk/?p=807524

Американскиот водител и комичар Џеј Лено го покажа своето „ново лице“ три месеци по пожарот во емисијата „Гаража“. Тој, имено, во ноември се здоби со изгореници од трет степен кога лицето, вратот, увото, горниот дел од телото и делови од рацете, по што следеле неколку операции и забрзано заздравување. - Ова е сосема ново лице. Ново е. Неверојатно е!, изјави Лено (72) во „Шоуто на Кели Кларксон“. Меѓу шегите за неговите повреди, тој ја прераскажа случката со неговиот „Вајт стим“ автомобил од 1907 година во неговата гаража од 140.000 квадратни метри во Бурбанк, Калифорнија, САД. Токму тогаш, додека се обидувал да ја затне цевката за гориво, плин му прснал в лице, па се запалил преку сијаличката на автомобилот. - Само вторпат во мојата кариера сум „новото лице на комедијата“, се пошегува тој. Меѓу другото, увото на Лено било подложено на неколку операции. Тој продолжил да биде водител на настан за собирање пари за болницата, за помош на децата што се лекуваат таму, како и подарок за медицинскиот персонал што се грижел за него - патување на Бахамите како благодарност. По несреќата, Лено се враќа на работа со емисијата „Обложи се во својот живот“ (You Bet Your Life), со целосен распоред. Емисијата „Гаража“, по седум сезони, засега е завршена.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-dhej-leno-go-pokazha-litseto-po-izgorenitsite-od-tret-stepen/feed/ 0
Му се запали автомобил- На Џеј Лено му изгоре левата страна од лицето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mu-se-zapali-avtomobil-na-dzej-leno-mu-izgore-levata-strana-od-liceto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mu-se-zapali-avtomobil-na-dzej-leno-mu-izgore-levata-strana-od-liceto/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=760757

Американскиот телевизиски водител и комичар Џеј Лено се здобил со тешки изгореници на лицето откако се запалил еден од неговите автомобили. Тој е згрижен во болницата за пластична хирургија „Грошман брн центар“ во Лос Анџелес. Според наводите, левата страна од лицето му е изгорена, но окото и увото не се сериозно зафатени. Лено во објава потоа нагласи дека има сериозни изгореници по запален бензин. – „Добро сум. Ми требаат само една до две недели да застанам на нозе“, наведе тој. Џеј Лено (72) поседува колекција од 286 возила – околу 100 автомобили и мотоцикли. Тој беше еден од најгледаните ТВ-водители во САД, со своето вечерно „Тунајт шоу“ (The Tonight Show). По напуштањето на шоуто во 2009 година, тој почна со своја сопствена програма „Гаража“ (Jay Leno’s Garage) на „Си-ен-би-си“ во 2015., а водител е и на „You Bet Your Life“ од 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mu-se-zapali-avtomobil-na-dzej-leno-mu-izgore-levata-strana-od-liceto/feed/ 0