Џејмс Клеверли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 16:20:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џејмс Клеверли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британскиот министер за надворешни работи ја повика израелската армија да покаже воздржаност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-ja-povika-izraelskata-armija-da-pokazhe-vozdrzhanost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-ja-povika-izraelskata-armija-da-pokazhe-vozdrzhanost/#respond Sat, 21 Oct 2023 16:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=891671

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли изјави дека разговарал со израелските власти за нивната обврска да го почитуваат меѓународното право и да го заштитат цивилното население во Газа и дека војската на земјата треба да биде воздржана. - Велика Британија е категорична и отсекогаш била категорична дека Израел има право да се брани и да обезбеди ослободување на заложниците земени на 7 октомври, изјави Клеверли на Самитот за мир на Блискиот Исток, што се одржува во Каиро. - Ние сме, исто така, категорични дека мора да работиме и дека тие мора да работат на ублажување на страдањата на Палестинците во Газа и да се погрижат нивните постапки да се во согласност со меѓународното право, додаде тој. - И покрај исклучително тешките околности, повикав на дисциплина, професионализам и воздржаност од страна на израелската армија, додаде Клеверли. Шефот на британската дипломатија рече дека меѓународната заедница мора да работи за да спречи ескалација на ситуацијата во Газа во регионален конфликт, што според него е целта на Хамас. - Имаме обврска, имаме обврска да работиме заедно за да спречиме нестабилноста да го зафати регионот и да земе повеќе жртви, нагласи тој. Затоа мораме да се погрижиме Хамас да не победи. Мораме да се погрижиме да победи мирниот соживот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-ja-povika-izraelskata-armija-da-pokazhe-vozdrzhanost/feed/ 0
Клеверли: Нема нуклеарна ескалација поради муниција со осиромашен ураниум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kleverli-nema-nuklearna-eskalatsija-poradi-munitsija-so-osiromashen-uranium/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kleverli-nema-nuklearna-eskalatsija-poradi-munitsija-so-osiromashen-uranium/#respond Wed, 22 Mar 2023 13:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=814977

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека нема опасност од „нуклеарна ескалација“ во војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Велика Британија поради снабдувањето на украинските сили со тенковска муниција со осиромашен ураниум. Клеверли рече дека Русија е единствената земја која зборува за растечкиот нуклеарен ризик, а муницијата, тврди тој, е конвенционална. „Нема нуклеарна ескалација. Единствената земја во светот која зборува за нуклеарни прашања е Русија. Нема закана за Русија, тука се работи исклучиво за помош на Украина да се одбрани“, рече Клеверли на презентацијата на британската меѓународна технолошка стратегија. Тој рече дека е важно сите да разберат дека, како што тврди тој, „само затоа што зборот ураниум е во името на муниција со осиромашен ураниум, тоа не е нуклеарна муниција, тоа е чисто конвенционална муниција“. Рускиот претседател Владимир Путин изјави вчера дека плановите на Велика Британија да испорача гранати со осиромашен ураниум на Украина укажуваат на подготвеноста на Западот да се бори со Русија до последниот Украинец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kleverli-nema-nuklearna-eskalatsija-poradi-munitsija-so-osiromashen-uranium/feed/ 0
Клеверли: Потребно е повеќе од ветувања за Украина да не остане без струја, зборовите не се доволни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kleverli-potrebno-e-povekje-od-vetuvanja-za-ukraina-da-ne-ostane-bez-struja-zborovite-ne-se-dovolni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kleverli-potrebno-e-povekje-od-vetuvanja-za-ukraina-da-ne-ostane-bez-struja-zborovite-ne-se-dovolni/#respond Fri, 25 Nov 2022 09:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=766310

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека ќе биде потребно повеќе од ветувања за да се осигура дека Украина нема да остане без струја оваа зима. „Зборовите не се доволни. Зборовите нема да ги запалат светлата оваа зима. Зборовите нема да бранат од руски ракети. Велика Британија само не зборува за Украина, ние даваме конкретна поддршка за одбраната на Украина“, напиша Клеверли на Твитер. Тој притоа се заблагодари на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за пречекот што му го приредил во Киев. За време на својата прва посета на Украина откако беше назначен за министер за надворешни работи, Клеверли презентираше пакет поддршка што вклучува пари за реконструкција на училишта, амбулантни возила, жртви на сексуално насилство и продажба на жито на најсиромашните пазари во светот, како што се Судан и Јемен, објави „Гардијан“. „Нашата поддршка ќе трае онолку колку што е потребно за да закрепне оваа извонредна земја“, рече Клеверли пред посетата. Тој истакна дека најголемиот дел од средствата за инфраструктура ќе одат во новоослободените области на југот на Украина, како што е Херсон. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kleverli-potrebno-e-povekje-od-vetuvanja-za-ukraina-da-ne-ostane-bez-struja-zborovite-ne-se-dovolni/feed/ 0
Телефонски разговор Клеверли-Рама за албанските илегални мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-kleverli-rama-za-albanskite-ilegalni-migranti-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-kleverli-rama-za-albanskite-ilegalni-migranti-2/#respond Sat, 05 Nov 2022 10:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=756087

Државниот секретар на британското Mинистерство за надворешни работи, Џејмс Клеверли имал „многу искрен“ разговор со албанскиот премиер Еди Рама во однос на контроверзните тврдења на министерката за внатрешни работи Суела Браверман за бројот на албански мигранти кои се обидуваат со чамци преку Ла Манш да стигнат до Обединетото Кралство. Тој во разговорот му рекол дека албанските граѓани кои се одлучуваат на овој начин да влезат на британска територија се доведуваат во опасност самите себе. – Со Рама разговаравме за работите за кои зборуваше нашиот секретар за внатрешни работи, а тоа е дека значителен број Албанци се доведуваат во опасност самите себе кога се ставаат во рацете на трговците со луѓе, рекол Креверли, јавија албанските медиуми. Секако, додал тој, дека разговарале и околу изјавите што беа дадени од двете страни. – Заклучокот е дека јас и премиерот имавме многу добар разговор, многу пријателски разговор и дека имаме многу добри односи и соработка, нагласил тој. Рама претходно ја нападна владата на Велика Британија, велејќи дека Лондон мора да престане да ги обвинува Албанците за сопствените „неуспеси во политиката“, како укор на, како што рекол, „лудото“ резонирање на британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман. Таа пак предизвика контроверзии во понеделникот кога пред британскиот Парламент рече дека доколку опозициската Лабуристичка партија „би била на чело, тие би им дозволиле на сите албански криминалци да дојдат во оваа земја“. По обвинувањата на Рама реагираа и од Кабинетот на премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, во чие соопштение се нагласува дека Британија останува посветена на борбата против трговијата со луѓе и дека има силни односи со Албанија. – Британија има силни односи со Албанија и е благодарна за работата што ја прави за справување со шверцерите на луѓе. Имаме силни односи со нашите албански партнери. Благодарни сме за соработката на албанската влада и остануваме целосно посветени на заедничката работа, стои во соопштението. Според статистиката на британските власти од околу 40 илјади илегални мигранти кои влегле годинава во оваа земја над 12 илјади се албански граѓани. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-kleverli-rama-za-albanskite-ilegalni-migranti-2/feed/ 0
Британците тврдат дека Рускиот план за инвазијата не функционира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britancite-tvrdat-deka-ruskiot-plan-za-invazijata-ne-funkcionira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britancite-tvrdat-deka-ruskiot-plan-za-invazijata-ne-funkcionira/#respond Tue, 15 Mar 2022 10:35:06 +0000 https://kurir.mk/?p=647454

Рускиот план за нападот не функционира, изјави за Би-Би-Си, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли. – Требаше да биде многу лесно, требаше да биде некаква молскавична војна каде руските војници ќе ја преплават Украина, истакна Клеверли. Но, наместо тоа, „она што го гледаме е жестока украинска одбрана, што е неверојатно фрустрирачки за Владимир Путин”, смета британскиот министер. Запрашан дали војната ќе заврши до мај, како што наведуваат некои украински официјални лица, Клеверли одговори дека „неверојатно тешко” е да се прават такви предвидувања. Но, како што нагласи министерот, Велика Британија мора да се погрижи Путин да не успее во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britancite-tvrdat-deka-ruskiot-plan-za-invazijata-ne-funkcionira/feed/ 0