Џељаљ Свечља – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џељаљ Свечља – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свечља: Имаме информации дека нови групи се обучуваат во Србија за напади во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-imame-informatsii-deka-novi-grupi-se-obuchuvaat-vo-srbija-za-napadi-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-imame-informatsii-deka-novi-grupi-se-obuchuvaat-vo-srbija-za-napadi-vo-kosovo/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=892798

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека дел од овие напади што се очекува да се случат, освен Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на партијата Српска листа, кој ја презеде одговорноста за нападот на 24 септември, ќе биде и лицето Звонко Веселиновиќ, кој ѝ е добро познат на полицијата и кого косовските и српските медиуми го споменуваат како една од главните фигури на организираниот криминал во северно Косово. Според косовскиот министер, овие групи се обучуваат во српски армиски бази во близина на границата со Косово. - Имаме разузнавачки информации дека се обучуваат други групи, дека не само Радоичиќ, туку и Веселиновиќ ќе биде дел од идните напади, доколку дозволиме да се случат, со единствена цел да се предизвика нова ситуација на теренот, при што позицијата на Србија би се подобрила во однос на нивната цел да го уништат Косово, рече Свечља. Тој додаде дека Косово ќе ги исполни сите процедури, барајќи екстрадиција и судење на Радоичиќ пред правосудниот систем на Косово. - Не само негово, туку и на оние кои го планираа овој напад против територијалниот суверенитет на Република Косово. Нема да застанеме тука, порача косовскиот министер за внатрешни работи. Свечља рече дека државата Србија, Владата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се одговорни за она што се случи во Бањска на 24 септември. - Тие го извршија планирањето, регрутирањето, обуката, ја вооружија и ја донесоа таа терористичка група на граница, која беше само бран на терористи планирани да влезат во Косово. Имаше и друга група внатре во Косово, рече тој. Свечља тврди дека планот за терористичкиот напад во Бањска на 24 септември бил подготвен воено и имал за цел припојување на северните косовски општини кон Србија. Според него, Бањска била собирното место на членовите на терористичката група, кои, како што вели, би се распоредиле во Звечане и Северна Митровица. Според податоците на косовската полиција, доколку се реализирал планот на српската паравоена група, друга група би влегла во Лепосавиќ преку српската граница. - Првичната цел им беше да најдат безбеден коридор, тргнаа заедно од Извоци низ паралелен ридски пат во Бањска и ќе се распоредеа до Звечане и Северна Митровица. Бањска беше само собирно место. Не влегоа одеднаш, влегоа групи во вечерните часови. Место на средба беше Бањска. Тоа е воен план. Би биле сместени во Звечане и Митровица. Би се сретнале со останатите членови во Зубин-Поток. А имаме информации дека уште една група би влегла во Лепосавиќ од српската граница. Нашите разузнавачи се многу блиску до бројот на членови на оваа група, но не можам да ја кажам таа информација, изјави Свечља на КТВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-imame-informatsii-deka-novi-grupi-se-obuchuvaat-vo-srbija-za-napadi-vo-kosovo/feed/ 0
Свечља: Ќе бараме екстрадиција на Радоичиќ и не само тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-ke-barame-ekstraditsija-na-radoichik-i-ne-samo-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-ke-barame-ekstraditsija-na-radoichik-i-ne-samo-toa/#respond Sat, 30 Sep 2023 10:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=883546

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, денеска во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека надлежните органи на Косово преку меѓународни партнери ќе бараат екстрадиција од Србија на „сите кои учествувале во планирањето и спроведувањето на терористичка акција“ во Бањска. Одговорноста за организацијата на тој напад ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, но Свечља вели дека не дејствувал сам, туку со поддршка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој тврди и дека досегашната истрага покажала дека во нападот на Бањска учествувале „повеќе од 80 терористи“, а се сомнева дека е вмешана и Русија. „Количината и видот на оружјето запленето во Бањска е невозможно поединец да го собере, дури и ако е исклучително моќен како Радоичиќ. Има оружје што е произведено во 2021 и 2022 година, што покажува дека тоа не се остатоци од војната од 1990-тите, туку оружје што пристигнало директно од магацините на армијата“, рече Свечља. Тој посочи дека надлежните органи ќе продолжат детално да го истражуваат нападот, да ги идентификуваат сите кои учествувале во него, да ја истражат целата хиерархија на Северната бригада и цивилната заштита, кои косовската влада веќе ги прогласи за терористички организации, но исто така да „документираат директни врски со Владата на Србија“. „Истовремено, преку нашите партнери, ќе побараме од Србија сите ранети кои успеале да побегнат од Косово, како и оние кои избегале неповредени, да бидат предадени на косовската правда, бидејќи само така можеме да доведеме до нормализација на ситуацијата во Косово“, рече Свечља. Свечља рече дека не верува оти во таа група имало платеници, бидејќи, како што тврди, „тоа бил политички проект на Србија и Русија, кои ги користат нивните структури од доверба“. „Сведоци сме дека во Ниш има руски хуманитарен разузнавачки центар, за кој општо е познато дека е разузнавачки центар, преку кој го шпионираат целиот регион и каде исто така се вршат разни вежби, било за разузнавачки служби или за операции на терен. , а веруваме дека и овој центар е вклучен во нападот“, рече Свечља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-ke-barame-ekstraditsija-na-radoichik-i-ne-samo-toa/feed/ 0
Свечља: Еден од убиените во северно Косово е телохранител на шефот на српските разузнавачи, Вулин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-eden-od-ubienite-vo-severno-kosovo-e-telohranitel-na-shefot-na-srpskite-razuznavachi-vulin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-eden-od-ubienite-vo-severno-kosovo-e-telohranitel-na-shefot-na-srpskite-razuznavachi-vulin/#respond Wed, 27 Sep 2023 11:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=882262

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечанe, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Приштина. На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи. - Вчера преку видео снимки го докажавме присуството на веле-криминалецот и водач на терористичката акција, Милан Радојичиќ. Во меѓувреме, денеска е потврдено дека еден од убиените, кој исто така бил учесник во тој чин, е Бојан Мијаиловиќ, телохранителот на шефот на српската БИА, Александар Вулин, при неговата посета на Република Косово во 2013 година, напиша Свечља. Според косовскиот министер за внатрешни, Србија како држава е целосно вклучена во нападот против Косово. - За оваа работа, веќе постои формална и структурна поврзаност на вмешаноста на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ во нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане: Милан Радојичиќ, како потпретседател на (партијата на косовските мСрби) Српска листа и телохранителот на Александар Вулин, шеф на БИА. Обајцата се исто така санкционирани на црната листа на САД. И двајцата се меѓу најблиските луѓе на претседателот на Србија, напиша Свечља. Тој вели дека фактите за неделниот напад во северно Косово, во кој беше убиен припадникот на косовската полиција, Африм Буњаку, се доказ оти намерите на Србија кон Косово не се сменети од времето на поранешниот српски лидер, Слободан Милошевиќ, кој почина во притворот на Трибуналот во Хаг 2006 година, додека му се судеше за воени злосторства во поранешна Југославија. - Дури и најголемите оптимисти кои до сега се лажеа себеси за промените во оваа држава, верувам дека деновиве се уверија во спротивното. Сакам уште еднаш да изразам благодарност за издржливоста на косовската полиција тој ден и за нивната неспоредлива професионалност, акција во која нема повредени цивили, порача Свечља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-eden-od-ubienite-vo-severno-kosovo-e-telohranitel-na-shefot-na-srpskite-razuznavachi-vulin/feed/ 0
Свечља објави снимка од нападот во Бањска, вели дека меѓу напаѓачите е и потпретседателот на Српска Листа – Радојичиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-objavi-snimka-od-napadot-vo-banska-veli-deka-megu-napagachite-e-i-potpretsedatelot-na-srpska-lista-radojichik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-objavi-snimka-od-napadot-vo-banska-veli-deka-megu-napagachite-e-i-potpretsedatelot-na-srpska-lista-radojichik/#respond Tue, 26 Sep 2023 12:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=881856

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави снимки од групата која во неделата ја нападна косовската полиција во селото Бањска во северно Косово. Тој вели дека меѓу напаѓачите е и потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), Милан Радојичиќ, кој е на црната листа на САД и Велика Британија, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља рече дека Радојичиќ бил „водач на терористичка група и на нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку“. Снимките што ги објави косовскиот прв полицаец на својата страница на Фејсбук се од внатрешноста на православниот манастир во Бањска. -Ова на сликите подолу е Милан Радојичиќ, потпретседател на СЛ, исто така дел од Црната листа на САД и Обединетото Кралство. Веле-криминалецот Радојичиќ беше водач на оваа терористичка група и на нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност против Република Косово. Потпретседателот на Српска листа е водач на терористичкиот напад и групата терористи, напиша Свечља. Според него, сé повеќе станува јасно дека неделниот напад го организирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку СЛ, а егзекутор е потпретседателот на таа партија, Радојичиќ. - Секојдневно се разјаснува мапата на терористичкиот напад: Александар Вучиќ преку Српската листа, а тие преку нивниот потпретседател Радојичиќ, ја презедоа терористичката акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово, обидувајќи се да ја дестабилизираат нашата Република. Значи, ЛС своето учество во Косово го гледа само на терористички начин. Не успеаја. Во меѓувреме, деновите на жалост кои денеска ги прогласија Србија и Српска листа се веќе печат на авторството на оваа организација, порача Свечља. Приштинските медиуми го пренесуваат пишувањето на босанскиот медиум „Истрага“, кој синоќа објави дека меѓу ранетите напаѓачи во северно Косово е и Радојичиќ. Според порталот, тој се лекува во Белград. „Истрага“ пренесува дека во неколку наврати се обидел да стапи во контакт со Радојичиќ, но првично непознато лице кое се јавило на неговиот телефон кажало дека „не е Радојичиќ“, додека подоцна истото лице тврдело дека Радојичиќ е добро. Косовскиот министер за внатрешни работи, Свечља вчера потврди дека во едно од возилата запленети во Бањска, кои ги користеле напаѓачите, се пронајдени и документи на Радојичиќ, кои како што рече, ја докажуваат директната вмешаност на потпретседателот на СЛ во терористичкиот напад врз косовската полиција. Во овие материјали најдовме и документи на криминалецот кој исто така е на црната листа на САД, Милан Радојичиќ. Овие документи ја докажуваат неговата поврзаност или директно учество во оваа акција, изјави Свечља пред медиумите при презентирањето на оружјето што вчера беше запленето на косовскиот север. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-objavi-snimka-od-napadot-vo-banska-veli-deka-megu-napagachite-e-i-potpretsedatelot-na-srpska-lista-radojichik/feed/ 0
Свечља: Шестмина напаѓачи врз косовската полиција се лекуваат во Нови Пазар, Србија да ги предаде на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-shestmina-napagachi-vrz-kosovskata-politsija-se-lekuvaat-vo-novi-pazar-srbija-da-gi-predade-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-shestmina-napagachi-vrz-kosovskata-politsija-se-lekuvaat-vo-novi-pazar-srbija-da-gi-predade-na-kosovo/#respond Mon, 25 Sep 2023 15:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=881605

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека има информации оти шестмина ранети членови на групата која вчера изврши напад врз косовската полиција на северот од земјата се лекуваат во болница во градот Нови Пазар во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција по повод вчерашниот инцидент во селото Бањска, кај Звечане, во кој беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од групата напаѓачи, која официјална Приштина ја квалификува како терористичка, Свечља побара од Србија да ги предаде ранетите, како и сите други припадници на групата од над 30 лица кои по акцијата на косовската полиција пребегнале во соседната држава. - Според досегашните информации, шест ранети терористи се лекуваат во болницата во Нови Пазар и бараме од Србија истите веднаш да ги предаде на властите во Косово, со цел да одговораат пред правдата за терористичките дела. Исто така бараме од Србија да ни го предаде секој припадник на групата кој успеал да побегне во Србија, рече Свечља.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-shestmina-napagachi-vrz-kosovskata-politsija-se-lekuvaat-vo-novi-pazar-srbija-da-gi-predade-na-kosovo/feed/ 0
Уапсен директорот на Управата во општина Лепосавиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-direktorot-na-upravata-vo-opshtina-leposavik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-direktorot-na-upravata-vo-opshtina-leposavik/#respond Sun, 10 Sep 2023 14:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=876619

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља соопшти дека директорот на Управата во општина Лепосавиќ, Никола Радимировиќ бил уапсен вчера од полицијата на Србија и е задржан во полициска станица во Рашка, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на својата страница на Фејсбук напиша дека Радимировиќ бил приведен само затоа што е дел од косовските институции и затоа што тој и неговото семејство се спротивставуваат на притисокот од Белград. - Директорот на администрацијата во општина Лепосавиќ, син на заменикот министер во Министерството за враќање и заедници (Радоица Радимировиќ), Никола Радимировиќ, (вчера) е уапсен од српската полиција и испратен во српската полициска станица во Рашка. Тој и неговата свршеница се приведени од единствена причина што Никола е дел од институциите на Република Косово и што заедно со неговиот татко континуирано се спротивставуваат на притисокот на Белград и нивните банди, напиша Свечља. Тој го поврза апсењето со одмаздата на Србија поради тоа што Косово го доби правото да биде домаќин на Медитеранските игри во 2030 година. -Ова неправедно апсење е уште еден доказ за деструктивното и дестабилизирачко однесување на владата на Србија и одмазда по успехот што Косово го постигна вчера и нивниот неуспех да ја спречат одлуката Косово да биде домаѓин на Медитеранските игри 2030, напиша Свечља. Косовскиот прв полицаец побара од Србија да ги ослободи Радимировиќ и неговата свршеница и да престане со притисоците врз косовските Срби. - Бараме Белград под итно да го ослободи директорот Радимировиќ и неговата свршеница и да престане со притисокот и незаконските дејствија врз граѓаните на Косово, особено оние од српска етничка припадност кои се лојални на својата држава, Република Косово, и се во служба на сите нејзини граѓани, напиша Свечља. Според косовските медиуми, Радимировиќ бил уапсен на српската страна на граничниот премин Јариње во северно Косово. Косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ објави дека по повод наводите за апсењето на шефот на администрацијата на општина Лепосавиќ побарал коментар од Министерството за внатрешни работи на Србија и од Канцеларијата за Косово и Метохија при Владата на Србија, но досега не добиле одговор од ниедна од тие институции. - Засега нема одговор од ниту една од овие адреси. МВР на Србија и Канцеларијата за КиМ исто така не се огласиле на нивните официјални веб-страници, а ни (директоро на Канцеларијата за КиМ) Петар Петковиќ сè уште не го направил тоа на своите социјални мрежи, пишува „КоССев.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-direktorot-na-upravata-vo-opshtina-leposavik/feed/ 0
Свечља: Србија го прекрши договорот за регистарските таблички на автомобилите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-srbija-go-prekrshi-dogovorot-za-registarskite-tablichki-na-avtomobilite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-srbija-go-prekrshi-dogovorot-za-registarskite-tablichki-na-avtomobilite/#respond Thu, 19 Jan 2023 12:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=789341

Србија го прекрши договорот за регистарските таблички на автомобилите, истакна косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља. Тој на Фејсбук објави дека косовската полиција, особено Управата за гранична полиција, на неколку гранични премини пронашла нелегални (според Косово) „КМ“ (Косово и Метохија) регистарски таблички, кои биле пререгистрирани во декември 2022 година. „Врз основа на договорот меѓу Република Косово и Србија (во однос на табличките за превод на возила) постигнат во Брисел во ноември 2022 година, Србија се согласи да престане со издавање на старите таблички „КМ“ и пререгистрација на веќе постоечките. Врз основа на случаите што се регистрирани на нашите (косовски) гранични пунктови, Србија целосно го прекрши овој договор“, напиша Свечља. Тој рече дека косовската полиција не дозволила возилата да влезат на територијата на Република Косово, почитувајќи го законодавството на земјата и договорот постигнат во Брисел. Косовскиот министер за внатрешни работи, исто така, додаде дека возилата со предметните регистарски таблички, кои Косово ги смета за нелегални, нема да смеат да влезат или да работат на територијата на земјата, бидејќи постои договор за прекин на нивното издавање или пререгистрација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-srbija-go-prekrshi-dogovorot-za-registarskite-tablichki-na-avtomobilite/feed/ 0
Свечља: Србија подигнува барикади во северно Косово за да ги заштити бандите кои ги поддржува https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechlja-srbija-podignuva-barikadi-vo-severno-kosovo-za-da-gi-zashtiti-bandite-koi-gi-poddrzuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechlja-srbija-podignuva-barikadi-vo-severno-kosovo-za-da-gi-zashtiti-bandite-koi-gi-poddrzuva/#respond Tue, 27 Dec 2022 14:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=781223

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека информациите објавени во одредени српски медиуми за наводно подигнувањето на борбената готовност на Косово се невистинити и претставуваат пропаганда на Србија и Русија, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако утрово во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, осамнаа уште две нови барикади, Свечља на својата страница на Фејсбук напиша дека Косово не е заинтересирано за војна, туку се бори против тероризмот и криминалот во земјата. -Токму Србија, која е под влијание на Русија, е таа која ја подигна борбената готовност, наредува подигнување нови барикади, за да ги оправда и да ги заштити криминалните групи кои ги тероризираат посебно граѓаните од српска етничка припадност кои живеат во Косово. Не сме заинтересирани за војна, туку се залагаме за борба против тероризмот и криминалот во нашата држава. Тоа ѝ пречи на Србија затоа што веќе со години ги одржува на сите начини криминалните групи на северот на земјата, напиша Свечља. Косовските Срби на 10 декември поставија барикадите на патиштата кои водат кон границата со Србија, во знак на протест поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој се сомничи дека организирал напади со експлозивни направи и огнено оружје врз општинските изборни комисии и врз полициски патроли во тој дел од Косово.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechlja-srbija-podignuva-barikadi-vo-severno-kosovo-za-da-gi-zashtiti-bandite-koi-gi-poddrzuva/feed/ 0
Свечља: Ако Србија не ги укине времените патни документи тогаш и Косово ќе ги издава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechlja-ako-srbija-ne-gi-ukine-vremenite-patni-dokumenti-togash-i-kosovo-kje-gi-izdava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechlja-ako-srbija-ne-gi-ukine-vremenite-patni-dokumenti-togash-i-kosovo-kje-gi-izdava/#respond Thu, 01 Sep 2022 05:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=726981

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека очекува од денеска Србија да го укине издавањето времени документи за косовските граѓани кои влегуваат во Србија, согласно последниот договор меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за косовската државна телевизија, РТК, Свечља рече дека доколку српските власти од синоќа на полноќ не го почитуваат договорот, тогаш и Косово ќе почне да издава влезно-излезни документи за граѓаните од Србија кои ќе је преминуваат меѓудржавната граница. – Постои само една опција, а нормално дека ќе има реакција од наша страна доколку таа опција не профункционира. Значи, укинувањето на документите за влез-излез (за косовските државјани при влез во во Србија), според информациите што ги имаме, ќе започне во 24 часот (на 31 август). Доколку тоа не се примени, нормално дека сме подготвени да воведеме влезно-излезни документи за српските државјани кои влегуваат во Косово, изјави Свечља. Од денеска, 1 септември, теба да стапи во сила одлуката на Владата во Приштина за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи. Со посредство на емисарите на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак (специјален пратеник на Брисел за дијалогот меѓу Белград и Приштина) и Габриел Ескобар (специјален пратеник на Вашингтон за Западен Балкан), кои минатата недела ги посетија двете држави, властите во Косово и Србија се договорија целосно да ги укинат дополнителните процедури за премин на граѓаните од едната во другата држава. Тоа значи дека од синоќа на полноќ не треба да се издаваат дополнителни времени патни документи, како што тоа досега, во изминатите 11 години, беше пракса од српска страна и како што сакаше да го воведе како реципроцитет косовската страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechlja-ako-srbija-ne-gi-ukine-vremenite-patni-dokumenti-togash-i-kosovo-kje-gi-izdava/feed/ 0