џејми оливер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 12:39:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џејми оливер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Белград се отвора ресторан на познатиот британски готвач Џејми Оливер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-belgrad-se-otvora-restoran-na-poznatiot-britanski-gotvach-dhejmi-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-belgrad-se-otvora-restoran-na-poznatiot-britanski-gotvach-dhejmi-oliver/#respond Fri, 20 Oct 2023 12:39:54 +0000 https://kurir.mk/?p=891265

Ресторан од синџирот на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie's Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. На официјалната страна на белградскиот ресторан „Jamie's Italian“ стои дека ресторанот ќе се наоѓа на улицата Херцеговачка, во населбата Белград на вода. -Горд сум на „Jamie's Italian“. Нашиот одличен тим е како големо семејство - тие ќе се грижат за вас додека уживате во вкусна храна, подготвена од внимателно избрани состојки. Одлична храна, врвна енергија и прекрасен амбиент, изјави Џејми Оливер за официјалната страница на ресторанот. Џејми Оливер во 2017 година затвори шест ресторани од ланецот „Jamie’s Italian“ во Велика Британија поради поскапувањето на состојките за италијанските јадења што ги подготвува, што се случи по Брегзит. Како причини за затворање на дел од ресторанот, покрај поскапувањето на состојките, се наведуваат и трошоците за обука на вработените и пад на посетеноста. Сепак, рестораните од синџирот „Jamie's Italian“ продолжија да работат во странство. По Ирска, Бразил, Португалија, Унгарија, Кипар, Индија, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ, „Jamie's Italian“ наскоро ќе пристигне и во Србија. Џејми Оливер стекна светска слава со своите ТВ емисии кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, во кои подготвуваше јадењата на брз и едноставен начин. Тој е автор на неколку готвачи и сопственик на неколку синџири ресторани кои работат ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-belgrad-se-otvora-restoran-na-poznatiot-britanski-gotvach-dhejmi-oliver/feed/ 0
Џејми Оливер загрижен за сопругата: „Ниту еден специјалист не може да и помогне“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzejmi-oliver-zagrizen-za-soprugata-nitu-eden-specijalist-ne-moze-da-i-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzejmi-oliver-zagrizen-za-soprugata-nitu-eden-specijalist-ne-moze-da-i-pomogne/#respond Tue, 23 Aug 2022 13:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=722640

Сопругата на Џејми Оливер, Џулс Оливер, има продолжен ковид и тешки симптоми, а ниту еден специјалист не може да и помогне веќе две години. Познатиот ТВ-готвач во интервју за викенд изданието на „Дејли мејл“ го откри здравствениот проблем на неговата сопруга. - Кога Џулс доби корона, таа имаше потешка форма. И сега има пролонгиран ковид две години, и навистина е лошо, за жал. Таа не е во состојбата во која сака да биде, тоа трае веќе две години, и е многу исплашена, рече Џејми. Тој изјави дека двојката посетила неколку специјалисти во обид некако да го решат продолжениот ковид на Жил, но никој не можел да им помогне. Медицината ја препознава оваа состојба, но всушност не ја разбира целосно бидејќи е присутна дури две години. - Секогаш сме на улицата Харли, рече Џејми, мислејќи на улицата во Лондон каде што се наоѓаат најугледните лекарски ординации. - Но, како никој ништо да не знае. Информациите за продолжениот ковид постојано се трупаат, а Жил се држи, но никој не успева да и ги отстрани симптомите, изјави еден од најпознатите готвачи. Симптоми на пролонгирана ковид се отежнато дишење, замор, губење на мирис или вкус, „замаглување“ во главата, болки во градите, палпитации, гадење... - Јулс и јас сме заедно 22 години, дојдовме во Лондон како тинејџери и ја зацементиравме нашата љубов пред да станам ѕвезда. Имавме само соништа и надежи. Заедно постигнавме успех, рекол Оливер. Двојката има пет деца, а Џулс во еден момент открила дека доживеала уште пет спонтани абортуси. Таа изгуби едно дете за време на карантинот. Џејми и Џулс ги имаат ќерките Попи (20), Дејзи (19), Петал (13) и синовите Бади (11) и Ривер (6).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzejmi-oliver-zagrizen-za-soprugata-nitu-eden-specijalist-ne-moze-da-i-pomogne/feed/ 0
Греано вино по рецепт на Џејми Оливер https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/greano-vino-po-recept-na-dzejmi-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/greano-vino-po-recept-na-dzejmi-oliver/#respond Tue, 07 Dec 2021 21:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=605577

Mногумина во зимскиот период сакаат да уживаат во вкусот на греаното вино. Со препознатлив мирис и вкус, стоплува и расположува во студените денови. Ако сакате да си го направите дома, но како вистински професионалец, ние пронајдовме еден рецепт од шеф Џејми Оливер. Тајната е секако во зачините, а Оливер додава дека покрај совршениот баланс на вкусовите, во подготовката треба да се биде трпелив и да се прави со љубов. „Оставете виното полека да се загрева, за да има време сите вкусови да се помешаат со виното на вистински начин“, вели Џејми.. А ова е неговиот рецепт: Состојки: 2 мандарини, 1 лимун, 1 лимета, 200 грама шеќер, 6 цели каранфилчиња, 1 стапче цимет, ловоров лист (2-3), 1 морско оревче (за да се наренда малку), 1 стапче ванила, 2 ѕвездички анасон, 2 литри вино. Подготовка: Изрендајте ја кората на амандарините, лимонот и лиметата на крупни парчиња. Во големо тенџере на средна температура ставете да се в ари шеќерот, додадете ги изрендарите кори и исцедете ги мандарините. Додајте ги каранфилчињата, циметот, ловоровите листови и нарендајте малку морско оревче. Ванилата преполовете ја по вертикала и додајте во тенџерете, а потоа додадете го виното така да го покрие шеќерот. Оставете да се вари додека шеќерот сосема не се стопи, а потоа оставете да проврие и оставете така да се вари уште 4-5 минути, додека не добиете густ сируп. Важно е првин да се направи сируп, затоа што шеќерот и зачините треба добро да се загреат. Ако ги загревате откако сте го додале виното, алкохолот ќе испари сосема. Кога ќе го добиете сирупот, намалете го оганот на тивко и додадете го анасонот и остатокот од виното. Полека загревајте го виното, а после околу пет минути, кога ќе стане вкусно и топло, ставете го во чаши или шолји и послужете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/greano-vino-po-recept-na-dzejmi-oliver/feed/ 0
ОДЛИЧНИ и по рецептот на славниот готвач: Триковите на Џејми Оливер за највкусната домашна лазања https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/odlichni-i-po-receptot-na-slavniot-gotvach-trikovite-na-dzejmi-oliver-za-najvkusnata-domashna-lazanja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/odlichni-i-po-receptot-na-slavniot-gotvach-trikovite-na-dzejmi-oliver-za-najvkusnata-domashna-lazanja/#respond Sun, 10 Oct 2021 15:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=576598

Често се смета дека подготовката на лазања дома е долга и макотрпна работа, иако Џејми Оливер истакнува дека тоа воопшто не мора да биде така – особено ако знаете како да заштедите време. Можете исто така да користите некои состојки од претходниот ручек, на пример печено месо за побрз рагу, или сирење рикота наместо бел сос. Месо Слободно направете месо за лазања од веќе печено месо (доколку сте го подготвиле претходниот ден). Ако го немате, пробајте говедско или свинско месо бавно варено, со кромид, целер, моркови, лук и домати. Колку подолго го готвите, толку подобар вкус ќе има. Можете исто така да користите мелено месо со сланина и билни зачини. Запомнете: времето на вриење на месото на шпоретот е важно. Оливер дури предлага патка со црвено вино, домат и спанаќ. Вегетаријанска лазања Вегетаријанската верзија е исто така вистинска експлозија на вкус, но уште побрзо да се подготви бидејќи не треба да го динстате месото долго време. Оливер прави лазања без месо со праз, сирење рикота и домати. За брза семејна вечера, Џејми користи квалитетно сирење рикота за кремаст сос, со кромид и слој свеж спанаќ. Исечете, пржете во маслиново масло и додадете малку кора од лимон, а потоа печете 10 минути во загреана рерна. Печениот зеленчук е исто така добар избор за веге лазања; додава модри патлиџани, пиперки, кромид, и со сето тоа бешамел сос. Џејми истакнува дека таквите рецепти во замрзнувачот може да траат и до три месеци. Како се реди? За да направите лазања од сите овие слоеви на најдобар начин, имајте се при рака. Оливер користи свежо тесто за лазања, кое може да се купи во супермаркети и не мора да се подготвува однапред. Започнете со слој сос од домати на дното на тавата во која печете лазања, или чорба од месо, ако правите лазања од месо. Додадете го тестото за лазања. Додадете слој бел сос, а потоа повторно тестото. Истурете сос од домати / месо, тесто и бел сос. Редете додека не останете без состојки, а завршете со преостанатиот бел или црвен сос, па конечно изрендајте сирење или пармезан. Сирењето моцарела исто така оди одлично! Печење Лазања секогаш се пече во рерна, па прво загрејте ја на 200 степени. Покријте ги лазањите со фолија првите 30 минути, потоа тргнете ги и печете уште 10-20 минути, додека горниот дел не стане крцкав и златно обоен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/odlichni-i-po-receptot-na-slavniot-gotvach-trikovite-na-dzejmi-oliver-za-najvkusnata-domashna-lazanja/feed/ 0
ВИДЕО: Синот на Џејми Оливер по стапките на својот татко https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-sinot-na-dzejmi-oliver-po-stapkite-na-svojot-tatko/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-sinot-na-dzejmi-oliver-po-stapkite-na-svojot-tatko/#respond Fri, 09 Oct 2020 08:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=414269

Познатиот британски готвач Џејми Оливер, се чини, ја пренесе својата љубов кон готвењето на неговиот 10-годишен син Бади. Момчето направи уште едно видео во кое ги открива готварските тајни на неговиот татко. Една од нив е тоа – како брзо и лесно се подготвува зеленчук за в тава. „Бади сподели неколку свои совети и трикови за во кујната, со цел да ги инспирира своите пријатели готвачи да се чувствуваат побезбедно во кујната. Запомнете, сакаме што повеќе деца да ни се придружат во покажувањето рецепти”, напиша Џејми во описот на видеото што гордиот татко го сподели на својот Инстаграм-профил. – Денеска ќе ви покажам неколку трикови за готвење што ги научив од татко ми, вели Бади на почетокот на видеото. Бади потоа покажува како се лупи ѓумбир без да се оштети јатката – на безбеден начин, погоден токму за деца. Имено, тој го замени ножот со лажица. (МИА)  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-sinot-na-dzejmi-oliver-po-stapkite-na-svojot-tatko/feed/ 0
Го преживеа и петтиот спонтан абортус- трагична судбина на славниот пар ги натера на оваа одлука- за нив последна и пресудна! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-prezivea-i-pettiot-spontan-abortus-tragichna-sudbina-na-slavniot-par-gi-natera-na-ovaa-odluka-za-niv-posledna-i-presudna-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-prezivea-i-pettiot-spontan-abortus-tragichna-sudbina-na-slavniot-par-gi-natera-na-ovaa-odluka-za-niv-posledna-i-presudna-foto/#respond Fri, 17 Jul 2020 14:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=377782

Сопругата на Џејмс Оливер имала спонтан абортус за време на карантинот, објавуваат светските медиуми. Ова според нив е трет ваков абортус од 2016 година, годината кога го родила своето најмало дете. Џулс и Џејми имаат пет деца, а во една емисија при своето гостување неодамна откри дека пред три недели спонтано абортирала и дека го загубила своето бебе.
„Навистина сакам уште едно дете, но морам да размислам дали е добра идеја за тоа, особено психички. А физички бидејќи имам 45 години тоа е помалку осетливо. Џејми и понатаму е за тоа... ќе се обидеме уште една година,а потоа навистина ќе го затвориме ова поглавје, бидејќи сум многу среќна и исполнета“, раскажува Џулс.
 
View this post on Instagram
 
My valentine ❣️

A post shared by Jools Oliver (@joolsoliver) on

Инаку парот неодамна прослави 20 години брак, а веќе имаат пет деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-prezivea-i-pettiot-spontan-abortus-tragichna-sudbina-na-slavniot-par-gi-natera-na-ovaa-odluka-za-niv-posledna-i-presudna-foto/feed/ 0
Џејми Оливер отвора ресторани на Бали и во Бангкок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dzejmi-oliver-otvora-restorani-na-bali-i-vo-bangkok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dzejmi-oliver-otvora-restorani-na-bali-i-vo-bangkok/#respond Sat, 23 Nov 2019 08:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=267954

Шест месеци откако беше принуден да затвори 22 од вкупно 25 ресторани во Велика Британија, познатиот готвач Џејми Оливер ќе отвори ресторани на Бали и во главниот град на Тајланд, Бангкок. Тој ќе отвори два нови ресторани под името „Кујната на Џејми Оливер“ во негови објекти што до сега беа со италијанска кујна. Познатиот готвач планира и до крајот на 2020 година да покрене меѓународна франшиза и да отвори 21 нови ресторани. Оливер поседува 70 ресторани во светот, кои функционираат како франшизи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dzejmi-oliver-otvora-restorani-na-bali-i-vo-bangkok/feed/ 0
Од трон до пропаст: Џејми Оливер става клучеви на рестораните, остава 1300 вработени на улица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-tron-do-propast-dzejmi-oliver-stava-kluchevi-na-restoranite-ostava-1300-vraboteni-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-tron-do-propast-dzejmi-oliver-stava-kluchevi-na-restoranite-ostava-1300-vraboteni-na-ulica/#respond Thu, 30 May 2019 12:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=203638

Славниот готвач Џејми Оливер изјавил дека е исклучително тажен откако процесот на затворање на неговиот ланец на ресторани го презеде ревизорската куќа “KPMG”, што довело до прашање околу 1300 работни места. Најпрвин беше погоден неговиот ланец од 23 италијански ресторани, но наскоро ќе се затворат и преостанатите ресторани “Fifteen” и “Barbecoa”. Минатата година започна пропаста на славниот готвач кога беше принуден да додели 600 откази и да затвори 12 ресторани. Во тие моменти, од целосен колапс го спасила финансиската инјекција која ја примил од своите инвеститори. -Знам колку е ова тешко за сите нас. Би сакал да им се заблагодарам на сите клиенти кои уживаа во нашите јадења и кои нè поддржуваа во последната деценија, беше вистинско задоволство да ве услужуваме, неодамна соопштил Џејми. Во 2017 година, готвачот го затвори својот ресторан „Union Jacks” и престана да го издава своето списание „Jamie” кое беше публикувано речиси десет години, пишува Би-Би-Си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/od-tron-do-propast-dzejmi-oliver-stava-kluchevi-na-restoranite-ostava-1300-vraboteni-na-ulica/feed/ 0
Торта од лешници по рецепт на Џејми Оливер https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/torta-od-leshnici-po-recept-na-dzejmi-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/torta-od-leshnici-po-recept-na-dzejmi-oliver/#respond Fri, 15 Feb 2019 12:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=164360

Совршениот спој на сите состојки прави да уживате во првото парче од оваа прекрасна и лесна за подготовка, торта. Освен тоа, оваа торта е по рецептот на Џејми Оливер, познат англиски готвач чии рецепти со сигурност гарантираат необични, ароматични и многу вкусни јадења.

Потребно е: 115 г омекнат путер 125 г печени и многу ситно мелени лешници 125 г шеќер 4 јајца рендана кора од еден портокал 30 г брашно 125 г рикота сирење 2 лажици афионово семе прстофат сол 3 лажици џем од кајсии, за премачкување 50 г рендано темно чоколадо, за посипување

Подготовка:

– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.

– Земете едно тркалезно тавче за печење со димензија од 24 см, обложете го со хартија за печење и лесно намачкајте го со маргарин.

– Со миксер матете ги путерот и шеќерот додека да се растопи шеќерот. Потоа, една по една, додавајте ги жолчките.

– Исклучете го миксерот и ставете ја кората од портокал.

– Додадете ги просеаното брашно, рикотата, афионовото семе и прстофат сол. Измешајте со лажица.

– Белките изматете ги со миксер.

– Изматените белки полека и во неколку наврати додадете ги во смесата, полека, мешајќи со лажица. Не мешајте премногу или пребрзо, затоа што ќе спласне тортата, а белките ја прават воздушеста и мека.

– Ставете ја во тавчето и печете околу 25 до 30 минути, односно во зависност од тоа како ви пече рерната.

– Испечената торта оставете ја малку да се олади.

– Џемот загрејте го со 4 лажици вода. Со џем премачкајте ја тортата.

– На крај, од горе, ставете го изренданото чоколадо.

– Сервирајте со малку изматена слатка павлака. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/torta-od-leshnici-po-recept-na-dzejmi-oliver/feed/ 0
Мини говедско Велингтон по рецепт на Џејми Оливер https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mini-govedsko-velington-po-recept-na-dzejmi-oliver/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mini-govedsko-velington-po-recept-na-dzejmi-oliver/#respond Fri, 08 Feb 2019 10:53:27 +0000 https://kurir.mk/?p=161565

Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а може и мешано. Потребно е: 1 главица црвен кромид, ситно сецкан 1 морков, изрендан на крупното ренде 2 чешниња лук, ситно сецкани 1 гранче целер, ситно сецкано 1 прстофат мелен ким 1 прстофат мелен чили во прав 500 г мелено немасно говедско месо 200 г грав од конзерва 1 лажица пире од домати морска сол свежо мелен бибер 2 јајца 2 лажичиња брашно 500 г лиснато тесто 1 рака мелен кашкавал (гауда, ајдамер) маслиново масло Подготовка: – Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени. – На загреано маслиново масло пропржете го сецканиот кромид, сецканит лук и целер, изренданиот морков и динстајте на средна температура околу 10 минути, односно додека не омекне целиот зеленчук. – Додадете ги зачините, измешајте убаво и динстајте уште некоја минута. Потоа целата содржина префрлете ја во друг сад и оставете да се излади. – Кога зеленчукот ќе се излади во садот додадете го и меленото месо, гравот и пирето од домати. Додадете и прстофат сол и прстофат бибер и едно изматено јајце. Целата содржина замесете ја со раце за да добиете хомогена смеса. – На работната површина посипете го брашното и на него ставете го лиснатото тесто. Развлечете го малку со сукало, но да го задржи правоаголниот облик. Исечете го на 4 еднакви делови. – Смесата од месо распоредете ја подеднакво на сите 4 парчиња лиснато тесто. Оставете по 2 см од краевите на тестото. – Врз месото посипете од ренданиот кашкавал. Краевите од тестото премачкајте ги со второто изматено јајце за да може полесно да се залепат. Преклопете ги краевите и притиснете ги со прсти за да се залепи тестото. Истата постапка повторете ја со сите парчиња лиснато тесто. – Тавата за печење посипете ја со брашно и на брашното ставете ги парчињата лиснато тесто. Секое парче премачкајте го со изматено јајце. – Тавата ставете ја во загреаната рерна и печете го мини говетското Велингтон околу 25 минути односно додека не добие златна боја. – Оставете ги малку да се изладат и послужете ги со сезонска салата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mini-govedsko-velington-po-recept-na-dzejmi-oliver/feed/ 0