џејмс матис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Dec 2018 14:42:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џејмс матис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џејмс Матис ја потпиша наредбата за повлекување на американските војници од Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejms-matis-ja-potpisha-naredbata-za-povlekuvanje-na-amerikanskite-vojnici-od-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejms-matis-ja-potpisha-naredbata-za-povlekuvanje-na-amerikanskite-vojnici-od-sirija/#respond Mon, 24 Dec 2018 14:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=144363

Американскиот министер за одбрана во заминување Џејмс Матис ја потпишал наредбата за повлекување на силите на САД од Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон. Потпишувањето на наредбата доаѓа откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Матис ќе биде заменет два месеци порано од очекуваното. Во средата Трамп соопшти дека ја повлекува војската од Сирија поради високата цена која се плаќа со животите на војниците, но и финансиските средства кои ги даваат даночните обврзници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejms-matis-ja-potpisha-naredbata-za-povlekuvanje-na-amerikanskite-vojnici-od-sirija/feed/ 0
Трамп објави кој ќе го замени Матис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-objavi-koj-kje-go-zameni-matis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-objavi-koj-kje-go-zameni-matis/#respond Sun, 23 Dec 2018 17:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=143993

Американскиот претседател преку Твитер објави дека е најдена замена за Џејмс Матис кој замина од функцијата државен секретар за одбрана. Заменик министерот за одбрана Патрик Шенахан ќе ја преземе оваа функција од 1 јануари 2019 година. -Задоволство ми е да објавам дека нашиот талентиран заменик министер за одбрана Патрик Шенахан ќе ја продолжи работата како вршител на должност државен секретар за одбрана од 1 јануари 2019 година. Патрик има голема листа на постигнувања додека работеше како заменик министер и претходно во „Боинг“. Ќе биде одличен, напиша Трамп на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-objavi-koj-kje-go-zameni-matis/feed/ 0
Матис ќе поднесе оставка од функцијата секретар за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-kje-podnese-ostavka-od-funkcijata-sekretar-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-kje-podnese-ostavka-od-funkcijata-sekretar-za-odbrana/#respond Fri, 21 Dec 2018 06:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=143045

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе замине од функцијата кон крајот на февруари, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер. За  заминувањето на Матис се шпекулираше откако Трамп во средата најави повлекување на американските сили од Сирија и покрај спротиставувањето на американските сојузници и воените претставници. Матис во своето писмо наведе дека се повлекува со цел Трамп да може да добие секретар за одбрана, чии ставови ќе му бидат поблиски. – Бидејќи имате право на секреатр за одбрана, чии ставови подобро ќе се согласуваат со вашите за ова или она тема, сметам дека за мене е исправно да се повлечам од функцијата, наведува Матис во писмото до Трамп. Матис во писмото за оставката наведува и дека американските сојузници „ги третирал со почитување“ и оти ги користел средствата на американската моќ да обезбеди заедничка одбрана. Трамп најави дека набрзо ќе именува нов секретар за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-kje-podnese-ostavka-od-funkcijata-sekretar-za-odbrana/feed/ 0
Матис: Војниците да останат на границата со Мексико до 31 јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-vojnicite-da-ostanat-na-granicata-so-meksiko-do-31-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-vojnicite-da-ostanat-na-granicata-so-meksiko-do-31-januari/#respond Wed, 05 Dec 2018 07:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=135881

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис одобри да се продолжи до 31 јануари распоредувањето на активните американски војници на јужната граница со Мексико, соопшти Пентагон. Барањето за продолжување од 45 дена беше упатено од МИнистерството за внатрешна безбедност. Војници се распоредени долж Калифорнија, Аризона и Тексас. Според неименувани претставници бројот на војници би требало да биде намален на околу 4.000 од 5.400. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно нареди распоредување на активни војницин а границата со Мексико, како одговор на краванот мигранти кои од земјите од Централна Америка се движат кон САД. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-vojnicite-da-ostanat-na-granicata-so-meksiko-do-31-januari/feed/ 0
Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-odobri-isprakjanje-na-vojska-na-granicata-so-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-odobri-isprakjanje-na-vojska-na-granicata-so-meksiko/#respond Fri, 26 Oct 2018 18:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=120009

Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денеска одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми. Според извори на Си-Ен-Ен, Матис се уште не одлучил за бројот на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници. Претседателот Доналд Трамп, ситуацијата со караванот мигранти, кој преку Мексико се приближува кон границата на САД, вчера ја оцени како „национална вонредна состојба“, јави дописникот на МИА од Вашингтон. „Испраќам војска за таа вонредна ситуација. Тие (имигрантите) ќе бидат запрени!“, напиша Трамп на Твитер вчера. Подоцна тој во нова порака се обрати до имигрантите: „Вратете се назад, нема да дозволиме нелегален премин во САД. Вратете се во својата земја и ако сакате, поднесете документи за државјансто како што тоа го прават милиони други.“ Се поменува бројка од 800 до 1,000 војници, но според законот тие се спречени да замет учество во пограничната служба. Според Си-Ен-Ен, тие имаат само право на самоодбрана и не можат да користат оружје за стопирање на нелегалните имигранти. Војската ќе бидат испратени на границата со Мексико за техничка поддршка  на неколку пунктови долж границата. Исто така, армиските служби може да пружаат медицинска помош на граничарите во тој реон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-odobri-isprakjanje-na-vojska-na-granicata-so-meksiko/feed/ 0
Матис: Ситуацијата со Русија станува неиздржлива, САД ќе возвратат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-situacijata-so-rusija-stanuva-neizdrzliva-sad-kje-vozvratat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-situacijata-so-rusija-stanuva-neizdrzliva-sad-kje-vozvratat/#respond Thu, 04 Oct 2018 14:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=110791

По обелоденувањето на информациите за руски напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), како и доказите дека Русија поседува забранети нуклеарни ракети, НАТО и САД денеска ја заострија реториката кон Москва. Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис од Брисел порача дека САД ќе разгледаат како да одговорат на руските напади и прекршувања на меѓународните договори, но одби да открие повеќе детали. - Сегашната ситуација со Русија станува неиздржлива и за ова долго разговаравме со нашите сојузници, порача Матис, кој во Брисел учествува на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, На земјите членки на Алијансата денеска им биле презентирани докази за руски обид за напад врз ОЗХО, кој успеале да го спречат разузнавачки служби на Холандија и Велика Британија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Матис изнесените доказите ги оквалификува како „кредибилни и убедливи“. Освен тоа, САД и нивните сојузници во Европа и Канада изразија сериозна загриженост поради фактот што Русија поседува ракета од типот 9М729, која е забранета со условите на Повелбата за нуклеарни сили од среден дострел. попознат како ИНФ. Оваа ракета би и овозможила на Русија да ги нападне земјите членки на НАТО во многу кус рок, објаснуваат експертите. Веќе подолго време НАТО се сомнева дека Москва поседува ваква ракета. - ИНФ е во опасност поради активностите на Русија. Откако со години се оградуваше, Русија призна дека ја поседува 9М729. Ова е дестабилизирачки и претставува сериозен безбедносен ризик, предупреди генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Според него, прекршувањето на ИНФ и кибернападот врз ОЗХО се дел од истата руска пракса веќе видена во Сирија, каде Москва го поддржува сирискиот претседател Башар ел Асад, а видена и во британскиот град Солсбери каде двојниот агент Сергеј Скрипал беше затруен со забранетата супстанца “новичок“. Американскиот секретар за одбрана, од своја страна, порача дека Русија мора да ја плати сметката за своето однесување - Не зборувам за воени операции и уште помалку за ситуација во развој. Русите беа фатени со опрема и со луѓе кои го сторија делото, изјавби Матис, одговоарајќи на прашање за кибернападот врз ОЗХО.  - Русите ќе треба да одговараат за ова, а како ние ќе одговориме е политика одлука на инволвираните нации, одговорот нема нужно да биде „кибе родговор“. Имаме цела низа одговори на располагање, додаде Матис. Тој нагласи дека Западот се уште се обидува да ја врати Русија на патот на почитување на Повелбите, но дека ваквото однесување на Москва веќе предолго трае. Матис нагласи дека учесниците на состанокот на министрите за одбрана на земјите члеки на НАТО оцениле дека Русија ги прекршува меѓународните правила и најави дека заклучоците од средбата ќе ги презентира во Вашингтон, каде ќе биде донесена одлука за слендите чекори. Столтенберг, пак, нагласи дека земјите членки на НАТО поседуваат доволно докази оти зад нападот врз ОЗХО и зад други кибер напади во светот стои воената разузнавачка служба на Русија, ГРУ. -  ГРУ стои зад други кибер напади кои ги погодија граѓаните во светот како и во Русија и има огромна економска цена. Русија мора да престане со ова неодговорно однесување за употреба на сила против соседите, мешање во избори и ширење дезинформации, рече генералниот секретар на НАТО. Столтенберг најави дека поради зголемениот ризик од кибер напади, земјите членки на НАТО на состанокот одлучиле значително да ги зајакнат своите капацитети и координација во оваа област, - Информатичките напади од сега ќе се сметаат за еднавки на кој било  друг вид на напад, копнен, воздушен или морски и ќе биде основа за активирање на членот пет од Повелбата на Алијансата, кој обврзуна солидарност во случај на надворешен напад врз која било земја членка, најави шефот на Алијансата. Тој одби да одговори како и дали НАТО ќе возврати. - Би било погрешно да шпекулирам и да се создава непотребна неизвесност, рече Столтенберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-situacijata-so-rusija-stanuva-neizdrzliva-sad-kje-vozvratat/feed/ 0
Матис: САД ќе ги исполнуваат своите обврски кон НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-sad-kje-gi-ispolnuvaat-svoite-obvrski-kon-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-sad-kje-gi-ispolnuvaat-svoite-obvrski-kon-nato/#respond Tue, 02 Oct 2018 12:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=109649

САД ќе продолжат непоколебливо да ги исполнуваат своите обврски кон НАТО, изјави денеска американскиот државен секретар Џејмс Маттис. На заедничка прес-конференција со француската министерка Флоранс Парли, по нивната средба во Париз, Матис нагласи дека „делата говорат повеќе од зборовите“, кога станува збор за исполнувањето на американските обврски кон Алијансата. Изјавата на Матис доаѓа по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека останатите членки на Алијансата нема да можат да очекуваат заштита од САД, доколку не ги исполнуваат своите обврски кон НАТО и ако не издвојуваат доволно средства за одбраната. Средбата Парли-Матис се одржа во пресрет на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, што почнува утре во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/matis-sad-kje-gi-ispolnuvaat-svoite-obvrski-kon-nato/feed/ 0
Откажана посетата на американскиот министер за одбрана на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazana-posetata-na-amerikanskiot-minister-za-odbrana-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazana-posetata-na-amerikanskiot-minister-za-odbrana-na-kina/#respond Tue, 02 Oct 2018 06:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=109345

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави синоќа дека САД научиле како да се носат во односите со Кина и дека не смета оти тој однос не се влошува по низата препреки. Меѓу тие пречки, според неименувани официјални лица, е и откажувањето на посетата на Матис на Кина. - Постојат тензии во тој однос, на основа на дискусии, кои се водени во Њујорк минатата недела и други работи кои се случуваат, ние не сметаме дека тој се влошува, им изјави Матис на новинарите на пат кон Париз. Претставници на Министерството за одбрана на САД, кои побараа  анонимност,  велат дека Матис се откажал од планираната посета на Кина по растечките тензии меѓу Пекинг и Вашингтон. Иако немаште официјално соопштение, Матис планирал, заедно со државниот секретар Мајк Помпео, во октомври да оди во посета на Кина за да преговара за безбедноста со кинеските колеги. Пентагон не издаде официјално соопштение за промената на планот. Односите меѓу САД и Кина се влошија по трговските спорови и зголемувањето на царините, кои настапија по најновите воени операции на САД и неодамнешната продажба на американска воена опрема на Тајлнд. Претходните години, воените врски меѓу двете земји беа донекаде стабилни, но се разнишаа поради низата овогодишни случувања. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazana-posetata-na-amerikanskiot-minister-za-odbrana-na-kina/feed/ 0
Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Матис на Скопје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pishuvaat-grchkite-mediumi-za-posetata-na-matis-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pishuvaat-grchkite-mediumi-za-posetata-na-matis-na-skopje/#respond Tue, 18 Sep 2018 08:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=102395

За американската поддршка на референдумот и на Договорот од Преспа, но и за тврдењата за руско влијание во Македонија, пишуваат грчките медиуми по вчерашната посета на американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис и средбите со македонскиот државен врв. Грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот под наслов „Поддршката на САД за Договорот од Преспа ја изрази американскиот министер за одбрана Матис“, ги пренесува ставовите и пораките на Матис во Скопје. - Осврнувајќи се на референдумот што ќе се одржи во ПЈРМ на 30 септември, господинот Матиси истакна дека граѓаните на земјата имаат една единствена можност да го искористат референдумот и ги повика масовно да излезат на гласање, пишува АНА-МПА, во текстот преземен од онлајн изданијата на грчките медиуми. Грчката новинска агенција коментира дека посетата на Матис на Скопје е „во рамките на посетите на лидерите и високи претставници на странски земји со цел поддршка на Договорот од Преспа и претстојниот референдум“. - На учество во претстојниот референдум за ратификација на Договорот од Преспа, одбирајќи „за“, повика од Скопје, министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, обвинувајќи за руски обид за вмешување со fake news, пишува весникот „Ефимерида тон синдактон“. Носејќи предупредувања за руска вмешаност во референдумот на 30 септември, во понеделникот, во Скопје, пристигна американскиот министер за одбрана Матис, за да поддржи глас за Договорот од Преспа, пишува сервисот на „Euronews“ на грчки јазик. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека нема докази за руско влијание во Македонија. Карактеризирајќи ја Русија „пријател на Македонија“, како што пишува „Катимерини“, премиерот Заев не покажа дека ги дели американските и НАТО обвинувањата за руска вмешаност во референдумскиот процес. - Без никакво споменување на обвинувањата за вмешаност на Русија во референдумот во ПЈРМ, по предупредувањата од Матис и одговорот од Заев, заврши прес-конференцијата на скопскиот премиер со американскиот министер за одбрана во рамките на неговата посета на Скопје, објави информативниот портал „Ин“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pishuvaat-grchkite-mediumi-za-posetata-na-matis-na-skopje/feed/ 0
Влезот во НАТО и ЕУ остануваат највисоки стратешки цели, му порачал Иванов на Матис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlezot-vo-nato-i-eu-ostanuvaat-najvisoki-strateshki-celi-mu-porachal-ivanov-na-matis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlezot-vo-nato-i-eu-ostanuvaat-najvisoki-strateshki-celi-mu-porachal-ivanov-na-matis/#respond Mon, 17 Sep 2018 11:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=102078

Пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, потенцирал дека Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД и дека и натаму ќе се залага за безбедноста, слободата и демократскиот напредок на регионот и активно ќе придонесува во заедничките активности во борбата против тероризмот и останатите закани на глобално ниво. Иванов и Матис размениле мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста. Претседателот Иванов се заблагодарил за поддршката што САД и ја даваат на Република Македонија со цел унапредување на реформите во одбраната и безбедноста, како од аспект на финансиска, така и практична и техничка поддршка преку учество во заеднички обуки, вежби и мисии. Тој изрази задоволство и од соработката со Националната гарда на Вермонт. - Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО компатибилна и за тоа сме благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и новите предизвици порача претседателот Иванов на средбата со секретарот за одбрана на САД. Тој нагласи дека АРМ со својата професионалност и високо рангирана борбена подготвеност е докажан партнер на НАТО и континуирано придонесува во меѓународните мировни мисии на Алијансата. Интензивирањето и унапредувањето на севкупните билатерални односи со САД, додаде претседателот Иванов, се од долгорочен интерес за Република Македонија. Двајцата соговорници разменија мислења и за предизвиците и очекувањата за иднината на регионот на југоисточна Европа, се навдува во соопштението на кабинетот на Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlezot-vo-nato-i-eu-ostanuvaat-najvisoki-strateshki-celi-mu-porachal-ivanov-na-matis/feed/ 0