Џејмс Камерон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 08:20:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џејмс Камерон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џејмс Камерон нема да снима филм за „Титан“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dhejms-kameron-nema-da-snima-film-za-titan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dhejms-kameron-nema-da-snima-film-za-titan/#respond Wed, 19 Jul 2023 08:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=857975

Оскаровскиот режисер Џејмс Камерон, се чини, се соочи со лажни гласини дека снима филм за трагичната експлозија на туристичката подморница „Титан“ каде што загинаа сите пет лица за време на подводното патување до потонатиот брод „Титаник“. Тој деновиве ги отфрли наводите дека бил вклучен во разработката на филм за експедицијата „Оушнгејт“. „Обично не одговарам на навредливи гласини во медиумите, но сега морам. Не сум во разговори за филм за 'Оушнгејт', ниту пак, некогаш ќе бидам“, напиша 68-годишниот филмаџија. Холивудскиот режисер, кој го режираше оскаровскиот филм „Титаник“ од 1997 година, со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги, го посетил познатиот потонат прекуокеански брод 33 пати. Тој претходно изјави дека е „погоден од сличноста“ меѓу овогодишната трагедија на „Титан“ и потонувањето на „Титаник“ во 1912 година. Британскиот авантурист Хамиш Хардинг, а и таткото и син - Шахзад и Сулејман Давуд загинаа во туристичката подморница заедно со извршниот директор на „Оушнгејт експедишнс“ - Стоктон Раш и францускиот државјанин Пол-Анри Наргеолет. „Титан“ изгуби контакт со бродот за помошно управување за време на патувањето на 18 јуни. Остатоците беа најдени четири дена подоцна, расфрлани на морското дно, на околу 488 метри од „Титаник“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dhejms-kameron-nema-da-snima-film-za-titan/feed/ 0
Џејмс Камерон откри што ќе се случува во „Аватар 3“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-otkri-shto-kje-se-sluchuva-vo-avatar-3/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-otkri-shto-kje-se-sluchuva-vo-avatar-3/#respond Thu, 05 Jan 2023 12:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=783981

Режисерот Џејмс Камерон откри подробности за „Аватар 3“ според кои следниот филм ќе ја истражува и „негативната страна“ на суштествата На’ви… А, ќе прикаже и „различни култури, поинакви од прикажаните досега“. – Сакам да ги прикажам На’ви од поинаков агол, бидејќи досега ги покажав само добрите страни на нив, појасни тој. – Во досегашните филмови, има многу негативни човечки примери и многу позитивни примери на На’ви. Во „Аватар 3“, ќе го направиме спротивното… Исто така, ќе истражуваме и нови светови, напоредно со приказната за главните ликови. Можам да кажам дека последните делови ќе бидат најдобри. Овие досега беа вовед – начин да се постави „трпезата“ пред „да се послужи храната“, додаде Камерон. Следното продолжение на „Аватар“ е најавено за 20 декември 2024 година. Инаку, заработката на „Аватар 2“ достигна 1,379 милијарди долари ширум светот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-otkri-shto-kje-se-sluchuva-vo-avatar-3/feed/ 0
Џејмс Камерон: Се плашам од неуспех на „Аватар 2“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-se-plasham-od-neuspeh-na-avatar-2/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-se-plasham-od-neuspeh-na-avatar-2/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=700762

Џејмс Камерон не е сигурен дека „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water) ќе постигне таков успех на бокс-офисот како првиот дел, кој веднаш влезе во списокот филмови од милијарда долари. Имено, 67-годишниот режисер го сними долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичната епопеја од 2009 година – филм со најголема заработка на сите времиња – но, за „Емпајер“ вели дека нема гаранции дека новиот филм ќе биде толкав хит во кината. – Ако заработиме 20 или 30 отсто помалку од оригиналот – зашто и пазарот веќе не е ист, тоа би било лошо. „Троловите“ ќе направат тоа да изгледа како никој да не му е грижа и дека, небаре, никој нема да може да се сети на имиња на ликовите или на едно проклето нешто што се случило во оригиналниот филм, изјави Камерон. Режисерот откри дека новиот филм ќе биде подолг од вообичаеното за прикажување во кината, но рече дека не сака гледачите „да лелекаат“ за тоа, при фактот што минуваат часови гледајќи телевизија. – Не сакам никој да се жали на должината, кога седи и гледа (ТВ, б.п.) осум часа… Речиси можам да го напишам овој дел од критиките однапред: „Измачувачки долгиот тричасовен филм“… Ги гледав моите деца како седат и гледаат пет едночасовни епизоди по ред, додаде Камерон. Режисерот призна дека и се двоумел дали воопшто вреди да се прави продолжение. – Морав долго и напорно да размислувам дали всушност и сакам да направам уште еден „Аватар“ бидејќи беше многу тешко и ризично. Кога си направил нешто што е толку „трансцендентно“ во успехот, дали навистина сакаш да се ​​обидеш повторно? Размислував за тоа две години пред конечно да се одлучам, заклучи тој. „Аватар: Патот на водата“ излегува во декември оваа 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzejms-kameron-se-plasham-od-neuspeh-na-avatar-2/feed/ 0
Камерон: Аватар 2 треба да заработи многу пари https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kameron-avatar-2-treba-da-zaraboti-mnogu-pari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kameron-avatar-2-treba-da-zaraboti-mnogu-pari/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=609689

Познатиот режисер Џејмс Камерон изјави дека е под голем притисок поради долгоочекуваното продолжение на неговиот блокбастер од 2009 година Аватар, кој треба да почне да се прикажува во кината во 2022 година. – Големиот проблем е дали ќе освоиме толку многу пари. Големи, скапи филмови треба да направат многу пари. Ние сме во нов поствоен свет со глобален раст на стриминг. Можеби никогаш нема повеќе да ги видам тие броеви. Кој знае? Сето тоа е големо како фрлање на коцките, истакна Камерон во интервју за „Entertainment Weekly“. Тој додаде дека Аватар 2, во кој играат Сем Вортингтон, Зои Салдана, Стивен Ланг, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Еди Фалко и други му овозможил да ги „спои своите две најголеми љубови – режијата и истражувањето на океанот“. – Звучи некако лудо, но ако Аватар не заработи толку пари, немаше да снимам втор дел. Но, јас се занимавам со океаните, дури и кога не снимам филм. Кога би можел да ги спојам моите две најголеми љубови, едната е истражување на океаните, а другата снимањето, зошто да не?, додаде Камерон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kameron-avatar-2-treba-da-zaraboti-mnogu-pari/feed/ 0