Џејмс Меклејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Oct 2018 19:54:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џејмс Меклејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меклејн повторно одби да носи знак на сеќавање за загинатите војници https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/meklejn-povtorno-odbi-da-nosi-znak-na-sekjavanje-za-zaginatite-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/meklejn-povtorno-odbi-da-nosi-znak-na-sekjavanje-za-zaginatite-vojnici/#respond Tue, 30 Oct 2018 19:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=121593

Фудбалерот на Стоук, Џејмс Меклејн соопшти дека повторно ќе одбие на дресот да носи црвена булка во знак на сеќавање на сите загинати британски војници. И изминатите години 29-годишниот фудбалер го правеше истото, поради што беше остро критикуван во британската јавност. Во Велика Британија 11 ноември се одбележува како Ден на сеќавањето на сите загинати британски војници, а традиција е воведена по Првата светска војна и како симбол се користи цветот на булката. По тој повод фудбалерите во Велика Британија го носат овој симбол, но Меклејн со години одбива да го стори тоа. Тој е репрезентативец на Северна Ирска и потекнува од област каде во 1972 година британските војници учествувале во настанот познат како „Крвава недела“. Војниците тогаш убија 14 и ранија уште толку невооружани демонстранти, кои искажуваа незадоволство од власта во Лондон. – Ако булката беше симбол на паднатите војници во Првата и Втората светска војна ќе ја носев без проблеми, ќе ја носев секој ден, но не станува збор за тоа. Таа се однесува на сите воени конфликти во кои Британија учествувала, истакна Меклејн. Фудбалерот заради своите ставови добиваше и закани по живот, но од фудбалскиот клуб Стоук застанаа зад својот играч наведувајќи дека треба да се почитуваат различните мислења. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/meklejn-povtorno-odbi-da-nosi-znak-na-sekjavanje-za-zaginatite-vojnici/feed/ 0