Џејкоб Зума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 07:59:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џејкоб Зума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врховниот суд на ЈАР побара поранешниот претседател Џејкоб Зума да биде вратен во затвор на дослужување на казната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-jar-pobara-poraneshniot-pretsedatel-dzejkob-zuma-da-bide-vraten-vo-zatvor-na-dosluzuvanje-na-kaznata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-jar-pobara-poraneshniot-pretsedatel-dzejkob-zuma-da-bide-vraten-vo-zatvor-na-dosluzuvanje-na-kaznata/#respond Tue, 22 Nov 2022 07:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=764541

Врховниот суд на Јужнoафриканската Република пресуди дека предвременото ослободување на поранешниот претседател Џејкоб Зума е незаконско и тој мора да се врати во затвор за да ја отслужи изречената казна за непочитување на Судот. Зума минатата година беше осуден на 15 месеци затвор, откако ја игнорираше судската наредба да сведочи во врска со владината истрага за широко распространета корупција за време на неговото еднодецениско владеење што заврши во 2018 година. Тој во септември минатата година беше предвремено ослободен поради здравствени причини, по само два месеци минати во затвор. Врховниот суд во декември го поништи предвременото ослободување на Зума и издаде наредба тој да биде вратен во затвор. Поранешниот јужноафрикански претседател поднесе жалба против поништувањето на неговото предвремено ослободување, која подоцна беше одбиена. „Со други зборови, правно Зума не ја отслужил својата казна. Тој мора да се врати во поправниот центар за придружба за да го стори тоа“, се вели во пресудата на Врховниот суд, кој ги отфрли забелешките на Службата за извршување казни дека во текот на разгледувањето на жалбата на Зума му истекла казната. Судот исто така утврди незаконска била и одлуката за условно привремено ослободување на Зума од здравствени причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-jar-pobara-poraneshniot-pretsedatel-dzejkob-zuma-da-bide-vraten-vo-zatvor-na-dosluzuvanje-na-kaznata/feed/ 0
Џејкоб Зума осуден на 15 месеци затвор за непочитување на судот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejkob-zuma-osuden-na-15-meseci-zatvor-za-nepochituvanje-na-sudot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejkob-zuma-osuden-na-15-meseci-zatvor-za-nepochituvanje-na-sudot/#respond Tue, 29 Jun 2021 12:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=529364

Уставниот суд на Јужна Африка денеска го осуди поранешниот претседател Џејкоб Зума на 15 месеци затвор заради непочитување на судот, откако одби да одговори на прашања на антикорупциската комисија за време на неговиот мандат. Ова е првпат во историјата на Јужна Африка поранешен претседател да биде осуден на затворска казна. -Уставниот суд немаше друг избор освен да заклучи дека г-дин Зума е виновен за непочитување на судот, рече судијата Сиси Кампепе. На Зума му е наредено да се пријави во полицијата во рок од пет дена, а доколку не го стори тоа, ќе биде уапсен. Зума, кој беше претседател на економски најразвиената африканска земја од 2009 до 2018 година, е обвинет за многу случаи на корупција, рекетирање, измами, затајување данок и перење пари. Тој ја негираше вината по сите точки на обвинението, тврдејќи дека судењето било политички мотивирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejkob-zuma-osuden-na-15-meseci-zatvor-za-nepochituvanje-na-sudot/feed/ 0