џејсон мико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Sep 2018 11:08:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џејсон мико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали референдумот ќе биде слободен и фер? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-referendumot-kje-bide-sloboden-i-fer/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-referendumot-kje-bide-sloboden-i-fer/#respond Mon, 17 Sep 2018 11:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=102028

Како прво, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој е помал коалициски партнер во грчката Влада и лидер на партијата Независни Грци, им испрати поздрави и честитки на Македонците, каде и да се: „Не постои македонска нација, не постои македонски јазик. Вие зборувате словенски“, изјави Каменос. Мала забелешка: огромно мнозинство од Грците веруваат во ова што го зборува Каменос, а капитулацијата на Заев во целост е замислена да се постигне една цел: да се елиминира, еднаш и за секогаш, секоја помисла, идеја или секој спомен на македонската нација и јазик. Тоа беше нивната цел, тоа е нивната цел, и тоа секогаш ќе биде нивната цел. Гласање на референдумот е глас за национално самоубиство. Запомнете, тие од Западот што го поддржуваат овој договор – избраните политичари, неизбраните бирократи, тинк-тенковите, академијата, невладините организации и така натаму – тие или не разбираат, или не им е грижа што пишува во договорот. Тие сакаат Македонија да биде во НАТО и во ЕУ и не им е гајле како ќе дојдат до таа цел. За нив, Македонците се само пион во глобалната игра на градење на светски поредок и проектот на „усовршување на човештвото“, со кој мислат дека ќе создадат Рај на земјата бидејќи не веруваат во вистинскиот Рај, во Господ, во постоење на доброто и злото, на исправното и погрешното. Понатаму, македонскиот народ и нација, кои, според Грците, не постојат, изгледа дека се сопственост на Зоран Заев. Неодамна, зборувајќи за Македонците, тој единствено го употребуваше изразот „мојот народ. Сериозно? Ова звучи месијански, како да е диктатор од некоја тоталитарна држава. Ако навистина толку верува во договорот што го потпиша неговиот министер за надворешни работи, зошто тогаш земјата се уште ја нарекува „Македонија“? Зошто не го прифати името „Северна Македонија“, за да можеме сите да се навикнеме? Но, да се вратиме на прашањето од насловот. Дали референдумот ќе биде слободен и фер? Очигледно тоа не е важно. Според британски Гардијан, „западни дипломати најавуваат дека дури и ако одзивот биде под прагот од 50 проценти, кој е потребен за референдумот да се смета за валиден, ако има мнозинство од гласовите ‘за’ промена на името, тоа ќе се смета како доволен мандат за преименување“. А сепак јасно е дека одзивот им е важен. Актуелната Влада на Македонија рече дека ќе го почитува владеењето на правото и словото на законот. Моќеме ли да им веруваме? Дали некогаш досега го испочитувале законот? По прашањето на избирачкиот список, Македонците и тие што ја следат македонската политика секако се сеќаваат на 2015 и 2016 година, на времето пред парламентарните избори во 2016 година, кога бандата од таканаречената „шарена револуција“ кај стигне се жалеше за избирачкиот список. А сепак, избирачките списоци не се сменија многу. Балкан Инсајт минатиот месец оцени дека „стара е контроверзата околу избирачките списоци, кои, како и при претходните избори, содржат околу 1,8 милиони гласачи… Пред да дојдат на власт во 2017 година, СДСМ остро ја обвинуваше сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека намерно ги напумпала избирачките списоци за да ги фалсификува минатите избори. Но, по неколку проверки на списоците во 2015 и 2016 година, спроведени со цел да се загарантираат фер избори, списоците се уште имаат приближно ист број на гласачи, што, според директорот на Цивил Џабир Дерала укажува дека нема волја за сериозно да се надмине овој проблем“. Значи, и натаму владее конфузија, но Владата навидум е задоволна со избирачкиот список. Понатаму, тука се и меѓународните набљудувачи. ОБСЕ, преку Канцеларијата за демократски иниституции и човекови права (ОДИХР) испрати мисија на терен во Македонија да го набљудува референдумот и ќе има тимови на набљудувачи низ земјата на денот на гласањето. Нивниот извештај од август, меѓу другото, наведува дека: – Соговорниците со кои се сретна набљудувачката мисија на ОДИХР… изразија загриженост за способноста (на Државната изборна комисија) ефективно да го регулира референдумот согласно актуелната законска рамка, вклучително и на денот на гласањето. – Сите соговорници очекуваат да се водат одделни кампањи во одделните етничките заедници, а некои забележаа дека се можни закани и притисоци врз гласачите во етничките албански заедници. – Законот предвидува правни лекови за сите граѓани во прашања поврзани со референдумот, како и за граѓаните и меѓународните набљудувачи на гласачките места. Но, сепак, регулативата не обезбедува можност за партиски набљудувачи на денот на гласањето. Неколку соговорници на ОДИХР сугерира дека ова ќе влијае врз транспарентноста на процесот. Прочитајте го и сами извештајот. Поентата е дека има многу, многу прашања за самиот референдум, почнувајќи од неговиот консултативен, незадолжителен карактер, начинот на кој беше поставено прашањето – без согласност на опозициските партии, па до многуте проблематични вести за заплашување на гласачите, граѓанските набљудувачи и разни правни прашања. Но, на крајот на краиштата, ако се во право овие неименувани „западни дипломати“ спомнати погоре, референдумот воопшто не е важен – барем не е важен за нив. Тие веќе решиле дека Македонците мора да бидат на „вистинската страна на историјата“, израз кој тие многу сакаат да го користат кога им солат памет на „малите луѓе“. А сепак… Вие, Македонците, се уште можете да ги кренете своите гласови така што нема да гласате на референдумот – со бојкот.  Дури и ако тие „западни дипломати“ успеат во своите намери во однос на вас (какви и да им се), се уште можете да им се спротиставите. Ова ќе биде многу долга војна која ќе содржи многу битки: на битката закажана на 30 септември не излегувајте на гласачите места; одете до црква, заблагодарете му се на Господ што ви ја дал Македонија, а потоа минете го денот со вашето семејство и пријателите, уживајќи во природата и во некој убав ручек. Што се однесува до мене, ова секогаш ќе биде Република Македонија. Ќе биде и ќе остане Македонија пишува: Џејсон Мико за Свест.мк ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-referendumot-kje-bide-sloboden-i-fer/feed/ 0
Мико со порака од највисокиот врв во Јужна Аризона: Да живее Македонија! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miko-so-poraka-od-najvisokiot-vrv-vo-juzna-arizona-da-zivee-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miko-so-poraka-od-najvisokiot-vrv-vo-juzna-arizona-da-zivee-makedonija-foto/#respond Thu, 06 Sep 2018 11:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=97105

Американскиот лобист за македонската кауза Џејсон Мико позира со претходното македонско државно знаме со сонцето од Кутлеш, откако се искачи на највисокиот планински врв во Јужна Аризона. -Прослава на Денот на независноста на Република Македонија цела седмица- тука, на врвот Монт Рајтсон на планината Санта Рита, највисока точка во Јужна Аризона на 9.456 стапки (2.882 метри). Да живее Македонија!“, напиша на „Твитер“ почесниот конзул на Македонија во Тусон, Аризона, до смената од сегашната власт во февруари годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miko-so-poraka-od-najvisokiot-vrv-vo-juzna-arizona-da-zivee-makedonija-foto/feed/ 0
„Малата држава“ која „се уште не го нашла својот идентитет?“ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/malata-drzava-koja-se-ushte-ne-go-nashla-svojot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/malata-drzava-koja-se-ushte-ne-go-nashla-svojot-identitet/#respond Thu, 05 Apr 2018 08:38:31 +0000 https://kurir.mk/?p=36711

Преговарачкиот тим на македонската Влада по се изгледа ќе биде издриблан од страна на своите грчки соперници: но, повеќе за тоа подолу во текстот. Да почнеме со тоа како грчкиот министер за надворешни работи  Никос Коцијас, пред минатонеделната средба со Метју Нимиц во Виена, изјави дека Македонија е „мала држава“ која „се уште не го нашла својот идентитет“. Бев стаписан што македонската Влада не испрати демарш за оваа изјава, туку едноставно ја прифати како да е факт. Коцијас исто така рече дека „не можеме да се согласиме оваа држава да се нарекува ‘Македонија’“. Овој последен дел од изјавата треба да ни е веќе јасен: македонската Влада самата најави дека е подготвена да го смени името „Република Македонија“. Најверојатна опција од низата предложени имиња е името  „Горномакедонија“. Тука гледаме како грчкиот преговарачки тим го дрибла македонскиот. Во повеќе македонски, грчки и меѓународни медиуми беше објавено како Грците побарале „новото име“ да биде еден слеан збор, како „Горномакедонија“ и да не биде преведено на англиски, додека македонската страна инсистирала тоа да бидат два одвоени збора, „Горно Македонија“ и тоа со превод на англиски кој ќе се користи во меѓународни употреби. Грците исто така инсистираат да се смени македонскиот Устав во согласност со „новото име“ кое ќе се користи низ целиот свет, како и „ерга омнес“ во рамките на Македонија, што значи и на пасошите, личните карти и другите документи. Дополнително, Грците бараат идентитетот и јазикот да не се викаат „македонски“, како и да се смени интернет додавката. Но, во нова серија медиумски извештаи беше најавено дека Грците „дзволиле“ името да биде „Република Горна Македонија“ (два збора, на англиски) но не попуштаат од нивното барање новото име да се употребува во рамките на Македонија и да се смени Уставот (нема нови најави во врска со идентиетот и јазикот, но јасно е дека, ако се менува Уставот, ќе се сменат и тие). Доколку – доколку – овие медиумски извештаи се точни, што значи тоа за преговорите? Тоа значи дека Грците тргнале од максималистички позиции по сите точки, особено со нивното инсистирање на „Горномакедонија“, со прикриена намера во текот на преговорите да отстапат од своите почетни позиции за да можат да кажат дека ете, и тие направиле „отстапки“ и им „дозволиле“ на Македонците да се викаат „Горна Македонија“. Со тоа , Грците сакаат да излезе дека тие се широкогради во преговорите, но за возврат, Македонците треба да им „дадат“ на Грците нешто друго. А тоа што Грците го сакаат најмногу од се е промена на Уставот и употреба на името „Горна Македонија“ во пасошите, личните карти, интернет додавките и така натаму. Се разбира, со имплементирање на овие промени, Македонците де факто ќе „го најдат својот идентитет“, што би рекол Коцијас. Дури и да му поверуваме министерот за надворешни работи Никола Димитров – кој неодамна изјави дека „ние сме Македонци и зборуваме на македонски јазик“ – значи дури и да му веруваме дека бил искрен кога го кажа тоа, Грците никогаш нема да му дозволат на светот да го каже истото тоа, особено ако Македонија капитулира и се согласи да се нарекува „Република Горна Македонија“, затоа што Грците ќе бидат активни да го негираат правото на Македонците да се викаат себеси „Македонци“ кои зборуваат на „македонски јазик“. Ова со сигурност ќе следи ако Македонците се согласат името „Горна Македонија“ да влезе во Уставот. Мислам дека ова би требало веќе да им е јасно на сите. Ова барање се поклопува со најавите дека премиерот Зоран Заев сака да ја прошири својата коалиција и да има поголема поддршка во Собранието. ГРците инсистираат да се смени Уставот, а Заев се уште сака да ја добие „славата“ и пофалбата од меѓународната заедница затоа што го „решил“ спорот за името. Оттаму, Заев ќе биде многу отворен за идејата да се смени македонскиот Устав, за што, сепак, ќе му бидат потребни повеќе гласови. Во неделата што доаѓа, неделата на Велигден, двете страни ќе се организираат во своите главни градови, и министрите ќе се сретнат повторно на 8 април, а доколку има „напредок“, ќе се организира и средба на премиерите. Сите страни, Македонците, Грците, Обединтите нации и меѓународната, продолжуваат да објавуваат соопштенија, да даваат изјави и на сите други можни начини да ги извртуваат настаните со позитивни коментари, но сепак нотирајќи дека во иднина не очекуваат и потешкотии, но ако кај двете страни има волја, тогаш ќе се дојде до решение. Што се однесува до мене, ќе продолжам да инсистирам на тоа дека, некоја идна Влада (не можеме да очекуваме од сегашната Влада) треба да се повлече од преговорите за името. Најголем дел од планетата веќе ја нарекува Македонија според уставното име, и најголем дел од планетата се согласни дека Македонците и македонскиот јазик постојат. Сегашната Влада на Македонија најавува дека сето ова е предмет на преговори. Вашето име, вашиот идентитет, вашата историја, вашата култура и јазик не треба да бидат предмет на преговори. Со преговорите, македонската Влада најави дека сето ова, сите овие работи кои Македонија ја прават посебна и уникатна, сите тие имаат цена. Не треба да биде така. Нема цена што може да се плати за вашето име и идентитет. Џејсон Мико за svest.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/malata-drzava-koja-se-ushte-ne-go-nashla-svojot-identitet/feed/ 0
Владата расчистува со секој што има про-македонски ставови, Џејсон Мико разрешен од позицијата почесен конзул https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-raschistuva-so-sekoj-shto-ima-pro-makedonski-stavovi-dzejson-miko-razreshen-od-pozicijata-pochesen-konzul/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-raschistuva-so-sekoj-shto-ima-pro-makedonski-stavovi-dzejson-miko-razreshen-od-pozicijata-pochesen-konzul/#respond Tue, 27 Feb 2018 14:12:30 +0000 http://kurir.mk/?p=25364

По предлог на Министерството за надворешни работи, Владата се очекува да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Аризона, Тусон во САД.

Тој на оваа позиција беше именуван во 2013 година од претседателот Ѓорге Иванов како заслуга за неговиот  долгогодишен активизам за правата на Македонија.

За иронијата да биде уште поголема, Мико е поранешен близок соработник на претседателот Борис Трајковски, а предлогот стигна ден по годишнината од трагедијата во која почина претседателот Трајковски.

Мико е автор на филмот „Името е име“ со кој на странската публика и се претставува македонската страна и ставови за спорот со името со Грција. Џејсон Мико е познат и по своите колумни кои ги пишуваше за Дневник и по својата борбеност за заштита на македонскиот идентитет и име.

Во своето последно обраќање како почесен конзул, Мико предупреди на матни игри со придавката во ОН и на неизбежна промена на идентитетот. Според Мико, Грција од Секретаријатот на ОН ќе бара врз основа на придавката, името на јазикот името на нацијата да бидат изведени од додавката Нова, Горна, Северна или некоја друга која што е на маса и која што ќе биде договорена.

Практично, јазикот би бил на пример Новомакедонски додека во графата за нација би стоело Новомакедонци. Ова е една од причините зошто Грција одбива географската одредница да биде ставена пред уставното име Република Македонија.  Мико тогаш потенцираше дека за Грција не постои македонски идентитет освен таканаречениот грчки македонски идентитет.

Кусо по овие негови забелешки пристигна предлогот од Министерството за надворешни работи да се разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Аризона, Тусон во САД.

Имено, на сличен начин од преговарачкиот процес беше дистанциран и преговарачот Васко Наумовски кој последниот предлог на Нимиц во преговорите за името го оцени како недостоинствен. Ова беше прв пат медијаторот да излезе со предлог кој од нашиот преговарач веднаш е беше оценет како недостоинствен. Се отвора прашањето дали и тој ја увиде попустливоста на новата македонска влада па почна се повеќе да ги протежира грчките позиции. Очигледно е дека владата на СДСМ на ваков начин расчистува со сите пријатели на Македонија или Македонци кои имаат про-македонски став по однос на ова и сите други прашања од национален интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-raschistuva-so-sekoj-shto-ima-pro-makedonski-stavovi-dzejson-miko-razreshen-od-pozicijata-pochesen-konzul/feed/ 0
Џејсон Мико предупредува на матни игри со придавката во ОН: Ќе има и промена на идентитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzejson-miko-predupreduva-na-matni-igri-so-pridavkata-vo-on-kje-ima-i-promena-na-identitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzejson-miko-predupreduva-na-matni-igri-so-pridavkata-vo-on-kje-ima-i-promena-na-identitetot/#respond Fri, 05 Jan 2018 12:32:50 +0000 http://kurir.mk/?p=6889

Дури и ако Македонија го промени името само за “надворешни потреби” ќе има промени и во идентитетот, смета македонскиот лобист во САД, Џејсон Мико, пренесува порталот Експрес. Тој е сигурен дека Грција ќе изврши силен притисок врз Секретаријатот на Обединетите Нации за во документите на Светската организација да се користи евентуалната нова придавка која што ќе биде додадена на името. Според Мико, Грција од Секретаријатот на ОН ќе бара врз основа на придавката, името на јазикот името на нацијата да бидат изведени од додавката Нова, Горна, Северна или некоја друга која што е на маса и која што ќе биде договорена. Практично јазикот би бил на пример Новомакедонски додека во графата за нација би стоело Новомакедонци. Ова е една од причините зошто Грција одбива географската одредница да биде ставена пред уставното име Република Македонија. Според Мико, за Грција не постои македонски идентитет освен таканаречениот грчки македонски идентитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzejson-miko-predupreduva-na-matni-igri-so-pridavkata-vo-on-kje-ima-i-promena-na-identitetot/feed/ 0