Џејмс Пердју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Jun 2021 07:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џејмс Пердју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Џејмс Пердју, човекот што помогна да се склучи Охридскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dzejms-perdju-chovekot-shto-pomogna-da-se-skluchi-ohridskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dzejms-perdju-chovekot-shto-pomogna-da-se-skluchi-ohridskiot-dogovor/#respond Sun, 06 Jun 2021 07:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=519554

Американскиот дипломат кој помогна во завршувањето на конфликтот во 2001 и во склучувањето на Охридскиот договор, Џејмс Пердју, починал во средата на 77 години, објави весникот „Арканзесонлајн“. Причината за смртта не е наведена. Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година. Тој беше еден од архитектите да им се стави крај на непријателствата, а потоа да се осмислат уставните измени. Пердју го претставуваше американскиот министер за одбрана на преговорите во Дејтон за иднината на Босна и Херцеговина, а беше и заменик-специјален советник на претседателот на САД во времето на конфликот во Косово и имплементацијата на мировниот договор. Пердју во 2002 година стана амбасадор на САД во Бугарија, каде службуваше три години. Пердју беше дел од воената разузнавачка заедница на САД 28 години и стигна до чин полковник. Претседателот Бил Клинтон го именуваше Пердју за американски претставник за воена стабилизација на Балканот во 1997 година со ранг амбасадор. Оваа година Пердју остро ја критикуваше бугарската блокада на Македонија. „Националистите во Бугарија гледаа како Грција го користи своето членство во ЕУ за да изврши притисок врз Северна Македонија. И тие одлучија да ја спроведат истата стратегија. Но времето за малтретирање на Северна Македонија заврши“, изјави Пердју за Дојче веле во јануари годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-dzejms-perdju-chovekot-shto-pomogna-da-se-skluchi-ohridskiot-dogovor/feed/ 0
Џејмс Пердју: Борисов ја претвори Бугарија во еднопартиска држава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzejms-perdju-borisov-ja-pretvori-bugarija-vo-ednopartiska-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzejms-perdju-borisov-ja-pretvori-bugarija-vo-ednopartiska-drzava/#respond Tue, 08 Sep 2020 16:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=400763

Во последниве години, демократијата во Бугарија се повлекува. А (премиерот Бојко) Борисов практично ја претвори Бугарија во еднопартиска држава, изјави поранешниот американски амбасадор во Софија Џејмс Пердју во интервју за Дојче веле. Тој вели дека ја следи ситуацијата во Бугарија и дека не е изненаден од континуираните антивладини протести во Софија и други градови. -Тие се израз на долгогодишното разочарување на бугарскиот народ од нивото на корупција, слабото владеење на правото, силата на олигарсите и организираниот криминал во земјата, оценува Пердју. Тој смета дека Борисов ја претворил земјата во еднопартиска држава без сериозна политичка опозиција како вистинска алтернатива за избирачите. -Слободата на медиумите е крајно ограничена и владеењето на правото е многу проблематично. Општеството веќе е уморно од постојаното наметнување на нечии интереси. Како резултат, луѓето излегоа на улиците да го изразат своето незадоволство од сегашната влада, но само отстранувањето на неколку луѓе од власта нема да ги реши структурните проблеми во бугарската демократија, оценува Пердју, кој е одличен познавач на приликите на Балканот. Што се однесува на официјалниот став на САД во однос на случувањата во Бугарија, Пердју вели дека сигурно американската администрација и Амбасадата во Софија внимателно ја следат ситуацијата. -Очекувам САД да поддржат не конкретен човек, туку принципите на демократија – слобода на печатот, слобода на говор и право на собири, владеење на правото, слободни и фер избори и јавен избор помеѓу конкурентските политички партии, вели Пердју.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzejms-perdju-borisov-ja-pretvori-bugarija-vo-ednopartiska-drzava/feed/ 0